Размисли за анархијата – RadioAzione Италија

RadioAzione-edito-300x224Во последните два месеци некои држави извршија дополнителни напади на меѓународниот репресивен фронт врз сите оние кои не се покоруваат на нивните директиви, и дополнително ги заострија казнените мерки, како отворањето на затворите од тип Ц (не тип „гама“ како што предлага google и како што некои пишуваат) во Грција.

Апсењата во „Случајот Пандора“ во Шпанија и преместувањето на првите затвореници (меѓу кои и некои анархистички другари) во специјалните грчки затвори, се примери на европско ниво. На меѓународно ниво дојде до други напади, како апсењето на другарот Диего Риос во Чиле, кој беше во бегство речиси 5 години. И повторно во истата земја, пресудата која ја осуди другарката Тамара Сол Фариас Вергара на нешто повеќе од 7 години затвор, обвинета дека пукала на кучето стражар во една банка во Сантијаго, извикувајќи „Одмазда“.

За среќа, во последниве два месеци не ги броиме само баксузите туку и добар број напади на структурите кои на кој било начин соработуваат со надѕорот над поединецот, за истиот да не излезе од стадото, кое државата го води во испаша.
Сепак, и за жал, овде не може да се зборува за бегството на анархистичките другари од затвор. Зборувам за неуспешниот обид за бегство на ЗОЌ од затворот Коридалос во Грција.
Но, „обид за бегство денес… вечна надеж за успех“.

Освен конкретните дела на репресија, со апсења и пресуди, не изостанаа ниту заканите. Закани кои нам, како RadioAzione, ни ги упати S.O.A. (хрватската тајна служба), заради наводно основање напаѓачки ќелии со грчки и хрватски другари, во соработка со Анархистичкиот Црн Крст, во врска со нашите лични односи и со другарите во затвор ширум светот; закани, лаги, преку печатот упатени на другарите од вебсајтот InterArma.
Не е случајност што на мета се најдоа три анархистички вебсајтови (меѓу кои Анархистичкиот Црн Крст излегува и во печатено издание) кои преведуваат и шират текстови на „изјави за преземање одговорност“ и текстови од непокајани другари во затвор.
Не го кажувам ова заради виктимизирање, туку за уште еднаш да се нагласи дека заканите само уште повеќе нѐ иритираат… сѐ повеќе… многу повеќе!

И сето тоа среде целосната рамнодушност на анархистички поединци, групи и „(неподвижни)движења“.

Дали тоа ме изненадува?
Нималку.

Ако си непријатен, ако кажеш како стојат работите, ако ги извлечеш гомната од канализацијата на анархијата те сметаат за непријател, за личност со која не треба да се разговара, туку која треба да се озборува, која може и да „цркне“, затоа што не сака да седне во клупите на анархистичкото училиште и да ги слуша, научи и повторува лекциите на учителите.
Сосема сме свесни дека како RadioAzione сме сето тоа.
Но кога некој те мрази од тие причини можеш само да бидеш горд, како што и заканите на SOA нѐ прават само посилни.
Можно е многумина да се преправале како ништо да не се случило затоа што досега нѐ етикетираа како „интернаути“, далеку од стварниот живот и повлечени во виртуелниот живот. За жал, оние кои тропнаа на врата не беа ниту аватари ниту горилите од Принцот од Персија.

Оваа точка ја завршувам нагласувајќи дека сето тоа не ме изненадува, затоа што поголем дел од анархистичкото движење го сметам за една зграда во која станарите меѓусебно се здружуваат и караат. Затоа попрво живеам изолиран, под мостови или на клупа.

Не ме изненадува ниту она што се случи во врска со прашањата околу Askatasuna/notav.info , и не би се изненадил и понатаму да гледам дел од анархистите како соработуваат со тие подлеци, како ги посетуваат концертите во нивните окупирани простори или иницијативи, заедно страствено претворајќи се како ништо не случило.
Претворајќи се како ништо не се случило за сѐ… можеби и да се биде анархист е само претворање.

