Реакција на анархистичката група Црн Блок – Не сме „другари и другарки“ на ДСП Ленка!

Со оглед на преовладувачкиот статус од изминативе години на „анархистите“ како привезоци на овдешните новокомпонирани левичарски групи и организации, оваа изјава ни доаѓа како добро освежување и обид кој се надеваме дека ќе оди во прилог на зајакнување на анархистичкиот идентитет и интегритет и ќе отвори едно критичко происпитуање на анархизмот од позиција на бескомпромисна критика на сите облици и темели на доминација.

ЗнЕ

Не сме „другари и другарки“ на ДСП Ленка!

 

Пред извесно време забележавме дека на официјалниот сајт на Движењето за социјална правда Ленка сме наведени како нивни „другари и другарки“, со линк до нашиот блог. За тој потег, се разбира, не бевме консултирани. Нема ни потреба да укажуваме на иронијата во тоа што блог кој заговара милитантен анархизам се наоѓа во иста низа на „другари и другарки“ заедно со корумпирани реформистички синдикати, државни платенички НВО фондации, леви партијашки организации и бројни марксистички и троцкистички портали. Основниот проблем е во тоа што екипата од Ленка, наведувајќи не` како свои пријатели, лаже и не` клевети, поради што е нужно да ја разобличиме нивната клевета, како и да објасниме од каде сметаме дека потекнува.

Повеќе

БОГ Е МРТОВ – Зборови на солидарност на Заговор на огнените ќелии со Моника и Франциско

Во контекст на повикот за меѓународна солидарност со Франциско Солар и Моника Кабаљеро, кои шпанската држава ги обвини за поставување запаливи направи во една црква, сакавме да споделиме неколку размисли, без одреден редослед, во врска со тиранијата на боговите.

„Никогаш повеќе добри, никогаш повеќе медиокритетски верници во медиокритетски бог, печатната грешка на човечкото битие. Го чекаме воскреснувањето на живите…“.

(извадок од изјавата на ЗОЌ за поставувањето четири запаливи направи во четири цркви, април 2009)

Цркви подигнати како страшила за да го застрашуваат животот. Сѐ што е убаво, страствено, бунтовно и неистражено, се осудува како грев. Животот е исполнет со забрани, а сервилноста се воспева. Добро е што постојат цркви, бидејќи нѐ потсетуваат дека религијата го убива животот.

Бог кој го создадоа е вечниот диктатор. Го надгледува секој момент од нашиот живот за подоцна безмилосно да ни суди. Ниту нашите тајни не се наши. Неговата љубов е вооружена со закани за вечната казна, вперени против оние кои се осмелуваат да ги доведат во прашање неговите заповеди. Добро е што постојат цркви, затоа што нѐ потсетуваат дека нивниот бог е злобен фашист. Свештениците се клерикални офицери на божјата диктатура. Потривијални и построги од самиот нивен бог. Скржавци, измамници, лицемери и педофили…

Соработуваат со политичари, со претприемачи и со војската, благословувајќи ги во раскошни одаи со своите златни распетија. Добро е што постојат цркви, затоа што ја откриваат гнилоста на нивните славеници на миси.

Верниците се стадо без сопствена волја, кои ритмично се крстат под будното око на бог. Колку крстовите се поголеми, толку се полицемерни. Толпата верници е како мноштвото робови во арените на антички Рим. „Здраво господи, осудените те поздравуваат…“. Каејќи се и со грижа на совест, одбиваат сѐ што е различно, секој престап и секое задоволство кое не се поклонува пред нивните икони. Добро е што постојат цркви, затоа што докажуваат дека најголемите царства се темелат на верата на своите поданици.

Христијанството е доктрина на смртта. Ја ветува лагата на вечниот живот за да ја обезвредни сегашноста, сега и овде. Животот што го живееме е само доказ на верата. Невкусна шега на бог за да не доведе во искушение… „Сакај го блискиот“, вели библијата, додека поповите ја сакаат моќта и богатството. Религијата е вносен бизнис. Некогаш постоеле Крстоносни војни, денес црквата поседува претпријатија, банки, телевизиски станици, весници, земја и недвижности. Добро е што постојат цркви, затоа што нѐ потсетуваат дека слободата мора да ги прескокне урнатините и остатоците од нивните храмови.

