Текст од анархистот Спирос Мандилас кој е на штрајк со глад

Забелешка на Заговор на еднаквите: Денес е 50-тиот ден откако другарот Спирос Мандилас од анархистичкиот сквот „Надир“ во Солун започна штрајк со глад, со барање за негово итно ослободување од притвор. Спирос е притворен во врска со внатрешниот конфликт помеѓу повеќе сквотови во Солун, вклучително и „Надир“. Во негово отсуство и отсуство на неговиот бранител, а со присуство (кое Спирос го оквалификува како предавничко) на останатите речиси 50 обвинети (освен еден) во овој случај, судот го осуди на 7 години затвор и му беше назначен притвор со кауција од 5.000 евра до носење на конечната правосилна пресуда. По неговото повторно затворање, Спирос започна штрајк со глад, барајќи итно ослободување од притвор, одбивајќи да ја плати кауцијата.

СОЛИДАРНОСТ И СИЛА ЗА ДРУГАРОТ СПИРОС


Текстот на Спирос Мандилас:

Во понеделник, 4 Мај во 09h, моето барање за откажување на рестриктивните услови на одлуката која ме држи во притвор ќе се разгледува во Апелациониот суд во Солун, соба 335.

Денес, среда, 29 Април, јас сум во 47-миот ден од штрајкот со глад и имам изгубено околу 20 килограми, што е околу 25% од мојата почетна телесна тежина. Притисокот, шеќерот во крвта и пулсот сега ми се во критична состојба, а преживеав и две епизоди на губење на свеста, сериозни стомачни пореметувања со загуба на природни електролити во телото и проблеми со црниот дроб. Го одбив советот на лекарот да примам електролити. Исто така, од првиот ден на мојата хоспитализација во „Цанио“ ставив до знаење дека нема да прифатам никакви серуми, дури ниту ако паднам во кома. Лекарите и сестрите немаат никаква одговорност.

На денот кога ќе се разгледува моето барање ќе бидам во 52-от ден од штрајкот со глад. Единствената одлука која ќе ја прифатам е онаа која целосно ќе ги поништи рестриктивните услови на одлуката за притвор.

ШТРАЈК СО ГЛАД ДО КРАЈ

БЕС И СВЕСТ

Спирос Мандилас

Член на анархистичкиот сквот „Надир“

Среда, 29 април 2015

Атина, болница „Цанио“

извор: interarma