Преземање одговорност за нападот врз правната фирма „Сијуфас и соработниците“ (Извршител) – Атина

Се наоѓаме во конјуктура во која државата и газдите покренаа апсолутен напад врз сиромашните и угнетените. Осиромашувајќи ги нашите животи и осудувајќи нѐ на беда, власта настојува да го контролира секој аспект од нашиот секојдневен живот. На сопствена кожа го чувствуваме распадот на јавното здравство и образованието, отпуштањата и намалувањето на платите, ограбувачките даночни напради и милитаризацијата на репресијата. На овој лизгав терен се придодава и доведено е во прашање и наводното „свето“ капиталистичко право на сопственост на домот. Но кога капиталистите зборуваат за имот тоа се однесува на сопственоста над средствата за производство кои – според нив – мораат да се наоѓаат во рацете на неколкумина. Тоа е она на што мислат кога нечиј дом го нарекуваат инвестиција.

Важна алка во овој процес на концентрација на „станбените инвестции“ во рацете на неколкумина се и агенциите за наплата на долгови – и гајле ни е дали се легални или нелегални. Овие компании изнудуваат и ги тероризираат луѓето, издаваат налози за плаќање со што ги присилуваат должниците своите домови да ги ставаат под хипотека. После тоа следат аукции. Најголемата таква компанија припаѓа на семејството на Димитрис Сијуфас, поранешен министер и поранешен претседател на грчкиот парламент. И навистина, како е можно политичкиот кадар на оваа земја да изостане од овој вносен, паразитиски бизнис?

Во попладневните часови, во вторник 10 декември 2013, го нападнавме седиштето на погоре споменатата фирма, која се наоаѓа на улица 25 март бр. 7, во округот Таврос (Атина). Покрај очигледниот политички симболизам, нашиот напад е достоинствен чин, чин на општествена и класна солидарност; акт на отпор, од страна на сите нас кои секојдневно го трпиме насилството на газдите; акција која е дел од нашата севкупна борба против државата и капиталот.

Не ги забораваме илјадниците човечки суштества кои се килават под товарот на етатистичкото и капиталистичко варварство и кои се доведени до раб на самоубиство. Не простуваме никому од оние кои допринеле за таквиот исход.

Ги креваме нашите тупаници во знак на другарство со оние кои продолжуваат да се борат за социјална револуција внатре и надвор затворските ќелии на „демократијата“.

Анархисти и анархистки

ПС1: Нашиот политички избор беше да не влегуваме во судир со вработените во фирмата. Ја разбираме состојбата на принуда која можеби ги натерала на таков вид работа, но не можеме да останеме слепи пред фактот дека преземале специфична улога во нападот насочен против нашата класа. Тие заслужуваат презир и изолација.

ПС2: За нас, куќите им припаѓаат на оние кои во нив живеат и ги задоволуваат основните потребни без сопственост во ниту една смисла. Да бидеме јасни, сѐ што нѐ интересира е спас на домовите на малопоседниците.

извор