Не ме изненадува што се откри, по неуспешниот обид за бегство, дека личноста која до пред неколку дена ја сметаа за „другарот Ксирос“, со која е организирано наведеното бегство, всушност е личност која дала изјави кои ги довеле во затвор дел од „17 ноември“ во Грција.
Не ме изненадува дека, кога почна да кружи името на тој лик низ средствата за контраинформации, немаше никој кој ќе каже: „Застанете! Фактите велат…“.
Но не, сите сме другари…
Доволно е да се побегне, да се нападне државата за да биде сметан за другар.

Не ме изненадува дека оној кој марксистот-ленинист (тоа беше единственото нешто кое отсекогаш се знаеше) го нарече „другар“, попрво отровно молчеше откако што објавуваше текстови и вести…
Се разбира… заради вечната надеж дека сѐ ќе падне во заборав…
Иако е вистина дека тоа често се случува, вистина е и дека порано или подоцна некој ќе ги извлече гомната од канализација. Дека секогаш ќе постои некој кој не заборава, меѓу сеопштата пароксистичка рамнодушност.

Но ме изненадува дека личноста која 1998 година даде изјава во која ѝ објавува војна на државата – можеби една од најинтересните кои сум ги прочитал (и која помеѓу другото одлучив, покрај останатите, да ја објавам на хартија насловена како „Немам зошто да се каам“) – пред грчкиот суд, додека денес му се обраќа на истиот суд со цел да се отвори судска истрага за убиството на еден затвореник. Но, не ме изненадува што тоа се случува по марксистичко-ленинистичката еволуција на идеите на таа иста личност.
Но ме изненадува што уште некој го нарекува „другар“.

Не ме изненадува што многу анархисти и понатаму ги нарекуваат марксистите-ленинисти „другари“. Останувам запрепастан пред користењето „солидарност со политичкиот затвореник“, ставајќи ги во ист лонец другарите анархисти и тие марксисти-ленинисти. Ја користам оваа тема да испратам силна, солидарна и соучесничка прегратка на Амели и Фалон во Мексико.

А зошто да не ги вметнеме и нацифашистите?
Што ви направиле тие бедници повеќе од марксистите-ленинисти?

Вистината е една: многу анархистички другари се многу збунети и сѐ уште не знаат на која страна да бидат. Ги привлекува црното знаме и заокруженото „А“, нешто како и денес псевдо панкерите, но се поголеми марксисти-ленинисти од самите марксисти-ленинисти.
Оттука произлегува етикетата на антифашизам која многу анархисти ја носат.
Затоа не ме изненадува кога ми се обраќаат мене критикувајќи ја мојата критика на некои личности.

Јас сум против секој облик на затвор; за уништување на секој облик на затвор, но тоа не значи дека морам да бидам солидарен со кого било.

Ми се повраќа кога ќе помислам на бројните анархисти кои маршираа низ Кремона [град во Италија], со лакрдијата дека сакаат да ги затворат фашистичките седишта, кога во секој град постои едно. Додека истовремено одеа рака под рака со редскинсите… исто така сквадристи [членови на првите фашистички одреди во Италија] и авторитарни.
Ах не, колку сум глупав… тие се другари… носат црвена петокрака и „срп и чекан“ наместо свастика… да…
Вие мртвите од Кронштат, од Шпанија 1936, само вие превртувајте се во гробовите, но немојте да бидете премногу бучни, инаку ќе ги разбудите револуционерите од нивните соништа.

На крај…
Во светот во којшто, и ние анархистите, сме принудени понекогаш да работиме и отвораме сметки во банка, на кои господарите ни даваат милостина, ја одбивам идејата за отворање сметка во банка со цел собирање пари за на државата да ѝ се плати откуп за да ги ослободи другарите од татковинските зандани.

Тоа не е се анархистички средства.
Попрво би го одлежал затворот отколку да ја наполнам државната каса.
А на оној кој ќе ми каже дека другарите се покорисни надвор отколку во затвор, ќе му одговарам дека некогаш другарите се ослободувале на поинакви начини, со други средства, а не со плаќање мито.

RadioAzione, февруари 2015