Солидарност со Спирос Мандилас, повторно уапсен и на штрајк со глад

Другарот Спирос Мандилас од анархистичкиот сквот „Надир“ во Солун на 10 март беше одново уапсен во Солун и пратен во затворот Коридалос во Атина, после само два месеци на слобода. На почетокот на јануари беше ослободен по речиси цела година притвор во Коридалос поради случајот „Проект Феникс“, во кој е обвинет за повеќе дела според законот за тероризам, заедно со другарите од Заговор на Огнените ќелии. На 10 март полицијата одново го уапси поради друг случај од 2012 година, поради дела поврзани со внатрешниот конфликт меѓу повеќе сквотови во Солун, вклучително и „Надир“. Во негово отсуство и отсуство на неговиот бранител, а со предавничко присуство на останатите обвинети (освен еден) во овој случај, судот го осуди на 7 години затвор. По неговото повторно затворање, Спирос започна штрајк со глад, барајќи итно ослободување.

Пламен за џелатите кои седат облечени во своите судски токи во храмовите на крвожедната „правда“ и со еден бирократски печат ги запечатуваат судбините на безброј луѓе, праќајќи ги, во име на „демократската правда“, во последниот круг на пеколот…

Пламен за џелатите во затворите ширум светот, кои држат во кафез човечки души, понижувајќи ги со самици, ќотек, цензура, забрани, монотонија, никогаш заситени од казната…

Пламен за свињите во сини униформи, чуварите на канибалистичкиот поредок, кои нè гонат како диви животни за да нè предадат во рацете на џелатите…

Пламен за демократскиот режим, неговите паразити-претставници и дебелите ненаситни бизнисмени, кои сакаат да владејат со секој аспект од секој поединечен живот и да профитираат од грбот на владејаните…

Оние кои своеволно го предаваат под владение на други сопствениот живот се столбот на угнетувачкиот поредок.

СМРТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА И СИТЕ ДРУГИ ЗАТВОРИ

СОЛИДАРНОСТ СО СПИРОС МАНДИЛАС И НЕГОВО ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ

Подолу следува писмо од Спирос по повод овие случувања.

ЗнЕ

Текстот на Спирос Мандилас

wolfche

Во вторникот, 10.03.2015, бев уапсен и затворен во затворот Коридалос.

Моето ново апсење е поради „цивилната војна помеѓу анархистите“ во Солун, односно внатрешните конфликти во движењето, кои се одвиваа во тој град во 2012 година. Некое време пред почетокот на судењето, јасно ја обзнанив мојата намера за одложување поради тоа што, прво, веќе имам едно судење во тек за проектот „Феникс“ во затворот Коридалос, и второ, мојот адвокат Фрагискос Рагузис имаше во меѓувреме други важни процеси во тек и не можеше да присуствува на моето судење. Затоа побаравме одложување од управата на судот. Она што следуваше беше, од една страна, тоа што управата си продолжи регуларно со процесот, а од друга страна, обвинетите го валидираа судењето со нивното присуство. Тоа значи дека судењето беше регуларно спроведено, со тоа што џандари во цивилка и судии постојано ме споменуваа, без можност за контрааргумент. Тогаш го објавив отвореното писмо во кое ги разјаснив работите и илустрирав дека секој оној од обвинетите во истиот случај кој ќе го признае судењето преку своето присуство, ме предава во рацете на антитерористичката агенција и судиите.

И покрај тоа, само еден од останатите обвинети го напушти процесот и судењето заврши (по 3-4 дена) со казна за мене од 7 години затвор и 5.000 евра за надомест.

Секој рационално би се прашувал зошто другите обвинети не побараа одложување на ова судење. Одговорот кој го добив од обвинетите за случајот „Солунски сквотови“[1] беше дека судењето треба што побрзо да заврши за да може „борецот“ С. Стратулис да добие дозвола за излегувања од затворот, бидејќи затворот го лишува од повремени излези поради тоа што против него се води процес. Се разбира, ова оправдување нема никаква правна основа, бидејќи затворениците не се лишуваат од излези од затворот поради обвиненија за прекршоци.

