НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ СПАСЕНИ – Амели и Фалон

amelie-300x150

На 14 февруари ќе се одржи иницијатива во „Музејот на нескротливото сеќавање“ со цел собирање пари за политичките затвореници и анархисти.

Бидејќи се наоѓаме во затвор, имаме многу малку информации.

Не знаеме кој ја организира, но знаеме дека нашите имиња се наоѓаат на листата затвореници за кои е организирана иницијативата.

Сакаме да нагласиме дека ни е многу чудно што личности кои не ги познаваме и со кои не сме во афинитет ги користат нашите имиња без да нѐ известат за тоа. Ако сме во затвор не значи дека сме без глас. Оние дела на солидарност во кои сите затвореници се ставаат заедно, нѐ потсетуваат на слепо спасување затвореници. Без оглед дали се тие „политички“ или „анархистичк“.

Од самиот почеток останавме цврсти во нашите ставови. И затоа ни е чудно да ги видиме нашите имиња покрај личности како што се Брајан Рејес, Хаклин Сантана и Хамспа на јавна иницијатива за солидарност. Можеби сакаат да изградат односи помеѓу различни групи. Тоа го сфативме, но ги знаеме и причините зошто тие односи не постојат. Се работи за многу различни методи и намери, и веројатно неспоиви раскини.

За нас чувството на афинитет е поважно од нашата борба. Ние не се сметаме за „политички затвореници“ и не ги напаѓаме институциите на моќ за да го подобриме општеството.

Од друга стана, пак, одржуваме односи со разни типови луѓе, со кои нужно не мораме да ја делиме „сродноста на борбата“. Личности кои се грижат за „политика“, повеќето кои веруваат во Бог и кои никогаш не оделе на училиште. Со нив градиме и упоришни точки и ги проживуваме бројните моменти на промени на постоечкиот поредок. Би било навистина смешно да се организираме само со оние кои се изјаснуваат како „политички затвореници“. Повеќето политички затвореници не ни се симпатични, како и повеќето анархисти. Убаво е што можеме да тргнеме од таа точка, со енергијата која постои. Ако се одвоиме од групата која ја огранизира иницијативата, не значи дека раскинуваме со целиот свет. Раскинуваме со личности кои се идентификуваат со авторитет, партии и левицата. Освен тоа, дознаваме дека иницијативата ќе се одржи во Музејот на нескротливи сеќавања, државна институција. Ни не сакаме никакво посредување на државата. Повторуваме, немаме ништо сродно со наведените личности – освен со Карлос – ниту со личностите кои ја организираат иницијативата. Тие ги земаат предвид раскините кои веќе постојат, туку го репродуцираат претворањето на затвореници во жртви. Ние не сакаме да бидеме спасени. Вие само продолжете со вашата иницијата за солидарност, но без нашите имиња. Оние кои нѐ поддржуваат знаат зошто го прават тоа и со нас споделуваат сродност.

Најдобрата солидарност секогаш е нападот.
За целосно уништување на посточкото.
Да ја запалиме цивилизацијата.
Кон бескрајот и понатаму.

Фалон и Амели
Reclusorio de Santa Marta, Mexico City

извор

Размисли за анархијата – RadioAzione Италија

RadioAzione-edito-300x224Во последните два месеци некои држави извршија дополнителни напади на меѓународниот репресивен фронт врз сите оние кои не се покоруваат на нивните директиви, и дополнително ги заострија казнените мерки, како отворањето на затворите од тип Ц (не тип „гама“ како што предлага google и како што некои пишуваат) во Грција.

Апсењата во „Случајот Пандора“ во Шпанија и преместувањето на првите затвореници (меѓу кои и некои анархистички другари) во специјалните грчки затвори, се примери на европско ниво. На меѓународно ниво дојде до други напади, како апсењето на другарот Диего Риос во Чиле, кој беше во бегство речиси 5 години. И повторно во истата земја, пресудата која ја осуди другарката Тамара Сол Фариас Вергара на нешто повеќе од 7 години затвор, обвинета дека пукала на кучето стражар во една банка во Сантијаго, извикувајќи „Одмазда“.

