Видео: Заговор на Огнените ќелии – FAI/IRF – Проектот „Феникс“ (Црната интернационала)

Видео со англиски титл кој го прикажува почетниот дел од Проектот Феникс, меѓународен проект на бројни и разновидни саботажи и напади во различни земји.

Посветено на Алфредо Коспито и Никола Гаи, Ќелијата Олга FAI/IRF, кои ја преземаа одговорноста за ранувањето на извршниот директор на компанијата Ansaldo Nucleare, Роберто Адинолфи.

„Ние сме овде, каде што сѐ започнува сега.“

Проектот „Феникс“ е одмотување на скриена мапа која означува еден од патовите кон Атлантида на практичната теорија. Непознатиот и изгубен континент кој постои отаде рабовите на запалените градови на меѓупросторот. Создаден преку дела, дијалог и идеи, неформално организиран врз анархистички принципи на непрекинат автономен напад, револуционерна солидарност и интернационализам. Низа од напади извршени од разни радикални групи на директна акција ширум светот, прекинувајќи ја тишината на изолација и возвраќајќи го ударот на затворското општество на техно-индустрискиот систем.

Затворените членови на ЗОЌ се обвинети за поттикнување на нападите, Спирос Мандилас и Андреас Чавдаридис се уапсени и обвинети за 4-от чин од овој проект, испраќајќи пакет-бомба на поранешниот командант на антитерористичката агенција, Димитрис Ксоријанопулос; додека Христос Родопулос е обвинет за испраќање пакет-бомба на Димитрис Мокас, главниот обвинител за случајот ЗОЌ, како чин 6-ти.

Проектот Феникс денес е обновен преку напади во 2015 во Чиле, Чешка и Грција, преку другарите од подрачјето на Чешка кои ја започнаа кампањата „Да ја уништиме репресијата“. Приказната на Феникс и понатаму се пишува…

СОЛИДАРНОСТА Е НАШЕ ОРУЖЈЕ

НИТУ МИЛИМЕТАР НАЗАД

ДЕВЕТ МИЛИМЕТРИ ВО ГЛАВАТА НА ЦАЈКАНИТЕ

извор: 325

Вести за репресијата во Грција и Велика Британија

all-my-heroes-kill-cops-4Со новиот полициско-новинарски извештај се настојува да се погодат другарите кои повремено се во контакт со затворените членови на Заговор на Огнените ќелии. Во овој случат се обидуваат да ги локализираат другарите од Велика Британија кои, според извештајот на цајканите, таму објавуваат востаничко анархистичко списание. Сакаат да истражат зошто другарите од странство доаѓале во Грција одредени денови. Покрај тоа, ја земале во предвид и важноста на присуството на ќелии на FAI во земјата и известуваат дека една група грчки цајкани ќе дојде таму со цел да ги информира своите колеги. Се работи за лов на вештерки кој сега ги погодува и другарите во странство. Случајот на бегство на ЗОЌ е совршено алиби, по месеците медиумска пропаганда, за чистка и лов на другари кои веќе се на мета на цајканите.

Солидарни

извор: interarma.info

Заговор на Oгнените ќелии го прекина штрајкот со глад

Вчера, 04.04.2015, неколку дена по одобрувањето за отпуст од притвор на мајката на Герасимос и Христос Цакалос, членовите на Заговор на огнените ќелии објавија дека го прекинуваат штрајкот со глад после 32 дена, и покрај тоа што Еви, девојката на Герасимос, се уште е во притвор. Нејзината ситуација не е многу јасна, освен што во своето последно писмо ЗОЌ најавуваат дека „наскоро ќе излезе од затвор, повторно слободна“. Пред да го објават крајот на, според нив, победоносниот штрајк со глад, Еви објави јавно писмо во кое бара од членовите на ЗОЌ да го прекинат штрајкот и од мајката на браќата Цакалос да го прифати своето ослободување.

Осуммина од другарите завршија во болница во текот на 32-дневниот штрајк, некои од нив повеќекратно допирајќи ја границата со смртта: Михалис беше одведен на интензивна нега поради непосредна опасност од откажување на срцето, Олга падна до 40 килограми, Панајотис го започна штрајкот со веќе нарушено здравје поради операција на главата, а сите изгубија меѓу 15 и 20% од телесната тежина.

Во писмото ЗОЌ потсетуваат и дека борбата се уште не е завршена, алудирајќи на штрајкот на „Мрежата на борбени затвореници“ и изјавија поддршка за нивните барања за укинување на одредени закони, како и за Никос Мациотис, член на „Револуционерна борба“.

