Безбедносно разузнавачката агенција во посета на RadioAzione – Пула, Хрватска

cropped-test1-CУтрото на 23 јануари 2015 година се појавија агенти на Безбедносно разузнавачката служба (ЅОА) како би разговарале со мене во врска со мојот вебсајт RadioAzione Хрватска, и со мојот сопруг, анархистички другар, италијански државјанин, кој уредува и хостира други анархистички сајтови (меѓу кои RadioAzione), заканувајќи му се дека ќе го исфрлат од земјата.

Разговорот се отвори со закани упатени кон моите лични односи, како моментални, така и идни, бидејќи тие претпоставуваат дека ги остварувам или ќе ги остварувам исклучиво со анархисти, се разбира од странство, и предупредување дека Хрватска нема намера да прерасне во засолниште на личности кои претставуваат проблем во своите матични земји.
Ова, се разбира, се однесуваше на мојот однос со другарот кој го води анархистичкиот вебсајт RadioAzione Италија.

Заканите, се разбира, не се ограничија само на моите односи со другарите, туку бев и предупредена дека секој странски државјанин кој во иднина ќе ме посети во Хрватска, без разлика дали е анархист или не, ќе биде третиран како сомнително лице.
Потоа се изгубија во вообичаените закани во врска со моите родители, мојата невработеност, можни претреси, апсења итн.

Повеќе

Текст од Заговор на Огнените ќелии (Ќелија на затворените членови) за предлогот на Никос Мациотис во врска со Пленумот за солидарност (Грција)

images4

Текст од другарите во врска со создавањето на пленум за акции и солидарност со политичките затвореници

СОЛИДАРНОСТА ЗНАЧИ НАПАД

1) Затворите од тип Ц – воена провокација

Затворите од тип Ц се стремат да станат споменик на победата на Државата во војната со урбаната герила. Ставени сме пред предизвик да не дозволиме илјадниците тони бетон, решетки и катанци да ни ја убијат човечката волја за слобода, предизвик на кој ќе одговорат акциите на непријателите на режимот и пријателите на слободата.

Веќе со години, политички ТВ фаци на системот и платени перодршци на полицијата се ангажирани во битка против урбаната герила, целејќи да ја деполитизираат. „Мрежа на криминалци и терористи“, „соработка меѓу терористите и организираниот криминал“, „револуционерен картел“ се некои од лицата на лагата. Пропагандата се обидува да го прикрие со кал очигледниот константен револт. Константен револт на оние кои одбиваат да живеат како робови и кои со оружје ги напаѓаат лидерите, молкот, конзервативизмот и резигнацијата на мнозинството во општеството.

Со желба да ја оневозможи можната перспектива за насилно востание и да го осакати нејзиното ширење, Власта користи лаги и клевети со цел да ги претстави вооружените урбани герилци како ментално нестабилни криминалци. Сево ова, во исто време кога крвожедната демократија доведува илјадници луѓе да извршат самоубиство и го труе секој момент од нашите животи преку тероризмот на сиромаштијата, репресијата, полициската држава, осаменоста, експлоатацијата, додека ги замајува наивните со лажната слобода на консумерството, спектаклот, масовната забава, дигиталната реалност и цивилизацијата на медиокритетите. Врвот на политичката пропаганда против урбаната герила беше достигнат на почетокот на 2014-та, по бегството на Кристодулос Ксирос, кој наместо своеволно да се врати во затвор по отпустот, го избра патот на илегалата и на соучесништвото со новото урбано герилско војување. Наслови и репортажи со упадливи наслови, како „Новогодишна ноќ на теророт со ЗОЌ“, „Затворите се база на терористи“ беа воведници во лагата. Она што најмногу ја тиштеше Власта, покрај бегството на другарот Кристодулос Ксирос, беше тоа што и покрај нашите апсења, никогаш не се престоривме во успани трофеи во рацете на нашите затворски чувари. За непокајничките урбани герилци, затворот не е палата на стравот, туку заточеничко место кое ја продлабочува и уште повеќе разбеснува  волјата за бунт и слобода.