И учесниците во анархистичкиот сквот „Надир“ се изјаснија дека сакаат да продолжат со судењето…

Во светло на критиката на сите овие нешта, лесно може да се види деградацијата на мнозинството од „милјето“ во Солун. Од една страна, „солунските сквотови“ инсистираа судењето да продолжи, сметајќи го „нивниот човек“, обвинет за ситни прекршоци, приоритетен во однос на мене, кој се соочувам со најсериозните обвинувања и кој бев главна цел на судењето (како што сум и главна цел на антитерористичката единица).

Од друга страна, гледаме како некои од оние кои учествуваа во сквотот „Надир“ станале аполитични субјекти, минувајќи го времето во удобно бездомништво, целосно игнорирајќи го нивниот поранешен другар.

Се разбира, одговорни се и оние „блиски до движењето“ адвокати во ова судење, од кои би очекувале да не примаат наредби од нивните клиенти, туку да имаат свест да одбијат да учествуваат во судењето без присуство на обвинетиот.

Прашањето кое сега се покренува е дали сите овие луѓе имаат морални вредности. Се покренува и прашањето дали движењето поседува анархистичка етика и свест. И се разбира, како е можно луѓе кои се или биле дел од антиавторитарното/анархистичко милје да ја искажуваат својата одмазда во судска сала. Сакам да бидам јасен. Немам намера да ги платам тие 5.000 евра за надомест. Нема да дозволам ниту некој од моите пријатели и другари да плати за мене. Парите ќе бидат подмирени од 39-те обвинети кои го валидираа ова судење.

Од денес, сабота, 14.03.2015, започнувам штрајк со глад со барање за мое итно ослободување по секоја цена.

П.С. Бидејќи ова е стрикно лично прашање, не сакам мојот штрајк со глад да се поврзува со останатите штрајкови со глад кои се одвиваат во Грција во моментов.

ГНЕВ И СВЕСТ

Спирос Мандилас, сабота, 14.03.2015

[1] Мисли на насилните судири помеѓу анархистички сквотови (од различни тензии), кои се одвиваа во 2012 во Солун, во текот на кои 41 лица беа гонети за престапи и за кривични дела (заб. InterArma)

извор за писмото: InterArma

Безбедносно разузнавачката агенција во посета на RadioAzione – Пула, Хрватска

cropped-test1-CУтрото на 23 јануари 2015 година се појавија агенти на Безбедносно разузнавачката служба (ЅОА) како би разговарале со мене во врска со мојот вебсајт RadioAzione Хрватска, и со мојот сопруг, анархистички другар, италијански државјанин, кој уредува и хостира други анархистички сајтови (меѓу кои RadioAzione), заканувајќи му се дека ќе го исфрлат од земјата.

Разговорот се отвори со закани упатени кон моите лични односи, како моментални, така и идни, бидејќи тие претпоставуваат дека ги остварувам или ќе ги остварувам исклучиво со анархисти, се разбира од странство, и предупредување дека Хрватска нема намера да прерасне во засолниште на личности кои претставуваат проблем во своите матични земји.
Ова, се разбира, се однесуваше на мојот однос со другарот кој го води анархистичкиот вебсајт RadioAzione Италија.

Заканите, се разбира, не се ограничија само на моите односи со другарите, туку бев и предупредена дека секој странски државјанин кој во иднина ќе ме посети во Хрватска, без разлика дали е анархист или не, ќе биде третиран како сомнително лице.
Потоа се изгубија во вообичаените закани во врска со моите родители, мојата невработеност, можни претреси, апсења итн.

Повеќе

Новогодишна честитка од Грција

Merry Crisis and a Happy New Fear

Се збогуваме со 2014 со потсетувања на колективниот отпор втиснат во нашето сеќавање и врежан во приказната за овој свет, за да се потсетуваме на нашето минато со цел да продолжиме да се бориме во иднина, за да ги претвориме нашите соништа за самоорганизирано општество без владејачи од утопија во стварност.

