Пакет-бомба испратен во полициската управа на Итеа – Фокида (Грција)

spf

 

Полноќен експрес

  1. Патот на смртта: Затворот Маландрино – Полициската управа Итеа

Заговор на Огнените ќелии презема одговорност за испраќањето книги наполнети со експлозив во полициската управа на Итеа.

Полициската управа на Итеа, која одлучивме да ја нападнеме, не е само една непријателска воена база. Тоа е место каде затвореникот Илија Карели е претепан и измачуван, пред да им биде предаден на своите последни крвници, во затворот Нигрита.

Тоа што се случи во затворот на полициската управа на Итеа намерно е прикриено. Затворските стражари од затворот во Нигрита тврдат дека примиле затвореник во многу лоша состојба, пред да ги обојат сопствените раце со крв. Но, крвникот не може да обвини друг крвник. Затоа, несоборлив доказ секогаш останува самиот живот и неговиот несреќен отпечаток во сутеренот на просториите на полицискиот затвор. Таму, во бетонските гробници, каде човечките сенки се таложат една врз друга со денови, недели, месеци…

Тоа се личности кои ги заборавила дневната светлина, затоа што нивното сонце е жолта светилка на таванот, која никогаш не се гасне. На нив се сеќаваат само мувлосаните ѕидови на ќелиите, закопани во крв, очај и извици затоа што ги претепуваат свињите во униформи.

Ако ѕидовите имаа глас, грдотијата би се срамела самата од себе. Но, грдотијата не се прераскажува, таа се напаѓа. Како што вели една парола на улиците „Акцијата ги заменува солзите“. Затоа одлучивме повторно да дејствуваме и да го удриме непријателот в лице, во неговата сопствена база.

  1. … Последната станица затворот Нигрита…

Во затворот Нигрита, во Серес, „одборот за добредојде“ на затворските стражари ја чекал својата жртва. Стадо хиени подготвени да ја довршат работата на претходните мачители. Кукавичките и садистички крвници го преземаа својот плен во ланци и три-четири часа го подучуваа корективни методи и легална култура до смрт. Се разбира, по убиството на Кралот и апсењето на затворските стражари, почнаа меѓусебно да се издаваат и да се преправаат дека се каат.

Знаеме дека многумина затворски стражари, пред сè во провинциските затворени затвори не се срамат од својата работа и дека дури и се однесуваат како мали деспоти, со погрдно обраќање кон затворениците, понижување, па дури и претепување. Изгледа дека се однесуваат како да им е загарантиран имунитет, овозможен со фактот дека живеат далеку од метрополите и затоа веројатно мислат дека се недостижни за вооружената рака на урбаната герила. Но, ова мизерно племе овчари и пијаници се лаже себеси. Непријателот секогаш поседува име и адреса, каде и да се сокрие.

  1. Меѓународна маршрута: Стамхајм – Гвантанамо – Домокос

По бегството на урбаниот герилец Христодулос Ксирос, поранешниот командир-министер за Правда, сегашна марионета на Дендиас*, најави операција во затворот со максимална сигурност во Домокос.

Набрзо потоа, најавено е дека предлогот на новиот нацрт за законот за специјални затвори од видот Ц ќе биде применет во повеќето затвори од затворен вид.

Гилотински закон за политички затвореници, за обвинетите за таканаречен „организиран криминал“ –60% од затвореници се обвинети за „организиран криминал/злосторничко здружување“ – како и за непокорните затвореници.

Се разбира, никој не се запраша зошто целиот нацрт на законот не содржи дури ниту еден параграф за измените на градење кои би го потврдиле името што им е дадено, на пример закон за „затвори со максимална безбедност“. А тоа се случи затоа што затворите со максимална безбедност веќе со години се реалност во Грција.

Сите нови затвори од затворен вид, во последните години, се модерни гробови составени од бетон и решетки, изградени среде ништо. Дури и небото е скриено со бодликава жица, додека видео камерите ги следат сите движења на затворениците.