Повеќе

Анархистичките другари Спирос Мандилас и Андреас Чавдаридис се на слобода – Грција

black-wolf-pack

Во понеделникот попладне, 12.01.2014, анархистичките другари Спирос Мандилас и Андреас Чавдаридис беа ослободени откако конечно изминаа 18-те месеци од нивниот притвор [според грчките закони, притворот пред да биде изречена пресуда може да трае најмногу 18 месеци; но властите тоа често го злоупотребуваат]. Потсетуваме дека другарите беа уапсени на 12.07.2013 и се обвинети за членување во анархистичка герилска група Заговор на Огнените ќелии, како и за испраќање на пакет-бомба до поранешниот командир на антитерористичката единица, Димитрис Ксорианопулос, кој беше изведен во јули 2013 од страна на Командо „Маурисио Моралес“ – FAI/IRF, како дел од проектот „Феникс“ (чин 4); напад за кој Андреас ја презеде одговорноста. Со голема радост го поздравуваме враќањето на нашите другари на улиците на непрекинатото востание.

Сила на другарите од Заговор на Огнените ќелии

Слобода за анархистичките воени затвореници

Бес и свесност

извор: interarma.info

„Вредеше да се обидеме…“ – Заговор на огнените ќелии

images4

Нема да кажеме ниту еден збор кој би претставувал полезна информација за непријателот. Бегството од затвор е единствената цел на заробената урбана анархистичка герила. Зборот „бегство“ ја содржи смислата на слободата, која ги крева во воздух затворските ѕидини, во кои се заточени нашите животи. Ние, заробените анархисти од Заговор на огнените ќелии, никогаш не го заборавивме тој збор, иако повеќето нѐ заборавија нас. Судиите нè осудија на долги години живот како човечки сенки во заклучени згради, но не успеаја да ги заклучат нашите непокорни копнежи.

Секоја ноќ, лутајќи низ нашите мисли, бегаме во свет без затвори, вооружени стражари и затворени души. И, и покрај тоа што секое утро ѕвекотот на стражарските клучеви нè враќа во бетонската реалност на затворот, знаеме дека ќе дојде нашиот ден кога ќе ја сонуваме нашата анархија со отворени очи. Звукот на затворањето на катанецот ја засилува нашата омраза за затворот. Секој неуспех, секое апсење, секоја грешка нè прави уште потврдоглави. Колку пати и да паѓаме, повторно ќе се исправиме.

Не постои победа или пораз, постои само борба. Знаеме дека борбата на анархистичката урбана герила и на Заговор на огнените ќелии е борба против чудовиште. Во таа борба многу оружје, експлозиви, места за криење, возила, пари можат да бидат изгубени, но сите тие е лесно пак да се најдат. Она што не може да биде изгубено се другарите и другарките кои направија да се надеваме дека нашиот ден ќе дојде и дека ќе му речеме „збогум“ на затворот засекогаш.

Во овие мигови, кога непријателот се сити на сопствениот триумф, им праќаме најтопли соучеснички насмевки на тие прекрасни безимени луѓе, сега барани од полициските механизми на законот и редот. За овие прекрасни безимени луѓе, вреди повторно да го изречеме вечното ветување: „Нашиот ден ќе дојде.“

СИЛА И СОЛИДАРНОСТ ЗА ГОНЕТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ ЗА ОБИДОТ ЗА БЕГСТВО ОД ЗАТВОР НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

Хидрата на огнените ќелии нема да запре.

Заговор на огнените ќелии ќе се врати, посилен од било кога.

Заговор на огнените ќелии – Ќелија на затворените членови

Панајотис Аргиру

Јоргос Полидорос

Олга Економиду

Герасимос Цакалос

Христос Цакалос

Харис Хаџимикелакис

Теофилос Мавропулос

Јоргос Николопулос

Микалис Николопулос

Дамиано Болано

НИШТО НЕ Е ГОТОВО

СÈ ПРОДОЛЖУВА…

извор: interarma.info

Репресијата врз анархистите во Грција се засилува: започнаа трансферите во новите специјални затвори

03Домокос, првиот од специјалните затвори, таканаречени „затвори од тип Ц“, деновиве започна да ги отвара челичните порти за првите „неподобни“ затвореници. Никос Мациотис, член на анархокомунистичката милитантна организација „Револуционерна борба“ прв беше префлен во затворот Домокос пред шест дена. Вчера уште двајца осуденици поради членство во револуционерни организации беа префлени: Костас Гурнас од „Револуционерна борба“ и Димитрис Куфонтинас од комунистичката револуционерна група „17 ноември“. Истото утро, ненадејно и без никаква најава, што е вообичаен метод, во тип Ц затворот во Домокос беа одвлечкани и Јанис Наксакис и Григорис Сарафундис, обајцата осудени за вооружен грабеж во Пиргетос-Лариса, како и за наводно учество во „Заговор на огнените ќелии“ (кое и тие и членовите на ЗоЌ го негираат). Сарафундис беше префрлен во Домокос и покрај тоа што во моментот сѐ уште трае процесот за вооружениот грабеж во Суровичево-Лерин, во кој тој е еден од обвинетите. Тоа значи дека од трансфер во затворите со специјална безбедност не се „помилувани“ ниту оние против кои сѐ уште се води судски процес, и кои се држани во затворот Коридалос за да можат да присуствуваат на судењата кои се одржуваат во импровизирана судница во затворот.

