Бунтови и нереди – огнена солидарност со Никос Романос

Car-on-fire-2

Масовни нереди, востанички напади, собири и маршеви низ цела Грција и во други точки на планетата деновиве се јавија како одговор на интернационалниот повик за солидарност со анархистичкиот затвореник Никос Романос. Никос веќе 24-ти ден по ред штрајкува со глад поради тоа што затворската управа и обвинителството не му дозволуваат да го напушта затворот со цел да посетува универзитетска настава на техничкиот факултет во Атина, на кој беше примен есенва. Неговата борба ги размрда субверзивните кругови и кулминираше вчера, кога масовни демонстрации се одржаа во Атина во толкави размери, што дури и платеничките мејнстрим медиуми (вклучувајќи ги и локалниве) наголемо известуваа за настаните. Непријателскиот печат известува за бројки што се движат од неколку до десет илјади демонстранти, кои вчера се собраа пред окупираниот Политехнички факултет во Атина и остро се судрија со џандарските свињи. Запалени возила, уништени улици, барикади во пламен и непознат број на уапсени е она што ги карактеризираше вчерашните масовни демонстрации во солидарност со Никос Романос и неговите тројца другари, кои се придружија на штрајкот со глад. Собири и демонстрации истата вечер беа организирани и во Солун, Патра, Јанина и на Крит.

Еден ден пред вчерашните нереди, на 01 декември, двајца од другарите кои заедно со Никос го извршија двојниот грабеж во Кожани, за кој сега лежат затвор, Андреас Димитрис Бурзукос и Димитрис Политис, отпочнаа штрајк со глад во солидарност со својот другар и соборец. Претходно, на 17 ноември штрајк со глад отпочна и Јанис Михаилидис, осуден за истиот случај. Во нивното писмо, со кое најавуваат дека ќе штрајкуваат со глад во солидарност со Никос сè додека неговите барања не бидат исполнети, другарите го откриваат и следново:

На 24 ноември Никос беше префлен во болницата „Јоргос Гениматас“ под заповед на јавниот обвинител. Неговиот трансфер беше придружен со документ во кој обвинителот тенденциозно изјавува дека одговорноста за животот на Никос сега лежи во рацете на докторите од болницата, на тој начин молкум одобрувајќи му ги сите средства на болничкиот персонал, вклучително и присилно хранење. Но без разлика на тоа, сакале тие или не, одговорноста за животот и здравјето на Никос лежи во Министерството за правда, во Николопулос и во затворската управа.

Истиот ден, 01 декември, со цел „да стане уште едно жарипте на солидарност и учество во борбата на анархистичкиот затвореник на штрајк со глад Никос Романос, како и на неговите другари кои штрајкуваат со глад во солидарност со него “ беше окупиран Атинскиот Политехнички факултет, познато жариште на бунтот и на отпорот уште од времето на власта на воената хунта во Грција. Окупирањето на факултетот е тесно врзано со организацијата на вчерашните масовни демонстрации, во текот на кои најострите судири и улични огнени блокади се случија токму пред неговите порти. Во изјавата по повод окупирањето, меѓу другото, се вели:

Окупацијата на Атинскиот Политехнички факултет има за цел да создаде на ослободената почва на факултетот масовен милитантен борбен центар, паралелно со секоја друга борбена точка која ќе се појави во прилог на задоволување на барањата на Н. Романос, но и со цел целосно социјално ослободување.“

Во нивната втора изјава, пленумот на окупираниот Политехнички факултет изјавува дека: „За нас, окупираната територија на Атинскиот Политехнички факултет не е цел сама по себе. Напротив, таа е само уште едно делче од мозаикот на достоинство и отпор против сите оние кои сакаат да го претворат светот во гробница. Таа е парче од мозаикот на отпорот против модерниот тоталитаризам кои ја шири својата моќ, голтајќи ги нашите животи…

polytexneio

Изминативе неколку недели беа стравотни и тензични за гадовите од власта и полицијата во Грција, не само поради бројните собири, окупирања и демонстрации во повеќе градови, туку и поради постојаната тензија на речиси секојдневните напади врз капиталот и државните институции во солидарност со Никос и другите затвореници. Вреди да се направи преглед и сите тие бунтовни воздишки да бидат спомнати и запаметени, како вресоци на револт и непокор, не само против заложничката состојба на Никос, туку против одвратноста на сите затвори – логори за истребување и за тотално ослободување од секаква власт.

Fire-Hands-Screensaver_1

Акции ширум Грција (пренесени од контраинформациските портали 325, Act for freedom, Inter Arma и Radioazione) посветени на Никос Романос и неговите другари Јанис, Андреас и Димитрис, хронолошки:

На 13 ноември, самонаречената Група за пролетерски напад постави моќна запаллива направа во даночната управа во Галатси, Атина. Поради непредвидени пречки, запалливиот механизам се активирал надвор од зградата.

Во мугрите на 17 ноември, група која се именува како „Н-тип пиромани“ запалила возило на агенција за обезбедување во Метаморфози, Атина.

На 19 ноември, локалната канцеларија на владејачката партија „Нова Демократија“ во областа Амбелокипи, Атина, била нападната од поголема група гласни демонстранти.

На 23 ноември, екипа анархисти во Солун поставила домашна експлозивна направа во домот на Димитрис Падиотис, претседател на синдикатот на солунската полиција. Оваа акција, освен на Никос и на Јанис, ја посветија и на затворениот член на милитантната организација „17 Ноември“, Ираклис Костарис.

