Текст од Заговор на Огнените ќелии (Ќелија на затворените членови) за предлогот на Никос Мациотис во врска со Пленумот за солидарност (Грција)

images4

Текст од другарите во врска со создавањето на пленум за акции и солидарност со политичките затвореници

СОЛИДАРНОСТА ЗНАЧИ НАПАД

1) Затворите од тип Ц – воена провокација

Затворите од тип Ц се стремат да станат споменик на победата на Државата во војната со урбаната герила. Ставени сме пред предизвик да не дозволиме илјадниците тони бетон, решетки и катанци да ни ја убијат човечката волја за слобода, предизвик на кој ќе одговорат акциите на непријателите на режимот и пријателите на слободата.

Веќе со години, политички ТВ фаци на системот и платени перодршци на полицијата се ангажирани во битка против урбаната герила, целејќи да ја деполитизираат. „Мрежа на криминалци и терористи“, „соработка меѓу терористите и организираниот криминал“, „револуционерен картел“ се некои од лицата на лагата. Пропагандата се обидува да го прикрие со кал очигледниот константен револт. Константен револт на оние кои одбиваат да живеат како робови и кои со оружје ги напаѓаат лидерите, молкот, конзервативизмот и резигнацијата на мнозинството во општеството.

Со желба да ја оневозможи можната перспектива за насилно востание и да го осакати нејзиното ширење, Власта користи лаги и клевети со цел да ги претстави вооружените урбани герилци како ментално нестабилни криминалци. Сево ова, во исто време кога крвожедната демократија доведува илјадници луѓе да извршат самоубиство и го труе секој момент од нашите животи преку тероризмот на сиромаштијата, репресијата, полициската држава, осаменоста, експлоатацијата, додека ги замајува наивните со лажната слобода на консумерството, спектаклот, масовната забава, дигиталната реалност и цивилизацијата на медиокритетите. Врвот на политичката пропаганда против урбаната герила беше достигнат на почетокот на 2014-та, по бегството на Кристодулос Ксирос, кој наместо своеволно да се врати во затвор по отпустот, го избра патот на илегалата и на соучесништвото со новото урбано герилско војување. Наслови и репортажи со упадливи наслови, како „Новогодишна ноќ на теророт со ЗОЌ“, „Затворите се база на терористи“ беа воведници во лагата. Она што најмногу ја тиштеше Власта, покрај бегството на другарот Кристодулос Ксирос, беше тоа што и покрај нашите апсења, никогаш не се престоривме во успани трофеи во рацете на нашите затворски чувари. За непокајничките урбани герилци, затворот не е палата на стравот, туку заточеничко место кое ја продлабочува и уште повеќе разбеснува  волјата за бунт и слобода.

2) Пропагандата е вовед во војна.

Лагите на Власта шират страв за да го обезбедат режимот на лажната слобода и да го воздигнат до степен на итност. Степенот на итност е маскираното „ние одлучуваме и ние наредуваме“. На почетокот на 2014-та, поранешниот судија, министерот Караламбос Атанасиу потпиша стодневен ултиматум за отпочнување на проектот за затворите со максимална безбедност. Како што познатата фраза „политиката е само продолжение на војната со други средства“ важи и обратно, така политичката пропаганда против урбаната герила сега е проследена со воени мерки. Така го имаме соопштението за трансформирање на затворот во Домокос во затвор од тип Ц, чија надворешна сигурност ќе биде обезбедена од 300 полицајци, кои ќе кампуваат во специјални зданија – касарни. Понатаму, над половина од „обичните“ затвореници веќе се трансферирани [од Домокос], со цел нивните места да ги заземат „опасните терористи“ и „членовите на организираниот криминал“. Нема да должиме повеќе за затворите од тип Ц, бидејќи најголем дел веќе е кажано.

Политичка и физичка изолација, цензура на поштата, рестрикција на посети, забрана за разни дозволи [отпуст за посета на семејството или за следење универзитетска настава]… Нов затвор во затворот, херметички затворено место на заборавот, со цел да ја заборавиме борбата и да бидеме заборавени како затвореници. Бетонски гроб, каде заборавот се стреми да ја избрише волјата за слобода. Истовремено, јавно страшило пред очите на сите, грчки Гвантанамо за сите оние кои преку акции и вооружена борба го ставаат под прашање локалниот одраз на глобалната Западна империја.

