Синкопа

Синкопа е нагло намалување на дотокот на крв и мозочна активност, предизвикувајќи ненадејно и привремено губење на свеста. Последиците можат да бидат безначајни и ограничени на моментална конфузија, но понекогаш можат да бидат и посериозни. Во некои случаи, доколку прекинот на дотокот на крв во човечкиот организам се продожи преку одредени граници, настанува смрт. Од сите видови, „недифинираната синкопа“ – онаа без препознатливи, логични причини – се смета за најопасна, бидејќи не им дозволува на болничарите, техничарите на телото, да интервенираат.

И функционирањето на општествените организми зависи од збирот на разни протоци. Протоци на добра, луѓе, податоци, енергија. Овие протоци можат да бидат прекинати од најразлични причини. На пример, некој технички инцидент. Или кражба на материјали. Можеби саботажа. Коа тоа ќе се случи, последиците често се безначајни. Функционирањето претрпува кратка пауза, предизвикувајќи мали непријатности, лошо расположение, пречки. А потоа сѐ се враќа во нормала. Но што се случува кога прекинот на протоците ќе продолжи преку одредени граници? Што ако тие прекини се размножат и испреплетат? Добрата и луѓето протекуваат и се движат преку улиците, улиците од катран и челик. Податоците и енергијата протекуваат и се движат преку кабли, кабли од бакар и пластика. Последниве години на немири – инфицирани од потребата за популарност, од амбицијата да бидат препознаени – во главите на многу, на премногу луѓе, се всади идејата дека минималниот услов за „блокада“ е масовното учество. Човек може да блокира само ако е со многумина (оттаму, човек треба да е многумина; оттаму човек треба да убеди многумина; оттаму…). Но тоа не е точно. Тоа е само една од многуте хипотези.

За да се блокира улица,  човек не треба да собере стотици луѓе. На пример, пред неколку години, еден обичен летен пожар во близина на голема клучна делница предизвика застој во една метропола (тоа, повеќе или помалку, се случи истовремено кога во истата таа метропола, неколку дузини другари со часови протестираа на еден плоштад против една судска пресуда).

Прекин на железничка пруга е уште поизводлив. Тоа се случува сѐ повеќе и повеќе, низ цела Европа, без оглед дали се работи за инциденти или смислени акции. Но тоа е неизбежно. Со сите разводни кутии, железнички скретници, семафори, сите оние кабли во близина на пругите, оставени на милост и немилост на негрижата и бесот, можноста нешто да се случи станува речиси сигурна.

А каблите? Зарем не се испреплетени низ целата територија, распослани во илјадници правци, понекогаш и неочекувано? Зарем не ги наоѓаш секогаш и насекаде, веднаш до тебе, над твојата глава и под твоите нозе? И тука исто така ги гледаме сите тие разводни кутии, контролни табли, антени, шахти итн., кои ја овозможуваат секојдневната употреба на секаков вид машинерија. Овозможувајќи ја секојдневната рутина. Овозможувајќи го секојдневниот живот. Дури и на она што е синоним за виртуелна стварност, интернетот, потребни му се кабли за да функционира. Кабли во морињата, дури и во океаните, но кабли кои на крајот излегуваат на отворено на плажите. Исто како JONAH, кабелот кој ги поврзува домовите, индустриите и институциите (политички, економски и воени) на Израел со Европа. И чија „станица на пристигнување“ е тука во Италија, во Бари.

Се разбира, тоа е само мечтаење. Човек не треба да ја потценува индивидуалната имагинација која се става себеси во служба на колективните желби. Тоа би можело да предизвика прекин и човек да добие слобода која не е одобрена од владејачкото законодавно тело. Секако. Без никакво сомнение. Очигледно е. Се извинуваме. Тука ќе престанеме.

декември 2013

Финимондо