Директната неодложност на нападот – Христос Цакалос

Придонес на членот на грчката анархистичка група Заговор на Огнените ќелии, Христос Цакалос[1] за списанието “Nihilistic March” и контраинформацискиот блог Parabellum.

Продолжение од дискусијата започната со италијанскиот другар Никола Гаи.[2]

 

1. Произведувачи на чуда за општествен спас

Живееме во мрачна, предвидлива и механичка ера. Живееме во диктатура на броеви на финансиските кризи, статистика на невработени, пазарни анализи на акции и сеопшт општествен страв.

Истовремено, човекољубивите трговци на „прогресивните“ идеологии бараат нови клиенти. Лутајќи, произведувачите на чуда ги рекламираат своите идеолошки производи и ветуваат општествен лек. Алтернативни извори на енергија, „зелен“ раст на индустријата, праведно оданочување, почитување на работничките права, здравствено осигурување, социјална држава…

Сето тоа е проследено и од разни „анархистички“ шарлатани кои рекламираат дополнителни слободарски измами за утопијата која надоаѓа. Социјална правда, самоуправување со средствата за производство, директна демократија, работнички совети…

Но, дури и „анархистичките“ лекови за општествен спас, и покрај ветувањата за ослободување на нашите животи, едноставно го репрограмираат општествениот апарат користејќи само малку послободарски прирачник. Мачката засекогаш останува мачка, дури и ако е обоена во црно и црвено.

Но, зошто во анархистичките средини постои потреба некој да се претстави како исцелител на општествениот сифилис? Анархијата не е општествен аналгетик, таа е отров. Таа ниту ја ублажува болката ниту нè смирува со идните ветувања за „праведно“ општество. Напротив, таа ги труе мислата и делото, со цел да го уништи постоечкото и да креира неистражени страсти и тензии, кои немаат никаква врска со стариот свет.

Повеќе

Неопходноста од напад – Никола Гаи

Фактот дека живееме во еден посран свет во кој државата и капиталот ни ги наметнуваат, и тоа непречено, сите можни облици на ужас, веќе одамна е потврден. Меѓутоа, неоспорно е дека само едно мало малцинство настојува да се спротивстави, повеќе или помалку свесно, на бришењето на секој самостоен и слободен простор кој го прави животот вреден да се живее. Како дел од тоа малцинство, ние анархистите сме свесни дека неодложно треба да го уништиме она што нѐ угнетува: зошто не сме поодлучни и попродорни?

Повеќе

Фрагмент: „Насилство“ – Л

Овој краток текст е само дел од серијата идни критички написи во врска со „граѓанскиот анархизам“, за кој веќе пишуваа Венона К. и изданијата на Dark Matter, како одговор на изјавата на Анархистичката федерација (Велика Британија)/Libcom во врска со ранувањето на извршниот директор на компанијата Ansaldo Nucleare, Роберт Адинолфи, во Џенова.[1] Двајца анархистички другари, Никола Гаи и Алфредо Коспито од Ќелијата Олга/FAI-FRI (Неформална анархистичка федерација – Меѓународен револуционерен фронт) на судењето во ноември 2013 ја презедоа одговорноста за нападот и беа осудени на 10 и 9 години затвор. Солидарност со обвинетите, кои се во затворот Ферара (Италија). Овој фрагмент е само низа од нафрлени размисли, извлечени од белешки едно дождливо попладне. Ова не е ниту „манифест“ ниту сувопарна политичка изјава, на која всушност е одговор.

1

„Извршувајќи бројни напади врз цели на системот, пред сè со деструктивни материјални исходи, бевме и секогаш ќе бидеме прецизни. Целиме исклучиво на институции и на претставници на системот, особено внимавајќи да не повредиме некој кој не е наша мета.“ Заговор на Огнените ќелии

Насилството не е ниту добро ниту лошо. Тоа е темел врз кој државата ја гради доминацијата и согласноста. Сите кои сакаат да го разбијат тој однос се опишуваат како криминалци и/или лудаци. А секој чин чијашто цел е пречекорување на тој однос, постојано се именува како „незаконски“, па дури и како „тероризам“.

