„Меѓу два света“ – Интернационален повик на акција за штрајкот со глад до смрт на ЗОЌ

Print

Во моментот кога се пишувани овие зборови, го минуваме 25-тиот ден од штрајкот со глад за ослободување на мајката на Христос и Герасимос Цакалос, како и девојката на вториот.

Притворот пред судењето на роднините на двајцата другари беше акт на одмазда од страна на судските власти против нас, за возврат на планот за бегство кој го подготвувавме, со бомбардирање на затворот.

Сега кога сме на нестабилна точка помеѓу животот и смртта, сакаме да споделиме неколку мисли со браќата и сестрите, соучесниците, другарите и анархистите низ целиот свет. Се разбира, знаеме дека зајакнување на репресијата не се одвива само на грчка територија. Истото е случај во повеќе земји, во обид да се казнат анархистите кои го одрекуваат постоечкото. Неодамна во Чиле, полицајци се обидоа да ја вмешаат мајката на другарот Хуан Алисте (случајот „Безбедност“) во обидот за бегство на нејзиниот син и неговите другари. Понатаму, во Шпанија, преку операцијата „Пандора“, другарите од пријателските кругови на анархистичката затвореничка Моника Кабалеро беа гонети, додека роднините на анархистката Тамара Сол во Чиле, во текот на нивна посета во затворот, преживеаја одмазднички садистички „третман“ од страна на затворските службеници, кои сакале да ги подведат на понижувачки телесни претреси.

Овие напади против роднини и пријатели на анархистички затвореници имаат цел да оформат непреминлив ѕид околу нас за да нѐ изолираат. Она што апсењата, пресудите и затворските решетки не успеаја да го постигнат, емотивната уцена и затворањето на нашите сакани во ќелиите на демократијата се обидуваат да го постигнат. Уцената е јасна: или ќе се сложиме на примирје, или нашите роднини ќе останат во затвор. Нема да потпишеме никакви изјави за каење, ниту ќе капитулираме пред моќта. Остануваме непокаени анархисти и со секој нов ден додека моќта ги држи нашите луѓе како заложници, волкот на негацијата и нападот се разбеснува се повеќе во нас…

Знаеме дека неколку другари од цел свет, со кои сме поврзани преку соучесништво во анархистичка акција, се изненадени од нашиот избор за штрајк со глад. Како што ни напишаа некои блиски другари од Хрватска, кога ѝ поставуваме барања на власта преку штрајк со глад, на некој начин ја признаваме кога бараме да ни ги задоволи барањата. Некој друг би рекол дека штрајкот со глад изгледа како потпирање на емоции, кои ги негуваат трговците со надеж и со хуманизам за да играат политички игри на наш грб. Јасни ни се некои од грижите поврзани со методот на штрајк со глад, а во минатото, сме ги споделиле и нашите мисли. Освен тоа, во неколку случаи кога искусувавме одмазда од власта, одбиравме да делуваме поинаку, а не преку штрајк со глад. Со прости зборови: на војна, одговараме со војна. Бидејќи нашиот избор секогаш е нападот. Но сега не зборуваме за нас самите. Заложници во затвор сега се нашите блиски. Затоа одбравме штрајк со глад, за јавно да ја покажеме грдотијата и морбидноста на моќта. Сега сме во 25-тиот ден од штрајкот и не признаваме ниту милиметар подарена територија од страна на моќта спрема нас. Освен тоа, свесни сме дека слободата се освојува преку насилството на нашите сопствени дела и нема да ни биде дадена преку закони. Но, нашите блиски не се дел од војната која ѝ ја објавивме на моќта, и затоа нема да бидат дел ни од нашето заточеништво. Затоа бараме нивно итно ослободување од ќелиите на демократијата.

Знаеме дека штрајкот со глад е бавна смрт. Но, ова не е наша смрт. Тоа е смртта на општеството кое останува поспано и молчеливо спрема фашизмот на власта. Затоа ја преземаме одговорноста да го разоткриваме и понатаму… Затоа штрајкот со глад кој го водиме не е пасивен став, туку вресок на напад, кој прераснува во пракса преку делата на солидарност. Тоа е вресок на напад кој се среќава со илјадници гласови на демонстрациите, со стотици раце кои ги вандализираат ѕидовите со слогани на солидарност, кои обесуваат банери, сквотираат згради, радиостаници, владини простории и палат илјадници банки, државни возила, седишта на политички партии, судови, во Грција, Италија, Чиле, Мексико, Аргентина, Чешка, Шпанија, Обединетото Кралство, Турција и борбените територии во Курдистан. Штрајкот со глад, кога е поврзан со акции на напад, не е молба за милост, туку повик на акција. Затоа повикуваме, од денес, штрајкот со глад кој го водиме да прерасне во повод за анархистите, за Црната интернационала на анархистите од практика, за ќелиите на FAI/IRF, за другарите, за сите кои одбираат да го нападнат поредокот, молкот и законите на овој свет и неговата цивилизација. Од денес, преку напади низ целиот свет, да го поставиме прашањето: или со анархијата, или со власта.

Затоа што во заднината на штрајкот со глад за ослободување на семејните членови на другарите од ЗОЌ всушност се натпреваруваат два различни светови: од една страна, светот на власт, ред, законитост, закони, судии, затвори и од друга страна, светот на револтот, светот на улиците, на пламенот, на слободата, на анархијата…

НИШТО ПОМАЛКУ ОД СЀ

ШТРАЈК СО ГЛАД ЗА ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

ПОБЕДА ЗА СИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА

Заговор на огнените ќелии – FAI/IRF

Ќелија на затворени членови

Грчки затвори

27.03.2015

ПС: Сила и соучесништво со сите затворени анархисти низ светот, а особено со нашите браќа Алфредо Коспито и Никола Гаи, заточени во италијанските затвори.

извор: interarma.info