Солидарност за затворените анархисти во случајот Велвендо-Кожани

Писмо од анархистите обвинети за двојниот грабеж во Велвендо-Кожани

На 29 ноември 2013 ќе започне судењето за двојниот грабеж во Велвендо-Кожани. Ќе се одржи во женскиот оддел на затворот Коридалос (а не како што на почетокот беше најавено, во судот на улицата Лукареос). Судницата, светиот бордел на правдата, отсекогаш била простор во кој владејачката класа – авторитетот – ја докажувала својата надмоќ над „илегалните“ во оваа држава.

Затоа прашањето на солидарност е постојана пречка кога станува збор за анархисти, па затоа цајканите од секој вид (интервентни единици, во цивил, антитерористички единици) брзаат да ги исполнат судниците за да го попречат нејзиното изразување. Меѓутоа, согледувајќи го неуспехот на таквото делување и постоењето на евидентната зариженост за „безбедноста“ на префрлувањето (од затворите во судниците) на голем број анархисти, обата проблеми ги решија со помош на специјални судници (засега две) внатре женскиот оддел. Јасно е дека промената на местото на судење е резултат на тие две причини. Од една страна минимален ризик на логистичко ниво, а од друга регистрирање на сите солидарни кои сакаат да влезат.

Нам местото на судење не ни прави разлика, судницата е непријателски простор, без оглед дали се ноаѓа во затвор или во висечките градини на Вавилон. А ако тактиката на регистрирање ја ограничува присутноста на другарите во судницата, никој и ништо нема да ја спречи силата што ја добиваме од извиците и гласовите кои ги пробиваат затворските  ѕидови и блиндираните возила.

Освен тоа, за нас револуционерната солидарност не се ограничува на моментите на поддршка за време на судењето. Судницата е само простор во кој непријателот ја потврдува својата победа, механизам на асимилација на репресивното насилство со демократска идеологија. Во нашиот случај нема да има вообичаен „притисок“ на судиите за да се постигне поблага пресуда. Одлуките се однапред одредени. Но, нас тоа не нѐ интересира, бидејќи ние сме непријатели на судиите, не затоа што сме им на мета, туку затоа што нивна задача е да уништуваат луѓе под закрила на авторитетот на државата.

Солидарноста е непрекинат однос. Облиците на нејзино изразување се различни и се конкретизираат во миговите на напад врз системот. Се разбира, протестот пред самата судница може да биде еден од тие мигови, но тој не е ниту услов ниту единствен израз на солидарност. После сѐ, солидарноста со затворените револуционери не е статистика која ја наметнува моментот, таа е потреба, чувство, остварување на борбата на заедницата, со сите средства кои другарите ќе ги изберат за изразување на својата солидарност, дали со присуство пред судницата или со напад врз сето она што ја претставува моќта вмешана во нашето судење.

На крај сакаме да нагласиме дека сите ОДНОСИ МЕЃУ ДРУГАРИТЕ кои нѐ обединуваат, нашата заедничка визија за слобода, соништата кои ги делиме, никогаш нема да бидат нарушени од каков било облик на поделба кој се однесува на ставовите во однос на судењето или разните обвиненија против нас. Тоа што некои од нас, на пример, ќе имаат адвокати, а други не; тоа што некои ќе ја преземат одговорноста за грабежот, а некои не; не се причина за создавање поделби во борбената заедница, која нѐ обединува зад решетките.

Суштината на ова судење лежи во фактот дека државата и нејзиниот механизам судат анархисти кои се спротиставуваат на системот, кои се негови непријатели. Помалку е важно на кој начин ќе се погрижат што подолго да нѐ држат како заложници.

Нивниот главен интерес е да нѐ осудат како НЕПРИЈАТЕЛИ на системот. Ние, пак, не ја признаваме дихотомијата невин-виновен (во оваа, како и во секоја друга судска постапка против анархистички борци). Во нивниот свет ние сме виновни, виновни во однос на нивната „невиност“. Нашите мисли и нашите срца се со сите оние кои се борат против авторитетите.

БЕС И СВЕСНОСТ

Фивос Харисис, Аргирис Далиос, Јанис Михаилидис, Димитрис Бурзукос, Димитрис Политис, Никос Романос

извор: actforfree.nostate.net

actforfree.nostate.net contrainfo

RadioAzione: Солидарност и соучесништво со Алфредо и Никола

 

Денес, на 12ти ноември 2013 год., во една од сивите судници на судот во Џенова беше изречена пресудата против двајцата другари Алфредо Коспито и Никола Гаи[i].

Да потсетиме дека другарите на првото рочиште на 30ти октомври преземаа одговорност за нападот врз монструмот на атомот и генерален директор на Ansaldo Nucleare, дел од групацијата Finmeccanica, Роберто Адинолфи.

Не нè изненадува исходот од пресудата затоа што, впрочем и очигледно е, не веруваме во „правда“, иако напати на човек му доаѓа да се запраша: „како е можно, наспроти нешто што ја загрозува целата светска популација (сè уште ги трпиме последиците од Чернобил, на растојание од илјадници километри и после 20 години, иако за тоа не зборува ниту еден покорен медиум; последиците од експериментите во Муруроа (Полинезија) кои ги вршеше Франција за време на Ширак и последната катастрофа на Фукушима) како е можно некое живо суштество, зашто за жал и сите слуги на државата се живи суштества и покрај нивната природа на кучиња-чувари и инквизитори, да осуди постапка каква што е онаа на Алфредо и Никола, а која има за цел да го уништи проблемот од корен? Како е можно некој да оди дотаму против самиот себеси, прикажувајќи го како жртва крвникот кој секојдневно му го труе животот?“

Се надевам дека нема погрешно да ме сфатите поради овие прашања.

