Изјава на Заговор на Огнените ќелии – Ќелија на затворените членови (Грција)

images4

Пред два месеци нашиот план за бегство од затворот Коридалос беше откриен. За тоа преземавме целосна одговорност и објавивме јавна самокритика. После тоа, започна досега невиден лов на конструкции на вина. Мета се нашите роднини и нивните пријатели. Пред два дена видовме како е уапсен пријателот на братот на Јоргос Полидорос и личниот пријател на Христос и Герасимос Цакалос. И врз основа на тоа, почнаа да зборуваат за „регионални членови“, „курири“ и „револуционерен фонд“. За што? За торба полна алишта? За некои пари од донации и солидарни настани? Или за фамозните „ласери за пукање“? Обвинетиот човек не ни знаеше дека има ласери во торбата. Згора на тоа, најважно е што тие ласери се играчки кои се продаваат во Монастираки за 2 евра и со кои сакавме да создадеме конфузија при нападот. Зошто антитерористичката агенција не го каже тоа, туку напротив, ги претставува како оружја?

Денеска гледавме како ја апсат мајката на Христос и Герасимос Цакалос заедно со сопругата на Герасимос, бидејќи Ангелики Спиропулу беше пронајдена во нивната куќа. Ангелики е ретка другарка и ние сме поврзани со неа со апсолутен политички афинитет. Двајцата другари ѝ кажале дека ако некогаш се најде во тешка ситуација, може да оди во нивниот дом. Бидејќи ние ниту ги напуштаме нашите идеи, ниту нашите луѓе. Ангелики долго беше барана и отиде во нивната куќа замолувајќи да биде привремено сместена од нивната мајка. Што требаше да направи нивната мајка? Да ѝ ја затвори вратата? Таа не е таква личност и знае колку е значајна човечноста за бегалец. Повремено во куќата, заради семејните односи, престојува и сопругата на Герасимос Цакалос. Затоа и таа била таму.

Целата одговорност е исклучиво наша. Роднините и нивните пријатели не сносат никаква одговорност, немаат никаква врска со случајот и со она за што се обвинети. Што се однесува до Ангелики, ќе бидеме тука за неа и таа знае дека ја има нашата поддршка. Ќе биде меѓу нас, со крената глава, на тешкиот пат кој го избравме.

Но нема да седиме тука и да гледаме како ги канибализираат нашите роднини и нивните пријатели. Антитерористичката агенција ја премина границата. Ние сме противниците, не нашите роднини. Затоа ова е тоа. Од денес, 02.03, започнуваме штрајк со глад до смрт за да ги заштитиме нашите роднини и нивните пријатели, за да не завршат во затвор. Одговорноста е само наша и ние сме тие кои ја преземаат. ДОКРАЈ! Ако ги стават во затвор, преферираме да ја избереме смртта. Тоа значи одговорност и секој прави свој избор…

НЕОДЛОЖНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАШИТЕ РОДНИНИ И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ КОИ НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ

 

Заговор на Огнените ќелии – Ќелија на затворените членови

Панајотис Аргиру
Теофилос Мавропулос
Дамјано Болано
Микалис Николопулос
Јоргос Николопулос
Олга Економиду
Јоргос Полидорос
Герасимос Цакалос
Христос Цакалос
Харис Хаџимикелакис

interarma.info