Грција: Спирос Мандилас го продолжува штрајкот со глад (53 ден) – Одбиено неговото барање за ослободување

Вчера Апелациониот суд во Солун го одби барањето на другарот Спирос
Мандилас за негово ослободување, односно за укинување на кауцијата од 5.000
евра. Наместо тоа, судот само ја намали кауцијата за негово ослободување од
притвор на 2.000 евра, и покрај сознанието дека во тој случај Спирос ќе
продолжи со штрајкот со глад.

Денес тој минува низ 53-от ден од штрајкот со глад, нов ден за чекор
поблизу до работ на смртта. Неговата состојба е крајно опасна: веќе има
изгубено 25% од телесната маса, а неговите лекари напоменуваат дека ако
стигне до 28%, со сигурност ќе следува смрт. Прашање е воопшто дали, дури и
да го прекине штрајкот веднаш, ќе биде во можност да си ги врати во нормала
функциите на основните органи, односно прашање е дали судот уште сега веќе
го нема убиено.

Спирос, освен во судот, одговорноста ја гледа и во другите 39 обвинети во
истиот случај, кои ги смета за соучесници во неговото притворање, затоа што
на денот на пресудата, ниту тој ниту неговиот адвокат не биле во можност да
присуствуваат на процесот и пресудата е донесена во нивно отсуство, додека
останатите (освен еден) прифатиле пресудата да биде донесена без разлика на
неговото отсуство. Поради тоа, во последното негово писмо од вчера од
болницата „Цанио“ во Пиреја, Спирос бара од нив итно да соберат пари за да
ја платат намалената кауција од 2.000 евра, додека самиот одбива да ја
плати.

Ова е најдолгиот од сите штрајкови со глад кој се одвиваа во грчките
затвори од есента наваму.

СИЛА ЗА ДРУГАРОТ СПИРОС МАНДИЛАС 

ЗнЕ

повеќе на: interarma.info