Очигледно, не можам да му влезам во главата на ниеден слуга на државата, а немам намера ни да се обидувам; но мислам дека и покрај омразата што ја споделуваме за ова вечно зло кое ја глода земјата, многумина, па и анархисти, би можеле да си ги постават.

Сосема е добро познато дека медиумите се мегафон на државата.

Нивна задача е да ја градат болната „свест“ на простиот народ кому му се доволни најновиот модел на мобилен телефон, компјутер за фејсбук и еден беден оброк на маса за да ги голтне и да ги свари купиштата информации што секојдневно протекуваат низ подлото перо на овие хиени.

Првиот суд е оној народниот, но не оној кој го предлагаа Црвените бригади.

Првата пресуда е од кроткото стадо што пасе со наведната глава и го прифаќа патот кој му го покажува пастирот (држава-црква).

Народот, кој со наведната глава ја зоба храната од „Земјата на огновите“[ii] во Кампанија, полињата близу ILVA во Таранто[iii], сè уште го паметам ENI во Маргера (Венето) и Стањо (мало место помеѓу Пиза и Ливорно), челичарниците и кожарниците, и тие во Тоскана, фирмите за азбест во Вал Да Оста, фирмите за етернит во Ломбардија и Емилија Ромања… само колку да наведам неколку од најпознатите примери.

Народот, кој секојдневно голта отров, наместо да го исповрати врз оној кој му го дава, тој им го плука в лице на сличните на него или на оној кој се обидува да му ја попречи раката на трујачот.

Тоа е Италија!

Најзагрижувачки е што и некои од анархистите велат дека постапки како онаа за која презедоа одговорност Алфредо и Никола го плашат народот…

Зарем постои народ во Италија?

Можеби се мисли на оној кој секоја недела оди во црква, кој секој ден го слуша папата на телевизија, пораките на политичарите, кој работи бесплатно, кој цел ден го минува на социјалните мрежи објавувајќи фотографии и видеа од сè што се случува по улиците со куп лица од луѓе што не ни знаат дека се снимени?

Оној ли што се задоволува со повремен државен придонес за нов декодер за дигитална телевизија, компјутер или усб модем за интернет?

Ако тоа е тој народ, слободно нека се плаши…

Има ли уште некој кој сака „да тргнеме и да се вратиме сите заедно”?

Како Алфредо и Никола, мислам дека не треба да се чека никаква револуција зашто револуциите, каде и да се случиле, успеале само да го репродуцираат истото срање од претходно, а можеби и поголемо. А и исчекувањето создава неспокојство и ја оладува душата.

Денес повеќе од кога било треба да се изрази сопствениот став и блискоста со двајцата другари чија постапка е пресвртница во анархистичката историја на Италија во последниов век.

Цел еден век се слушаа само слогани, минатата година Алфредо и Никола прејдоа на дела.

Слоганите ги извикуваа сите или барем поголемиот дел од италијанските анархисти, да видиме сега колку сакаме да се потрошиме почнувајќи од искажување солидарност и припадност (не зборувам за кратенката на неформалната FAI) за двајца браќа, за двајца луѓе… за двајца другари…

Нема да дозволиме некоја насмевка од инвалидска количка да направи да се чувствуваме немоќни пред непријателот.

Токму таа инвалидска количка покажува дека не сте толку недостижни и дека покрај „копилињата“ кои знаете „кој ги испратил“ има и осамени волци кои излегуваат гладни од шумата.

Силна и бунтовничка прегратка, топла како топлината што зрачи од Фениксот, солидарност и соучесништво со Алфредо и Никола.

RadioAzione

извор: radioazione.noblogs.org actforfree.nostate.net contrainfo.espiv.net


[i] Алфредо и Никола во првостепената пресуда, донесена по кратка постапка, на 12 ноември беа осудени на 10 години и 8 месеци, односно 9 години и 4 месеци, заради атентат во терористички цели. (заб. на прев.)

[ii]  La Terra dei Fuochi е област во Јужна Италија, Неапол и Казерта, каде Камората фрла отпад (и токсичен). Ги палат куповите и чадот испушта во воздухот и во почвата отровни супстанции, меѓу кои и диоксин. (заб. на прев.)

[iii]  ILVA, акционерско друштво од групацијата Riva што се занимава главно со производство и обработка на челик. (заб. на прев.)

Нова група на урбаната герила ја презеде одговорноста за двојното убиство на членови на Златна зора – Атина – Грција

Од грчките медиуми

Досега непозната група на урбаната герила која се нарекува Револуционерни сили на воинствениот народ, ја презеде одговорноста за убиството на двајца членови на Златна зора на 1 ноември.

Новинскиот портал zougla.gr објави дека во саботата во 16:50 примиле телефонски повик, при што јавувачот им соопштил дека во кеса за ѓубре, во коверт, се наоѓа усб стик, а кесата е оставена на стрелиштето Кесаријани, каде што денес се наоѓа споменик за повеќе од 200 Грци егзекутирани од страна на нацистичкиот окупатор.

Соопштените започнува со цитат од Хозе Бунавентура Дурути – клучна фигура во шпанското анархистичко движење во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век – кое вели дека ниту една власт не сака искрено да се бори против фашизмот.

Авторите на соопштението велат дека двајцата членови на Златна зора, 22 годишниот Манолис Капелонис (Manolis Kapelonis) и 26 годишниот Јоргос Фунтулис (Giorgos Fountoulis), се убиени во „политичка егзекуција“ како освета за убиството на раперот Павлос Фисас (Pavlos Fyssas), кој беше избоден до смрт од поддржувач на неонацистичката партија, Јоргос Рупакијас (Giorgos Roupakias).

Во соопштението убиството исто така им е посветено и на емигрантите и се вели дека убиствата се само почеток на кампањата на групата против Златна зора и нејзините членови.