Значи, реалноста потекнува од реториката на власта. Тоа не е затвор со висока безбедност, туку една од најголемите казни. Сите решенија кои ги предложи лакејот на Дендиас се поврзани со операцијата на нов затвор во рамки на веќе постоечкиот, без право на излегување, без посети, без комуникација со надворешниот свет. Се работи за целосно бришење на затворениците кои треба да бидат уништени таму. Се работи за бришење на сетилата и свеста. Се работи за стар трик на власта. Внимателна психијатриска/научна верзија на казна/одмазда на демократијата против оние кои ќе се осмелат да ѝ пркосат. Белите ќелии на Стамхајм, во кои се убиени урбаните герилци на RAF во Западна Германија, претставуваат предци на Домокос. Гвантанамо е отелотворение на американскиот модел. Губење сетила, комуникација, свест. Смртна пресуда која се повторува.

Во меѓувреме, „изградбата“ на затвори со висока безбедност најавува изградба на врвно општество-затвор. Што и да се применува експериментално на затворениците денес – заморчиња на научниците на редот и законот – утре ќе се тестира во општествената машина. Бидејќи повеќето економски илузии се во постојан и сè поголем пад заради кризата, тоа што ќе изникне ќе бидат нулта толеранција и доктрини на редот и законот. Тоа е премин од рушевините на социјалната држава кон полициска.

Но, изгледа дека сепак во овој момент во рамките на грчките галии на демократијата нешто се придвижува…

Затворениците – иако не сакаме генерализации на колективни субјекти – учествуваат во широка мобилизација меѓу ѕидовите, против законот за затвори од видот Ц: ограничување на заедничките оброци, ноќни мобилизации, протести итн. Преку мобилизациите затворениците одбиваат да ги прифатат специјалните услови на изолација како животен услов, кои им ги подготвува државата. Во таа борба не се сами…

  1. Повик

За жал, среќата повторно ни го заврте грбот. Кога пакетот пристигнал во полициското змијско гнездо на полициската управа (29 април 2014), цајканот ги сфатил вистинските намери на „испраќачот“. Како резултат на тоа, повикана е Единицата за отстранување експлозивни направи за да ја неутрализира книгата-бомба која им ја пративме. Но, тоа претставува негативна оставштина за методологијата и практиката на пакети-бомби во Грција, бидејќи целта ни е да бидеме делотворни и да не трошиме премногу време на симболизам. Отсега па натаму многу нешто ќе се промени. Набрзо ќе се вратиме.

Исцртувајќи ги патиштата на напад, во практиката се среќаваме со други борци од сосема поинакво потекло, кои, со своите лични средства, сакаат да ја блокираат рутата на нацртот за затворот од максимална сигурност. Затоа, поздрав до борците од организацијата “Zero Tolerance” [Нулта толеранција] и сметајте ја нашата акција како мал придонес на нивниот „револуционерен повик“ кој го упатија по подметнувањето на пожарот во канцеларијата на Михелакис**.

Се разбира, со сето наше срце го посветуваме овој наш гест на напад – кој за жал остана недовршен – на десетмината наши затворени браќа и сестра во затворските ќелии: Панајотис, Олга, Јоргос, Дамјанос, Герасимос, Теофилос, Михалис, Харис, Јоргос, Христос. Им ја посветуваме исто така и на членот на FAI [Неформалната анархистичка федерација] А. Чавдаридис и анархистичкиот другар Спирос Мандилас, обвинети за „Проектот Феникс“.

Истовремено ја испраќаме нашата солидарност и на бараниот урбан герилец Христодулос Ксирос. Христодулос го користеше изразот „ЕДНАШ ГЕРИЛЕЦ, СЕКОГАШ ГЕРИЛЕЦ“… Од илегалата следи напаѓачки повик. Навистина ништо не ни значи тоа што понекогаш зборовите не се поклопуваат и често звучат различно. Ние не припаѓаме на псевдоидеологиите кои се претопуваат во зборовите, без воопшто да биле испробани во практика.

Предлогот на Х. Ксирос открива крстопат – за оние кои се способни да видат. Крстопат на напад каде што се сретнуваат личности со различни патишта со различни искуства. Но ние зборуваме… Отсега па натаму ќе продолжиме да се изразуваме преку акции за „повик“. Нашата солидарност исто така ја испраќаме на политичките затвореници кои преземале одговорност за припаѓање на вооружени групи.

