Писмо од анархистката Ангелики Спиропуло од заточеништво (Грција)

Веќе два месеци, по откривањето на планот за бегство на членовите на Заговор на огнените ќелии – Затворска ќелија, во сите правци се распрсна организиран лов на вештерки. По моето апсење, работите излегоа надвор од контрола, а кучињата на антитерористичката единица ја поминаа секоја граница. Константното и непокајничко делување на некои луѓе, кои тврдоглаво одбиваат да се потчинат на моќта на затворскиот чувар кој ги заклучува зад бетонот секоја ноќ, ги излудува сите оние кои не можат да разберат што значи да се живее со гордост и достоинство. Тие никогаш нема да се помират со оние кои отворено им се спротивставуваат, но исто така таргетираат луѓе кои, и покрај фактот што немаат политичка поврзаност со нас, одбрале да не ги напуштат своите блиски, ниту да им го завртат грбот на гонетите. Сепак, колку валкано и да играат, нема да нè натераат да се повлечеме. На секој нивен удар, насилно ќе возвратиме, со крената глава. Инертноста и пасивноста не спаѓаат во наши карактеристики. Затоа, од 02.03. зедов учество во штрајкот со глад, заедно со другарите од Затвореничката ќелија на Заговор на огнените ќелии, со барање за итно ослободување на мајката на Кристос и Герасимос Цакалос и девојката на последниот. Решени сме да одиме до крај…

НИТУ ЧЕКОР НАЗАД

ПС: Има многу што да се каже, но важно е да се раздвојат поводите, а она што за нас е првенствено сега е итното ослободување на оние кои немаат никаква врска со случајот. Сето останато може да почека. Во моментов единственото нешто што имам да го кажам е дека ова не е почетокот, а дефинитивно не е ниту крајот на приказната – сега го одиме патот, и во тоа лежи сета убавина.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РОДНИНИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

ПОДДРШКА ЗА БОРБАТА НА СИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ШТРАЈК СО ГЛАД

  1. За укинување на антитерористичкиот закон А’ (член 187)
  2. За укинување на антитерористичкиот закон Б’ (член 187А)
  3. За укинување на законот за забрана на маскирање на јавни собири
  4. Укинување на законот за затвори од тип Ц
  5. Ослободување на Савас Ксирос од здравствени причини
  6. Укинување на наредбата на Јавниот обвинител за насилно земање ДНК (и генерално полициската манипулација со конструкција на докази преку злоупотреба на ДНК)

Ангелики Спиропуло,

Женски затвор Коридалос

InterArma