Повеќе

Изјавата на Никос Романос на судењето 03.02.2014 – Атина, Грција

Целта на оваа изјава е вам и на вашиот суд да ви ги разјаснам намерите.

Делата кои не одат со зборови кои не ја објаснуваат нивната содржина водат до конфузија, додека зборовите кои не се проследени со дела се само празни значења на неутрални блебетења.

Овде стојам како ваш прогласен и непокаен непријател. Не молам за ваша милост и не барам дијалог со вас и вам сличните. Моите вредности се во војна со вашите, затоа секоја реченица која ја изговарам против вас е сечило кое ги распарува маските на вашето лицемерие и ја разоткрива позицијата и улогата на секој од вас.

Напишавте стотици страници акти и непрекинато градите нови случаи за да нѐ закопате со децении во затворите на вашата демократија.

Се подготвувате да ни наметнете „специјални затворски услови“, кои се единствениот потег што недостига од пантеонот на „специјалните постапки“ (затворски преместувања, судења, закони) кои ги создавате за да се борите против нас.

Како што наложуваат едноставните закони на физиката, реакцијата е последица на акцијата.

Надвор од оваа судница, на слободните подрачја, постојат слободни личности, за мене другари, според вас терористи, кои немаат намера да го толерираат нашето истребување без вам и на вашите надредени да им пуштат крв.

Ако сакате, ова можете да го сметате за закана.

Јас сепак верувам дека тоа е само цинична реалност. Секој избор има своја цена. Сметам дека вие, како судии и слуги на законот, можете да се согласите со мене во врска со тоа.

Но, да го погледнеме набрзина вашиот прекрасен свет. Живееме во доба на брзина. Сѐ се движи брзо, непрекинато создавајќи итни состојби. Брзината на историското време е излезена надвор од колосек, информациите и вестите патуваат во милисекунди, технологијата и науката напредуваат со џиновски чекори.

Како последица на тоа, контрадикторностите на модерната цивилизација експлодираат сѐ почесто и почесто. Бројни пожари ги осветлуваат градовите, каде што сѐ изгледа спокојно и се закануваат да предизвикаат хаос во организираниот поредок на системот.

Таквите настани создаваат услови кои им служат на нашите намери. Ние создаваме мостови на комуникација со луѓе зад барикадите, за насилните дела да станат дел од специфичниот политички контекст, за да се отвори перспектива за нивно преминување во битка за анархистичка револуција.

Таму бесот се обединува со свеста.

Таму луѓето, чијашто внатрешност гори со пламенот на слободата, се сретнуваат.

Таму некаде се и отисоците на моето востание.

Анархистичко, затоа што е непријател на секој облик на човечки авторитет, непрекинато затоа што не бара реформа туку уништување, егзистенцијално затоа што преку востанието ние ги изразуваме сите овие прекрасни чувства кои сакаме да ги распространиме низ срцата на бунтовниците.

Освен тоа, квалитетот на животот се мери со мигови и чувства.

Врз основа на овој шематичен опис, би требало да сфатиме дека неизбежното никако не може да се запре. Судирот на нашите светови.

Затоа изјавите како оваа ја имаат токму таа намера, да испратат јасна порака.

Не можете да нѐ потчините, не можете да ја запрете бурата што доаѓа.

Овие времиња бараат размислување, внимателност и неприканата борба со сите средства.

Ни чекор назад!

Уште понасилно против државата и капиталот.

Сила на анархистичките урбани герилци, Никос Мациотис и Пола Роупа, чии глави се уценети.

Сила на сите другари во илегала.

Парите од уцената пикнете си ги во газ!

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА!

Никос Романос – 03.02.2014.