На крај, бидејќи нашиот компас секогаш останува „блокиран“ во насока на меѓународниот заговор на Неформалната анархистичка федерација, не можеме да заборавиме да ги испратиме нашите братски поздрави на двајцата затворени другари од FAI во Италија, Алфредо Коспито и Никола Гаи, кои ја презедоа одговорноста за пукањето во извршниот директор на нуклеарна компанија.  Нашите востанички поздрави ги испраќаме и до Џанлука Јаковачи, кој ја презеде одговорноста за акциите на FAI против цели на Моќта, кој е затворен со анархистот Адријано Антоначи, кој исто така е обвинет за истиот случај. Двајцата другари се затворени во различни италијански затвори и против нив ќе се одржи ТВ-судење, без да можат да се сретнат. Што значи дека ќе бидат присутни преку телекомуникации додека се стотици километри далеку од судницата. На тој начин е уредена нивната најтешка изолација.

Истовремено, официјалното италијанско движење е незаинтересирано за нивниот случај и ги остави на маргините. Тоа се вообичаени ситуации, бидејќи реформистите, насекаде, па и во Грција, припаѓаат на истиот сој.

Освен тоа, оваа – недовршена – наша акција е дел од учеството во меѓународниот повик за солидарност со затворените италијански другари, кој ќе се одржи од 16 до 22 мај.

Исто така ги поздравуваме и затворените анархисти од практика ширум светот: Моника Кабаљеро, Франциско Солар, Габриел Помбо да Силва и Клаудио Лаваца во Шпанија. Карлос, Амели и Фалон во Мексико. Тамара Сол, Алфонсо Алвиал, Хермес Гонзалес и обвинетите во “Caso Security” во Чиле. Дамјен Камелио во Франција, Марко Камениш во Швајцарија и Илија Романов во Русија.

Слава му на Себастијан Оверслуј, убиен за време на вооружениот грабеж на бакна во Чиле.

СЀ ПРОДОЛЖУВА. НАБРЗО СЕ ВРАЌАМЕ…

ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ – FAI/IRF


* Никос Дендиас – министер за Јавен ред и Заштита на граѓаните.

** Јанис Михелаки – министер за Внатрешни работи; напад извршен на 14 јануари.

 

inter arma radioAzione

Џанлука Јаковачи* – Изјава за преземање одговорност за нападите

Одлучноста во борбата и нашата солидарност е единственото „убиствено оружје“

Драги другари и храбри бунтовници, се наоѓам во затвор како и многумина, погоден од репресијата на државата која сака да нѐ уништи.

Не заради она што го правиме туку затоа што сме се „осмелиле“ да бидеме, да кажеме или да мислиме.

Се наоѓам со Адријано и многумина други на инквизиторската вртелешка на медиумскиот антитерористички столб на срамот на демократијата.

Како прво, сакам да им се заблагодарам на сите другарки и другари кои ми пружија Солидарност од другата страна на границата, непосредно или посредно, затоа што сум уверен дека и сопствениот борбен живот е облик на поддршка.

 

Го носимеистиот бес против ова сиво и мизерно постоечко кое нѐ гази и ги чувствуваме истите рани, но би ја почувствувале и истата радост од преубавата стварност на нашите соништа и желби.

 

Се наоѓам во ситуација на непријателски поединец, фатен и заробен во кафез. Затворот и страдањата на кои сум подвргнат со предумисла се смислени од други човечки битија и зависат од опстанокот на системот на моќ кој ми ги наметнува.

Да, затворен сум, но Духот и идеите продолжуваат; не можам да ги заклучам ниту припитомам, и тоа ми дава сила за и понатаму да истрајам.

 

Со радост и при полна свест ја избрав анархијата и ќе продолжам по истиот пат, сакајќи ја земјата заради она што е, во непрекината потрага по дивината и за еманципација од комфорот, вклучувајќи ги и парите.

Во Анархијата гледам диво и исконско пулсирање, веќе успиено, можеби дури и мртво во човекот кого напредокот го цивилизирал.

Никогаш не сум вртел одоколу, ниту во зборовите ниту во однесувањето, го прифаќам ризикот за стекнување храна, одгледување и собирање количина доволна да се прехранам.

За да го постигнам тоа, ќе го користам секое потребно средство за да ги уверам другите поединци, после што ќе можам да се откажам од перото и мастилото со кои го запишувам мојот бес.

 

Отсекогаш сум го поддржувал отпорот на домородците, антиавторитарците и староседелците кои со конкретна сила се борат против Државата и Мултинационалите, практикувајќи активен отпор, саботажа и директна акција.

Ги поддржувам сите другари и другарки кои сакаат да се ослободат од авторитетот и одлучно учествуваат во меѓународната антикапиталистичка и антиимперијалистичка Борба.