За Моника и Франциско нѐ поврзуваат солидарноста и анархистичкиот афинитет посилни од секој бог. Постојат и писма. Писма кои излегоа од чилеанските и грчките затвори. Некои стигнаа до одредиштето, а некои се изгубени и никогаш прочитани (во нашиот случај). Така, повеќе или помалку, започна нашиот контакт со Моника, со другарите/другарките од „случајот бомбас“ во Чиле и со бројните други сестри и браќа од акција, затвореници на Моќта. Затоа сѐ што е кажано и сѐ што никогаш не е напишано во ова или она писмо, и понатаму вреди.

Сѐ до ослободувањето на секој/а од нас.

„Се гледаат меѓусебно. Зборовите се непотребни. Освен тоа, од каде би требало да дојдат зборовите кои го достигнуваат врвот на слободата? Времето е замрзнато, тоа беше неговиот момент. Бегството беше испланирано веќе еден месец. Сите потешкотии, грижи, неволји кои судбината ти ги подготвува, сите радости, стравови и соништа, сега треба да се препуштат на трите минути колку што ќе трае нападот. Ја погледна залихата на муниција. Петнаесет куршуми – петнаесет здивови слобода. И уште еден… кога неговиот здив го слушна сопствениот глас кој вели: Одиме… слобода или смрт…“

СИЛА И СОЛИДАРНОСТ ЗА НАШИОТ БРАТ ФРАНЦИСКО СОЛАР И НАШАТА СЕСТРА МОНИКА КАБАЉЕРО

ЦРНАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА НА АНАРХИСТИ СЕ ШИРИ 

СОЗДАВАМЕ 10, 100, 1.000 ЌЕЛИИ НА НАПАД

 

Заговор на Огнените Ќелии FAI/IRF   

Ќелија на членовите затвореници

П.С. Во средата наутро на 11 декември 2013, другарот Себастијан Оверслуј Сегуел беше убиен од куршумите на еден обезбедувач при обид за грабеж на банка. Подоцна полицијата уапси уште двајца другари, Алфонсо Алвиал Санчез и Хермес Гонзалес Енрикез. Грабежот на банки за анархистите од акција е егзистенцијална и востаничка акција со која ја одбиваат присилата и моралноста на надничарското ропство кое го наметнуваат господарите.

СЛОБОДА ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ АЛФОНСО И ХЕРМЕС

ОДМАЗДА ЗА ДРУГАРОТ СЕБАСТИЈАН

извор

Синкопа

Синкопа е нагло намалување на дотокот на крв и мозочна активност, предизвикувајќи ненадејно и привремено губење на свеста. Последиците можат да бидат безначајни и ограничени на моментална конфузија, но понекогаш можат да бидат и посериозни. Во некои случаи, доколку прекинот на дотокот на крв во човечкиот организам се продожи преку одредени граници, настанува смрт. Од сите видови, „недифинираната синкопа“ – онаа без препознатливи, логични причини – се смета за најопасна, бидејќи не им дозволува на болничарите, техничарите на телото, да интервенираат.

И функционирањето на општествените организми зависи од збирот на разни протоци. Протоци на добра, луѓе, податоци, енергија. Овие протоци можат да бидат прекинати од најразлични причини. На пример, некој технички инцидент. Или кражба на материјали. Можеби саботажа. Коа тоа ќе се случи, последиците често се безначајни. Функционирањето претрпува кратка пауза, предизвикувајќи мали непријатности, лошо расположение, пречки. А потоа сѐ се враќа во нормала. Но што се случува кога прекинот на протоците ќе продолжи преку одредени граници? Што ако тие прекини се размножат и испреплетат? Добрата и луѓето протекуваат и се движат преку улиците, улиците од катран и челик. Податоците и енергијата протекуваат и се движат преку кабли, кабли од бакар и пластика. Последниве години на немири – инфицирани од потребата за популарност, од амбицијата да бидат препознаени – во главите на многу, на премногу луѓе, се всади идејата дека минималниот услов за „блокада“ е масовното учество. Човек може да блокира само ако е со многумина (оттаму, човек треба да е многумина; оттаму човек треба да убеди многумина; оттаму…). Но тоа не е точно. Тоа е само една од многуте хипотези.

За да се блокира улица,  човек не треба да собере стотици луѓе. На пример, пред неколку години, еден обичен летен пожар во близина на голема клучна делница предизвика застој во една метропола (тоа, повеќе или помалку, се случи истовремено кога во истата таа метропола, неколку дузини другари со часови протестираа на еден плоштад против една судска пресуда).

Прекин на железничка пруга е уште поизводлив. Тоа се случува сѐ повеќе и повеќе, низ цела Европа, без оглед дали се работи за инциденти или смислени акции. Но тоа е неизбежно. Со сите разводни кутии, железнички скретници, семафори, сите оние кабли во близина на пругите, оставени на милост и немилост на негрижата и бесот, можноста нешто да се случи станува речиси сигурна.

