Писма од некои од членовите на Заговор на Огнените ќелии кои штрајкуваат со глад

CCF_Aпдејт за другарите од ЗОЌ на штрајк со глад + писма (01.04)

Герасимос Цакалос страда од многу силни главоболки речиси постојано и секој ден, како резултат на многудневниот штрајк со глад. Јоргос Полидорос има многу бавен пулс (36-40 отчукувања во минута) во комбинација со низок притисок (80/40), што значи непосреден ризик од срцев удар. Обајцата веќе имаат проблеми со црниот дроб и со жолчката.

Дамианос Болано тежеше 90.1 кг кога започна со штрајкот со глад, а сега достигна 73.5 кг и страда од инфекција на кожата речиси низ целото тело. Михалис Николопулос од 78.5 кг, сега тежи 66.5 и покажува сериозна брадикардија, со срцеви отчукувања во доменот меѓу 40 и 44 во минута, како и низок притисок (80/60).

Олга Економиду на 28-от ден од штрајкот со глад достигна критичко ниво на телесна тежина од 42 кг, со крвен притисок 70/50 и нивото на шеќер во крвта ѝ варира меѓу 70 и 52, што е на граница за хипогликемичен шок.

И покрај тоа, „правдата“ продолжува да си игра со животите на штрајкувачите со глад, одложувајќи ја на бирократски начин одлуката на советот да се ослободат роднините на членовите на Заговор на Огнените ќелии, водејќи ги до границите меѓу животот и смртта.


 

 

ПИСМО ОД ОЛГА ЕКОНОМИДУ ОД БОЛНИЦАТА „СОТИРИА“

Никогаш не се наоѓавме во законите, правилата, навиките на овој свет. Овој свет е премногу „тесен“ за нас. Го сакавме вистинскиот живот и слободата, и за тоа ќе се бориме секогаш. И ако денес сме на нашиот 28-ми ден од штрајкот со глад, под ризик да ги изгубиме животите, од сега па натаму, тоа ќе биде затоа што живот без достоинство, воопшто не е живот. Што ќе беше понедостоинствено од тоа да не се браневме, да не се боревме за тие луѓе кои, без никаква корист, без политички тези или избори, беа крај нас морално во текот на целото наше заточеништво, останувајќи Луѓе. Овој пат ние се бориме за нив, за да избегнеме тие да станат колатерална штета на една војна во која никогаш не соучествувале. Нека стрелите на демократија се насочат одново кон своите вистински непријатели. Уште еднаш демократијата се погрижи да ме оддалечи од моите другари, кои се распрснати низ различни болници и затвори. Но моето срце и мојата душа се со нив во секој миг. Нивната сила е и моја сила во текот на борбата која заедно ја почнавме и заедно ќе ја завршиме.

СЕГА И ЗАСЕКОГАШ.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РОДНИНИТЕ НА ГЕРАСИМОС И ХРИСТОС ЦАКАЛОС

ПОДДРШКА И СОЛИДАРНОСТ СО БАРАЊАТА ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ НА ШТРАЈК СО ГЛАД

ДРУГАРСКИ ПОЗДРАВ ОД СЕСРЦЕ ЗА ДРУГАРИТЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, КОИ, УШТЕ ЕДНАШ, ПРЕКУ СВОИТЕ ЗБОРОВИ ЈА ПОНИШТИЈА ДАЛЕЧИНАТА КОЈА СТОИ МЕЃУ НАС

Олга Економиду

Членка на Р.О. Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

Болница „Сотириа“

29.03.2015


 

ВТОРО ПИСМО ОД ДАМИАНОС БОЛАНО И МИХАЛИС НИКОЛОПУЛОС ОД БОЛНИЦАТА „ЕВАНГЕЛИЗМОС“

Денес е 27-миот ден од штрајкот со глад и нашиот разум веќе почнува да си игра со нас. Ја вртиме главата од погледот кој го нуди нашата соба (сега ќелија) на 10-тиот кат во болницата „Евангелизмос“, со цел да споделиме неколку мисли со нашите другари и пријатели.

Сега сме уморни и промените во расположението ни се чести поради ситуацијата во која се наоѓаме. Нашата телесна тежина опадна сега веќе за 5%, 10%, 15%, како да си играме миженка со смртта. Престанавме да обрнуваме внимание на бројките, секако си рековме „до смрт“ кога се прегрнавме и кога ја донесовме оваа одлука и така и ќе биде! Сето останато се само тривијалности.

