Солидарност со Спирос Мандилас, повторно уапсен и на штрајк со глад

Другарот Спирос Мандилас од анархистичкиот сквот „Надир“ во Солун на 10 март беше одново уапсен во Солун и пратен во затворот Коридалос во Атина, после само два месеци на слобода. На почетокот на јануари беше ослободен по речиси цела година притвор во Коридалос поради случајот „Проект Феникс“, во кој е обвинет за повеќе дела според законот за тероризам, заедно со другарите од Заговор на Огнените ќелии. На 10 март полицијата одново го уапси поради друг случај од 2012 година, поради дела поврзани со внатрешниот конфликт меѓу повеќе сквотови во Солун, вклучително и „Надир“. Во негово отсуство и отсуство на неговиот бранител, а со предавничко присуство на останатите обвинети (освен еден) во овој случај, судот го осуди на 7 години затвор. По неговото повторно затворање, Спирос започна штрајк со глад, барајќи итно ослободување.

Пламен за џелатите кои седат облечени во своите судски токи во храмовите на крвожедната „правда“ и со еден бирократски печат ги запечатуваат судбините на безброј луѓе, праќајќи ги, во име на „демократската правда“, во последниот круг на пеколот…

Пламен за џелатите во затворите ширум светот, кои држат во кафез човечки души, понижувајќи ги со самици, ќотек, цензура, забрани, монотонија, никогаш заситени од казната…

Пламен за свињите во сини униформи, чуварите на канибалистичкиот поредок, кои нè гонат како диви животни за да нè предадат во рацете на џелатите…

Пламен за демократскиот режим, неговите паразити-претставници и дебелите ненаситни бизнисмени, кои сакаат да владејат со секој аспект од секој поединечен живот и да профитираат од грбот на владејаните…

Оние кои своеволно го предаваат под владение на други сопствениот живот се столбот на угнетувачкиот поредок.

СМРТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА И СИТЕ ДРУГИ ЗАТВОРИ

СОЛИДАРНОСТ СО СПИРОС МАНДИЛАС И НЕГОВО ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ

Подолу следува писмо од Спирос по повод овие случувања.

ЗнЕ

Текстот на Спирос Мандилас

wolfche

Во вторникот, 10.03.2015, бев уапсен и затворен во затворот Коридалос.

Моето ново апсење е поради „цивилната војна помеѓу анархистите“ во Солун, односно внатрешните конфликти во движењето, кои се одвиваа во тој град во 2012 година. Некое време пред почетокот на судењето, јасно ја обзнанив мојата намера за одложување поради тоа што, прво, веќе имам едно судење во тек за проектот „Феникс“ во затворот Коридалос, и второ, мојот адвокат Фрагискос Рагузис имаше во меѓувреме други важни процеси во тек и не можеше да присуствува на моето судење. Затоа побаравме одложување од управата на судот. Она што следуваше беше, од една страна, тоа што управата си продолжи регуларно со процесот, а од друга страна, обвинетите го валидираа судењето со нивното присуство. Тоа значи дека судењето беше регуларно спроведено, со тоа што џандари во цивилка и судии постојано ме споменуваа, без можност за контрааргумент. Тогаш го објавив отвореното писмо во кое ги разјаснив работите и илустрирав дека секој оној од обвинетите во истиот случај кој ќе го признае судењето преку своето присуство, ме предава во рацете на антитерористичката агенција и судиите.

И покрај тоа, само еден од останатите обвинети го напушти процесот и судењето заврши (по 3-4 дена) со казна за мене од 7 години затвор и 5.000 евра за надомест.

Секој рационално би се прашувал зошто другите обвинети не побараа одложување на ова судење. Одговорот кој го добив од обвинетите за случајот „Солунски сквотови“[1] беше дека судењето треба што побрзо да заврши за да може „борецот“ С. Стратулис да добие дозвола за излегувања од затворот, бидејќи затворот го лишува од повремени излези поради тоа што против него се води процес. Се разбира, ова оправдување нема никаква правна основа, бидејќи затворениците не се лишуваат од излези од затворот поради обвиненија за прекршоци.

И учесниците во анархистичкиот сквот „Надир“ се изјаснија дека сакаат да продолжат со судењето…

Во светло на критиката на сите овие нешта, лесно може да се види деградацијата на мнозинството од „милјето“ во Солун. Од една страна, „солунските сквотови“ инсистираа судењето да продолжи, сметајќи го „нивниот човек“, обвинет за ситни прекршоци, приоритетен во однос на мене, кој се соочувам со најсериозните обвинувања и кој бев главна цел на судењето (како што сум и главна цел на антитерористичката единица).

Од друга страна, гледаме како некои од оние кои учествуваа во сквотот „Надир“ станале аполитични субјекти, минувајќи го времето во удобно бездомништво, целосно игнорирајќи го нивниот поранешен другар.

Се разбира, одговорни се и оние „блиски до движењето“ адвокати во ова судење, од кои би очекувале да не примаат наредби од нивните клиенти, туку да имаат свест да одбијат да учествуваат во судењето без присуство на обвинетиот.

Прашањето кое сега се покренува е дали сите овие луѓе имаат морални вредности. Се покренува и прашањето дали движењето поседува анархистичка етика и свест. И се разбира, како е можно луѓе кои се или биле дел од антиавторитарното/анархистичко милје да ја искажуваат својата одмазда во судска сала. Сакам да бидам јасен. Немам намера да ги платам тие 5.000 евра за надомест. Нема да дозволам ниту некој од моите пријатели и другари да плати за мене. Парите ќе бидат подмирени од 39-те обвинети кои го валидираа ова судење.

Од денес, сабота, 14.03.2015, започнувам штрајк со глад со барање за мое итно ослободување по секоја цена.

П.С. Бидејќи ова е стрикно лично прашање, не сакам мојот штрајк со глад да се поврзува со останатите штрајкови со глад кои се одвиваат во Грција во моментов.

ГНЕВ И СВЕСТ

Спирос Мандилас, сабота, 14.03.2015

[1] Мисли на насилните судири помеѓу анархистички сквотови (од различни тензии), кои се одвиваа во 2012 во Солун, во текот на кои 41 лица беа гонети за престапи и за кривични дела (заб. InterArma)

извор за писмото: InterArma