Поздрав до солидарните акции – Заговор на Огнените ќелии (Грција)

images4

 

Секоја порака и акција на солидарност е гест на соучесништво и сила за борбата која ја водиме. Борба која ги надминува лицата на политичките затвореници и која создава една општа динамика. Динамика на анархистите да ја саботираат реалноста на правните одлуки, на затворите, на судиите, на цајканите. Динамиката да се допре, секој од својата почетна точка и афинитет, перспектива на суштински и опасен конфликт со постоечкото и со моќта. Динамика да се живее анархија овде и сега.

Првите сквотирања (седиштето на СИРИЗА, Правниот факултет, Чанија, Ретимно, Верија, Солун), маршевите, интервенциите надвор од затворите, нападите, контраинформациите, веќе го нарушија мирниот сон на градовите. Редовната циркулација на луѓе и производи, кои рамнодушно се движат по булеварите на метрополите, беше прекината, макар и на кратко, отворајќи простор за непланирани активности.

Насилното сквотирање или марш, ослободуваат простор и време од заробената реалност. Простор затоа што ослободуваат терен, окупирајќи го и извртувајќи го неговиот симболизам. На тој начин седиштето на владејачката партија и Правниот факултет преминуваат во ослободени територии на контраинформација и субверзивно планирање. Време затоа што го разбиваат часовникот на планираните текови во градот. Времето-чувар, кое ги надгледува планираните текови во метрополата, домот – училиштето – паузата – пазарувањето – рекламирањето, се дезорганизира. Се дезорганизира кон сквотирана зграда, кон разбиено новинарско комбе, а миговите на расправа се ослободуваат за секој да може да размислува за нив; не само дали живееме во сиромаштија, туку и дали живееме на начин на кој не сме вклучени.

Токму затоа канибалистичката пропаганда на новинарите сурово ги напаѓа овие акции на солидарност. Започнува лов на вештерки во казанот на ТВ демагогијата и прикажува карикатури од студентите-кариереристи од Правниот факултет (веројатно идни адвокати и судии), кои сквотерите ги претставуваат како насилници.

Но ако животот на штрајкувачите со глад и уште поважно, целата борба за слобода и достоинство можат се споредат со неколку загубени денови од предавањата, тогаш ова општество, заедно со неговата цивилизација и мора, треба двапати да биде поразено, за светот да биде поубав и слободен.

СЛОБОДА И СОУЧЕСНИШТВО ЗА ОНИЕ КОИ СЕ СОЛИДАРИЗИРААТ

СИЛА И СОЛИДАРНОСТ ЗА СИТЕ ШТРАЈКУВАЧИ СО ГЛАС

ДО ПОБЕДА

 

Заговор на Огнените ќечии – FAI/IRF, Затворската ќелија