„СЕ ИЛИ НИШТО“ – текст од ЗОЌ на 32-от ден од штрајкот со глад [Грција]

images4

Пред неколку дена, советот одговорен за ослободувањето на мајката на Христос и Герасимос Цакалос и девојката на вториот одржа седница. Повеќекратните одложувања на советот доведоа неколку другари од Заговор до границата помеѓу животот и смртта. Михалис двапати беше во опасност да преживее срцев удар, поради тоа што пулсот му опадна до 20-25 отчукувања во минута (!!!), Олга падна на 40 килограми, Панајотис веќе имаше проблематично здравје поради претходни повреди на главата, Јоргос П. има сериозна брадикардија и проблеми со притисокот (систоличен притисок 50, диастоличен 30) и сите другари изгубија 15-20% од почетната телесна тежина.

Конечно, првиот совет (со мнозинство) одлучи да ја ослободи мајката, со челични рестрикции (10.000 евра казна, 3 пати месечно задолжително присуство во полициска станица, забрана за напуштање на земјата и забрана за напуштање на островот Саламина каде што таа живее, на што резултат, главно, е тоа што нема да смее да ги види своите синови во затвор). Вториот совет го одби барањето за ослободување на девојката на Герасимос Цакалос и ја задржаа како заложничка на судската одмазда.

Таква е играта на смртта, која продолжува во уште понападен стил. Сакаат да нè поделат, нудејќи ни, од една страна, хендикепирана слобода со отпуштањето на мајката и од друга страна, да прифатиме компромис со задржувањето на Еви. Нашиот одговор е едноставен и јасен.

Нема примирје, ниту чекор назад.

Нема да го прекинеме нашиот штрајк со глад дури ниту пред работ на бездната на смртта. Бидејќи апсолутната смрт значи да ја прифатиш реалноста која ти ја наметнува власта, да се повлечеш пред нејзините заповеди и да се криеш во индиферентноста.

Ние продолжуваме до самиот крај, решителни во нашата одлука. Додека не се стави крај на притворот на Еви.

ПС1: Мајката на другарите Христос и Герасимос Цакалос одби да се согласи со нефер продолжувањето на заложничката ситуација на Еви и не ги прифати рестрикциите, тврдејќи дека ќе помине низ портата до слободата само со Еви, која нема никаква врска со нашата организација. Достоинството се покажа посилно од легалната слобода.

ПС2: Последните две апсења (двајца Албанци, според вестите) во врска со нашето испланирано бегство само го докажува постоењето на судско-полициски Гордиев јазол, кој се стеснува како јамка околу вистинските настани. Неколку личности, кои немаат никаква врска со нашата организација, беа носени во окови до истражните канцеларии, а други се држат во притвор, само затоа што органите на прогонот посомневале дека во некои од декриптираните пораки има референци за нив (таму ги нема ниту нивните имиња).

Она што се отвара пред нас е спектакуларна телевизиска продукција со осмислени протечени информации од полициските архиви до новинарите со цел да се преувеличи и изврти реалноста. Тоа е ТВ најава за бегство од затвор, кое за несреќа не се случи. Реално шоу со јаки дози на канибализам, бидејќи и покрај тоа што ние, ЗОЌ, преземавме полна одговорност за конфискуваните оружја и експлозиви, други луѓе беа одведени во затвор поради другарска врска, поради писмо, поради прекршок или поради ништо, со помош на дисторзираната лупа на антитерористичкиот закон.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЕВИ

СИЛА ЗА МИХАЛИС кој стигна до границите на смртта (брате, секоја наша мисла, секое отчукување на нашето срце е за тебе)

ПОБЕДА ЗА СИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД И ЗА БАРАЊАТА НА БОРБАТА

Заговор на Огнените ќелии

Ќелија на затворени членови

32 ден од штрајкот со глад

извор: interarma