Дури и сега кога нашата состојба се смета за критична, ниту за миг не помислуваме нешто од типот: „знаеш што? Ме боли овде и овде и тоа почнува да ме загрижува.“ Нашите мисли постојано се со другарите кои танцуваат со нас, Панајотис, Олга, Харис, Макис, Јоргос П., Теофилос, Јоргос Н., Христос и Ангелики, како и со мајката и партнерката кои свињите од антитерористичката единица и судските власти ги измачуваат, како одмазда против нашите дела и намери. Одговорноста за овој напад под кој сме подведени има полно име и адреса и започнува од припитомените ситни политичари во владата, продолжува до Министерот за правда и стигнува до судските власти, кои намерно го одложуваат сослушувањето на жалбата, со цел да не растргнат најмногу што можат. Со други зборови, нашите непријатели!

Колку е иронично што луѓе кои толку многу го сакаат животот и го живеат со полни сили, прават ваква одлука против себе за да се стопат како свеќи, со ризик да го изгубат!

Колку е прекрасно, после толку години од авантури и потешкотии сепак да умреме еден за друг, запечатувајќи ја нашата одлука со прегратка.

Тешкотиите нема да не натераат да се повлечеме!

Во прегратка со смртта!

Михалис Николопулос

Дамианос Болано

Членови на Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

Болница „Евангелизмос“

28.03.2015

ПС1. Испраќаме поздрав и поддршка до сите политички затвореници кои штрајкуваат со глад, кои се борат за итно укинување на:

-антитерористичките закони (членови 187 и 187А)

-законот за дејствување со маскирано лице

-затворите од тип Ц

-употребата на ДНК примероци, кои вклучуваат мешавина на генетски материјал од повеќе личности, и најпосле, ослободување на Савас Ксирос, чиј инвалидитет достигна до 93%.

ПС2. Им испраќаме љубов на лекарите Лина Вергопуло, Спирос Сакас, Олга Космополу.


 

 

ПИСМО ОД МИКАЛИС НИКОЛОПУЛОС И ДАМЈАНОС БОЛАНО ОД БОЛНИЦАТА „ЕВАНГЕЛИЗМОС“

Во средата, на 25 март, додека го тераме 24-тиот ден од штрајкот со глад и нашата физичка и здравствена состојба се влошува, набрзина сме префрлени и хоспитализирано во болницата „Евангелизмос“. Оттаму, по првиот преглед на клиниката за патологија и по целосната грижа од страна на болничките лекари, „испорачани“ сме на чуварот од затворот Коридалос. Таму, со главниот на смената (ќе објавиме детали во иднина), започна серија на инциденти во форма на малтретирања со цел да се влијае на нашата психологија и да се понижат нашите личности – се разбира, попусто.

Приказната започнува во моментот кога нашите роднини дојдоа да не посетат на неколку минути и тоа им беше забрането. Треба да спомнеме овде дека беше издадена дозвола и од советот и од затворските органи за прогон дека и роднините и нашите лекари можат редовно да не посетуваат секој ден, како пациенти. Се разбира, ова беше само почетокот. Потоа побаравме шишиња вода од кантината и тој одби да ни даде. Ова, колку и да звучи трагично, е вистинито. Врв на надреализмот. Паранојата беше очигледно и од неговиот одговор: „Вода не може, кафе ако сакате.“ Таква параноја, што и ние останавме неми. И последната капка: додека чекавме за некои прегледи, кога лекарите пристигнаа да не одведат на одделот за радиологија, видовме како шефот на смената носи со себе инвалидска количка, со намера да не заврзе за неа. Му рековме дека можеме да одиме нормално, во лисици, исто како што дојдовме. Веднаш, во капетански стил, рече ќе одиме или врзани со лисици одзади (луѓе што се на штрајк со глад веќе 24 дена!) или врзани за количка. Додека му спомнувавме дека тоа не може така и дека сме 24-ти ден на штрајк со глад и дека е неиздржливо да се движиме со раце врзани одзади, се сврте кон лекарите и им рече: „не сакаат да го прават прегледот“. Му одговоривме на лекарот дека очигледно сакаме да го направиме прегледот, само баравме да бидеме одведена на „човечки начин“, со рацете врзани однапред, кога тој побрза да рече: „вие не сте луѓе, вие сте затвореници“. Тоа ги надмина нашите граници и вербално го нападнавме со навреди и тој си замина, испраќајќи го и лекарот и повторувајќи му „не сакаат да го прават прегледот“.