„Кукавичкото убиство на Павлос Фисас беше капката крв која ја прели чашата“, пишува групата во писмото од 18 страници исполнето со изразен јазик против естаблишментот и објавено на грчкиот новински портал. Стои дека убиството на раперот е „пресвертниот момент“.

„Вооружениот напад како одговор… е почеток на народната кампања неонацистичките ѓубриња од Златна зора да се испратат онаму каде што им е местото, на ѓубриштето од историјата“.

извор: actforfree.nostate.net

Солидарност за Алфредо и Никола

Инфо:

Ansaldo Nucleare (компанија ќерка на Ansaldo Energia – италијанска електроенергетска компанија) е компанија која се бави со конструирање и изградба на нови нуклеарни централи, нивно одржување и менаџирање на нуклеарниот отпад. Исто така работи и на развој на нови нуклеарни реактори и истражувачки проекти поврзани со нуклеарната фузија

Роберто Адинолфи (Roberto Adinolfi ) е генерален директор на Ansaldo Nucleare и дизајнер на нуклеарни централи и адвокат на лажната и искривена слика за одржливоста на цивилната употреба на нуклеарната енергија.

Алфредо Коспито (Alfredo Cospito) и Никола Гаи (Nicola Gai) беа уапсени на 12 семптември 2012 и беа обвинети за ранувањето на  генералниот директор на Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи.

Роберто Адинолфи беше ранет на 7 мај 2012 пред неговата куќа, за што одговорноста ја презеде нуклеусот Олга од Неформалната анархистичка федерација – FAI.

Нивниот чин наиде на жестоки реакции и осуди од одредени анархистички кругови, особено оние задоени во духот на таканаречниот „граѓански анархизам“.  Во тоа предничеше Анархистичката федерација (Велика Британија); на што, се разбира, добија и соодветни одговори.

Иако голем број анархисти непосредно по ранувањето зазедоа дистанца во однос на тој настан, сепак  во изминатиот период успеа да се создаде одредена мрежа на солидарност. Може да се каже дека ова на одреден начин е пресвртен момент, со оглед дека Алфредо и Никола лично ја презедоа одговорноста за ранувањето, што одамна не се памети во Италија. А тоа придонесе многу од црвените кучиња што гласно лаеја од долапите да замолчат.

Заговор на еднаквите

 

602-408-20120516_195838_ADCE8B0B

Следува текстот од памфлетот кој го подготвија и дистрибуира неколкумина другари од Џенова  по повод судењето на Алфредо и Никола.

СОЛИДАРНОСТ за АЛФРЕДО и НИКОЛА

…резигнацијата е смрт… бунтот е живот…

 

Анархија, збор од грчко потелко, значи „БЕЗ ВЛАСТ и/или БЕЗ владеење“.

Ние не сме анархисти затоа што недостига власт, туку затоа што воопшто не би сакале да постои, без оглед дали таа е десна или лева; власт значи потчинување, застапување, централизирање на моќта.

Од овие редови може да се сфати дека ниту еден анархист никогаш нема да биде пријател на законодавците и нивните извршители. Подеднакво е очигледно дека анархистите секогаш ќе бидат непријатели на моќта, буржоазијата и нивните слуги. Затоа е неразумно да се верува дека оној кој е непријател на надмоќта на господарот ќе има лесен живот. Во суштина, ниту еден другар или другарка уапсени, обвинети или под истрага не се смета себеси за жртва на некоја неправда, во спротивно навистина би биле глупави!

Секојдневно оваа планета и мнозинството луѓе кои ја населуваат се жртви на неправди, милиони умираат од глад, жед или страдаат во непотребни војни водени за профит кои  државите и индустријата, произведувачите на смрт, добро ги познаваат.

Ние едноставно ги откриваме и разјаснуваме причините одговорни за овие дела, надевајќи се дека сите тие живи суштества ќе го сфатат изворот на нивниот проблем.

ДА СЕ УНИШТИ ВЛАСТА, А НЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ, ТОА Е НАЈОЧИГЛЕДНОТО РЕШЕНИЕ!

Ние едноставно го кажуваме она што го чувствуваме однатре, со оглед дека НИЕ немаме господари на кои мораме да им полагаме сметки. Судиите ни наметнуваат казни, но ние секогаш ќе бидеме слободни во нашите срца, и сѐ додека надвор постојат другари кои ќе ги штитат од крвниците оние кои се наоѓаат во нивните раце, ќе постои и Анархија. Впрочем, овие смешни униформи нема да нѐ потчинат, бидејќи веќе повеќе од 100 години го трпиме сето тоа и на УДАРИТЕ возвраќаме со УДАРИ.

Денес им пружаме Солидарност на другарите кои се затворени и обвинети за нападот на Адинолфи, извршниот директор на Finmeccanica, токму една од оние компании кои се засноваат на војни и нуклеарна енергија. Беспотребно е да се каже дека сме на НИВНА страна, против репресијата која ги затекна.

ЗОШТО ГОВОРИМЕ ЗА АКТИВНА СОЛИДАРНОСТ, ОДНОСНО ДИРЕКТНА?

Затоа што во минатото бројни критики се упатувани на другарите и другарките кои користеле средства сметани за непримерни на анархистичката борба. Како некој да има право да каже дека да се фрли камен на цајкан е прифатливо, додека куршумот треба да се осуди.

Оттаму, бидејќи таквите критики, за жал, сѐ уште се присутни – а и не беа толку безначајни после нападот врз Адинолфи – доколку се продолжи по тој пат, утре ќе биде неприфатлив и камен по цајканот.

Веќе имаме многу непријатли, не би сакале да ги имаме и во нашите редови.

Ги поддржуваме сите затворени другари без оглед на стореното дело, бидејќи денес постои тенденција да се проверува причината заради која некој е во затвор.