 

Оставајќи го настрана доброто и лошото или исправното и погрешното, поими кои им прилегаат на калуѓерки и попови, моите ставови, како и ставовите на други поединци, се придвижувани од моите сопствени инстинкти, во рамки на можностите на моите сопствени средства и заедно со можните ризични последици.

 

Отсекогаш сум имал единствена визија за Ослободување на Човекот од сите господари и од неговите ментални и реални кафези, и за Ослободување на животните од структурите на измачување и смрт, и од секое друго место кое ги претвора живите суштества во производ, предмет или хоби.

 

Јас сум анархист, не припаѓам на ова доба на механизиран неживот кое го користат и конзумираат властите. Не признавам никаква држава, суд или која било друга институција и авторитет, ниту правосудни ниту војни ниту граѓански ниту религиозни системи.

 

За судиите и правосудните органи во халата на инквизицијата, ја сум само еден бирократски предмет кој ги оправдува нивните плати. Не ме интересираат судовите, пред сѐ оние кои не знаат да ја сакаат земјата, да се борат и да сонуваат, кои знаат само да ја извршуваат својата работа и наредбите; а не ме интересира ниту судот на народот, кој отсекогаш го поткрепувала гнилата утроба на државата и кој по секоја цена е врзан за демократијата, збор кој сѐ уште поседува хипнотизирачки ефект.

 

Овие Луѓе на законот си играат со своите фашистичко-демократски закони за да изблујат пресуди, а во мојот случај „припаѓање“ на организирана терористичка организација, што всушност се државата, војската и Мултинационалите.

 

Во параноичниот и неподнослив лов на вештерки, наречен и правосудно прашање, дури и еден натпис на ѕид Политичката полиција го каталогизира како „терористичко дело/чин за извршување на субверзивната програма (?) на F.A.I. …“, во различни случаи индивидуално или со другарот и брат Адријано, на кој можам да му ја искажам мојата наклоност и мојата Солидарност само преку мојата решителност, која тој веќе ја возврати со својата храброст и сила на Духот.

 

Овие игри можам да ги оставам пострана. Ќе се поштедев од многу „формални“ проблеми, бидејќи неформалноста е мојата стварност, но не сум сам (во случајот) во непријателските раце.

 

Конкретните акции на кои се однесуваат, кои не извршуваат никаква „програма“, ги извршив лично јас и ги објавив преку изјави на МЕЃУНАРОДНИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ФРОНТ – НЕФОРМАЛНАТА АНАРХИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА/Субверзивна антицивилизациска индивидуалност, и добро знаат, благодарение на нивните сакани видеокамери, дека ги извршила една единствена личност, односно, како одговор на девастацијата, по логика на профитот, на Планетата и земјата на која живеам и во знак на солидарност со бунтовниците во судир со постоечкото.

 

GPS-от и останатите направи, кои војниците љубезно ги инсталирале на автомобилот кој го користам веќе неколку години, наводно ме поврзуваат, посредно, со други директни акции и саботажи. Во некои случаи се присетуваш на саканиот велосипед, но треба да сфатиме дека се бориме против систем кој веројатно ќе сака да инсталира сателитски детектори директно во главите на луѓето.

 

Додека некој ги топлел сопругите на овие шпиони, забележав како го каталогизирале запленетиот материјал и како ги извршиле своите задачи на политичка полиција обликувајќи ги, дури и со здебелени букви и со copy-paste, детално своите документи – различни дела против енергетски/индустриски и трговски компании, вклучувајќи и една имагинативна кражба на пари, како и останати безначајности. За да не ги нагризам својот интегритет, храброст и жртвување, нема да се повинам на поимите „виновен-невин“ – тоа е навистина премногу.

 

Не е важно дали се триесет или сто дела, тогаш значи дека во Италија ги има илјада, а во светот десет илјади!

 

Впрочем, смешно е и банално да се расправа за фактите. Тоа е како да се поништи вистинската визија на судирот и Отпорот, и да се признае демократската логика на „лошо завршена игра“ или на добри против лоши.

 

Судиите на животот и смртта на своите блиски сега нека уживаат во своите ловни трофеи, додека планетата умира, а човекот пропаѓа. Но сѐ има свој почеток и свој крај, исто како и нивните органи и коски, и законот и поредокот ќе  падне, а ќе останат само пепел и урнатини.