извор: Inter Arma contra-info

Забелешка: Судскиот процес, започнат 03.02.2014, содржи повеќе случаи. Никос Романос, Јанис Михаилидис и Аргирис Далиос се обвинети за случајот со двете куќи во Волос и Калитеа (обете засолништа на ЗОЌ), Јанис Михаилидис за вооружената пресметка со цајканите во Пефки (инцидентот при кој е уапсен Теофилос Мавропулос), Григорис Сарафудис, Јанис Михаилидис, Димитрис Политис, Аргирис Далиос и Фивос Харисис за грабежот на банката Агротики во Чалџиево (префектура Лерин) и Григорис Сарафудис за грабежот на подружницата на истата банка Агротики во Пиргето (Лариса).

Отаде ’Движењето‘ – Анархија!

Ова е превод на текст (и воедно го објавуваме во негова чест) од Darko Mathers од Dark Matter Publications. Беше објавен во „Анархија – граѓанска или субверзивна?“, збирката текстови против граѓанскиот анархизам (термин кој тој го скова) и која веќе ја споменавме тука.

ЗнЕ

Ќе талкам сам низ светот носејќи ја насекаде мојата омраза и презир.
Сам во борба.
Сам во победа и пораз.
Bruno Filippi

Отаде ’Движењето’ – Анархија!

„Светот е една погубна црква, алчна и лигава, каде што сите имаат идол кој го обожуваат како фетиш и олтар на кој се жртвуваат себеси.“

– Ренцо Новаторе

Би помислиле дека движењето на анархисти е колективен проект на индивидуално остварување и слобода, заемна помош и солидарност, искрена комуникација и индивидуална одговорност, на насилни напади против институциите, владејачите и структурите на доминација и отуѓување, против менталното програмирање и несвесното однесување, против репродукцијата на авторитарното општество во нашите меѓусебни односи, размисли и дела.

Каква врска има со тоа збрката од неформални хиерархии, идеолошки рекет, бедни клики, идентитетски гета, стремежот за лидерство, неискреноста и бодењето нож во грб кои ги воочуваме кај голем дел од самонареченото анархистичко движење? Многу малку, освен можеби на зборови или во акробатска форма. Очигледно движењето е позаинтересирано да ги заштити идеолошките утврдувања, да регрутира следбеници, да ја зачува задушувачката удобност на својата сцена и пред сѐ, да го следи своето безопасно хоби отколку за анархија.

Маневрирањето и обидот да се најде референтна точка во ’движењето‘ може да биде дезориентирачки. Младите, или нови, другари и другарки кои влегуваат во ’движењето‘ (или можеби подобро, сцената) честопати се зграпчувани од една од пакет понудите на политичките брендови или се принудени да изберат помеѓу лажниот избор на понудените производи послужени од разни идеолошки рекети. Секогаш кога одреден систем на идеи е структуриран со суверена апстракција во својот центар – назначувајќи ти улоги или должности за негово добро – тој систем е идеологија. Идеологија е систем на репресивна совест во која повеќе не си своевелна индивидуа, туку составен дел, шраф.

Во овој свет заснован на стока, сликата на бунт може да биде само уште еден производ, исто како што можеме да ги комодфицираме, апстрахираме и систематизираме нашите сопствени изрази на нашите мисли и желби во неговата алиенирана форма, неговата стока и неговата заменска форма – идеологијата. Всушност, најсуптилно и најопасно, дури и кога сме несвесни за она што го правиме. Во разните идеолошки организации, во сцените и во голем дел од анархистичките медиуми, тесноградиот консензуален светоглед на стварноста е закован околу специфични параметри.

Слободната комуникација која ги надминува границите на внатрешниот дискурс се исклучува преку вербални напади и исмејување, физичко исклучување, предупредувања за репресија од страна на државата или неприфаќање од општеството  и едноставно, догматско одбивање на еретички мисли. Исто како секој начин на живот или идентитет во демократскиот пазар на општеството, и анархизмот има свои пакет понуди – со ставови, мислења, стилови, активности и производи, сите со умешни етикети.

