Нереди низ Грција на 6-годишнината од убиството на А. Григоропулос – 06.12.2014

atina2014Демонстрации придружени со насилство и нереди вчера, 06.12.2014, се одвиваа низ повеќе градови во Грција на денот кој ја одбележува 6-годишнината од денот кога џандарска свиња го уби 15 годишниот невооружен Алексис Григоропулос во квартот Егзархија, Атина. Убиството на Григоропулос секоја година се одбележува со присуство на улиците на 6 декември.

Оваа година нередите беа особено интензивни, бидејќи освен сеќавањето на Алексис, повод за демонстрациите беше и солидарноста со анархистичките затвореници кои штрајкуваат со глад Никос, Јанис, Андреас и Димитрис. Освен во Атина, демонстрации се одржаа и во Солун, Патра и други градови.

Мејнстрим медиумите известуваат за 296 приведени лица, додека против 43 од нив се покренати тужби за поттикнување на нереди. Истите тие извори велат дека полицијата пријавила присуство од 5.000 демонстранти и 6.000 мобилизирани припадници на полицијата, додека бројките што ги спомнуваат учесниците во нередите надминуваат 10.000.

Никос Романос, кој е познат како другарот кој бил заедно со Алексис ноќта кога бил убиен, е веќе 28-ми ден по ред во штрајк со глад поради тоа што затворската управа не му дозволува отсуства од затворот за да посетува универзитетска настава. Неговите другари, кои заедно со него учествуваа во двојната експропријација во Велвендо, Кожани, и самите започнаа штрајк со глад во солидарност со Никос. Јанис Михаилидис штрајкува веќе 21 ден, додека Андреас-Димитрис Бурзукос и Димитрис Политис се седми ден во штрајк со глад. Борбата на Никос поттикна силни бранувања во субверзивните кругови во Атина, каде социјалните судири беа затишени во последниот период.

СОЛИДАРНОСТ, СИЛА И ХРАБРОСТ ЗА ДРУГАРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД

НЕКА СЕ ШИРИ АНАРХИЈА ПО УЛИЦИТЕ НА ЗАДУШЛИВИТЕ УРБАНО-ФАШИСТИЧКИ ЦЕНТРИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

СМРТ ЗА СИТЕ ЗАТВОРИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И „СЛОБОДНОТО“ ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО 

ЗнЕ