Некогаш тие разлики им ги препуштавме на оние кои немаат што да споделат со нас; денес за жал не е така, за што доказ е и изолацијата која некои другари и другарки ја доживуваат на своја кожа.

Затоа денес, повеќе од кога било, е потребно да се изрази активна солидарност на нашите другари и другарки, во моментите кога тоа е најпотребно и која ќе даде јасни одговори кога ќе наиде репресијата.

Ситуацијата на другарите „внатре“ не е добра, како што е вообичаено: подложени се на преместувања, не им дозволуваат разговори со партнерите – затоа Серџо, другар уапсен под обвинение за припаѓање на FAI (Неформална анархистичка федерација), водеше штрајк со глад месец и половина, без на крајот да му бидат одобрени разговори.

Последна вест: јавната обвинителка и крвничка која го води случајот „Shadow“, во кој под истрага се 6 другари (од кои двајца се во затвор), во своето обвинение побара дури 4 и 10 години затвор. Да не заборавиме дека целата акција ја координираа антитерористичките единици на карабинерите, ROS, со кои обвинителката Комоди е во одлични односи, поддржувајќи ја секоја нивна теорија. ROS, свињите кои во минатото, како и во секоја добра демократија, го дадоа својот придонес во пишувањето на најмрачните страници достојни на луѓето во униформи. Денес можеме да кажеме дека целото обвинение пропадна. Освен Серџо, кој е осуден на 3 години и 3 месеци за кражба на автомобил, сите останати се ослободени, иако двајца другари и понатаму се во затвор заради други две обвиненија.

Никој не очекува најдобар третман, не бараме интервенција на политичарите или новинарчињата. Им се обраќаме на оние кои чувствуваат потреба да бидат покрај нашите браќа и сестри кои годините од своите животи ги минуваат внатре одвратните кафези. Да не ги правиме истите грешки како во минатото, сами правејќи разлики меѓу оние кои избираат еден облик на борба во однос на некој друг.

Да не паѓаме во замката која ни ја поставува судството и сите оние кои не ги признаваат различните облици на борба. Бунтовникот, Анархистот не смее да прави такви грешки.

Солидарност и соучесништво со сите уапсени Анархисти.

За Анархија!

 

Анархисти

 

извор: radioazione.noblogs.org contrainfo.espiv.net

Никола Гаи, изјава на рочиштето на 30 октомври 2013 година

Инфо:

Ansaldo Nucleare (компанија ќерка на Ansaldo Energia – италијанска електроенергетска компанија) е компанија која се бави со конструирање и изградба на нови нуклеарни централи, нивно одржување и менаџирање на нуклеарниот отпад. Исто така работи и на развој на нови нуклеарни реактори и истражувачки проекти поврзани со нуклеарната фузија

Роберто Адинолфи (Roberto Adinolfi ) е генерален директор на Ansaldo Nucleare и дизајнер на нуклеарни централи и адвокат на лажната и искривена слика за одржливоста на цивилната употреба на нуклеарната енергија.

Алфредо Коспито (Alfredo Cospito) и Никола Гаи (Nicola Gai) беа уапсени на 12 семптември 2012 и беа обвинети за ранувањето на  генералниот директор на Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи.

Роберто Адинолфи беше ранет на 7 мај 2012 пред неговата куќа, за што одговорноста ја презеде нуклеусот Олга од Неформалната анархистичка федерација – FAI.

Нивниот чин наиде на жестоки реакции и осуди од одредени анархистички кругови, особено оние задоени во духот на таканаречниот „граѓански анархизам“.  Во тоа предничеше Анархистичката федерација (Велика Британија); на што, се разбира, добија и соодветни одговори.

Иако голем број анархисти непосредно по ранувањето зазедоа дистанца во однос на тој настан, сепак  во изминатиот период успеа да се создаде одредена мрежа на солидарност. Може да се каже дека ова на одреден начин е пресвртен момент, со оглед дека Алфредо и Никола лично ја презедоа одговорноста за ранувањето, што одамна не се памети во Италија. А тоа придонесе многу од црвените кучиња што гласно лаеја од долапите да замолчат.

Заговор на еднаквите

 

602-408-20120516_195838_ADCE8B0B

Следува изјавата на Никола Гаи.

