Сите затвори во пламен: солидарност со затворените другари и другарки – (Грција) Масовен затворенички штрајк со глад против новиот терор над затворениците

Aко сите се сложуваме дека нема ништо попрекрасно од затвор во пламен, тогаш ајде да ги вооружиме нашите мечти и да се фатиме за работа.

Никола Гаи

Во текот на наредната недела грчката влада ќе гласа по новиот предлог закон поврзан со создавање на нови и побрутални услови во концентрационите кампови, преку отворање на таканаречени затвори од Тип Ц. Новиот закон посебно се фокусира на затворениците осудени за тероризам и слични дела против државата и во него се предвидуваат нови услови кои имаат за цел комплетно да ги изолираат таквите затвореници, да ги лишат од сите „привилегии“ кои ги „уживаат“ останатите затвореници, како и максимално да ги продолжат нивните казни, така што оние другари што се означени како „опасни“ практично се под закана никогаш да не излезат од кафезот на теророт.

Предлог законот, меѓу другото, предвидува изградба на изолирани специјални оддели од тип Ц во затворите ширум Грција, минимум 10 години казна за осудениците за тероризам (со можност за континуирано продолжување на казната), одземање на правата за барање отпуст, условна казна и други погодности, како и рестрикција на комуникацијата со луѓе од другата страна на ѕидот. Со други зборови, целта на новиот закон е да изгради „затвор во затвор“ за да се зајакне репресијата и контролата врз „опасните“ затвореници, како и комплетно да се изолираат и скршат, и физички и ментално, внатрешните непријатели на Државата.

Борбата против воведувањето на овие затворски реформи веќе започна од двете страни на затворските ѕидини. Вчера се одржаа протестни маршеви и демонстрации во Волос, Серес, Ираклио (Крит), Лариса, Атина. Ноќта на 24 јуни, премиерот на Грција Антонис Самарас мораше да се соочи со присуството на гневни другари собрани пред неговиот дом во Атина во протест против донесувањето на новиот фашистички закон. 57 другари беа приведени таа ноќ, а потоа ослободени без обвинение. На 25 јуни, група анархисти од Солун кренаа огнени барикади од запалени гуми и го блокираа сообраќајот во градот, како чин на отпор против законот и солидарност со затворените другари. Анархисти од цела Грција се мобилизираат да им пружат поддршка и солидарност на затворениците по грчките зандани.

Од внатрешната страна на ѕидот, затворениците се организираат во најмасовниот штрајк со глад на затвореници досега, кој трае веќе осми ден по ред. Почнувајќи од 23 јуни, затвореници од 16 затвори низ цела Грција започнаа штрајк со глад. Бројката на затвореници што штрајкуваат се искачи речиси до 5.000 учесници во штрајкот: Коридалос (Атина) – 1480 затвореници; Патра – 550 затвореници; Гревена – 400 затвореници; Лариса – 330 затвореници; Домокос – 300 затвореници; Канија (Крит) – 280 затвореници; Нигрита (Серес) – 200 затвореници; Амфиса – 200 затвореници; Крф – 120 затвореници; Трикала – 120 затвореници; Маландрино – 120 затвореници; Авлонас – 100 малолетни затвореници; Кос – 60 затвореници; Коринт – 50 затвореници; Нафплион – 50 затвореници ( заклучно до 26 јуни). Во затворот Аликарнасос на Крит, сите затвореници апстинираат од затворска храна.

Сите анархистички затвореници, вклучувајќи ги и членовите на затворската ќелија на Заговор на Огнените ќелии, се приклучија на штрајкот. Сите рочишта во судот на Теророт во случајот против членовите на ЗОЌ се прекинати додека трае штрајкот.

Вчера наутро другарите Михалис Николопулос и Панајотис Аргиру, членови на ЗОЌ, беа префрлени во затворската болница поради здравствени проблеми предизвикани од одбивањето на храна. Анархистичките затвореници Јанис Михаилидис, Аргирис Далиос и Никос Романос исто така беа испратени на медицинска нега во болницата во затворот Коридалос. Сила за другарите.

