Contra Info – контраинформациска мрежа

Contrainfo.espiv.net е резултат на напорите да се создаде преведувачки колектив во поширокото анархистичко/антиавторитарно/слободарско движење, како и жив доказ дека постоењето на таков колектив е неопходно. Тоа е отворен и самоорганизиран проект чија цел е дистрибуција на контраинформации, вмрежување на грчкото антиавторитарно движење со она во странство и ширење на анархистичкиот дискурс во целото општество. Оттаму, акцентот го ставаме на комуникацијата без посредување како средство во рацете на движењето, како предуслов за слободно општество, како средство и цел. Истовремено, овој проект ги надополнува и поддржува независните контраинформациски мрежи и сличните потфати во странство.

Потребата од ваква иницијатива денес е јасна. Власта го интензивира и модернизира механизмот на масновната пропаганда. Таа се обидува стварното да го претвори во виртуелно, видливиот свет во измислен; оваа вештачка претстава да ја преточи во свеста на луѓето за постепено да ги отстрани нивните критички способности и да ги претвори во слабоволни, послушни субјекти. Крајната цел на власта е колективна хипноза, изолација и индивидуализација, апсолутна манипулација со нашата свест. Средствата кои ги користи се истите оние кои се користат во сите валкани работи – обликување на свеста со намерни и смислени лаги, неточност и извртување на фактите, вестите и информациите. Носители на овој идеолошки тероризам се изопачените масовни медиуми на зашеметување и дезинформирање. Презирот кон масовните медиуми, свесно или несвесно, делумно или во целост, е уште еден показател на светот кој се распаѓа заедно со своите лаги. Меѓутоа, „убавите“ лаги нужно не се распаѓаат на подеднакво убав начин. Реата која се шири со распаѓањето на стариот свет, секој ден сѐ посилно се чувствува. Ајде да го забрзаме тој процес со борба против старото, додека се подготвуваме и доживуваме новото. Со предлози и експериментирање, анализи и синтези, но исто така и со импровизација.

Против декадентната и нечовечна доминантна идеологија, предлагаме соработка, солидарност и самоорганизирање. Настојуваме да го разоткриеме митот за објективноста и непристрасноста на таканаречените „информации“ кои ги пласираат масовните медиуми, како и таканаречената „слобода на изразување“. Сакаме преку директен превод и ширење на вестите, ставовите и разновидноста на контраинформациите и знаењето кое доаѓа од движењето, да бидеме информирани за тоа што навистина се случува во светот и во нашите средини, нашето соседство; да се спротивставиме на политичкиот израз на капитализмот – тоталитарната демократија. На насилството на идеолошкиот тероризам го спротивставуваме контранасилството на контраинформациите. Нашето знаење го претвораме во практика корист на најубавата и најветувачката борба во историјата на човештвото – борбата за индивидуално и општествено ослободување.

sh-contrainfo.espiv.net