А каблите? Зарем не се испреплетени низ целата територија, распослани во илјадници правци, понекогаш и неочекувано? Зарем не ги наоѓаш секогаш и насекаде, веднаш до тебе, над твојата глава и под твоите нозе? И тука исто така ги гледаме сите тие разводни кутии, контролни табли, антени, шахти итн., кои ја овозможуваат секојдневната употреба на секаков вид машинерија. Овозможувајќи ја секојдневната рутина. Овозможувајќи го секојдневниот живот. Дури и на она што е синоним за виртуелна стварност, интернетот, потребни му се кабли за да функционира. Кабли во морињата, дури и во океаните, но кабли кои на крајот излегуваат на отворено на плажите. Исто како JONAH, кабелот кој ги поврзува домовите, индустриите и институциите (политички, економски и воени) на Израел со Европа. И чија „станица на пристигнување“ е тука во Италија, во Бари.

Се разбира, тоа е само мечтаење. Човек не треба да ја потценува индивидуалната имагинација која се става себеси во служба на колективните желби. Тоа би можело да предизвика прекин и човек да добие слобода која не е одобрена од владејачкото законодавно тело. Секако. Без никакво сомнение. Очигледно е. Се извинуваме. Тука ќе престанеме.

декември 2013

Финимондо

ИНТЕР АРМА

2222222

Интер Арма е меѓународен контраинформациски проект на Новата анархија. Меѓународен, затоа што сметаме дека анархистичката војна се води низ целиот свет, надминувајќ ги границите на власта. Затоа што заедницата на анархистички востаници се создава и развива врз основа на нивната сопствена волја и избори, а не на лингвистичките и просторни разграничувања на непријателот. Тоа е контраинформативен проект, бидејќи сметаме дека е нужна комуникација помеѓу другарите од различни земји и насоки. Бидејќи распространувањето на нападот е подеднакво важно како и самиот напад.

Интер Арма, преку своето делување, се залага за неформално организирање на анархистички структури. Соработува со збратимените комуникациски мрежи во Грција и во странство, зацврстувајќи ја динамиката на меѓународната мрежа и зголемувајќи го нејзиниот досег. Нема за цел да биде централизиран медиум, туку крстопат на контраинформации и распространувања кои можат да бидат помогнати од другарите кои сакаат да го сторат тоа.

Интер Арма јасно се залага за непрекинато анархистичко востание. Нема никаква врска со предлозите за делумно или целосно менаџирање на постоечкото ниту со групи и поединци кои повикуваат на тоа, без оглед дали доаѓаат од левицата или антиавторитарното и таканаречено анархистичко движење. Сите изданија ќе го следат погоре споменатиот правец.

Постирањето нема да биде отворено, за да бидеме сигурни дека Инет Арма ќе служи на својата цел за која беше создадена. Секој другар кој сака на кој било начин да помогне во контраинформирањето, може да го стори тоа контактирајќи со нас преку web контакт, e-mail адреса или IRC каналот. Ги советуваме сите да користат сигурносна електронска инфраструктура.

По повод таргетирањето на Интер Арма од страна на лакеите на агенцијата за антитероризам

Изминативе денови, на разни полициско-доушнички вебсајтови и во разни колумни во весниците, прочитавме целни информации пуштени од агенцијата за антитероризам кои ја поврзуваат Интер Арма со проектите „Феникс“ и „Green Nemesis“ на FAI/IRF и кои тврдат дека сите тие се дел од иста герилска кампања. Овие специфични доушници се познати по таргетирањето на другари кои учествуваат во ширењето милитантна анархистичка теорија и практика. Непријателот одамна ја сфати улогата која контраинформативните и преведувачките проекти ја имаат во ширењето на Црната интернационала и во комуникацијата помеѓу герилските формации низ целиот свет. Оваа стратегија на угнетување е позната воена тактика – замолчување на противничките разгласувачи.

Проектите како Интер Арма беа таргетирани и во минатото. Ве потсетуваме дека за време на операцијата „Ardire“ во Италија, два контраинформативни проекти (Culmine, ParoleArmate) и еден издавачки проект (Edizioni Cerbero) беа репресирани, ситуација која резултираше со повеќемесечен притвор за многумина од нив. Исто така е познато дека државите Грција и Италија соработуваат против нивниот заеднички внатрешен непријател.