Штрајкот со глад ќе трае неодредено. Во соопштението на Комитетот за затворска борба, во кое се најавува масовниот штрајк со глад и барањата на штрајкувачите, се вели: Ќе се бориме да останеме луѓе, наместо човечки сенки затворени и препуштени на очајот.

Ова не е борба за „похумани услови“ во тврдините на теророт. Не може да има ништо човечко во концептот за репресивен режим кој со лишување од слобода ги казнува своите непослушници. Ова е една етапа во борбата против сите затвори и против општеството кое има потреба да ги создава. Ова е дел од борбата против секаква принуда и секаква власт.

Стоиме рамо до рамо во таа борба против Постоечкото, како што стоиме и рамо до рамо со затворените борци.

Солидарност со учесниците во штрајкот со глад.

Пламен за секој што држи власт и располага со „легитимно“ право на принуда над други.

Страста за слобода е поголема од сите затвори.

До рушење на сите затвори!

Заговор на еднаквите и Црн Блок29.06.2014, Скопје

повеќе инфо:

ContraInfo, Inter Arma, Act for Freedom, RadioAzione

Изјавата на Заговор на Огнените ќелии на судењето за „Проектот Феникс“

За две години, ова е четвртото судење против ЗОЌ. Го имавме судењето за случајот Халандри, за пакет-бомбите, за 250-те напади, а сега и судењето за „Проектот Феникс“.
Очигледно е дека сето тоа е одраз на бесот и одмаздата на власта против нас, со оглед дека сме притегнати во едно судско менгеме со непрекинатите судења. Судења во кои сме обвинувани по два-трипати за истиот „прекршок“.

Меѓутоа, ова судење е карактеристично по она што му претходеше. Ова е судење за герилските операции на „Проектот Феникс“, извршени додека ние веќе бевме затвореници во државните затвори. Се разбира, ова не е првпат за време на нашето заробеништво да бидеме соочени со обвиненија за поттикнување. Обвиненија кои немаат никаква логика, дури и според вашата правна култура. Зборувам за одмаздничките прогони против нас, за јавните текстови објавени од затвор, како што се текстовите во солидарност со анархистичкиот сквот Надир, како и текстовите во кои одбиваме да се извиниме и да ја признаеме судската власт. Се разбира, не можеме да го заборавиме и врвот на правните акции против нас, односно бесконечното продолжување на притворот на четворицата наши другари и другарки од Заговор на Огнените ќелии, Герасимос, Јоргос, Олга и Теофилос, кои и покрај надминувањето на пропишаната граница од 18 месеци и понатаму остануваат во заробеништво. Да бидеме поконкретни, Герасимос е во притвор 43 месеци, Јоргос, Олга и Теофилос преку 36 месеци.

Ова не го велиме како осуда за прекршување на нашите демократски права. Можете слободно да си ги земете назад вашите права. Ние не веруваме ниту во вашите закони, ниту во вашата демократија. Згора на тоа, тоа е и причината зошто не назначивме адвокати. Но сепак нема да молчиме пред лицемерието на вашата правда.

Важно е конечно халуцинациите да се прекинат. Со или без докази, се покажа дека власта сака физички, морално и политички да ги уништи Заговор на Огнените ќелии, како и оние кои нѐ поддржуваат. Од самиот почеток го избравме предизвикот на животот на анархистичка урбана герила и илјадакратно да му возвратиме на нашиот непријател. Сѐ додека дишеме, Заговор на Огнените ќелии никогаш нема да потпише примирје во војната објавена против државата и против ова општество.

