Политичката изјава на анархистот Спирос Мандилас во специјалниот суд на затворот Коридалос, Aтина

 

Најпрво сакам да кажам дека ги поддржувам и стојам рамо до рамо со мојот другар Андреас Чавдаридис и моите десет другари и пријатели од Заговор на Огнените ќелии.
Што се однесува до околностите на ова судење, би сакал да коментирам околу две нешта:

– Фактот дека судењето, политичко судење, се одвива во специјална судница внатре затворот Коридалос.
– Фактот дека нашите другари, ако сакаат да присуствуваат на судењето, ќе мораат на властите да им го откријат својот идентитет.

Што се однесува до мојот случај, она што имам да го кажам е дека бев таргетиран и уапсен во контекст на една атмосфера на страв, наметнат од Државата врз анархистите, и особено врз оние од струјата од која и самиот сум дел, струјата на Нова Анархија.
Тоа што ќе биде потцртано на ова судење е фактот дека без ниту еден солиден доказ ме обвинуваа за учество во терористичка организација поради јавните собири што ги организирав како член на анархистичкиот сквот Надир во Солун.
Ќе биде докажано дека демократијата не само што не ги смета „надземните“ проекти како помала закана во споредба со директните акции, туку и нив ги криминализира и гони, затоа што „надземните“ проекти имаат многу важен придонес во непрекинатото анархистичко востание.

Покрај тоа, ова не е првпат. Би рекол дека ова има тенденција да стане меѓународна практика. Репресивната кампања околу „Проектот Феникс“ носи многу сличности со операцијата „Сенка“ во Италија од пред две години, кога некои од другарите кои водеа веб сајтови и фанзини беа прогонувани во контекст на тие проекти.
Што се однесува до мојот став во врска со урбаната герила и Заговор на Огнените ќелии, тој е следниов: анархистичкото востание се води со секое можно средство, без разлика дали е тоа книга, бомба или политичко убиство. Можеби не сум дел од ЗОЌ или од Неформалната анархистичка федерација, но тоа не значи дека не се согласувам со нивните акции. Не ме интересираат афоризмите за вооружената борба и фетишизмот на ненасилството.

Значи моето апсење има за цел да ги изолира вооружените групи од јавното сознание и да го уништи мостот меѓу надземните и подземните сили на континуираното анархистичко востание.

И последно. Сакам да кажам дека нема да доведам никакви роднини и пријатели како сведоци на одбраната, да зборуваат колку добар човек сум итн. Со оглед дека сум политички прогонуван, единствената одбрана која ја прифаќам е промовирањето на моите политички акции од мене лично.

Спирос Мандилас
4 јуни 2014

извор: interarma.info