Нема да се повлечеме ниту сантиметар од нашите позиции, ниту пак ќе ја промениме природата на нашиот проект. Учествуваме во меѓународна мрежа на слични проекти и ги поддржуваме милитантните анархистички групи, затвореници и герилски ќелии. Ние го направивме нашиот избор и планираме да го одржиме нашиот збор.

За Нова Анархија и Црна Интернационала!

Интер Арма

 

Проектот “Green Nemesis” – Кока Кола ги повлекува своите производи

Од грчкиот печат дознаваме дека по барањето на ќелијата Никола и Алфредо – FAI/IRF (Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт), Кока кола ги повлекла своите производи од рафтовите на своите дистрибутери во Атина и Солун. Ова уследило по долги преговори со грчката полиција пред Божиќ.

Нестле, меѓутоа, сѐ уште не објавил повлекување на своите производи.

извор

Contra Info – контраинформациска мрежа

Contrainfo.espiv.net е резултат на напорите да се создаде преведувачки колектив во поширокото анархистичко/антиавторитарно/слободарско движење, како и жив доказ дека постоењето на таков колектив е неопходно. Тоа е отворен и самоорганизиран проект чија цел е дистрибуција на контраинформации, вмрежување на грчкото антиавторитарно движење со она во странство и ширење на анархистичкиот дискурс во целото општество. Оттаму, акцентот го ставаме на комуникацијата без посредување како средство во рацете на движењето, како предуслов за слободно општество, како средство и цел. Истовремено, овој проект ги надополнува и поддржува независните контраинформациски мрежи и сличните потфати во странство.

Потребата од ваква иницијатива денес е јасна. Власта го интензивира и модернизира механизмот на масновната пропаганда. Таа се обидува стварното да го претвори во виртуелно, видливиот свет во измислен; оваа вештачка претстава да ја преточи во свеста на луѓето за постепено да ги отстрани нивните критички способности и да ги претвори во слабоволни, послушни субјекти. Крајната цел на власта е колективна хипноза, изолација и индивидуализација, апсолутна манипулација со нашата свест. Средствата кои ги користи се истите оние кои се користат во сите валкани работи – обликување на свеста со намерни и смислени лаги, неточност и извртување на фактите, вестите и информациите. Носители на овој идеолошки тероризам се изопачените масовни медиуми на зашеметување и дезинформирање. Презирот кон масовните медиуми, свесно или несвесно, делумно или во целост, е уште еден показател на светот кој се распаѓа заедно со своите лаги. Меѓутоа, „убавите“ лаги нужно не се распаѓаат на подеднакво убав начин. Реата која се шири со распаѓањето на стариот свет, секој ден сѐ посилно се чувствува. Ајде да го забрзаме тој процес со борба против старото, додека се подготвуваме и доживуваме новото. Со предлози и експериментирање, анализи и синтези, но исто така и со импровизација.

Против декадентната и нечовечна доминантна идеологија, предлагаме соработка, солидарност и самоорганизирање. Настојуваме да го разоткриеме митот за објективноста и непристрасноста на таканаречените „информации“ кои ги пласираат масовните медиуми, како и таканаречената „слобода на изразување“. Сакаме преку директен превод и ширење на вестите, ставовите и разновидноста на контраинформациите и знаењето кое доаѓа од движењето, да бидеме информирани за тоа што навистина се случува во светот и во нашите средини, нашето соседство; да се спротивставиме на политичкиот израз на капитализмот – тоталитарната демократија. На насилството на идеолошкиот тероризам го спротивставуваме контранасилството на контраинформациите. Нашето знаење го претвораме во практика корист на најубавата и најветувачката борба во историјата на човештвото – борбата за индивидуално и општествено ослободување.

sh-contrainfo.espiv.net

Демонстрација за солидарност на новогодишната ноќ пред затворот Коридалос во Атина, каде што се затворени многу анархисти

31.12.2013 – 01.01.2014

На овогодишните демонстрации солидарноста беше силно изразена и однатре и однадвор ѕидовите на затворот Коридалос. Околу илјада луѓе во знак на солидарност се појавија пред полноќ и почнаа гласно да извикуваат слогани. Неколкумина другари користеа и пиротехнички средства, додека затворениците креваа врева и низ прозорците од ќелиите фрлаа запалени предмети. Набрзо откако толпата се помести од паркот наспроти машкиот затвор на паркингот наспроти женскиот затвор, полициските интервентни единици употребија солзавец да ја разбијат големата демонстрација и почнаа да бркаат демонстранти низ околните улици. Има известување за четворица приведени.

Да ги запалиме затворите!

извор