Денеска сме тука во оваа судница затоа што пред една година испративме јавен поздрав до незаробените другари од ЗОЌ, кога бомба го погоди тогашниот директор на затворите. Оние кои поднесоа обвинение за поттикнување против нас, можеби сметале дека тоа ќе нѐ уплаши, дека ќе нѐ замолчи или направи да се повлечеме. Но погрешија. Тоа е причината заради која денес, иако во судница, знаејќи дека она што ќе го кажеме ќе биде објавено и ќе најде начин да стигне од нашите незаробени и прогонувани другари, го повторуваме истото по илјадити пат: „Другари, борбата продолжува. Да создадеме илјада нови јадра и илјада нови напади.“

Нашето присуство овде е заради три главни причини. Првата причина е затоа што не сакаме, во ниту еден случај, да дозволиме правосудството и казнениот закон да ја искриви сликата за Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“, претставувајќи ги онака како што ним им одговара. Досега, во рамки на „Проектот Феникс“, имаше 13 бомбашки напади и палежи во Грција, Русија, Индонезија, Чиле, Мексико, Германија и Италија. Оттаму, „Проектот Феникс“ е жив доказ дека непрекинатото анархистичко востание ниту е задушено ниту е заробено ниту е осудено. Иако понекогаш се повлекува, тоа повторно се раѓа од својата пепел, како Феникс. Повторното раѓање на урбаното герилско војување во Грција веќе се случи.

Втората причина заради која сме тука е да го поддржиме нашиот другар Андреас Чавдаридис. кој ја презеде одговорноста за испраќањето пакет-бомба на поранешниот шеф на антитерористичката агенција, како дел од „Проектот Феникс“.

Нема да се занимаваме со глупостите за поттикнување за кое сме обвинети. Поттикнувањето подразбира хиерархиска организациска структура и значења како „водачи“, „наредби“, „правила“, кои укажуваат на мафија и организиран криминал. Поттикнувач е мозокот, шефот. Ние сме анархисти, без водачи и следбеници. Андреас е наш соучесник и сојузник во постојаниот злочин на бунтот и анархичната побуна.

Третата причина е да го поддржиме анархистот Спирос Мандилас. Спирос е наш пријател и другар, но нема ништо со Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“. Со апсењето на Спирос, антитерористичката агенција сакаше да го нападне јавниот анархистички дискурс, препознавајќи го како интегрален дел од борбата на анархистичката урбана герила. На тој начин сакаа да ги изолираат нашите мисли и нашиот говор од јавните процеси, и истовремено да ги заплашат анархистите кои демонстрираат солидарност, докажувајќи дека анархистичкото присуство и поддршка на затворениците од ЗОЌ е доволно за некој да заврши во затвор. Судскиот прогон на Спирос е чисто одмаздољубие, затоа што тој истапи како кохерентен анархист, без да се заплаши и откаже од вредноста на солидарноста, како што направија и многу други…

На крај од оваа изјава, не очекувајте од нас да зборуваме за невиност или вина. Ние не сме ниту невини ниту виновни. Ние сме непријатели на државата, на власта, на општествената машина, на потчинувањето и на доброволното ропство. Ние сме анархисти од практика и вечни непријатели на вашите закони, затвори и судови. Знаеме дека востанието честопати е самотен и тежок пат, но ние го избравме тој пат без оглед колку долго ќе живееме.

СЀ ПРОДОЛЖУВА

Заговор на Огнените ќелии  FAI/IRF
 Ќелија на затворените членови
 04.06.2014

InterArma

Политичката изјава на анархистот Спирос Мандилас во специјалниот суд на затворот Коридалос, Aтина

 

Најпрво сакам да кажам дека ги поддржувам и стојам рамо до рамо со мојот другар Андреас Чавдаридис и моите десет другари и пријатели од Заговор на Огнените ќелии.
Што се однесува до околностите на ова судење, би сакал да коментирам околу две нешта:

– Фактот дека судењето, политичко судење, се одвива во специјална судница внатре затворот Коридалос.
– Фактот дека нашите другари, ако сакаат да присуствуваат на судењето, ќе мораат на властите да им го откријат својот идентитет.