„СЕ ИЛИ НИШТО“ – текст од ЗОЌ на 32-от ден од штрајкот со глад [Грција]

images4

Пред неколку дена, советот одговорен за ослободувањето на мајката на Христос и Герасимос Цакалос и девојката на вториот одржа седница. Повеќекратните одложувања на советот доведоа неколку другари од Заговор до границата помеѓу животот и смртта. Михалис двапати беше во опасност да преживее срцев удар, поради тоа што пулсот му опадна до 20-25 отчукувања во минута (!!!), Олга падна на 40 килограми, Панајотис веќе имаше проблематично здравје поради претходни повреди на главата, Јоргос П. има сериозна брадикардија и проблеми со притисокот (систоличен притисок 50, диастоличен 30) и сите другари изгубија 15-20% од почетната телесна тежина.

Конечно, првиот совет (со мнозинство) одлучи да ја ослободи мајката, со челични рестрикции (10.000 евра казна, 3 пати месечно задолжително присуство во полициска станица, забрана за напуштање на земјата и забрана за напуштање на островот Саламина каде што таа живее, на што резултат, главно, е тоа што нема да смее да ги види своите синови во затвор). Вториот совет го одби барањето за ослободување на девојката на Герасимос Цакалос и ја задржаа како заложничка на судската одмазда.

Таква е играта на смртта, која продолжува во уште понападен стил. Сакаат да нè поделат, нудејќи ни, од една страна, хендикепирана слобода со отпуштањето на мајката и од друга страна, да прифатиме компромис со задржувањето на Еви. Нашиот одговор е едноставен и јасен.

Нема примирје, ниту чекор назад.

Нема да го прекинеме нашиот штрајк со глад дури ниту пред работ на бездната на смртта. Бидејќи апсолутната смрт значи да ја прифатиш реалноста која ти ја наметнува власта, да се повлечеш пред нејзините заповеди и да се криеш во индиферентноста.

Ние продолжуваме до самиот крај, решителни во нашата одлука. Додека не се стави крај на притворот на Еви.

ПС1: Мајката на другарите Христос и Герасимос Цакалос одби да се согласи со нефер продолжувањето на заложничката ситуација на Еви и не ги прифати рестрикциите, тврдејќи дека ќе помине низ портата до слободата само со Еви, која нема никаква врска со нашата организација. Достоинството се покажа посилно од легалната слобода.

ПС2: Последните две апсења (двајца Албанци, според вестите) во врска со нашето испланирано бегство само го докажува постоењето на судско-полициски Гордиев јазол, кој се стеснува како јамка околу вистинските настани. Неколку личности, кои немаат никаква врска со нашата организација, беа носени во окови до истражните канцеларии, а други се држат во притвор, само затоа што органите на прогонот посомневале дека во некои од декриптираните пораки има референци за нив (таму ги нема ниту нивните имиња).

Она што се отвара пред нас е спектакуларна телевизиска продукција со осмислени протечени информации од полициските архиви до новинарите со цел да се преувеличи и изврти реалноста. Тоа е ТВ најава за бегство од затвор, кое за несреќа не се случи. Реално шоу со јаки дози на канибализам, бидејќи и покрај тоа што ние, ЗОЌ, преземавме полна одговорност за конфискуваните оружја и експлозиви, други луѓе беа одведени во затвор поради другарска врска, поради писмо, поради прекршок или поради ништо, со помош на дисторзираната лупа на антитерористичкиот закон.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЕВИ

СИЛА ЗА МИХАЛИС кој стигна до границите на смртта (брате, секоја наша мисла, секое отчукување на нашето срце е за тебе)

ПОБЕДА ЗА СИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД И ЗА БАРАЊАТА НА БОРБАТА

Заговор на Огнените ќелии

Ќелија на затворени членови

32 ден од штрајкот со глад

извор: interarma

„Меѓу два света“ – Интернационален повик на акција за штрајкот со глад до смрт на ЗОЌ

Print

Во моментот кога се пишувани овие зборови, го минуваме 25-тиот ден од штрајкот со глад за ослободување на мајката на Христос и Герасимос Цакалос, како и девојката на вториот.

Притворот пред судењето на роднините на двајцата другари беше акт на одмазда од страна на судските власти против нас, за возврат на планот за бегство кој го подготвувавме, со бомбардирање на затворот.

Сега кога сме на нестабилна точка помеѓу животот и смртта, сакаме да споделиме неколку мисли со браќата и сестрите, соучесниците, другарите и анархистите низ целиот свет. Се разбира, знаеме дека зајакнување на репресијата не се одвива само на грчка територија. Истото е случај во повеќе земји, во обид да се казнат анархистите кои го одрекуваат постоечкото. Неодамна во Чиле, полицајци се обидоа да ја вмешаат мајката на другарот Хуан Алисте (случајот „Безбедност“) во обидот за бегство на нејзиниот син и неговите другари. Понатаму, во Шпанија, преку операцијата „Пандора“, другарите од пријателските кругови на анархистичката затвореничка Моника Кабалеро беа гонети, додека роднините на анархистката Тамара Сол во Чиле, во текот на нивна посета во затворот, преживеаја одмазднички садистички „третман“ од страна на затворските службеници, кои сакале да ги подведат на понижувачки телесни претреси.