Каде и да сте – станете и спротивставете се

Видео од протестот за новогодишната ноќ пред затворот Коридалос во Атина

Проектот Феникс: Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат – Нова серија памфлети (Грција)

COVER1

Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат

За неколку дена ќе го објавиме (на грчки) првиот од серијата памфлети кои ќе вклучуваат транскрипти од изјавите на другарите од Заговор на Огнените ќелии, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од настани и интервјуа кои беа одржани изминативе пет години.

Првиот памфлет е за Проектот Феникс и ги вклучува транскриптите од четири настани кои се одржаа низ целата земја во солидарност со другарите прогонувани за акциите во рамки на Проектот кои беа изведени во Грција:

1. Настан одржан од анархистичкиот сквот Надир – Солун, 07.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас.

2. Настан одржан од Пленумот во солидарност со Заговор на Огнените ќелии и другарите од струјата на Новата анархија – Атина, 13.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис, Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

3. Настан одржан од анархистичкиот сквот Utopia A.D. – Комотини, 14-15.12.2013, изјавата на Олга Економиду.

4. Настан одржан од Chaotic Disaster Teams – Патра, 15.12.2013, изјавите на Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

Имајќи го како крајна цел ширењето на говорите на нашите затворени другари до што е можно повеќе другари во Грција и во остатокот од светот, сакаме да информираме дека овој материјал е достапен за сите за превод на кој било јазик, процес во кој и ние самите ќе дадеме придонес, во соработка со другари кои сакаат да го сторат тоа, а во контекст на партнерство со индивудуи и групи/колективи со кои сме политички поврзани.

Контакт: entropy_ch (at) riseup (dot) net

Кружок на анархисти индивидуалисти

Атина, 2014

П.С. Памфлетите ќе бидат достапни само во електронска форма, засега.

П.С. 1. Преводот на памфлетот на англиски е во тек.

ИНТЕР АРМА

2222222

Интер Арма е меѓународен контраинформациски проект на Новата анархија. Меѓународен, затоа што сметаме дека анархистичката војна се води низ целиот свет, надминувајќ ги границите на власта. Затоа што заедницата на анархистички востаници се создава и развива врз основа на нивната сопствена волја и избори, а не на лингвистичките и просторни разграничувања на непријателот. Тоа е контраинформативен проект, бидејќи сметаме дека е нужна комуникација помеѓу другарите од различни земји и насоки. Бидејќи распространувањето на нападот е подеднакво важно како и самиот напад.

Интер Арма, преку своето делување, се залага за неформално организирање на анархистички структури. Соработува со збратимените комуникациски мрежи во Грција и во странство, зацврстувајќи ја динамиката на меѓународната мрежа и зголемувајќи го нејзиниот досег. Нема за цел да биде централизиран медиум, туку крстопат на контраинформации и распространувања кои можат да бидат помогнати од другарите кои сакаат да го сторат тоа.

Интер Арма јасно се залага за непрекинато анархистичко востание. Нема никаква врска со предлозите за делумно или целосно менаџирање на постоечкото ниту со групи и поединци кои повикуваат на тоа, без оглед дали доаѓаат од левицата или антиавторитарното и таканаречено анархистичко движење. Сите изданија ќе го следат погоре споменатиот правец.

Постирањето нема да биде отворено, за да бидеме сигурни дека Инет Арма ќе служи на својата цел за која беше создадена. Секој другар кој сака на кој било начин да помогне во контраинформирањето, може да го стори тоа контактирајќи со нас преку web контакт, e-mail адреса или IRC каналот. Ги советуваме сите да користат сигурносна електронска инфраструктура.

По повод таргетирањето на Интер Арма од страна на лакеите на агенцијата за антитероризам

Изминативе денови, на разни полициско-доушнички вебсајтови и во разни колумни во весниците, прочитавме целни информации пуштени од агенцијата за антитероризам кои ја поврзуваат Интер Арма со проектите „Феникс“ и „Green Nemesis“ на FAI/IRF и кои тврдат дека сите тие се дел од иста герилска кампања. Овие специфични доушници се познати по таргетирањето на другари кои учествуваат во ширењето милитантна анархистичка теорија и практика. Непријателот одамна ја сфати улогата која контраинформативните и преведувачките проекти ја имаат во ширењето на Црната интернационала и во комуникацијата помеѓу герилските формации низ целиот свет. Оваа стратегија на угнетување е позната воена тактика – замолчување на противничките разгласувачи.