Што се однесува до мојот случај, она што имам да го кажам е дека бев таргетиран и уапсен во контекст на една атмосфера на страв, наметнат од Државата врз анархистите, и особено врз оние од струјата од која и самиот сум дел, струјата на Нова Анархија.
Тоа што ќе биде потцртано на ова судење е фактот дека без ниту еден солиден доказ ме обвинуваа за учество во терористичка организација поради јавните собири што ги организирав како член на анархистичкиот сквот Надир во Солун.
Ќе биде докажано дека демократијата не само што не ги смета „надземните“ проекти како помала закана во споредба со директните акции, туку и нив ги криминализира и гони, затоа што „надземните“ проекти имаат многу важен придонес во непрекинатото анархистичко востание.

Покрај тоа, ова не е првпат. Би рекол дека ова има тенденција да стане меѓународна практика. Репресивната кампања околу „Проектот Феникс“ носи многу сличности со операцијата „Сенка“ во Италија од пред две години, кога некои од другарите кои водеа веб сајтови и фанзини беа прогонувани во контекст на тие проекти.
Што се однесува до мојот став во врска со урбаната герила и Заговор на Огнените ќелии, тој е следниов: анархистичкото востание се води со секое можно средство, без разлика дали е тоа книга, бомба или политичко убиство. Можеби не сум дел од ЗОЌ или од Неформалната анархистичка федерација, но тоа не значи дека не се согласувам со нивните акции. Не ме интересираат афоризмите за вооружената борба и фетишизмот на ненасилството.

Значи моето апсење има за цел да ги изолира вооружените групи од јавното сознание и да го уништи мостот меѓу надземните и подземните сили на континуираното анархистичко востание.

И последно. Сакам да кажам дека нема да доведам никакви роднини и пријатели како сведоци на одбраната, да зборуваат колку добар човек сум итн. Со оглед дека сум политички прогонуван, единствената одбрана која ја прифаќам е промовирањето на моите политички акции од мене лично.

Спирос Мандилас
4 јуни 2014

извор: interarma.info

ПОЧЕТОК НА СУДЕЊЕТО ЗА ПРОЕКТОТ ФЕНИКС

phoenix

На 04.06.2014 во затворот Коридалос, Грција, започнува судењето за случајот на меѓународниот Проект Феникс. Обвинети се анархистите: Андреас Чавдаридис, кој ја презеде одговорноста за испраќање пакет-бомба на поранешниот командант на антитерористичката единица во јули 2013 под името „Mauricio Morales Commando-FAI/IRF“, Спирос Мандилас, која ги отфрла обвинувањата и Заговор на Огнените ќелии, чиишто десет затворени членови се обвинетi за поттикнување на чиновите 1, 2 и 4 од Проектот Феникс.

Митот за Фениксот говори за вечното враќање…

Секогаш постои вечното враќање на Оганот во пепелта

Митот за Феникот го негира процесот на распаѓање

Оганот повторно се раѓа од пепелта…

А Фениксот стои како симбол

на нашето одбивање да го прифатиме крајот.

 

НИЕ СМЕ ТУКА КАДЕ ШТО СЀ ПОЧНУВА СЕГА

 

Од пепелта на незаборавениот оган, Фениксот на новата зора ќе се издигне горејќи посјајно од кога било, заслепувајќи го постоечкото,

проголтувајќи ја својата цивилизација, искачувајќи се сѐ повисоко, бегајќи им на сите ограничувања кои залудно се обидуваат да го повлечат назад во амбисот на самонаметнатото ропство, тоа е непрекинат циклус на повторно раѓање

вечното враќање на востанието кое е многу повеќе од општествен мит

лет на деструкцијата кој го води поединецот повеќе никогаш да не биде прилагоден

radioAzione InterArma In The Belly Of The Beast