Отворено писмо од болницата во Пиреја (Атина) од другарот Јанис Михаилидис, на штрајк со глад од 17 ноември

Ги пишувам овие редови за да искажам колку бев допрен од широките и разнолики акции за солидарност од страна на другарите надвор од затворските ѕидини.

Не само затоа што степенот, имагинативноста, организацијата, координацијата, решителноста и агресијата на досегашните акции ги надминаа сите мои очекувања, со тоа што значителни државни и капиталистички згради, како и радио и телевизиски станици беа окупирани, собири и демонстрации беа организирани во речиси сите поголеми градови на територијата и напади на репресивните сили, како и секакви типови бунтовни напади се одвиваа насекаде. Туку и поради тоа што сево ова ја раскина самотијата во мојата ќелија и ми донесе насмевка, бидејќи во вторникот вечерта не бев затвореник, бев меѓу вас и ја чувствував топлината на запалените барикади.

Затоа што, каков и да биде исходот, самото постоење на еден ваков борбен фронт е победа сама за себе, како за моменталната перспектива на нашата борба, така и за наследството кое ќе го остави зад себе.

Многу добро знам дека илјадниците другари вклучени во оваа битка која Никос ја започна, со многу загриженост, но и со голема решителност, имаат многу различни сфаќања и пракса и едни од други, и во однос на нас. Сепак, успехот е во диверзитетот. Токму тоа е значењето на анархистичката солидарност; поврзува без да изедначува, соединува без да обезличува. Секогаш кога се работи за солидарност преку акции, тоа е рецептот.

Сега кога медиумите за масовно перење мозок тврдат дека додека трае штрајкот со глад, националната безбедност е под закана, сфаќам дека ниту една борба не е залудна, а празнините кои ги длаби очајот после долга неактивност во задушувачките услови на затворот, сега одново се избоени во значајни бои; секое време е добро време за бунт.

Нашите соништа ќе станат нивен кошмар.

Борбената анархија е будна и `рже.

Ништо не е готово, сè започнува сега.

СОЛИДАРНОСТ СО УАПСЕНИТЕ ОД НЕРЕДИТЕ ВО ВТОРНИКОТ

До Никос:

Брате, биди силен, им го расипа славјето токму како што треба. Ти нема да се повлечеш, затоа тие ќе мораат. Стојам крај тебе до конечната победа.

До [министерот за правда] Атанасију:

Многу сум гладен. Ако го убиеш Никос, единствено нешто што ќе ја задоволи мојата глад ќе биде твојот грклан.

Јанис Михаилидис

извор: 325.nostate.net