Овие напади против роднини и пријатели на анархистички затвореници имаат цел да оформат непреминлив ѕид околу нас за да нѐ изолираат. Она што апсењата, пресудите и затворските решетки не успеаја да го постигнат, емотивната уцена и затворањето на нашите сакани во ќелиите на демократијата се обидуваат да го постигнат. Уцената е јасна: или ќе се сложиме на примирје, или нашите роднини ќе останат во затвор. Нема да потпишеме никакви изјави за каење, ниту ќе капитулираме пред моќта. Остануваме непокаени анархисти и со секој нов ден додека моќта ги држи нашите луѓе како заложници, волкот на негацијата и нападот се разбеснува се повеќе во нас…

Знаеме дека неколку другари од цел свет, со кои сме поврзани преку соучесништво во анархистичка акција, се изненадени од нашиот избор за штрајк со глад. Како што ни напишаа некои блиски другари од Хрватска, кога ѝ поставуваме барања на власта преку штрајк со глад, на некој начин ја признаваме кога бараме да ни ги задоволи барањата. Некој друг би рекол дека штрајкот со глад изгледа како потпирање на емоции, кои ги негуваат трговците со надеж и со хуманизам за да играат политички игри на наш грб. Јасни ни се некои од грижите поврзани со методот на штрајк со глад, а во минатото, сме ги споделиле и нашите мисли. Освен тоа, во неколку случаи кога искусувавме одмазда од власта, одбиравме да делуваме поинаку, а не преку штрајк со глад. Со прости зборови: на војна, одговараме со војна. Бидејќи нашиот избор секогаш е нападот. Но сега не зборуваме за нас самите. Заложници во затвор сега се нашите блиски. Затоа одбравме штрајк со глад, за јавно да ја покажеме грдотијата и морбидноста на моќта. Сега сме во 25-тиот ден од штрајкот и не признаваме ниту милиметар подарена територија од страна на моќта спрема нас. Освен тоа, свесни сме дека слободата се освојува преку насилството на нашите сопствени дела и нема да ни биде дадена преку закони. Но, нашите блиски не се дел од војната која ѝ ја објавивме на моќта, и затоа нема да бидат дел ни од нашето заточеништво. Затоа бараме нивно итно ослободување од ќелиите на демократијата.

Знаеме дека штрајкот со глад е бавна смрт. Но, ова не е наша смрт. Тоа е смртта на општеството кое останува поспано и молчеливо спрема фашизмот на власта. Затоа ја преземаме одговорноста да го разоткриваме и понатаму… Затоа штрајкот со глад кој го водиме не е пасивен став, туку вресок на напад, кој прераснува во пракса преку делата на солидарност. Тоа е вресок на напад кој се среќава со илјадници гласови на демонстрациите, со стотици раце кои ги вандализираат ѕидовите со слогани на солидарност, кои обесуваат банери, сквотираат згради, радиостаници, владини простории и палат илјадници банки, државни возила, седишта на политички партии, судови, во Грција, Италија, Чиле, Мексико, Аргентина, Чешка, Шпанија, Обединетото Кралство, Турција и борбените територии во Курдистан. Штрајкот со глад, кога е поврзан со акции на напад, не е молба за милост, туку повик на акција. Затоа повикуваме, од денес, штрајкот со глад кој го водиме да прерасне во повод за анархистите, за Црната интернационала на анархистите од практика, за ќелиите на FAI/IRF, за другарите, за сите кои одбираат да го нападнат поредокот, молкот и законите на овој свет и неговата цивилизација. Од денес, преку напади низ целиот свет, да го поставиме прашањето: или со анархијата, или со власта.

Затоа што во заднината на штрајкот со глад за ослободување на семејните членови на другарите од ЗОЌ всушност се натпреваруваат два различни светови: од една страна, светот на власт, ред, законитост, закони, судии, затвори и од друга страна, светот на револтот, светот на улиците, на пламенот, на слободата, на анархијата…

НИШТО ПОМАЛКУ ОД СЀ

ШТРАЈК СО ГЛАД ЗА ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

ПОБЕДА ЗА СИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА

Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

Ќелија на затворени членови

Грчки затвори

27.03.2015

ПС: Сила и соучесништво со сите затворени анархисти низ светот, а особено со нашите браќа Алфредо Коспито и Никола Гаи, заточени во италијанските затвори.

извор: interarma.info