„Никој не може да ме суди,

Ниту ти,

Вистината те боли, знам.“

C. Caselli

Само неколку зборови за да потврдам неколку едноставни факти пред „вистината“ да биде одредена во судницата; доколку поимот „вистина“ не е јасен, го употребив во иронична смисла, затоа што не признавам ниту еден друг суд освен мојата совест. Единствените одговорни личности за она што се случи во Џенова на 7 мај 2012 година сме јас и Алфредо. Никој друг, од нашите пријатели и другари, не беше запознаен со нашиот план и неговата реализација. Колку и да се трудите да копате по нашите животи и нашите односи за да ги пронајдете соучесниците на тоа „недело“, никогаш нема да успеете да го докажете спротивното, сигурно дека ќе се обидете, но во тој случај ќе се работи само за лаги и обид за фаќање некој друг постоечки непријател. Разбирам дека на личностите кои го посветиле својот живот служејќи му на авторитетот не им е лесно да ја прифатат идејата дека двајца поединци, вооружени само со сопствената одлучност, можат да одлучат да се обидат да ги заглават тркалата на техно-индустрискиот систем, наместо да придонесат, дисциплинирано, со нивно вртење, но нештата не се такви. По неколку години поминати во набљудување на систематското уништување на природата и сите аспекти кои животот го прават вреден, од страна на никогаш доволно опеаниот технолошки развој. Годините минати следејќи ги со внимание, но секогаш како гледачи, искуствата на бунтовниците кои во овој свет, навидум помирен, продолжуваат да ја креваат главата за да ја афирмираат можноста на еден слободен и див живот. По катастрофата во Фукушима, кога Алфредо ми предложи да му помогнам да ја реализира акцијата против инженерот Адинолфи, прифатив без двоумење. Најпосле можев конкретно да го изразам мојот отпор кон техно-индустрискиот систем, да престанам да учествувам во симболични манифестации кои премногу често се само манифестации на немоќ. Никој, со барем малку разум, не може да биде измамен дека резултатот од еден референдум или говорите на некој гуру на зелената економија може макар да ги избрише вродените штетни аспекти од светот во кој сме принудени да живееме. На сите ни е пред очите, секој што сака да гледа, дека Finmeccanica, со своите компании, и понатаму произведува оружје за масовно уништување; но, тоа едноставно го прави надвор од италијанските граници, како радијацијата да ги почитува тие омразени граници. Во Романија (несреќното место Црна вода, познато по бројните инциденти во централата), Словачка и Украина, само да ги споменеме неодамнешните и најнепосредни инвестиции. Ansaldo Nucleare и понатаму шири смрт и придонесува за уништување на природата. Како што на сите би требало да ви биде јасно, проблемот не лежи во прашањето дали може да се случи уште еден Чернобил со останатите 190 нуклеарни централи само во Европа, туку кога ќе се случи. И како тоа да не е доволно, не смееме да заборавиме дека таквите чудовишта не убиваат само кога се во функција, туку и со својот отпад. Отпадот се пренесува насекаде низ Европа, без никој да знае што да направи со него. Нуклеарниот отпад од италијанските централи, исклучени веќе со децении, и ден денес сè уште се превезува во Франција за да се закопа на „сигурно“: од него добиваат гориво за напојување на други реактори, а и по некој килограм плутониум кој може да се користи само за производство на бомби (ова само да се потсетиме дека кога зборуваме за нуклеарната енергија нема разлика помеѓу цивилната и воената употреба), потоа ни ги враќаат опасни, речиси како и претходно. Во тој поглед, којзнае што ќе направат повторно Американците со отпадот пренесен во САД ова лето, во голема тајност, од единствениот склад за нуклеарен отпад во регионот, Базиликата. Би можел да зборувам со часови за штетите и уништувањата кои ги нанела нуклеарната енергија, да наведам безброј примери, да потсетам на она што се случува во Фукушима (каде, според нечии зборови, ниту една жртва не може да ѝ се припише на централата…), но не се наоѓам тука за да барам оправдувања. Нуклеарната енергија е можеби елемент на овој цивилизиран свет во кој бесмисленоста и монструозноста на техно-индустрискиот систем може секому да му бидат јасни, но треба да бидеме свесни дека на олтарот од технолошкиот развој ја жртвуваме секоја заштита на нашата индивидуална слобода и можноста да живееме живот вреден за живеење. Одлуката дали да се биде послушен поданик или да се обидеме да живееме, е на секој од нас, сега и овде, отпор кон постоечкото. Јас избрав, радосно и без каење.

Ние одовде ќе излеземе етикетирани како терористи; забавен е фактот дека вие можете да го тврдите тоа без да се чувствувате смешно: така вели кривичниот закон. Тоа што можеме да го кажеме со сигурност е дека збровите веќе немаат никакво значење; ако ние сме терористи, како би го дефинирале оној што произведува оружје, ракетни системи, дронови, ловци, реквизити за лов на личности кои се обидуваат да ја поминат границата, нуклеарни централи, кој дискутира на исто ниво со убијците во униформа и познатите диктатори, накратко, како би ја дефинирале Finmeccanica? Се разбира, ниту вашите управители не се многу креативни, кои, за да го избришат можниот сомнеж за реалната улога на оваа компанија, неодамна на главното место поставија еден поранешен полицаец Џиани де Џенара: земајќи ја предвид неговата одговорност во тортурите во Болзането и масакрот во училишитето Диаз за време на Г-8 во 2001 година, бидејќи беше шеф на полицијата, логично заклучија дека е вистински човек за вистинското место.

