RadioAzione: Солидарност и соучесништво со Алфредо и Никола

 

Денес, на 12ти ноември 2013 год., во една од сивите судници на судот во Џенова беше изречена пресудата против двајцата другари Алфредо Коспито и Никола Гаи[i].

Да потсетиме дека другарите на првото рочиште на 30ти октомври преземаа одговорност за нападот врз монструмот на атомот и генерален директор на Ansaldo Nucleare, дел од групацијата Finmeccanica, Роберто Адинолфи.

Не нè изненадува исходот од пресудата затоа што, впрочем и очигледно е, не веруваме во „правда“, иако напати на човек му доаѓа да се запраша: „како е можно, наспроти нешто што ја загрозува целата светска популација (сè уште ги трпиме последиците од Чернобил, на растојание од илјадници километри и после 20 години, иако за тоа не зборува ниту еден покорен медиум; последиците од експериментите во Муруроа (Полинезија) кои ги вршеше Франција за време на Ширак и последната катастрофа на Фукушима) како е можно некое живо суштество, зашто за жал и сите слуги на државата се живи суштества и покрај нивната природа на кучиња-чувари и инквизитори, да осуди постапка каква што е онаа на Алфредо и Никола, а која има за цел да го уништи проблемот од корен? Како е можно некој да оди дотаму против самиот себеси, прикажувајќи го како жртва крвникот кој секојдневно му го труе животот?“

Се надевам дека нема погрешно да ме сфатите поради овие прашања.

Очигледно, не можам да му влезам во главата на ниеден слуга на државата, а немам намера ни да се обидувам; но мислам дека и покрај омразата што ја споделуваме за ова вечно зло кое ја глода земјата, многумина, па и анархисти, би можеле да си ги постават.

Сосема е добро познато дека медиумите се мегафон на државата.

Нивна задача е да ја градат болната „свест“ на простиот народ кому му се доволни најновиот модел на мобилен телефон, компјутер за фејсбук и еден беден оброк на маса за да ги голтне и да ги свари купиштата информации што секојдневно протекуваат низ подлото перо на овие хиени.

Првиот суд е оној народниот, но не оној кој го предлагаа Црвените бригади.

Првата пресуда е од кроткото стадо што пасе со наведната глава и го прифаќа патот кој му го покажува пастирот (држава-црква).

Народот, кој со наведната глава ја зоба храната од „Земјата на огновите“[ii] во Кампанија, полињата близу ILVA во Таранто[iii], сè уште го паметам ENI во Маргера (Венето) и Стањо (мало место помеѓу Пиза и Ливорно), челичарниците и кожарниците, и тие во Тоскана, фирмите за азбест во Вал Да Оста, фирмите за етернит во Ломбардија и Емилија Ромања… само колку да наведам неколку од најпознатите примери.

Народот, кој секојдневно голта отров, наместо да го исповрати врз оној кој му го дава, тој им го плука в лице на сличните на него или на оној кој се обидува да му ја попречи раката на трујачот.

Тоа е Италија!

Најзагрижувачки е што и некои од анархистите велат дека постапки како онаа за која презедоа одговорност Алфредо и Никола го плашат народот…

Зарем постои народ во Италија?

Можеби се мисли на оној кој секоја недела оди во црква, кој секој ден го слуша папата на телевизија, пораките на политичарите, кој работи бесплатно, кој цел ден го минува на социјалните мрежи објавувајќи фотографии и видеа од сè што се случува по улиците со куп лица од луѓе што не ни знаат дека се снимени?

Оној ли што се задоволува со повремен државен придонес за нов декодер за дигитална телевизија, компјутер или усб модем за интернет?

Ако тоа е тој народ, слободно нека се плаши…

Има ли уште некој кој сака „да тргнеме и да се вратиме сите заедно”?

Како Алфредо и Никола, мислам дека не треба да се чека никаква револуција зашто револуциите, каде и да се случиле, успеале само да го репродуцираат истото срање од претходно, а можеби и поголемо. А и исчекувањето создава неспокојство и ја оладува душата.

Денес повеќе од кога било треба да се изрази сопствениот став и блискоста со двајцата другари чија постапка е пресвртница во анархистичката историја на Италија во последниов век.

Цел еден век се слушаа само слогани, минатата година Алфредо и Никола прејдоа на дела.

Слоганите ги извикуваа сите или барем поголемиот дел од италијанските анархисти, да видиме сега колку сакаме да се потрошиме почнувајќи од искажување солидарност и припадност (не зборувам за кратенката на неформалната FAI) за двајца браќа, за двајца луѓе… за двајца другари…

Нема да дозволиме некоја насмевка од инвалидска количка да направи да се чувствуваме немоќни пред непријателот.

Токму таа инвалидска количка покажува дека не сте толку недостижни и дека покрај „копилињата“ кои знаете „кој ги испратил“ има и осамени волци кои излегуваат гладни од шумата.

Силна и бунтовничка прегратка, топла како топлината што зрачи од Фениксот, солидарност и соучесништво со Алфредо и Никола.

RadioAzione

извор: radioazione.noblogs.org actforfree.nostate.net contrainfo.espiv.net


[i] Алфредо и Никола во првостепената пресуда, донесена по кратка постапка, на 12 ноември беа осудени на 10 години и 8 месеци, односно 9 години и 4 месеци, заради атентат во терористички цели. (заб. на прев.)

[ii]  La Terra dei Fuochi е област во Јужна Италија, Неапол и Казерта, каде Камората фрла отпад (и токсичен). Ги палат куповите и чадот испушта во воздухот и во почвата отровни супстанции, меѓу кои и диоксин. (заб. на прев.)

[iii]  ILVA, акционерско друштво од групацијата Riva што се занимава главно со производство и обработка на челик. (заб. на прев.)