Овој конкретен указ не е „бесмислена поплака“, туку известување за инцидентите кои се одвиваат овде. Одговорот од сите нас кои сме луѓе во борба нема да биде во форма на правни поплаки, туку на анархистички акции преку „сферата“* на анархистичката борба. Со таа цел, како што споменавме, во прва прилика ќе објавиме детали за идентитетот на овој мачител.

ДО ПОБЕДАТА

Микалис Николопулос

Дамјанос Болано,

членови на Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

Болница „Евангелизмос“

26.03.2015

*Зборот „сфера“ и зборот “куршум“ се исти на грчки јазик


 

ПИСМО ОД ПАНАЈОТИС АРГИРУ

Денес, 24.03, сум во својот 23-ти ден од штрајкот со глад до смрт, заедно со останатите мои другари од Заговор на огнените ќелии и со анархистката Ангелики Спиропуло, со цел мајката на моите другари Кристос и Герасимос Цакалос и жената на последниот да бидат ослободени, а кои се во притвор веќе три недела под смешни и незасновани обвиненија за учество во нашата организација.

Во вторникот, на 17.03, откако се онесвестив, брзо ме одведоа во болницата во затворот Коридалос, од каде што директно ме испратија во надворешна болница поради слабата положба на моето здравје. Бев трансфериран во болницата „Атикон“ со амбулантна кола, каде што по моето упорно одбивање да примам серум, лекарите потпишаа документи за мој отпуст и бев вратен во затворската болница. По судската наредба за задолжителна хоспитализација, повторно бев одведен во „Атикон“ истоот ден, каде сум хоспитализиран се уште. Мора да потенцирам дека судската наредба, која очигледно беше издадена од органите за прогон на затворот Коридалос, вклучува и мое присилно хранење во случај да ја изгубам свеста или ако одбијам да прифатам третман со серум, со цел лекарите да ја уништат мојата одлука да продолжам со штрајкот со глад до смрт и да ме подведат под тортура со присилно хранење. Лекарите, од своја страна, досега го почитуваа мојот избор и не се обидоа да ја извршат судската наредба.

ЈАСНО ИЗЈАВУВАМ при полна свест и под полна одговорност дека ќе го продолжам штрајкот со глад се до смртта или додека не биде нашето барање услишено. Ги ослободувам лекарите од болницата „Атико“ од било каква одговорност за било што што би ми се случило и за било каков лош исход на мојата ситуација ги држам целосно одговорни моралните поттикнувачи на затворањето на нашите членови од семејството и нивните политички надредени (владата на Сириза, Министерството за правда), кои си ги измиваат рацете како Понтиј Пилат, вртејќи го погледот од штрајкот со глад со смрт кој се одвива во моментов.

Работите се во нивни раце. Или ќе победиме, или левичарската влада ќе го дочека првиот мртов штрајкувач со глад во Европа по најмалку 40 години.

Солидарност со сите кои штрајкуваат со глад од 02.03 и кои бараат: укинување на членовите 187/187А, укинување на законот за маскирани лица на протест, укинување на правниот контекст во врска со земање и користење на ДНК примероци од страна на органите на прогон, укинување на затворите од тип Ц, ослободување на тешко повредениот Савас Ксирос.[1]

Загуба е да се предадеш

Предавството е вистинска смрт

Достоинство до самиот крај

Панајотис Аргиру

член на Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF


 

