Текст од другарката Моника Кабалеро – затворот Авила, Шпанија

85g57o1_400

Моника Кабалеро, родена во Чиле, заедно со Франсиско Солар и уште тројца други во ноември 2013 беа уапсени во нивниот стан во Барселона, под обвинение дека поставиле експлозивна направа во црквата Basilica del Pilar de Saragozza – акција за која преку писмо одговорност презема инсурекционистичката ќелија „Матео Морал“. Гласната експлозија во црквата заврши без голема материјална штета и без повредени. Останатите тројца приведени по неколку дена беа ослободени од обвиненијата, додека Моника и Франсиско беа задржани во притвор и против нив се поведе процес под повеќе обвиненија, главно поврзани со тероризам. Во јули 2014 двајцата другари беа прогласени за виновни за припадност во терористичка организација (судот се повикуваше на FAI-IRF) и за напад со експлозивни направи. Моника е затворена во затворот во Авила под т.н. FIES режим, односно режим со висока безбедност и висок надѕор, во кој затворениците се држат изолирани од надворешниот свет и од другите затвореници и многу „привилегии“ им се негирани. Шпанската држава го воведе FIES режимот главно за политички затвореници, на сличен начин на кој владата на Грција е во процедура да изгради специјални затвори за „опасни“ и неподобни затвореници.

Пред да пристигне во Шпанија, Моника помина и низ чилеанските затвори, исто така поради напади со екплозиви.

Солидарност со Моника и Франсиско!

ЗнЕ

Државата го нарекува сопственото насилство закон, а индивидуалното – криминал. Кршење на законот се нарекува насилството на поединецот; и само со криминал тој може да се спротивстави на насилството на Државата, кога не мисли дека Државата е над него, туку дека тој е над неа. – Макс Штирнер

Деновиве, речиси 10 месеци од кога сум затворена во затворите на шпанската држава, почувствував потреба да ви ги испратам овие зборови вам, драги другари и другарки, кои се борите за уништување на секоја власт и за целосен развој на секоја индивидуа.

Денес анархизмот е една од најголемите закани по безбедноста за многу западни (и некои источни) држави; во овој лов на вештерки против неформалните антиавторитарни групи сè е дозволено, таа репресивна хистерија е неизбежна во потрагата по тотално ослободување, стара е колку и анархистичките идеи. Затоа, пократок или подолг престој во некој од овие мртви споменици на човечко истребување ги чека сите оние кои се обидуваат да се спротивстават или макар да го стават под прашање владејачкиот поредок. За мене, престојот во кафез не е ништо ново. Кога некој ќе одлучи да се бори против поредокот, казната е една од последиците; оваа позиција оди многу подалеку од демократската идеја за виновен/невин, која не постои за оној кој сака да го уништи овој свет основан на закони во кои не верувам. Не признавам ниту еден судија, нивните закони ме направија робинка, нивната правда ме направи затвореник.

Помеѓу ѕидовите на затворите, целото ѓубре на општеството се покажува во полна светлина. Овде внатре, индивидуата е скршена во своето најдлабоко битие; уцените и манипулациите од страна на пипците на Моќта се претставуваат како политика за социјална реинтеграција. Во лицето на оваа политика, доследноста е моја најголема победа – тоа што се држам недопирлива и достоинствена во секојдневната борба.

Во овој политичко-судско-полициски процес, каде почетно обвиненија беа покрена против група другари и другарки и најпосле се сконцентрираа против мене и мојот сакан другар, апаратите на Моќта употребуваат најразлични трикови, некои на бесмислени нивоа. Но, оние кои се задоени од овој систем и кои се обидуваат да го одржат во живот никогаш нема да ги разберат нашите форми. Форми кои ја раскинуваат хиерархијата, кои не примаат наредби од никого, кои растат и се множат како пиреј во нивните тивки и стерилни градини. Анархистичките идеи во целост се развиени врз комплексноста на интегритетот на поединецот; таквите поединци слободно поврзани со други поединци ќе стават крај на ова труло општество.

Формите и начините преку кои поединците се конфронтираат со доминацијата се безбројни и неограничени; ништо не е подобро од другото, само се различни. Ниту еден анархист кој се смета себеси за таков не може да му наметнува на друг што да прави, а уште помалку да дозволи некој друг да му наметнува нему.

На патот кон анархистичко уништување не поседуваме (ниту сакаме) никакво упатство или маршрута; патот го градиме ден за ден со нашите другари и другарки по афинитет. За оние кои веруваат дека ние антиавторитарците ги следиме постулатите на некој „докажан“ теоретичар, ќе им кажам дека ништо не разбрале.

Имало (и сè уште има) голем број ценети другари и другарки кои дале голем придонес на борбата против власта низ историјата; тоа не значи дека негуваме култ кон било кого.

Драги другари и другарки, би сакала да споделам зборови со вас почесто, но со оглед на ограничувањата во кои се наоѓам, не сум сигурна дали ќе можам повторно да комуницирам на овој начин.

Нашето судење би требало да започне за неколку месеци; кога ќе дојде тој миг, ќе се обидам да бидам дорасната на ситуацијата и ниту еднаш да не ја наведнам главата.

Им праќам братска прегратка на сите кои ни изразија солидарност; секој гест на солидарност ги осветлува сенките во овие студени ѕидини.

До субверзивните политички затвореници во затворите во државата Чиле: секогаш сте во моите мисли. Иако сум далеку, со вас сум. А до вас, слободно избрани браќа и сестри: наскоро повторно ќе размениме погледи.

Раширени раце за другарите, затворена тупаница за непријателот!

Смрт на Државата и да живее анархијата!

Моника Кабалеро Сепулведа
Анархистички политички затвореник
Затвор Авила, септември 2014
Територија под доминација на Шпанската држава.