За среќа, во последниве два месеци не ги броиме само баксузите туку и добар број напади на структурите кои на кој било начин соработуваат со надѕорот над поединецот, за истиот да не излезе од стадото, кое државата го води во испаша.
Сепак, и за жал, овде не може да се зборува за бегството на анархистичките другари од затвор. Зборувам за неуспешниот обид за бегство на ЗОЌ од затворот Коридалос во Грција.
Но, „обид за бегство денес… вечна надеж за успех“.

Повеќе

De Profundis Clamavi – RadioAzione Хрватска

image

Ова не е критика упатена на автокритиката на другарите од Заговор на Огнените ќелии, насловена “De Profundis”. Мене не ме очекуваат долги децении затвор и затоа не е на мене да судам кои методи другарите ќе ги користат за повторно да дојдат до слобода и да се вратат на патиштата на анархистичката урбана герила.
Овој текст би сакал само на момент да го запре непрекинатиот тек на информациите, или подобро на контраинформациите, со цел едно самокритичко размислување.
Бидејќи, и самата водејќи контраинформациски вебсајт, ми се чини дека често се занемарува критиката на текстовите кои се објавуваат/читаат, речиси како да сме новински агенции.

Да не навлегувам премногу во минатото (затоа што сличните примери и не се некој новитет), би започнала со една која можеби и не е толку трновите, кога во една изјава за преземање одговорност од 12-29.01.2015, од Грција, прочитав цитат од еден мафијашки бос. Не навлегувам во изборот на лични пријателства и не зборувам за етикетите кои ги наметнува системот (како на пример „криминалци“), но претпоставувајќи дека мафијашката активност и не е толку различна од онаа на просторот на Грција, или бивша Југославија, или Италија, како и претпоставувајќи дека повеќе-помалку сме запознаени со нејзиниот организациски и политичко-економски карактер, потребата во контекстот на анархистичката борба/дела да се внесе слична личност го надминува моето анархистичко сфаќање. Или пак личните пријателства секого претвораат во другар?

Повеќе

„За проектуалноста“ – Волфи Ландстрајкер

„Анархизмот… е начин на сфаќање на животот, а животот… не е нешто дефинитивно: тој е влог кој мораме да го играме ден за ден. Кога наутро ќе се разбудиме и ќе стапнеме наземи, мораме да имаме добра причина да станеме. Ако немаме, не менува ништо дали сме анархисти или не… А за да имаме добра причина, мораме да знаеме што сакаме да направиме…“ – Алфредо М. Бонано

Можеби еден од најтешките концепти кои сум се обидел да ги изразам во Willful Disobedience е оној на анархистичката проектуалност. Тешкотијата при изразувањето на овој концепт не потекнува само од фактот дека светот е необичен. Многу позначаен е фактот дека самиот концепт се наоѓа во тотална спротивставеност со начинот на кој општествениот поредок нѐ тренира да постоиме.

Во ова општество, нѐ учат на животот да гледаме како на нешто што ни се случува, нешто што постои надвор од нас, нешто во што сме фрлени. Меѓутоа, не ни е кажано дека тоа е резултат на еден процес на лишување, па оттаму ова отуѓување ни делува природно, како да е неизбежна последица на тоа да се биде жив. Кога животот се согледува на овој начин, големото мнозинство луѓе едноставно се справуваат со околностите како што тие се јавуваат, најчесто едноставно прифаќајќи ја својата судбина, повремено протестирајќи за одредени нешта, но точно на онакви начини кои ги дозволува прифаќањето на однапред детерминираното, отуѓено постоење. Некои луѓе заземаат поенергичен пристап кон ова отуѓено постоење. Наместо само да се справуваат со околностите како што тие се јавуваат, тие настојуваат да го реформираат отуѓеното постоење според програмски нацрти, создавајќи шаблони за модифицирано постоење, но кое и понатаму е однапред детерминирано и на кое поединците треба да се прилагодат.

Повеќе