Во раните часови на 26 ноември, повеќе банкомати беа запалени во Неа Смирни, Атина. Во друго коминике од истиот ден, друга група презема одговорност за низа напади врз банкомати и возила во девет различни населби низ Атина.

На 26 ноември на пладне, копилето Алексис Кугиас, адвокатот кој го бранеше џандарот што го уби Алексис Григоропулос, бил случајно пресретнат во населбата Егзархија во Атина и физички нападнат. Инаку, Никос Романос во 2008 година беше жив сведок на убиството на неговиот другар и врсник Алексис, обајцата тогаш 15-годишни.

На 23 ноември, банкомат во центарот на Атина бил нападнат со експлозив.

Ноќта спроти 26 ноември, група анархисти со лепило вандализирала повеќе банкомати во градот Јанина.

На 27 ноември со експлозив била нападната една од експозитурите на Грчката пошта во Пефки (населба во Атина во која Теофилос Мавропулос беше сериозно ранет и уапсен во мај 2011, по престрелка со двајца џандари, кога Јанис Михаилидис успеа да избега возејќи го полициското возило на тие исти џандари).

На 29 ноември во Патра, група другари успеале да ја саботираат закажаната средба помеѓу министерот за јавен ред Василис Кикилиас и мршојадци-новинари од мејнстрим медиуми. Анархистичката интервенција се одвила пред канцелариите на локален весник. Полицијата, неспремна, побрзала да го одведе министерот подалеку од местото. Еден од слоганите: „Никос Романос, со тебе сме, а ти Кикилиас, еби се!

Доцна на 29 ноември, група анархисти ја нападнале полициската станица во Волос со камења и боја, извикувајќи слогани во солидарност со Никос Романос.

Во раните часови на 30 ноември, мал бунт се одвил во населбата Егзархија, Атина, кој вклучил молотови коктели кон полицијата, пламени барикади и уништување на луксузни возила, сето тоа придружено со слогани за солидарност со Никос.

Истата вечер во Солун, друга група ги нападнала со молотови коктели џандарите кои го чувале Турскиот конзулат.

Назад во Атина, таа вечер, 30 ноември, масовен анархистички протест на мотори се одржал по улиците на Атина и завршил пред болницата во која е сместен Никос Романос. Пет банкомати се запалени таа ноќ.

Огновите на солидарност не ги тресеа само улиците по градовите ширум Грција. Огнени поздрави за Никос и другарите стигнаа и од други делови од светот.

Во Сантијаго, Чиле, на 28 ноември беше нападнат и запален автобус за јавен транспорт како повик за Црн декември во сеќавање на анархистот Себастијан Оверслуј, убиен во декември 2013 во текот на неуспешна експропријација на банка. Со оваа акција другарите изразија солидарност и со Тамара Сол, Ханс Нимејер, Моника Кабалеро, Франсиско Солар и Никос Романос, како и сите останати затворени анархистички другари.

3

На 26 ноември, директна акција била изведена пред Хуан Гомез Милас кампусот во Сантијаго, при што со кренати барикади сообраќајот бил сопрен речиси еден час. Уапсен е млад студент, кој случајно се нашол во близина. Од нивното коминике:

Нека нашите идеали живеат секој ден во нашите насилни акции. Поздрав до борците: Хуан Алисте Вега, Марсело Виљароел, Фреди Фуентевила, Карлос Квидулео, Хуан Флорес, Натали Казанова, Гиљермо Дуран, Алехандро Асторга, Тамара Сол и сите други затвореници на територијата окупирана од Државата Чиле, како и до Моника Кабалеро и Франсиско Солар, до затворениците во Мексико, Индонезија, Германија, Италија, Швајцарија, Грција, до Никос Романос и Јанис Микаилидис, обајцата на штрајк со глад, покажувајќи дека антиавторитарната борба не завршува со затворот, туку дека нови извори се раѓаат таму, нови средства за да се уништи постоечкото.

Љубов и сеќавање за другарите паднати во борба: Клаудиа Лопез, Џони Карикео, Маурисио Моралес, Себастијан Оверслуи, Хорхе Салдивиа, последните двајца браќа убиени при грабежи на банки. Нашето сеќавање ќе биде во форма на оган и војна против секоја власт. Да живее анархијата.“

На 25 ноември во Бристол, Англија запалени се возило на службите на француската мултинационална компанија GDF Suez, три луксузни возила и едно возило на една од најпознатите агенции за ообезбедување во Обединетото Кралство, „како одмазда за Реми Фрес, нуклеарната индустрија, затворското општество и „зелениот“ капитал […] Против класното општество и индустрискиот развој, а особено за наводните „зелени“ индустрии […] Победа за штрајкот со глад во грчкиот затвор (во поддршка со Никос Романос) и за сите затвореници во борба против затворот.

На 29 ноември се одржа собир во центарот на Брикстон, јужен Лондон, за изразување солидарност со Никос Романос. Денес, пак, возило на агенција за обезбедување е запалено во Лондон во чест на штрајкувачите со глад.

НЕКА СЕ ШИРИ ОГНОТ НА ОДМАЗДАТА И РЕВОЛТОТ!

СОЛИДАРНОСТ СО НИКОС, АНДРЕАС, ЈАНИС И ДИМИТРИС!

ПРОТИВ СИТЕ ЗАТВОРИ!

ПРОТИВ СЕКАКВА ВЛАСТ!

ЗнЕ