3) Утре ќе дојдат и по тебе…

Стравот навлегува и стигнува до коските. Одговорот на стравот не е да ги затвориме очите, туку да го нападнеме со сета наша сила. Не мора да се напомене дека затворите од тип Ц се создадени за да ги поништат урбаната герила, револуционерните организации (без разлика дали анархистички или комунистички, нихилистички или социјални) и нивните членови. Сепак, не би било умно да мислиме дека стратегијата на Моќта ќе се задоволи само со една основна цел. Моќта по природа е експанзивна. Затоа ја шири железната мрежа на максимум обезбеденото заточеништво врз другарите или поединците обвинети за членство во вооружени организации, без да преземат одговорност за тоа, како и на „моќни криминалци“ кои ѝ пречат на полицијата.

Во секој случај, опседнатоста на Државата со репресијата врз урбаната герила исто така е очигледна и поради фактот дека во предлог-законот за затворите од тип Ц, постои можност за договор кој дури би му обезбедил излез од затвор на секој потенцијален поткажувач (освен ако и самиот не е гонет според антитерористичкиот закон), кој би дал некаква информација врзана за акции на вооружени револуционерни организации. Покрај тоа, грчките власти, имитирајќи ги своите колеги од странство, тајно и на мала врата воведоа поткуп, така што на секој покајник кој јавно ќе се откаже од урбаната герила, му нудат привилегирачки третман, како на пример дозвола за привремен отпуст и намалување на казната.

Не се работи само за налогот во предлог-законот, кој го задолжува јавниот обвинител како одговорен за евентуално продолжување на притворот на „затворениот терорист“ после 4-тата година (беспотребно е да се каже дека за непокајничките „терористи“, притворот во тип Ц затворите под режим на изолација веројатно ќе биде бесконечно продолжуван). Тука е и официјалниот извештај на обвинителот во апелациониот суд во текот на дисциплинскиот обвинителен процес против затворската администрација по бегството на Кристодулос Ксирос, бидејќи „овој конкретен затвореник никогаш не се откажа од тероризмот. Напротив, преку неговите текстови постирани на веб страници како zougla.gr и Athens Indymedia, се уште поттикнува на народни востанија и вооружена борба…“

Ова може да го земеме како претскажување за иднината, кое покажува дека дури и текстовите напишани од еден „затворен терорист“, ќе имаат клучна улога при (не)доделувањето дозвола за привремен излез и за сите останати.

Како и да е, експанзивната војна на Власта и начинот на кој се одразува во овој период со затворите од тип Ц, на ниту еден начин нема да доведат до тоа анархистите да се сокријат во очај и дефанзива зад правни одбрани и смешни испаничени генерализации, од типот „Државата гони и затвора поради анархистички идеи“. Не, Државата ги напаѓа оние кои ги претвораат анархистичките идеи во пракса, без разлика на тоа што антитерористичката единица често апси другари и поединци кои немаат никаква врска со урбаното герилско војување. Идеологијата на виктимизација самата продуцира жртви и го зацврстува непријателот. Кога луѓето, наивно или намерно, упорно ги гледаат духовите на Орвеловата умствена полиција во реалниот живот и поради нив се повлекуваат во дефетизам, со тоа само придонесуваат идната репресија да се приближи поблизу и побрзо.

Секој чекор наназад, камуфлиран со смешни оправданија, какоќе нѐ фатат“, „не е веќе како порано“, „немаме простор за овае придонес дониран за напредокот на полициската држава.

Државата би ја проширила својата репресија на секој тип директна акција за која сѐ уште нема „антитерористички“ законски казни, ако смета дека тоа би придонело кон разнебитување на урбаната герила. Бидејќи дури и Државата, за разлика од некои „анархисти“, ја конта врската помеѓу диверзитетот на директните акции и урбаното герилско војување. Секој кој изолира и гетоизира едно борбено средство, како урбаното герилско војување, практичко ги закопува и слабее другите средства, оставајќи ги изложени на репресијата што следува.

Утре ќе дојдат и по тебе“ е резултат на фетишизмот против оружјето, промовиран од некои ветерански куродрвачи, кои наводно контра-предлагаат „анархија на невооружен судир. Комплицирани и помпезни термини, кои служат да го прикријат нивниот кукавичлук.

