Меѓународен повик за револуционерна солидарност со анархистот Никос Романос кој штрајкува со глад од 10.11.2014. – Грција

fantazya 20poster

via: act for freedom now
текстот од постерот:

Солидарност со Никос Романос

„Користејќи го моето тело како барикада, упатувам политичка уцена за да стекнам здив на слобода од задушувачките затворски услови. Од понеделник, 11 ноември 2014 год., започнувам штрајк со глад, без отстапувања, со анархија засекогаш во моето срце.“ Никос Романос

Разгоруваме заедничка борба која не познава ниту граници ниту ѕидови, дури ниту затворски ѕидови.

Додека не ги срушиме нивните затвори, непрекината борба за слобода и анархија.
Солидарност со Никос Романос!
Да ги запалиме затворите!
act for freedom now

слободата ќе процвета од пепелот на затворите

Затворениот анархист Никос Романос започна штрајк со глад од понеделник 10 ноевмри, барајќи го своето право на образовни отпусти од затвор. Од 17.11, другарот Јанис Михаилидис е исто така во штрајк со глад како солидарност со својот другар.

Нивната борба е и наша, што и да одлучат ние ги поддржуваме, како што го правевме тоа од самиот почеток. Од самиот момент на апсење, другарите ја покажаа својата анархистичка индивидуалност со страст и достоинство за време на мачното искуство во ѓубриштето на државата. За нас, од act for freedom now, секој преведен збор, пасус и страница го изразуваат нашиот бес и желба силно и огнено да ги прегрнеме другарите кои се наоѓаат заробени во пеколните дупки на државата.

Оддалеченоста е безначајна кога зборуваме за солидарност. Затоа, од денес, повикуваме на меѓународна солидарност со Никос.
Ниту еден другар нема да оставиме сам во рацете на државата.

СОЛИДАРНОСТА Е НАШЕ ОРУЖЈЕ

*Таа ноќ упорно гледавме во хоризонтот и видовме многу паѓачки ѕвезди како ги исцртуваат сопствените хаотични патишта. И ги броевме одново и одново, замислувавме желби, пресметувавме шансите. Знаеме дека нашата желба за слободен живот мора да се издигне над сѐ што не задушува, убива, уништува, и затоа се нурнавме во празнината како паѓачките ѕвезди кои ги гледавме. Бидејќи паднаа безброј ѕвезди, можеби е време да падне и нашата ѕвезда, којзнае? Ако имавме спремен одговор на ќе станевме она што сме, туку себични копилиња кои би го учеле народот како да станат глодари и меѓусебно да се јадат, како што денес го прават тоа. Сепак, ние и понатаму остануваме непоколебливи и тврдоглави, како луѓето од наш тип. А оние меѓу нас кои ги затвориле очите во болка и отпатувале далеку, продолжуваат и понатаму да зјапаат во она вечерно небо кое и ние го гледавме. И нѐ гледаат како паѓаме, прекрасни и сјајни ѕвезди. Сега нам ни е редот. Сега, без двоумење, ние паѓаме.

Од понеделник, 10 ноевмри 2014 год., започнувам штрајк со глад, без отстапување, со анархија во моето срце.
Одговорна за секој ден штрајк со глас и за сѐ што ќе се случи отсега па натаму е затворската управа, имено јавниот обвинител Николаос Пименидис, директорот Каралабија Котсомикали, како и сите социјални работници.

СОЛИДАРНОСТА ЗНАЧИ НАПАД

П.С.
До сите салонски „борци“, професионални хуманисти, „емотивни“ интелектуалци и духовни ликови: откачете се предвреме.

Анархистите од Act for freedom now!