Тета Маре

Тета Маре запалила трафостаница на ЕВН затоа што ѝ ја исклучиле струјата. Тета Маре запалила бандера на ЕВН. А по неуспешниот обид да го потпали и велешкиот суд, сега успеа да го гомноса. Скромна утеха. Медиумите објавија дека Маре се надминала себеси со тој чин… Не, Маре замавна со единственото оружје кое ѝ го оставиле, сопствените говна. Зашто наместо да продолжи да се дави во нив, таа ги плесна во лице на кучињата чувари на овој режим, на оние кои секојдневно нѐ тераат да ги јадеме истите тие говна. Тета Маре не се надмина себеси, туку одново ја покажа „нерелевантноста на активистите и нивниот политички циркус“ – сите оние ’амановци’ и љубители на трговски центри. Чинот на тета Маре е „вистински, реален, човечен, а не осакатен од посредување, од претставнички лешинари и политика.“ ’Амановците’ по еднаш на секое собирање да плукаа по зградата на ЕВН, ќе ја поплавеа и можеби ќе удавеа некоја од бубашвабите што работат во неа. А само замислувам како ќе беше ако на секое доаѓање се испосеруваа по ЕВН.

Судијата вели тета Маре го сторила тоа од освета. Е да, посакувавте и мислевте дека тоа е завршено поглавје од една мината приказна; како со повеќето наведнати глави на кои ќе им опнете една казна и тие цвилејќи ќе побегнат во своите глувчешки дупки. Но тета Маре се врати. Ѓаволот се врати по своето, а вие сркнавте од она што сте го здробиле. Почнете да се навикнувате на тоа, души смрдени! Тета Маре одамна одлучила да не биде обичен набљудувач  во говнарскиот живот и да не ги прикрива своите намери. Замавнала со единственото оружје што ѝ го оставиле, сопствените говна – единствениот вреден одговор во лице на мизеријата што ни ја наметнуваат – говна по власта.

Тета Маре не се покорува и продолжува да се конфронтира затоа што во себе го носи духот на бунтот, анархичниот дух на вистински нихилист-индивидуалист – и понатаму стремејќи се кон судир наместо да ја свитка опашката и да се врати на ’вистинскиот’ пат.

Судот ќе барал психијатриско вештачење на тета Маре. Да,  човек мора е луд за да го говноса судот.  Се знае за кого се говната во овој систем, секако не за судиите…

Тета Маре – одново! – докажа дека нападот, говносувањето не само што е можно туку е и нужно. Без оглед дали како облик на поетски тероризам во стилот на Хаким Беј (говносувањето на велешкиот суд) или само како чиста поезија (палењето на трафостаницата). Треба да создаваме практика на напад, на посерување во лице на сите облици на експлоатација. Секој таков чин фрла песок во машинеријата на авторитарната доминација. Можеби ги исчистиле говната од велешкиот суд, ама реата останала.

Луѓето сакаат да се жалат и цмиздрат за лошиот живот, за злото кое нѐ снаоѓа во ова општество, а сепак во суштина се задоволуваат како пасивни набљудувачи – сркајќи ги кукавички говната што им се сервираат.

Моментот е на тета Маре и никој не може да ѝ го земе.

Говна за судот!

ОДВАЖЕТЕ СЕ!