ПИСМО ОД ХАРИС ХАЏИМИКЕЛАКИС ОД БОЛНИЦАТА „ГЕНИМАТАС“

Во вторникот, на 24.03, бев префрлен во општата болница „Гениматас“ во Атина поради моето влошено здравје после 22 дена штрајк со глад. Денес, петок, додека го пишувам ова, сум во својот 25-ти ден од штрајкот и имам изгубено 15.5 килограми од мојата почетна телесна тежина од 84.5 кг. Во слична ситуација се и другите кои штрајкуваат со глад, членовите на Заговор на огнените ќелии, од кои повеќето се хоспитализирани во различни болници во моментов. Нашето барање за итно ослободување од очигледно одмаздничкиот притвор на мајката на другарите Кристос и Герасимос Цакалос и жената на вториот, стана топка во рацете на судиите, кои го префрлуваат датумот за преглед на барањето од недела во недела, мотивирани или од безпреседанска негрижа за нашите животи или од активен обид да се причини неповратна штета на нашето здравје, кое со голема брзина се влошува. Поконкретно, иако обвинителот кој се бави со нашиот случај предаде позитивен предлог во вторникот, на 17.03, ниту еден од советите кои се бават со случајот на роднините на другарите го нема прегледано барањето за замена на притворот со условно ослободување. Во меѓувреме, политичкото водство стои пркосно индиферентно спрема постапките на судиите, какви што не сме виделе во текот на историјата на Грција од владеењето на хунтата па наваму. Очигледно владата на „левата“ Сириза не е заинтересирана за фактот дека за прв пат се криминализираат блиските и семејството и дека роднини на политички затвореници се држат затворени од очигледно одмазднички причини, со смешни и незасновани обвиненија.

Јас, од своја страна, изјавувам дека за секој ефект кој штрајкот со глад може да го има врз моето здравје (што од оваа точка веќе е трагично можно), политичките и судските власти, кои вршат физичко и морално уништување на штрајкувачите со глад, се единствено одговорни.

НИТУ ЧЕКОР НАЗАД

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РОДНИНИТЕ НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

ПОБЕДА ЗА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ НА ШТРАЈК СО ГЛАД

Харис Хаџимикелакис

Член на Заговор на огнените ќелии FAI/IRF

Петок 27.03.2015

П.С. Ги поздравувам гестовите на солидарност и во Грција и пошироко. Другари, вашите акции ни даваат сила.

Солидарност и соучесништво со Алфредо Коспито и Никола Гаи. Браќа, вашите зборови горат како пламен во моето срце.


 

ПИСМО ОД ЈОРГОС ПОЛИДОРОС И ГЕРАСИМОС ЦАКАЛОС ОД БОЛНИЦАТА „ЦАНИО“

ДО САМИОТ КРАЈ…

Го продолжуваме штрајкот со глад веќе 27-ми ден по ред и сега сме хоспитализирани во болницата „Цанио“. Нашето здравје можеби во моментов е „загрижувачко“, како што велат лекарите, но тоа воопшто не не засега. Сакаме да бидеме јасни уште еднаш. Нема враќање од нашиот избор да умреме ако е тоа потребно за да се стави крај на одмаздничкиот притвор на мајката на Христос и Герасимос Цакалос и партнерката на вториот. Ние сме луѓе кои си го одржуваат својот збор и ќе останеме доследни на тоа како анархисти. Нема да се повлечеме. Можеби на некои им звучи необично тоа што штрајкуваме со глад без да бараме нешто за себеси, но не можевме да допуштиме тој одмазднички лов да помине. Да се казнуваат нашите семејства поради нашиот избор е фашистичка практика. Од оваа позиција, единствено оружје што можеме да го искористиме е штрајкот со глад. Искрено сме им благодарни на другарите кои на сите можни начини помагаат борбата која ја водиме овде да биде слушната преку солидарни акции надвор од затворот. Нема да се повлечеме ниту еден чекор назад. Нема да престанеме. Решени сме попрво да умреме, отколку да ја прифатиме идејата нашите најблиски да бидат во затвор. Одиме до крај, а секој нека си ја преземе својата одговорност.

НИТУ ЛЕВА, НИТУ ДЕСНА ВЛАСТ

СМРТ НА СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА СЛОБОДАТА…СЀ ДО ПОБЕДАТА

Солидарност и сила за сите кои штрајкуваат со глад

Герасимос Цакалос и Јоргос Полидорос

Членови на Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

ПС1. Нашите мисли се со сите другари кои штрајкуваат со глад низ болниците во Грција, а особено со Михалис и Дамијанос, сместени во болницата „Евангелисмос“, позната по својата историја на мачење на урбани герилци во текот на нивното хоспитализирање таму. Останете силни, браќа, се до победата.

ПС2. По доброосмислената интервенција во болницата „Цанио“ од страна на некои другари последните неколку денови, како реакција на однесувањето на болницата спрема анархистот на штрајк со глад Фивос Харисис, однесувањето на медицинскиот персонал спрема нас конечно е како што треба.

 

Забелешка: [1] Ова се барањата на новоформирана „Мрежа на борбени затвореници“ (DAK)

 

извор: interarma