Нова група на урбаната герила ја презеде одговорноста за двојното убиство на членови на Златна зора – Атина – Грција

Од грчките медиуми

Досега непозната група на урбаната герила која се нарекува Револуционерни сили на воинствениот народ, ја презеде одговорноста за убиството на двајца членови на Златна зора на 1 ноември.

Новинскиот портал zougla.gr објави дека во саботата во 16:50 примиле телефонски повик, при што јавувачот им соопштил дека во кеса за ѓубре, во коверт, се наоѓа усб стик, а кесата е оставена на стрелиштето Кесаријани, каде што денес се наоѓа споменик за повеќе од 200 Грци егзекутирани од страна на нацистичкиот окупатор.

Соопштените започнува со цитат од Хозе Бунавентура Дурути – клучна фигура во шпанското анархистичко движење во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век – кое вели дека ниту една власт не сака искрено да се бори против фашизмот.

Авторите на соопштението велат дека двајцата членови на Златна зора, 22 годишниот Манолис Капелонис (Manolis Kapelonis) и 26 годишниот Јоргос Фунтулис (Giorgos Fountoulis), се убиени во „политичка егзекуција“ како освета за убиството на раперот Павлос Фисас (Pavlos Fyssas), кој беше избоден до смрт од поддржувач на неонацистичката партија, Јоргос Рупакијас (Giorgos Roupakias).

Во соопштението убиството исто така им е посветено и на емигрантите и се вели дека убиствата се само почеток на кампањата на групата против Златна зора и нејзините членови.

„Кукавичкото убиство на Павлос Фисас беше капката крв која ја прели чашата“, пишува групата во писмото од 18 страници исполнето со изразен јазик против естаблишментот и објавено на грчкиот новински портал. Стои дека убиството на раперот е „пресвертниот момент“.

„Вооружениот напад како одговор… е почеток на народната кампања неонацистичките ѓубриња од Златна зора да се испратат онаму каде што им е местото, на ѓубриштето од историјата“.

извор: actforfree.nostate.net