Враќајќи се на причината за оваа моја изјава би сакал да прецизирам неколку точки од оваа „сјајна“ операција која доведе до нашето апсење. Којзнае колку честитања и тапкања по рамениците добиле лукавите прогонители кои успеаја да ја искористат нашата единствена, фатална грешка, направена од неискуство и брзање за да направиме нешто по катастрофата во Фукушима. Всушност, не ја забележавме видео камерата која ја поставил еден ревносен сопственик на едно кафуле за да ги заштити своите сендвичи. За жал, не ја видовме додека го проучувавме патот кој води од местото на кое го оставивме моторот до автобуската станица, со кој, по еден преседан, се превезовме до периферијата на градот во правец на Арензано, каде беше паркиран мојот автомобил, кој го користевме за доаѓање и заминување од Џенова. Ако сакаме да бидеме искрени, видеокамерата не беше единствената направена грешка, изгубивме драгоцени моменти и во моментот кога го напуштавме местото на акцијата, нè парализираше бесното рикање на надриврачот на атомот: „Проклетници, знам кој ве прати!“. Не е мое да го погодувам  значењето на таа реченица, моментот не дозволуваше сталожено расудување, а уште помалку, не сум навикнат да градам кули од карти на зборовите што ги изговорила некоја друга личност, но самостојно заклучив дека ги пикнавме рацете во куп гомна. Сите други елементи кои го оправдаа нашиот притвор или се искривени или, едноставно, се лажни. Фамозното прислушкување за „пиштолот“, според кое јас наводно тврдам дека сум пукал, е неразбирливо, и непотребно е да се ангажираат вештаци за да се докаже тоа, бидејќи јас го возев моторот и едноставно е невозможно јас да го држам пиштолот, а згора логички ми е апсурдно тоа да сум ѝ го зборувал на личноста која со мене учествувала во акцијата, т.е на Алфредо. За принтерот, запленет во куќата на моите родители, за кој форензичарите тврдеа дека на него е испечатен летокот, немам многу да кажам, затоа што јас ги купив компјутерот и принтерот, а потоа заедно ги уништивме по употребата (интересно е дека и форензичарите, откако преиспитувањето го потврдило нашето апсење, забележале дека веројатно не се работи за истиот принтер). Што се однесува до крадењето на моторот, за што е отворен предмет против нас и наводните непознати, работите се многу поедноставни отколку што вие ќе се трудите да ги претставите. Кружевме низ градот обидувајќи се да го решиме проблемот, затоа што немавме никакви искуства со тоа. Како што знаеме, среќата е на страната на одважните, и во живописното местенце Болзането наидовме на скутер со клуч, кој го земавме и одлучивме да го вратиме неколку дена со заштитниот шлем. Моторот и понатаму беше паркиран на истото место, доволно ми беше да седнам на него, да го запалам и да го однесам до гробиштата во местото Стаљиено, каде остана петнаесет дена пред стореното дело, кога го преместив до куќата на инженерот Адинолфи. Му се извинувам на сопственикот што го фрлив заштитниот шлем и останатите работи кои беа под седиштето и што го фрлив страничниот багажник, затоа што, за жал, ни пречеа и навистина не ќе беше мудро да се обидам да ги вратам. Уште еден елемент над кој истражителите ги градеа теориите и кој, се плашам, како вистински инквизитори ќе ги искористат во иднина, е прислушувањето кое го извршија во социјалниот центар во Наполи, во кој наводно неколку другари го коментирале летокот што го добиле, прв во светот, преку електронска пошта. Не знам за што зборувале, нема да објаснувам дека тешко е да се разбере дијалогот, ниту ќе се задржам на очигледната сличност помеѓу зборовите „Валентино“ и „волантино“ (на италијански „леток“), но добро знам дека коминикето е испратено преку обична пошта (кога се враќавме со автобусот, уфрливме писма во поштенското сандаче кај пристаништето за траекти), оттаму, невозможно е да го добиле преку електронска пошта.

Многу добро знам дека ќе го употребите нашиот случај за да дадете пример, дека осветата ќе биде драконска, дека ќе направите сè за да нè изолирате (доволно е да се каже дека нашата пошта повеќе од една година е подложна на цензура), но сакам да ви соопштам една лоша вест: се работи за бескорисни напори. Веќе барем 150 години, судиите, и поостри од вас, се обидуваат да ја избришат идејата за можниот живот без авторитет, но со незначителни резултати. Можам со сигурност да ви гарантирам дека вашите репресивни акции, колку и да биде широк нивниот спектар, колку и да бидат индискриминирачки, нема никогаш да успеат да уништат или да искоренат нешто. Ако мислите дека, благодарение на нас, ќе стигнете до другите анархисти кои одлучиле да експериментираат со хаотичната, спонтана и неформална можност на FAI, многу грешите, и ќе направите само уште една грешка; ниту јас, а ниту Алфредо не познаваме никого кој се одлучил за таков избор. Вие ловите дух кој не можете да го затворите во тесната кутија на вашите закони. Затоа што тој се појавува во моментот во кој деструктивните тензии на оние што го оживуваат ќе се обединат за да делуваат, во моментот во кој слободните жени и мажи ќе одлучат да експериментираат, конкретно со анархијата. Сега, кога искуството на нуклеусот Олга е завршено, можам да ви гарантирам дека пронајдов нови причини за јакнење на мојата омраза и причините заради кои го сакам уништувањето на постоечкото, составено од авторитети, експлоатација и уништувања на природата.

Љубов и соучесништво за сестрите и браќата кои со своите акции, на сите страни од светот, го остваруваат лудиот сон на FAI/FRI.

Љубов и соучесништво за другарките и другарите кои, анонимно или не, и понатаму напаѓаат во име на можниот живот без авторитети.

Љубов и слобода за сите анархистички затвореници.

 

Да живее црната интернационала на сите кои му се противат на смртоносниот проект на цивилизацијата.

 Да живее анархијата!

 

Никола Гаи

Ферара, септември 2013

извор: radioazione.noblogs.org contrainfo.espiv.net

Изјавата на Алфредо Коспито на судењето за ранувањето на директорот на Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи

Инфо:

Ansaldo Nucleare (компанија ќерка на Ansaldo Energia – италијанска електроенергетска компанија) е компанија која се бави со конструирање и изградба на нови нуклеарни централи, нивно одржување и менаџирање на нуклеарниот отпад. Исто така работи и на развој на нови нуклеарни реактори и истражувачки проекти поврзани со нуклеарната фузија

Роберто Адинолфи (Roberto Adinolfi ) е генерален директор на Ansaldo Nucleare и дизајнер на нуклеарни централи и адвокат на лажната и искривена слика за одржливоста на цивилната употреба на нуклеарната енергија.

Алфредо Коспито (Alfredo Cospito) и Никола Гаи (Nicola Gai) беа уапсени на 12 семптември 2012 и беа обвинети за ранувањето на  генералниот директор на Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи.

Роберто Адинолфи беше ранет на 7 мај 2012 пред неговата куќа, за што одговорноста ја презеде нуклеусот Олга од Неформалната анархистичка федерација – FAI.

Нивниот чин наиде на жестоки реакции и осуди од одредени анархистички кругови, особено оние задоени во духот на таканаречниот „граѓански анархизам“.  Во тоа предничеше Анархистичката федерација (Велика Британија); на што, се разбира, добија и соодветни одговори.

Иако голем број анархисти непосредно по ранувањето зазедоа дистанца во однос на тој настан, сепак  во изминатиот период успеа да се создаде одредена мрежа на солидарност. Може да се каже дека ова на одреден начин е пресвртен момент, со оглед дека Алфредо и Никола лично ја презедоа одговорноста за ранувањето, што одамна не се памети во Италија. А тоа придонесе многу од црвените кучиња што гласно лаеја од долапите да замолчат.