Проектите како Интер Арма беа таргетирани и во минатото. Ве потсетуваме дека за време на операцијата „Ardire“ во Италија, два контраинформативни проекти (Culmine, ParoleArmate) и еден издавачки проект (Edizioni Cerbero) беа репресирани, ситуација која резултираше со повеќемесечен притвор за многумина од нив. Исто така е познато дека државите Грција и Италија соработуваат против нивниот заеднички внатрешен непријател.

Нема да се повлечеме ниту сантиметар од нашите позиции, ниту пак ќе ја промениме природата на нашиот проект. Учествуваме во меѓународна мрежа на слични проекти и ги поддржуваме милитантните анархистички групи, затвореници и герилски ќелии. Ние го направивме нашиот избор и планираме да го одржиме нашиот збор.

За Нова Анархија и Црна Интернационала!

Интер Арма

 

Contra Info – контраинформациска мрежа

Contrainfo.espiv.net е резултат на напорите да се создаде преведувачки колектив во поширокото анархистичко/антиавторитарно/слободарско движење, како и жив доказ дека постоењето на таков колектив е неопходно. Тоа е отворен и самоорганизиран проект чија цел е дистрибуција на контраинформации, вмрежување на грчкото антиавторитарно движење со она во странство и ширење на анархистичкиот дискурс во целото општество. Оттаму, акцентот го ставаме на комуникацијата без посредување како средство во рацете на движењето, како предуслов за слободно општество, како средство и цел. Истовремено, овој проект ги надополнува и поддржува независните контраинформациски мрежи и сличните потфати во странство.

Потребата од ваква иницијатива денес е јасна. Власта го интензивира и модернизира механизмот на масновната пропаганда. Таа се обидува стварното да го претвори во виртуелно, видливиот свет во измислен; оваа вештачка претстава да ја преточи во свеста на луѓето за постепено да ги отстрани нивните критички способности и да ги претвори во слабоволни, послушни субјекти. Крајната цел на власта е колективна хипноза, изолација и индивидуализација, апсолутна манипулација со нашата свест. Средствата кои ги користи се истите оние кои се користат во сите валкани работи – обликување на свеста со намерни и смислени лаги, неточност и извртување на фактите, вестите и информациите. Носители на овој идеолошки тероризам се изопачените масовни медиуми на зашеметување и дезинформирање. Презирот кон масовните медиуми, свесно или несвесно, делумно или во целост, е уште еден показател на светот кој се распаѓа заедно со своите лаги. Меѓутоа, „убавите“ лаги нужно не се распаѓаат на подеднакво убав начин. Реата која се шири со распаѓањето на стариот свет, секој ден сѐ посилно се чувствува. Ајде да го забрзаме тој процес со борба против старото, додека се подготвуваме и доживуваме новото. Со предлози и експериментирање, анализи и синтези, но исто така и со импровизација.

Против декадентната и нечовечна доминантна идеологија, предлагаме соработка, солидарност и самоорганизирање. Настојуваме да го разоткриеме митот за објективноста и непристрасноста на таканаречените „информации“ кои ги пласираат масовните медиуми, како и таканаречената „слобода на изразување“. Сакаме преку директен превод и ширење на вестите, ставовите и разновидноста на контраинформациите и знаењето кое доаѓа од движењето, да бидеме информирани за тоа што навистина се случува во светот и во нашите средини, нашето соседство; да се спротивставиме на политичкиот израз на капитализмот – тоталитарната демократија. На насилството на идеолошкиот тероризам го спротивставуваме контранасилството на контраинформациите. Нашето знаење го претвораме во практика корист на најубавата и најветувачката борба во историјата на човештвото – борбата за индивидуално и општествено ослободување.

sh-contrainfo.espiv.net