Затворите од тип Ц се најновата измислица на грчката влада, специјално дизајнирана да ги демне, заплаши, комплетно изолира и полека убие „екстремно опасните затвореници“, а во прв ред осудениците за „тероризам против државата“. Со други зборови, тие се средство за уништување на анархистичките револуционерни организации и нивните членови. Во затворите од тип Ц, затворениците ќе бидат лишени од низа „привилегии“ кои ги уживаат обичните затвореници, а кои во услови на мрачно заточеништво ги крепат и ги одржуваат силни во волјата заробениците, како на пример месечни посети, телефонски разговори, прошетки во дворот, излези од затворот итн, а затворениците ќе бидат комплетно изолирани и од другите затвореници и од надворешниот свет. Идејата е да се закопаат под мрачните ѕидини во затворот и да се убијат во дух, тело и сеќавање сите оние другари кои повеле битка против општеството на власт. Грчката влада успеа да го истурка овој досега најрепресивен антианархистички метод, и покрај тоа што летото 2014 низ повеќе затвори ширум Грција се одржа најмасовниот затворенички штрајк со глад против оваа мерка.

Со оглед на тежината на нивните дела, и другарите од „Заговор на огнените ќелии“ во секој миг очекуваат да бидат одвлечкани во Домокос и разделени од своите соборци во затворот и од своите најмили од другата страна на ѕидот. На 29 декември заврши третиот судски процес кој се водеше против нив, а беа објавени и нивните пресуди. Секој поединечно од нив беше казнет со:

Христос Цакалос: 24 години, 2 месеца затвор;

Герасимос Цакалос: 21 година, 2 месеца затвор;

Михалис Николопулос: 20 години затвор;

Јоргос Николопулос: 24 години, 2 месеца;

Дамјано Болано: 24 години, 2 месеца;

Панајотис Аргиру: 19 години, 9 месеца;

Јоргос Полидорос: 25 години;

Олга Економиду: 25 години;

Теофилос Мавропулос: 25 години затвор.

Во истиот процес беа осудени и следниве затвореници кои негираат учество во ЗоЌ: Костас Сакас – 16 години (моментално во бегство); Александрос Митрусиас – 14 години; Јоргос Карајанидис – 14 години; Јанис Михаилидис – 5 години; Димитрис Политис – 6 месеци затвор.

*

Aпдејт (04.01.2015):  Вчера антитерористичката единица среде ноќ ги извадила Христос Цакалос, Герасимос Цакалос, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од нивните ќелии во машкиот затвор во Коридалос и префрлени се во изолација во простории во женскиот дел од истиот затвор.

*

И на другарите од „Заговор на огнените ќелии“, и на сите останати борци кои ги чека бесконечен престој во најмрачниот меѓу затворите, им праќаме прегратки на солидарност и соучесништво. Нека мрачните затворски ѕидини ја потхранат вашата омраза против поредокот на субмисивните. Ќе победат само ако го убијат вашиот дух; затоа, знајте дека и без да можат да стигнат до вас нашите соучеснички крикови, пламените јазици на гневот на другарите од сите ќошиња на светот ќе успејат да ги пробијат дебелите ѕидини на логорот на смртта и да ги стоплат вашите слободни срца.

СИТЕ ЗАТВОРИ ВО ПЛАМЕН

БОРБА ДО УНИШТУВАЊЕ НА СЕТО ПОСТОЕЧКО

СТРАСТА ЗА СЛОБОДА Е ПОСИЛНА ОД СИТЕ ЗАТВОРИ

ЗнЕ

 

Новогодишна честитка од Грција

Merry Crisis and a Happy New Fear

Се збогуваме со 2014 со потсетувања на колективниот отпор втиснат во нашето сеќавање и врежан во приказната за овој свет, за да се потсетуваме на нашето минато со цел да продолжиме да се бориме во иднина, за да ги претвориме нашите соништа за самоорганизирано општество без владејачи од утопија во стварност.

Каде и да сте – станете и спротивставете се

Видео од протестот за новогодишната ноќ пред затворот Коридалос во Атина