Заговор на еднаквите

 

Следува изјавата на Алфредо Коспито.

Џенова, 30 октомври 2013

Од утробата на Левијатан

 

„…соништата се остваруваат овде и сега, не во некоја замислена иднина, бидејќи иднината секогаш ни ја продавале свештениците на сите религии или идеологи, со цел неказнето да нѐ поткрадуваат. Сакаме сегашност која вреди да се живее, а не која ќе биде жртвувана за месијанското исчекување на некој иден рај на земјата. И токму затоа сакаме конкретно да говориме за анархија која ќе се оствари сега, а не во иднина. ’Сѐ и веднаш‘ е облогот, игра која ја играме и во која влогот е нашиот живот, животот на сите, нашата смрт, смртта на сите…“

 Пјерлеоне Марио Порку

 

„Науката е вечно жртвување на животот – минлив и краткотраен, но стварен – на олтарот на вечните апстракции. Затоа повикувам на бунт на животот против владението на науката.“

 Михаил Бакунин

 

“Царство втелемелено на ништо, во чие кралство владетелот пропаѓа.

Не може да го поднесе товарот на вистината.

Ти препорачувам жестока доза на живот!

Ти препорачувам жестока доза на живот!

На тој начин барем ќе можеш да кажеш дека си го живеел.“

 Конгењо

 “Проклетници… знам кој ве прати!!!“

 

Роберто Адинолфи

Едно прекрасно мајско утро делував и во тие неколку часа целосно уживав во животот. Конечно ги оставив стравот и самооправдувањата зад себе и застанав во пркос пред непознатото. Во Европа исполнета со нуклеарни централи, еден од најодговорните за надоаѓачката нуклеарна катастрофа падна ничкум пред мене. Сакам да бидам кристално јасен: Нуклеусот Olga FAI/FRI [Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт, заб. на прев.] сме само Никола и јас. Никој друг не учествуваше, соработуваше или  го планираше ова дело. Никој не знаеше за нашиот проект. Нема да дозволам моето делување – со намера да се сврти вниманието од вистинската цел – да се фрли во срамотниот, апсурден масмедиумски и правен казан, составен од „рушење на демократскиот поредок“, „субверзивно здружување“, „вооружена борба“, „тероризам“; празни фрази на устите на судиите и новинарите.

Јас сум анархист од антиорганизациски ков, затоа што сум против сите облици на авторитет и организациско ограничување. Јас сум нихилист затоа што мојата анархија ја живеам денес, а не во очекување на револуцијата која, доколку дојде, ќе изроди само нови авторитети, нова технологија, нова цивилизација. Мојата анархија ја живеам природно, со радост, задоволство, без никаков маченички дух, спротивставувајќи се во целост на ова цивилизирано постоење, кое ми е неподносливо. Јас сум антисоцијален, затоа што сум уверен дека општеството постои само како поделба помеѓу оние кои владеат и оние кои се покорени. Не тежнеам кон никаква идна социјалистичка „рајска“ алхемија, не верувам во ниту една општествена класа; мојот бунт без револуција е индивидуален, егзистенцијален, тотален, апсолутен, вооружен. Во мене нема ниту трага од надчовекот, никаков презир кон угнетуваните, „народот“, бидејќу сум уверен дека, како што вели една источна поговорка: „змијата не треба да се мрази затоа што нема рогови; еден ден би можела да се претвори во змеј!“. На ист начин робот може да се претвори во бунтовник; само еден човек, една жена може да стане разорен пожар. Со сета своја сила ги мразам моќниците, без оглед дали се политичари, научници, технократи, водачи на народот, вакви или онакви лидери, бирократи, воени или религиозни поглавари.

Поредокот кој сакам да го срушам е цивилизацијата, која од ден за ден го уништува сето она за што вреди да се живее. Државата, демократијата, општествените класи, идеологиите, религиите, полицијата, војската и самиот ваш суд, се само сенки, химери, запчаници, сите заменливи, од мегамашината која сите ги содржи. Технологијата еден ден ќе може и без нас, претворајќи нѐ сите во изгубени автоматони, во пејзаж на смрт и пустош. Тој 7 мај 2012, на момент фрлив песок меѓу запчаниците на таа мегамашина, за момент живеев во целост, правејќи разлика. Тој ден моето најдобро оружје не беше еден стар Токареф, туку мојата длабока, сурова омраза која ја чувствувам против техно-индустриското општество. Го потпишав делото како FAI/FRI, затоа што се заљубив во таа луцидна „лудост“ која стана конкретна поезија, понекогаш развигор, понекогаш бура, која хаотично дува низ целиот свет; храбра, незамислива, против сите закони, против секоја „здраворазумност“, против секоја идеологија, против секоја политика, против науката и цивилизацијата, против сите авторитети, организации и хиерархии. Визија за конкретна анархија која не предвидува постоење на теоретичари, раководители, лидери, чиновници, војници, херои, маченици, органиграми, милитантни, а најмногу не гледачи. Предолго стоевме и гледавме. Анархија која не преминува во  акција, го отфрла животот претворајќи се во идеологија, обично срање или нешто повеќе, во најдобар случај немоќен испусен вентил за фрустрирани мажи и жени.