4) Солидарноста значи напад

Моментално во Грција има повеќе политички затвореници обвинети за учество во револуционерни акции на групи во кои се навистина се вклучени, но има и некои неповрзани другари и други поединци кои се гонат за истите случаи. Нашиот збор е секогаш јасен. Постојат бројни различни перцепции и контрасти меѓу нас и непријателството со некои луѓе е факт. Како Ќелија на затворените членови на Заговор на Огнените ќелии сметаме дека, и покрај различните перспективи меѓу нас, постои заедничка почетна точка која нè поврзува со политичките затвореници кои имаат преземено одговорност за организациите во кои припаѓаат, како и со оние другари, обвинети за овие случаи, кои немаат клеветено и лажено против револуционерните организации. Заедничката почетна точка е некомпромитирачката борба против Власта, секогаш на страната на непокајничките непријатели на режимот.

Како што е кажано: „Зборовите раздвојуваат, делата обединуваат.“

Го прочитавме писмото на Никос Мациотис, член на Револуционерна борба, и решивме да го поддржиме неговиот предлог.

Отворениот пленум на анархисти/антиавторитарци против специјалните затвори е една од неколкуте, ако не и единствена јавна колективна платформа која, во пркос на времето, опстоја против инвазијата на затворите со максимална безбедност. Веруваме дека неговото рестартирање и неговата еволуција, како пленум на солидарност со политички затвореници, ги надградува неговите квалитативни карактеристики и ги прави работите појасни.

Секој другар кој се противи на условите во специјалните затвори автоматски се солидаризира со политичките затвореници, а оној кој се солидаризира со политичките затвореници гонети поради урбаногерилски акции не може, а да не препознае (без разлика не неговото/нејзиното (не)учество, или неговите/нејзините несогласувања со одредени прашања) дека урбаногерилското војување не е само еден дел од диверзитетот на борбата, туку незаменлив дел од неа… Многу би можело да се каже за диверзитетот на борбата, за директните акции и за урбаната герила.

Веруваме дека сме на почетокот на една дискусија која нема да испари како обична дискусија.

За нас, важно е пленумот за солидарност, ако се оствари во пракса, да стане плодна почва за дискусија, судир и комуникација, кои ќе провоцираат акција. Пленумот кој само се репродуцира себеси е проколнат да пропадне во здодевна рутина. Кога пленумот ќе прерасне во средство за односи со јавноста, ќе се сведе на препознатливи личности и ќе стане главно безопасен. Немаме илузии за она што се случува во анархистичкото милје, ниту сакаме да отпочнеме лажна обединетост која е бескорисна и лицемерна.

За нас, пленумот за солидарност може да биде нова почетна точка главно за нови другари, кои таму ќе можат да се ослободат од идеолошките икони од минатото, од „пензионираните ветерани“ и од пасивноста и да се сретнат со цел да делуваат. Од таа причина, сакаме да додадеме на дадениот предлог, името на пленумот да биде „Пленум на солидарност и акција со политичките затвореници“. Да бидеме искрени, не ни се допаѓа кога некој е нарекуван „солидарец“. Тоа потсвесно создава поделби кои водат кон „икони“ и „следбеници“. Се подразбира дека секој анархист е и солидарец; предизвикот е да стане и соучесник(се разбира, без да престане да биде критичен).

Колку и да е напишано и кажано за солидарноста, ќе ја завршиме нашата изјава и нашата поддршка со дадениот предлог со еден стар, но безвременски слоган:

„Ако ‘невините’ ја заслужуваат нашата солидарност, тогаш ‘виновните’ ја заслужуваат илјадапати повеќе… “

Заговор на огнените ќелии, FAI-IRF / Ќелија на затворените членови

 

Панајотис Аргиру

Теофилос Мавропулос

Дамиано Болано

Микалис Николопулос

Јоргос Николопулос

Олга Економиду

Јоргос Полидорос

Герасимос Цакалос

Христос Цакалос

Харис Хаџимикелакис

Затворот Коридалос,

10.11.2014

Забелешка: Никос Мациотис, преку лично писмо, предложи трансформација на пленумот против условите во специјалните затвори (затвори со максимална безбедност) во пленум за солидарност со политичките затвореници, притворени и гонети борци. Пленумот веќе е трансформиран и започна со акции, со поддршка од повеќе затворени другари.

 

извор