Овде би требало да напоменам дека како некој кој чувствува афинитети со други од антисистемските и инсурекционистички тенденции низ светот, свесен сум дека ’инсурекционистичкиот анархизам‘ или што и да е друго, може да се претвори во идеологија, а уште полесно во помодност или стил. Ова во последно време секако е вистина за некои кругови. Но тоа можеби е резултат на обновеното влијае на интелектуалците од Tiqqun и нивната книга Coming Insurrection, книга која како и The Call, се чини дека влијаела на многумина млади радикали, но која изгледа е напишана од марксисти и никаде не ја истакнува самоодговорноста, слободната волја, желбата и свесноста. Нивното востание можеби доаѓа, моето веќе е тука, тоа е индивидуална побуна.

Колективистичката порака на The Coming Insurrection речиси нема никаква врска со инсурекционистичката анархија: револуционерната теорија која протекува од сраствениот бунт на поединецот за присвојување на тоталитетот на животот за себеси, напаѓајќи ја сета контрола и експлоатација, пронаоѓајќи заеднички нешта и афинитети со други од кои произлегува вистинската заедница – пријателите и соучесниците на герилската војна против тоталитетот на авторитарното општество.

Без суверени системи на моралност, теорија, принципи или општествени апстракции кои стојат над поединецот како единка, анархистот-нихилист ги напаѓа сите системи, вклучувајќи ги и системите на идентитет и идеологија, како препреки на нашата себереализација. Борбата не е само против доминацијата врз контролата на општествената организација и сераспространетата пацификација, туку и против наследеното репресивно програмирање и моќта на секојдневниот живот, па оттаму нашата борба е постојана тензија каде што она што мораме да го уништиме и трансцендираме е многу поочигледно од она каде што би можеле да завршиме.

За некои, соочени со угнетувачката стварност, доволно е да се изнајде алтернатива, „праведен“ и „разумен“ општествен систем (или „утопија“) во нивните глави. За некои, пак, тоа е пријатна фантазија, додека други сакаат општеството навистина да се промени и или пронаоѓаат или (почесто) се прилепуваат на некој готов рецепт („програма“) за општествена трансформација, за репрограмирање на општествениот систем. Тоа просто е форма на репресивна (системска) совест.

Замислувањето и изложувањето на овие алтернативни општествени системи (вклучувајќи ги и оние на многу анархисти) е оставено на оние кои потекнуваат од управувачкиот стратум на ова класно општество, чијашто авангарда е одговорна за постојаното општествено реструктуирање на модерниот свет. Демократија на работното место, децентрализирано производство, „зелени“ технологии, мултикултурализам и така натаму – доминантниот поредок експериментира со сите, на тој начин зацврстувајќи се.

Теоретизацијата на апстрактни општествени системи – а сите општествени системи се засновани на апстракции – само ја зајакнува доминацијата. Но ако започнеш од својот сопствен живот и одбиеш да бидеш компонента на што и да е во прашање, ако одбиеш да застапуваш други или други да те застапуваат тебе, прифаќајќи ја својата необјаснива единственост, знаејќи дека сѐ со што се соочуваш во животот се избори, тогаш ти си опасност за авторитетот и поредокот, ти си сеприсутен микрокосмос на анархија.

Оттаму, ова е повик да се избегнат сите неформални хиерархии и клики на официјалното анархистичко движење, да се избегнат општествените системи и политичките идентитети, да се негува задоволството на мислење со своја глава, на следење на сопствените желби, достоинството на искреноста одејќи по непознатите патишта на вистината, негацијата и страста, не поставувајќи никаква апстракција над себеси. Во војната до самиот крај, само изборот е важен, и само ти си одговорен за изборите кои ги правиш.

Испитај ги своите чувства и мисли, отфрли ги моралот и идеолошките системи од себе, биди свесен дека „здравиот разум“ (или подобро општествениот консензуален рационализам) е најсилната потпора на постоечкото, не плаши се од тоа каде ќе те одведе твојата внатрешна (и надворешна) борба.

