Солидарност со уапсените и со другарите и другарките кои штрајкуваат со глад (Грција)

Анархистичката другарка Ангелики Спиропулу започна штрајк со глад во затворот Коридалос, каде што беше одведена во заложништво, откако ден претходно беше откриена и уапсена. Ангелики беше пронајдена по речиси два месеци бегство, откако џелатите на власта пуштија потера по неа, како осомничена за поврзаност со неуспешниот план за бегство од затвор на другарите од Заговор на Огнените ќелии.

Анархистичкиот сквот „Надир“  од Солун јавува дека таа во понеделникот им се придружи на затворените членови од Заговор на Огнените ќелии во отпочнатиот штрајк со глад, со барање итно да се ослободат мајката на Герасимос и Христос Цакалос, како и сопругата на Герасимос, кои беа уапсени бидејќи ја имаа засолнето Ангелики во својот дом. Во одмаздничката хајка против семејството и пријателите на членовите на ЗОЌ беше уапсен и личен пријател на браќата Цакалос, неповрзан со случајот за бегство.

Од вчера и анархистичкиот затвореник Панос Михалакоглу апстинира од затворска храна во солидарност со барањата на ЗОЌ.

ЗнЕ искажува братска солидарност со уапсените пријатели и семејни членови на другарите од ЗОЌ, кои, иако не сносат никаква одговорност за делата на нивните сакани, крволочно беа грабнати од страна на узурпаторите, во одмазднички чин против храброста, борбеноста и бескомпромисниот дух на анархистичките урбани герилци од Заговор на Огнените ќелии.

Солидарност со Ангелики, Христос, Герасимос, Микалис, Панајотис, Јоргос Н., Јоргос П., Олга, Харис, Дамjано и Теофилос. Солидарноста е нашето оружје.

СИЛА И ХРАБРОСТ ЗА ДРУГАРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД И ЗА УАПСЕНИТЕ ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ

СМРТ И ОДМАЗДА ЗА ДРЖАВАТА И СИТЕ ДРУГИ ЗАТВОРИ

ВО БОРБА ПРОТИВ СЕТО ПОСТОЕЧКО

 

Заговор на еднаквите