Безбедносно разузнавачката агенција во посета на RadioAzione – Пула, Хрватска

cropped-test1-CУтрото на 23 јануари 2015 година се појавија агенти на Безбедносно разузнавачката служба (ЅОА) како би разговарале со мене во врска со мојот вебсајт RadioAzione Хрватска, и со мојот сопруг, анархистички другар, италијански државјанин, кој уредува и хостира други анархистички сајтови (меѓу кои RadioAzione), заканувајќи му се дека ќе го исфрлат од земјата.

Разговорот се отвори со закани упатени кон моите лични односи, како моментални, така и идни, бидејќи тие претпоставуваат дека ги остварувам или ќе ги остварувам исклучиво со анархисти, се разбира од странство, и предупредување дека Хрватска нема намера да прерасне во засолниште на личности кои претставуваат проблем во своите матични земји.
Ова, се разбира, се однесуваше на мојот однос со другарот кој го води анархистичкиот вебсајт RadioAzione Италија.

Заканите, се разбира, не се ограничија само на моите односи со другарите, туку бев и предупредена дека секој странски државјанин кој во иднина ќе ме посети во Хрватска, без разлика дали е анархист или не, ќе биде третиран како сомнително лице.
Потоа се изгубија во вообичаените закани во врска со моите родители, мојата невработеност, можни претреси, апсења итн.

Очигледна е нивната намера да ме заплашат со изолација овде во Хрватска, далеку од моите „италијански и грчки пријатели“ (израз кој често го користеа). Затоа што и тие се свесни за фактот дека не би можела да очекувам некаква соработка, активност или слично во локалната средина.

Ми дадоа на знаење дека познаваат и други анархисти од Хрватска, но дека со нив, за разлика од мене, немаат проблеми, дека јас сум единствен и посебен случај за ова подрачје (за попатно да сфатам дека другите анархисти во Хрватска баш и не ги интересираат претерано моите идеи). Потоа, дека се запознаени со фактот дека јас сум ги носела, со години наназад, теориите на востаничкиот анархизам на ова подрачје, преку моите преводи на Алфредо М. Бонано. Прилично се задржаа на оваа точка.
Да земеме во предвид дека преводите на текстовите на Бонано се објавени на Анархистичка библиотека и дека во минатото беа дистрибуирани како брошури.

Беа прилично љубопитни за теориите на Бонано и за неговата улога и влијание во италијанското анархистичко движење и пошироко, како и за разликите во рамки на движењето, помеѓу анархистите и инсурекционистите и FAI. И овде ги упатив тие прашања да им ги постават на своите италијански колеги, бидејќи е сосема очигледно дека токму тие го диригираат сево ова.
Макар што интересот на хрватските власти за мене и мојот другар започна години наназад, на темел на информации кои ги поседуваат за нас и кои веројатно ги имаат собрано од мејлови, прислушкувања, контроли итн.

Вториот текст за кој изразија загриженост е мојот превод на изјавата на анархистичкиот другар од Италија, Алфредо Коспито, „Од утробата на Левијатан“, исто така објавен на Анархистичка Библиотека како брошура (заедно со изјава од Никола Гаи) насловена „Напад на нуклеарната енергија“. Она што во наведениот текст ги загрижува е спомнувањето на нуклеарната електрана Кршко, која се наоѓа на словенско-хрватската граница (во Словенија), недалеку од Загреб.

Овде се надоврзаа и на мојата соработка со италијанскиот Анархистички Црн Крст (CroceNera) и на моите активности за солидарност и поддршка на моите „италијански и грчки пријатели“ во затвор.

Треба да се напомене и фактот дека како во мојот, така и во случајот на мојот другар/сопруг, беше обрнато внимание и на Анархистичкиот саем на книгата. Во мојот случај, кога на истиот беше претставена Операција „Одлучност“ и случајот Адинолфи (на запрепастеност и згрозеност на многумина).

Што се однесува до мојот вебсајт, RadioAzione Хрватска, тој секако е во целост „проблематичен“, моите преводи на изјавите за преземање одговорност, текстови, писма итн.

Двајцата агенти се обидоа да кажат и нешто одвишно во врска со FAI во Грција (и не само таму), но безуспешно. Би ги изоставила другите нивни теории и трипови, како на пример за врската помеѓу музиката (панкот) и исхраната (вегетаријанство/веганство) со анархизмот.

Го срочив случајот најкратко што можев и не сакам да навлегувам во анализи, кои им ги препуштам на читателите на овој текст.
Единствено што сакам да нагласам, а што произлезе од овој „разговор“, е тоа дека се работи, бидејќи се во игра тајни служби, за проект од меѓународен карактер (само неколку недели претходно преведено е од полскиот анархистички вебсајт Grecja w ogniu и објавено на RadioAzione Хрватска, RadioAzione Италија и на Act For Freedom Now известувањето на министерството на Република Чешка за односите помеѓу „екстремистите“ од средноисточна Европа и Грција).

Ако ги изоставам заканите, изгледа дека дојдоа да ја испитаат можноста за создавање на нова италијанско-хрватско-грчка „ќелија“ (???) во Хрватска.

И повеќе од очигледно е дека нивните колеги во другите држави (пред сè во Италија) следат и се обидуваат да изградат (што и не е нешто ново) еден „меѓународен тероризам“ на фамозната италијанско-грчка линија, како и тоа дека поради тоа се во потрага по алките кои им недостигаат. Особено во овој период на „терористичка хистерија“ ширум Европа.

Истиот ден, во печат се појави веста дека Хрватска (членка на ЕУ, но не и на Шенгенската зона) ги засилува и ќе продолжи да ги засилува граничните контроли поради тероризам, и дека францускиот премиер претставил нацрт закон за национална безбедност, кој го следи американскиот „Patriot Act“, усвоен по 11 септември.

А утрото на 25 јануари, токму кога пристигнал извештајот на хрватските агенти до нивните италијански колеги, веќе го следеле истиот другар од RadioAzione Италија во квартот каде што живее, додека одел во продавница.

ЉУБОВ И СОЛИДАРНОСТ ЗА МОИТЕ ИТАЛИЈАНСКИ И ГРЧКИ ПРИЈАТЕЛИ/ДРУГАРИ!!!

NOTHING IS OVER, EVERYTHING CONTINUES…

Ерика – RadioAzione Хрватска