Разбиј ги сите идоли, а најповеќе ’револуционерните‘ идоли!!

DMP

Dark Matter изданија PDF:

‘Anarchy – Civil or Subversive?’by DMP & 325
‘The Sun Still Rises’by the Conspiracy of Cells of Fire: Imprisoned Members Cell’
‘August 2011 Revolt: Anarchy in the UK’
‘Off the Leash’: iconoclastic words from Zo d’Axa, Albert Libertad, Emile Armand, Renzo Novatore, Enzo Martucci and Erinne Vivani
‘Reclaim Your Mind’: An urgent message to the ‘insane’, the ‘angry’, the ‘unstable’, the ‘chaotic’, the ‘depressed’…

Изјавата на Никос Романос и Јанис Михаилидис прочитана на судењето 29.11.2013 – Атина, Грција

 

Јанис Михаилидис и Никос Романос се двајца од шестмината обвинети анархисти за двојниот грабеж на банка во Велвендо-Кожани.

Денес започнува театарот на сенките кои вие го нарекувате судење. Повеќе од очигледно е дека се работи за судење на кое им се суди на револуционерни анархисти кои го отфрлиле системот и неговите удобности за да прејдат во напад на истиот. Затоа осмислија на десетина „специјални државни удари“ за да соочат со нас. Специјални затвори, специјални преместувања, специјални антитерористички закони, специјална „заштита“ од полицијата. Сите овие примери се тајни признанија прикриени зад флексибилноста на дволичните приказни кои ни ги нуди системот, но во суштина се толку кукавички што ја прикриваат целата пародија со уште посмешни аргументи, не сакајќи да го признаат она што е очигледно.

Фактот дека сме во војна, дека сме непријатели и дека нѐ разделува воена линија. Револуција и Контрареволуција.

Ах, не сме толку наивни да веруваме дека вие ја обожувате вашата „специјална“ улога заради некоја света должност. Пресудите кои ќе ни ги доделите се политички диктат на вашите шефови политичари, на кои верно им служите за да се искачувате во оваа мафијашка хиерархија и да стигнете до повисоки позиции кои толку многу ги посакувате.

Вие сте обични „експерти“ кои тие ги избрале во име на своите интереси, во овие лоши времиња. Денес тука дојдоа импозантни и свечени, како што доликува на вакви „специјални“ моменти. Бидејќи не се работи само за носење правдина и заштита на законите, со оглед на тоа дека вашите надредени политичари сигурно ќе ве наградат.

Што се однесува до нас, барем ќе имаме среќа официјално да бидеме осудени. Затоа што, за разлика од илјадниците заробеници и семејства кои во страв очекуваат што ќе изговорите, вашите пресуди можат да зависат од разни критериуми.

Многу е важно дали менито во судската менза е вкусно, дали сообраќајот е густ кога одите на работа или дали претходната ноќ сте биле задоволени. Но, добро, не треба да се генерализира, знаеме дека постојат исклучоци.

Знаеме дека кога оние кои се богати и способни влезат во вашата средина, дека нивните случаи ќе бидат милостиви судени и вратата на слободата ширум ќе им се отвори. Тоа е смислата за правдина која вие ја поседувате.

И така се носи правдината. Денеска можеме мирно да спиеме. Ордите духови на живите мртовци кои ги егзекутиравте со вашите пресуди ноќва нема да ве прогонуваат.

Почитувани господа судии, вашата правда има одвратен мирис на смрт. Вие сте гробари кои одредуваат колку формалдехид ќе се користи за да нѐ одржувате постојано во одлична состојба, да нѐ одржувате живи како музејски предмети во земја каде што времето е замрзнато. Присутни во преживувањето, отсутни од вистинскиот живот.