Одлучив да прејдам на дела по нуклеарната катастрофа во Фукушима. Соочени со такви големи настани често се чувствуваме импотентни. Примитивниот човек се соочувал со опасности, знаел како да се заштити. Модерниот, цивилизиран човек наспроти конструкциите-констрикциите на технологијата е беспомошен. Како овците кои бараат да ги заштити овчарот кој потоа ќе ги заколе, така и ние цивилизираните им се препуштаме на секуларните свештеници на науката, истите оние кои полека ни го копаат гробот. Го гледавме Адинолфи како подмолно се смешка од телевизиските екрани, изигрувајќи жртва. Го гледавме како држи предавања во училиштата против „тероризам“. Но, се прашувам јас, што е тероризам? Испукан куршум, длабока болка, отворени рани или постојаната закана од бавна смрт која однатре те јаде? Постојаниот, непрекинат ужас дека една од неговите нуклеарни централи одеднаш и ненадејно може да изблуе смрт и пустош врз нас? Компаниите Ansaldo Nucleare и Finmeccanica сносат голема одговорност. Нивните проекти насекаде сеат смрт. Во последно време се зборува за можни инвестиции за проширување на нуклеарната централа Кршко во Словенија, висико ризична сеизмичка зона на чекор до Италија.  Во Црна вода во Романија, од 2000 год. до денес, имаше неколку инциденти, предизвикани од глупоста на Ansaldo при изградбата на централите. Колку уништени животи? Колку пролеана крв? Технократи од Ansaldo и Finmeccanica, со лековерна насмевка и „чиста“ совест: вашиот „напредок“ смрди на леш, смртта која ја сеете низ светот бара освета.  Постојат многу начини на кои можеме конкретно да се спротивставиме на нуклеарната енергија: да се блокираат возовите кои превезуваат нуклеарен отпад, да се саботираат далноводите кои ја пренесуваат електричната енергија произведена од нуклеарните централи. Мене ми падна на ум да ја нападнам најодговорната личност за оваа несреќа во Италија: Роберто Адинолфи, извршниот директор на компанијата Ansaldo Nucleare. Не ни требаше многу да дознаеме каде живее. Доволно беа пет извиднички обиди. Не е потребна воена структура, субверзивно здружување или вооружена банда за напад. Секој вооружен со цврста волја може да го замисли незамисливото и потоа да делува. Сѐ сам ќе направев, но за жал ми требаше помош околу моторот. Го прашав Никола, се повикав на нашето пријателство, а тој не отстапи. Пиштолот го купив на црно, 300 евра. Не се потребни тајни инфраструктури или огромен капитал за човек да се вооружи. Тргнавме со кола од Торино претходната ноќ. Сѐ се одвиваше како подамчкано, или речиси сѐ. Никола возеше. Јас погодив точно онаму каде што одлучивме да гаѓаме. Прецизен погодок. Истрчав до моторот, а потоа неочекуваното. Вресокот на Адинолфи исполнет со бес, реченица која ме стаписа, губејќи скапоцени мигови: „копилиња… знам кој ве прати!!!“. Во тој момент бев апсолутно сигурен дека ја погодив целта, бев потполно свесен во какви гомна ги ставив рацете; милионски интереси, меѓународни финансии, политика и моќ, кал и ѓубре. Тие „украдени“ мигови му овозможија на Адинолфи да ја прочита регистрацијата, која од неискуство не ја прекрив. Благодарение на тие броеви го открија моторот, а по моторот камерата.

Пресудата на овој суд нема да нѐ претвори во злобни терористи, како што нема ниту Адинолфи и Finmeccanica да ги претвори во добродетели на човештвото. Дојде мигот за големото одбивање, одбивање кое се состои од мноштво отпори, од кои секој е посебен случај; некои се можни, потребни, неизвесни; други се спонтани, диви, осамени, ускладени, продорни или насилни. Нашиот беше осамен и насилен. Дали вредеше? Да! Можеби само заради радоста која ја почувствувавме кога дознавме за пркосната насмевка која Олга Икономиду, храбрата сестра од Заговор на огнените ќелии, им ја плеснала во лице на своите стражари во самицата на грчкиот затвор кога ја слушнала веста за нашата акција. Среќен сум што сум она што сум, слободен човек; иако „моментално“ во окови. Не можам премногу да се жалам, бидејќи повеќето луѓе имаат окови всадени длабоко во мозокот. Во мојот живот секогаш настојував да го правам она што го сметам за соодветно, а не за исплатливо. Златната средина никогаш не ми делуваше уверливо. Многу сакав. Многу мразев. И токму затоа нема да им се предадам на вашите решетки, униформи, оружје. Секогаш ќе бидам незауздан, горд непријател. Не сум сам. Анархистите никогаш не се сами. Понекогаш се осамени, но никогаш не се сами. Илјадници проекти во нашите глави, сѐ повитална надеж во нашите срца, силна и сѐ повеќе заедничка;  конкретна перспектива која „ризикува“ да го измени лицето на анархијата во светот. Мали, големи одрони кои еден ден ќе предизвикаат катаклизма. Ќе треба време, но сеедно, засега уживам во потресот кој во мене го предизвика таа желба за радост и борба.

Ќе завршам со еден цитат на Мартин (Марко Камениш), непокорениот воин, осуден на повеќе од дваесет години затвор заради неговата длабока љубов кон животот, денес затворен во стерилен швајцарски затвор. Ги присвојувам неговите зборови:

 „…храброста да се промислат нештата, да се разбијат технолошките стеги на „невозможното“ и „незамисливото“, храброста да се мисли и следствено на тоа, да се делува на поинаков начин. Само тоа може да нѐ извлече од рамнодушната, отровна повраќаница на модерноста и одведе на место каде што никој и ништо нема да нѐ води, на место без обезбедување, место каде што одговорноста е во прво лице, каде што ќе уживаме во непокорноста со сите свои последици. Слободата е тешка и опасна, и не постои живот без смрт. А од страв дека ќе ги изгубиме животите, често се препуштаме на ропство и уништување.“

Смрт на цивилизацијата

Смрт на технолошкото општество

Да живее Заговорот на огнените ќелии

Да живее FAI/FRI

 

Да живее црната интернационала!

Да живее анархијата!

 

Алфредо Коспито

извор: radioazione.noblogs.org actforfree.nostate.net contrainfo.espiv.net