RadioAzione: Неколку точки кои би требало да се разјаснат

abaco

Точка 1

Со сета должна почит кон другарот Илија Романов, тешко ранет при експлозија на бомба која ја носел со себе (најверојатно за да ја активира во канцелариите за регрутација на полицајци во Русија), ги повикувам руските другари да ја разјаснат ситуацијата.

Од неколку извори се дознава дека Илија бил дел од групите на комунистичката младина. Оттаму, бидејќи „целиот свет не е едно глобално село“, се очекува одговор од другарите кој би го разјаснил тоа.

Ако се испостави дека изворите се вистинити, тоа би значело плукање во лице на Кронштат и неговите жртви, нарекувајќи „другар“ личност која меѓу своите разни цели ја вбројува и обединетата борба со болшевиците.

Следуваат извори од кои произлегува погоре наведеното:

http://northstarcompass.org/nsc0512/petrels.htm

http://sovietrussianow.blogspot.it/2013/06/for-socialist-future-of-country_28.html#.UqWtktLuI2R

http://www.left.ru/inter/march/nra.html

http://en.wikipedia.org/wiki/Komsomol

Точка 2

Во повеќе наврати се отвораше темата за сајтовите и блоговите кои, не водејќи сметка, објавуваат сѐ и сешто, често наликувајќи на сајтовите на официјалниот печат.

Овојпат се работи за два написи објавени на два извори на анархистички контраинформации (сајт и блог), чиешто читање едноставно збунува и зачудува:

А) Изјавата за преземање одговорност за една акција во која се бара азил за Едвард Сноуден…

Едвард Сноуден???

http://325.nostate.net/?p=9285

Мислам дека не е потребно да се изучува историјата на ЦИА или неодамнешните меѓународни настани околу прислушувањето меѓу светските влади за да сфатиме дека истиот тој Едвард Сноуден е поранешен вработен на ЦИА.

За анархистот е доволна оваа реченица погоре која сѐ објаснува. Останува само прашањето зошто се објавуваат такви работи…

Б) „10 причини зошто да се поддржат демонстрантите во Украина“

http://fromrussiawithlove.noblogs.org/?p=2158

Овде се отвораат две прашања: или јас не разбирам ништо за анархизмот или некои луѓе никогаш не сфатиле ни гол стап.

Да се поддржат луѓе кои се судруваат на улиците затоа што сакаат да влезат во ЕУ??? А причините би биле затоа што палат плоштади, ја одбиваат Руската федерација, затоа што се организирале во групи на самоодбрана? Заборавивте да неведете дека меѓу демонстрантите можел да се најде и по некој анималист, вегетаријанец или веган, но дека пред сѐ го срушиле кипот на Ленин. Под петта причина, „другарите“ велат дека оној кој нема да го поддржи народот во демонстрациите во иднина нема да може да се жали на тоа што истиот тој народ нема да ги слуша неговите зборови…

На крај: кога се одлучуваме на контраинформирање ги почитуваме луѓето кои ги следат нашите сајтови и блогови, не објавуваме апсурдни и погрешни работи. Оној кој верува дека комунистите се другари, го потсетувам да прочита малку историја за Шпанија од 1936 и за Кронштатскиот масакр.

Неподносливиот RadioAzione