JKZ “Reset the System” – бенефит CD

FrontRetro

„Ова ЦД е бесплатно и може секој да го добие. Само во случај на бенефит за другарите анархисти во затвор може да се побара прилог. Во сите други околности, укради го!“

Ако сакаш примерок или сакаш да донираш, пиши на:                                      zagovornaednakvite -AT- riseup.net

Бесплатно преземи овде

radioazione.noblogs.org

Ние не сме робови

Ние не сме робови, ние сме динамит. Тоа беше наслов на еден плакат кој пред неколку години се појави на ѕидовите во знак на солидарност со двајца анархисти уапсени под обвинение за грабеж на банка.

Иако реченицата звучи заканувачки кон моќниците, сепак треба добро да се замислиме над неа. Затоа што не смееме да ја извртиме. Ние не сме динамит затоа што сме робови. Ние сме динамит затоа што нема да бидеме робови, затоа што не сакаме да бидеме робови. Цел еден свет ги раздвојува тие два изрази. Свет кој ги разликува анархистите од сите други струи кои се сметаат за револуционерни.

Условите за живот – пролетери или работници, сиромашни или доселеници – не се тие кои нè претвориле во бунтовници. Не се залажуваме со денешното влошување на животните услови, не мислиме дека сè ќе пропадне затоа што секој ден е сè полошо. Тоа се само слатки илузии со кои револуционерите се залажуваат. Власта го приковува човека за улогата која му ја наметнува општеството. Постојано ги создава и репродуцира условите на тие улоги за робот да не може да се ослободи од оковите. Но, за да постои смртоносна борба помеѓу власта и робот, најпрвин робот мора да одлучи.

Волја, тука лежи разликата помеѓу робот и бунтовникот. Волјата да се спротивставиш, да не прифатиш, да се соочиш со сè што сака да те потчини, да те претвори во роб. Власта никогаш нема да успее целосно да ја искорени волјата од затворениците, и од тоа постојано се плаши. Затоа што волјата докажува дека не смееме да чекаме, дека можеме да делуваме и тоа веднаш. Решителноста и истрајноста, без оглед колку се малцински, нека ја надвледаат инерцијата на толпата и постоечките општествени односи.

Не смееме да се плашиме од нашата волја. Ако тоа биде наша волја, ќе бидеме динамит и ќе ги срушиме сите столбови на власта.

Историјата не е след на настани кои ги произведува сеприсутниот закон. Историјата ја создаваат и репродуцираат волјите кои делуваат.

извор