Репресијата врз анархистите во Грција се засилува: започнаа трансферите во новите специјални затвори

03Домокос, првиот од специјалните затвори, таканаречени „затвори од тип Ц“, деновиве започна да ги отвара челичните порти за првите „неподобни“ затвореници. Никос Мациотис, член на анархокомунистичката милитантна организација „Револуционерна борба“ прв беше префлен во затворот Домокос пред шест дена. Вчера уште двајца осуденици поради членство во револуционерни организации беа префлени: Костас Гурнас од „Револуционерна борба“ и Димитрис Куфонтинас од комунистичката револуционерна група „17 ноември“. Истото утро, ненадејно и без никаква најава, што е вообичаен метод, во тип Ц затворот во Домокос беа одвлечкани и Јанис Наксакис и Григорис Сарафундис, обајцата осудени за вооружен грабеж во Пиргетос-Лариса, како и за наводно учество во „Заговор на огнените ќелии“ (кое и тие и членовите на ЗоЌ го негираат). Сарафундис беше префрлен во Домокос и покрај тоа што во моментот сѐ уште трае процесот за вооружениот грабеж во Суровичево-Лерин, во кој тој е еден од обвинетите. Тоа значи дека од трансфер во затворите со специјална безбедност не се „помилувани“ ниту оние против кои сѐ уште се води судски процес, и кои се држани во затворот Коридалос за да можат да присуствуваат на судењата кои се одржуваат во импровизирана судница во затворот.

Затворите од тип Ц се најновата измислица на грчката влада, специјално дизајнирана да ги демне, заплаши, комплетно изолира и полека убие „екстремно опасните затвореници“, а во прв ред осудениците за „тероризам против државата“. Со други зборови, тие се средство за уништување на анархистичките револуционерни организации и нивните членови. Во затворите од тип Ц, затворениците ќе бидат лишени од низа „привилегии“ кои ги уживаат обичните затвореници, а кои во услови на мрачно заточеништво ги крепат и ги одржуваат силни во волјата заробениците, како на пример месечни посети, телефонски разговори, прошетки во дворот, излези од затворот итн, а затворениците ќе бидат комплетно изолирани и од другите затвореници и од надворешниот свет. Идејата е да се закопаат под мрачните ѕидини во затворот и да се убијат во дух, тело и сеќавање сите оние другари кои повеле битка против општеството на власт. Грчката влада успеа да го истурка овој досега најрепресивен антианархистички метод, и покрај тоа што летото 2014 низ повеќе затвори ширум Грција се одржа најмасовниот затворенички штрајк со глад против оваа мерка.

Со оглед на тежината на нивните дела, и другарите од „Заговор на огнените ќелии“ во секој миг очекуваат да бидат одвлечкани во Домокос и разделени од своите соборци во затворот и од своите најмили од другата страна на ѕидот. На 29 декември заврши третиот судски процес кој се водеше против нив, а беа објавени и нивните пресуди. Секој поединечно од нив беше казнет со:

Христос Цакалос: 24 години, 2 месеца затвор;

Герасимос Цакалос: 21 година, 2 месеца затвор;

Михалис Николопулос: 20 години затвор;

Јоргос Николопулос: 24 години, 2 месеца;

Дамјано Болано: 24 години, 2 месеца;

Панајотис Аргиру: 19 години, 9 месеца;

Јоргос Полидорос: 25 години;

Олга Економиду: 25 години;

Теофилос Мавропулос: 25 години затвор.

Во истиот процес беа осудени и следниве затвореници кои негираат учество во ЗоЌ: Костас Сакас – 16 години (моментално во бегство); Александрос Митрусиас – 14 години; Јоргос Карајанидис – 14 години; Јанис Михаилидис – 5 години; Димитрис Политис – 6 месеци затвор.

*

Aпдејт (04.01.2015):  Вчера антитерористичката единица среде ноќ ги извадила Христос Цакалос, Герасимос Цакалос, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од нивните ќелии во машкиот затвор во Коридалос и префрлени се во изолација во простории во женскиот дел од истиот затвор.

*

И на другарите од „Заговор на огнените ќелии“, и на сите останати борци кои ги чека бесконечен престој во најмрачниот меѓу затворите, им праќаме прегратки на солидарност и соучесништво. Нека мрачните затворски ѕидини ја потхранат вашата омраза против поредокот на субмисивните. Ќе победат само ако го убијат вашиот дух; затоа, знајте дека и без да можат да стигнат до вас нашите соучеснички крикови, пламените јазици на гневот на другарите од сите ќошиња на светот ќе успејат да ги пробијат дебелите ѕидини на логорот на смртта и да ги стоплат вашите слободни срца.

СИТЕ ЗАТВОРИ ВО ПЛАМЕН

БОРБА ДО УНИШТУВАЊЕ НА СЕТО ПОСТОЕЧКО

СТРАСТА ЗА СЛОБОДА Е ПОСИЛНА ОД СИТЕ ЗАТВОРИ

ЗнЕ