Ние не се криеме зад нашите прсти, ние внимаваме нашите намери да бидат јасни. Ние сме анархистички урбани герилци, непријатели на економијата, демократијата, полицијата, војската, буржоаската правда, затворите, законите, технолошката наука. На сетоа она што ја покорува и поробува слободата на поединецот.

Да! За нас банките се носечките столбови на економската диктатура и секогаш ќе бидат мета на нашите напади, дали по пат на експропријација на богатството за да ги зајакнеме анархистичките борби или за да ги уништиме во тек на некој протест или да ги кренеме во воздух во некој герилски напад.

Вам крајната цел на ова судење ви е да ги заштитите банките и како пример да ги казните оние кои избрале да се вооружат и да ги нападнат. Накратко, вие сте најдобар доказ колку разните моќници кои управуваат со постоечкото се меѓусебно поврзани, само со цел и понатаму да продолжат да владеат.

Но сега, со оглед дека зборуваме непосредно, дојде моментот за симнување на вашите маски. Имате храброст да нѐ осудите како пљачкаши. Но токму вие и сиот ваш чопор сте оние кои цицате години и години од животот на луѓето во име на потчинетото општество. Затоа, доколку постојат виновници тогаш тоа сте вие. А виорот на прашање без одговори се врти како секира над вашите глави.

Колку семејства сте уништиле со вашите пресуди? Колку страдања и болка сте предизвикале со институциите кои толку страствено ги штитите? Колку „самоубиства“ на затвореници сте предизвикале во вашите затвори? Колку личности се осудени на бавна смрт во затворите?

Колку години живот сте украле во текот на вашите животи? 5.000, 10.000, 20.000?

Вистина ли е дека кога ќе се вратите во привидната безбедност на вашите домови како добри родители со тоа ја миете крвта од себе? Да не ги споменуваме купиштата пари кои бароните на вашата мафија ги добиле во замена за поповолен процес. Подобро да се основа некоја „назависна“ комисија која потоа ќе ги објави резултатите на вашите истраги. Покрај тоа, во вашата работа, како и во другите, корупцијата е синоним за чесност.

Затоа сметаме дека е потребно да се каже колкава вредност за нас имаат вашите животи. Додека секојдневно ја поништувате вредноста на животот, како на нашиот така и на илјадници други, ние сметаме дека вие воопшто немате право да живеете. Можете да бидете сигурни дека кога ние би биле во посилна позиција, вие би биле прогонувани и бркани. А штом би ве нашле, веднаш би биле целоно смачкани.

Затоа одмаздете се, на ваш начин, без двоумење, за нашите навреди и закани. Бидете уверени дека во првата прилика и ние ќе го сториме истото на вас.

Маските паднаа, господа судии, и немаме намера повторно да ги ставиме за да прикриваме. Среќно со вашиот нов спектакл и неговата театарска дружина. Ние го напуштаме судењето и го отфрламе, со сиот наш презир, правото да ни простите и барате олеснителни околности. Ако имате потреба да судите, судете ги нашите празни столици. Но добро судете им, со сето ваше чувство за правда. Тоа е единственото што можете да ни го направите.

Бидејќи анархијата ја носиме во нашите глави и никогаш нема да успеете да ѝ судите, без оглед колку се трудите да нѐ закопате, без оглед колку затвори ќе изградите за да нѐ затворите, без оглед колку години казна ќе ни одредите и колку антитерористички закони бидат донесени за вашите театарски спектакли да бидат уште поригорозни.

Нашата анархија секојпат ќе успее да побегне за да се соедини со слободните духови, за да се изградат слободни односи, пронајдат нови соучесници, за да ве пронајдеме и  нападнеме. Сѐ додека не се ослободиме од вас. Тоа е анархијата која ја носиме во себе.

Ако сте искрени кон самите себе, напуштете го овој теaтар на судски процес и сите ваши лакрдии и осудете нѐ однапред.

Ни чекор назад!

Сѐ за Слобода!

Да живее Анархијата!

Јанис Михаилидис и Никос Романос

contrainfo