 

Општеството денес се состои само од исфорсирани вредности, тук-таму закрпени и поткрпени, покрај напорната присила која ги држи заедно, а истовремено се користат за уништување на поединците кои им се непријателски настроени.

 

Со векови во име на Бог и Моќта, авторитетот ги наметнува цивилизацијата, редот и доктрината. Го претвора Човекот во машина за работа, во даночен обврзник и заморче за науката; оние малкумина кои го зачувуваат вроденото дивјаштво и конфликтуалната идеја ги прегазува со насилство, терор и ги затвора во затвори или лудници за да ги „превоспита“, сѐ додека над нив не се здобие со целосна контрола.

 

Столбовите на Цивилизацијата се рушат под ударите на нејзините сопствени неуспеси. Има сѐ помалку простор за живот, сѐ помалку незагадени места, војните се водат насекаде со сите свои последици и сѐ повеќе претставуваат закана за истребување со технолошко оружје и надмоќ над поразените.

Сите тие насилни и произволни состојби на моќ и тиранија на цивилизираниот човек се сѐ погнасни како што општеството технолошки е „понапредно“.

 

Отпорот на Технолошко-индустриската машина живее само во насока на ослободување од секој авторитет и поредок, ита кон хоризонтот на случувањата, кон ништо ненапишано. Тоа е одговорот на новиот див и неформален отпор – и презема иницијатива против насилството на власта, сѐ поблиндирана и понемилосрдна во задушување на противникот – како што се другарките и другарите погодени и прогонувани во антианархистичките и антиинсурекционистичките „операции“ на прогон/репресија.

Другари кои не ги покориле ниту мачењата и изолациите во специјалните затворски оддели, ниту раните во нападите, па дури ниту смртта.

 

Горд сум на мојот интегритет на Духот и што трчам по овие тешки патишта кои нѐ очекуваат, рамо до рамо со непокорните и без закони, АНАРХИСТИТЕ.

Вечните заговорници, сонувачи обликувани од храброст, кои се соочуваат со титанските и ТИРАНСКИ сили и животот на еден непишан Живот. Со основни и многу ограничени средства, а сепак поседувајќи несовладлива решителност.

На крај би сакал да ги охрабрам сите со една метафора на она што го чувствувам во сите вас: државата и поредокот ги гледам како осамен цивилизиран Човек изгубен среде Шума, во немилост на дивите ѕверки. Кога сред ноќ го забележува доаѓањето на бурата, тој Човек повеќе не се плаши да стане оброк на ѕверките, туку трепери пред бурата што доаѓа.

 

Од котлини до планини, од села до Шуми, за Ослободување на Планетата и нејзините суштества. Затоа што земјата вреди повеќе од валканите пари!

 

СМРТ НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА!

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА!

 

Џанлука Јаковачи
Анархистички затвореник

C.R. San Michele, 14 јануари 2014.

Адреса:
Gianluca Iacovacci
CR San-Michele
Strada casale 50/A
15122 San Michele (AL)
Italy

извор: RadioAzione


* Џанлука Јаковачи (Gianluca Iacovacci ) и Адријано Антоначи (Adriano Antonacci) беа уапсени на 18 септември во операција на специјалната единица на Италијанската полиција (ROS). Двајацата анархисти се обвинети за 13 напади извршени од страна на различни ќелии на директна акција (“Animal Liberation Front”, “Direct Action for the Defense of the Earth”, “Informal Anarchist Federation – International Revolutionary Front”) против банки, продавница за крзно, подружници на ENI и ENEL (енергетски компании) и против проектот за депонијата Albano, како и според членот 270bis од кривичниот закон кој вели: ’здружување со цел тероризам и субверзија на демократскиот поредок‘.

Писмо од анархистичкиот затвореник Adriano Antonacci (на англиски)

Изјава по повод апсењата (на англиски)


Постер за Алфредо и Никола – Ќелијата Олга FAI/IRF (Италија)

poster_n&a

’Преку говорот на акциите ќе се сруши моќта на одлучување која ја поседуваат „анархистичките лидери“ благодарение на својата харизма на собранијата, а групите на афинитет, поединецот од акција, ќе добие сила. На „реалистите“ на анархијата им преостанува само да се спротивставуваат на новото, залагајќи се уште повеќе за „социјални борби“ во потрага по „согласност од народот“, која можат да ја придобијат само преку постојано отфрлување на сѐ што е анархистичко и востаничко.‘

извор: radioazione.org