Анархија – граѓанска или субверзивна?

Збирка текстови против граѓанскиот анархизам

Книжулето е збир на текстови кои укажуваат на ништожноста и импотентноста на позициите и (не)делувањето на дел од анархистичкото милје, соодветно означено со терминот „граѓански анархизам“. Дел од причината зошто овде укажуваме на него е затоа што сме запрепрастени од ноторното незнаење на дел од овдешните анархисти (духот на послушност и припитоменост е посебна приказна), од непостоењето безмалку ниту обид за некоја посериозна анализа, лепејќи се и закоравувајќи се како мрсули за наметнатите категории како „работничка класа“ или „активизам“ или „права“ (човекови, работнички…), свесно (!) избирајќи да се борат за ’помалото зло‘ и наивно (?) ставајќи се под капата на туѓи агенди, вклучувајќи ја и онаа на авторитарната левица.

Мал дел од текстовите од оваа збирка можете да ги најдете на македонски овде и овде.

Заговор на еднаквите

Од Dark Matter и 325 associates

Ви здодеа оној тип на анархизам кој се чини дека постои само како здодевна рутина од бескрајни состаноци и бесполезни бенефит концерти полни со самобендисани дркаџии? Преку такво ви е од мамини синчиња од добростоечки семејства кои глумат пролетери? Заситени сте од тоа некој да ви држи предавања што е „класна борба“, а што не е?

Е па, и ние сме и затоа го составивме ова книжуле.

ОТАДЕ ’ДВИЖЕЊЕТО‘ – АНАРХИЈА!

Изданието е посветено на Алфредо Коспито, Никала Гаи, Олга Економиду и сеќавањето на Ренцо Новаторе, прекрасни бунтовници…

преземи ПДФ

извор

Од уводот

[…] други анархоинсурекционисти во Велика Британија ја продлабочија критика на срањето кое го нарековме ’граѓански анархизам‘, кој како сите добри граѓани продолжува да го следи патот на послушност кон државата и реакционерните обичаи на општеството.

Работницистите[1] се само обични привезоци на крајната левица, во голема мера невидливи за пошироката популација, чија функција е младите луѓе (главно од панк сцената и левичарските групи) кои се заинтересирани за антидржавна револуционерна перспектива, да ги завлечат во слепата улица на теоретски догматизам и животен стил на нешто налик на „нормален работник“ (кафич, ТВ, пиво), истовремено работејќи на „организирање на работничката класа“ преку делење на здодевни билтени со информации за синдикални активности и економски статистики или присуствување на собири на станари или делување како синдикален претставник и слично […] Оттаму фактот дека лидерите на граѓанскиот анархизам дадоа сѐ од себе да се погрижат ниту една од општествено револуционерните теории и практики кои се развиваа, особено во Шпанија и Грција, да не допрат до ушите на нивното членство […] Веднаш на ум доаѓаат случаи како оној со „другарот слободарски комунист“ кој истражуваше контрола на толпата за британската полиција и во чија одбрана застанаа британските анархо-работницисти.[2] Или „анархокомунистичката револуционерна организација“ која застана рамо до рамо со својата сестринска група од источна Европа заедно со нацистите против еден антифашистички затвореник.[3] Или „осудите“ на револуционерните напади на даночници, банкари и големци од нуклеарната индустрија.[4]

Всушност, суштината на она што го означувам како „граѓански анархизам“ е она што би можело да се нарече хоризонтален граѓанизам кој го зборува јазикот на демократијата (права, закони, општествена инклузија, консензус, протести). Граѓанското општество се невладините организации на демократијата и клучен дел од спектаклот на сувереноста на народот. Настрана од одржувањето на демократскиот привид за дијалог и дозволена непослушност, граѓанското општество исто така е и скротувачки медијатор и вешто врши услуги за државата и бизнисот, ублажувајќи дел од нивните ексцеси за да овозможат понепречено функционирање на системот. Многу „анархистички“ (или подобро кажано слободарски) активисти работат за невладини организации, синдикати и паразитското дувло на академската заедница. […]

Уживање е да се предизвикуваат кротителите на анархијата. Кој ги ебе и нив и нивната глупава игра. […]

Darko Matthers, DMP

 


[1] работницизам (од workerism) – термин кој се користи за означување разни анархистички и марксистички тенденции во кои средишно место зазема работничката класа. (заб. на ЗнЕ.)

[2] За повеќе информации за таканаречената ‘Aufhebengate‘ афера и libcom џандарите посетете ја: dialectical-delinquents.com/?page_id=9

[3] Погледнете ја изјавата на Anarchist Solidarity (indymedia.org.uk/en/2011/06/481277.html) за кукавичката политикантска игра на Анархистичката федерација на Велика Британија  и нивната сестринска организација од Бугарија (се работи за ФАБ; заб. на ЗнЕ) со која заедно членуваат во организацијата која постои само на хартија – The International of Anarchist Federations – и кои се другарчиња со неонацисти и кои го презираат анархистот Џок Палфримен кој е затворен во таа земја затоа што скинал едно од нивните другарчиња. А ако ви држи газот, погледнете ја реакцијата на големците од АФ-ВБ на изјавата на Anarchist Solidaritу на libcom.org (libcom.org/forums/anarchist-federation/maybe-af-shouldreply-27062011; кога се обидовме да пристапиме на страницата на 10.12.2013, не беше достапна – заб. на ЗнЕ.) – неискрено јадење гомна, достојно за платен политичар, за да си го спасат својот г’с .

[4] Погледнете ја изјавата на АФ (libcom.org/library/anarchist-federationstatement-kneecapping-nuclear-executive-informal-anarchistfederation). Споредете го тоа со коминикето на FAI-IRF  за застрелувањето на извршниот директор на нуклеарната компанија (325.nostate.net/?p=5278) или изјавите за преземање на одговорноста од страна на другарите Алфредо Коспито и Никола Гаи дадени на нивното судење (побарајте ги на сајтот на ЗнЕ).