„Штрајкот со глад“ како метод на борба – RadioAzione [Италија]

uno-sguardo-oltreСо текстот на Спирос Мандилас за прекинување на неговиот штрајк со глад, RadioAzione ги затвора своите врати за новиот метод на протест – „штрајк со глад до смрт“, гнилото овошје на добата на брза комуникација. Да, бидејќи благодарение на интернет информациите ќе следуваат уште многу штрајкови со глад до смрт.

Отсекогаш сум го отфрлал штрајкот со глад како метод на борба, но секогаш сум ги почитувал оние кои го применувале од некои „икс“ причини во изминатите години. Наспроти штрајкот со глад, со кој човек го изложува сопствениот живот на ризик, го преферирам „камиказата“ кој ќе се крене во воздух во некоја касарна.

Како да не е доволно што сме фрлени во занданите на државата, па згора на тоа мораме да ѝ помогнеме на истата таа држава физички да нѐ елиминира. Оттаму, подобро е да се обидеш да убиеш затворски чувар доколку сакаш да го ризикуваш животот во затвор, наместо тоа да го правиш уценувајќи ја државата и барајќи милостина од неа.

Уцената значи: што ќе се случи ако нашето здравје се влоши заради штрајкот со глад? На одреден начин тоа е како да велите: „Државо, внимавај! Aко умрам, надвор ќе има хаос…“. Милостината носи маска на барање со уцена.

Од тие причини не мислам дека „штрајкот со глад“, особено оној кој бара државата да биде попопустлива, е соодветен метод на борба за еден анархист. Јасно ми е дека тоа е еден од малкуте методи на борба кои можат да се користат во затвор, но доколку одлучиме да „украдеме чоколадо“, добро знаеме дека резултатот од тоа ќе биде казна. Нема смисла подоцна да се жалиме на тоа. Дури и ако бидеме обвинети дека сме го украле чоколадото, а не сме го сториле тоа, мораме да земеме предвид дека припаѓаме на оние кои секако би сакале да го украдат.

Накратко, ние сме анархисти и доколку не одлучиме животот да го минеме во библиотека, читајќи книги и прифаќајќи, повеќе или помалку, разни теории, порано или подоцна ќе завршиме во затвор.

Тоа може да се случи затоа што ќе нѐ фатат или ќе нѐ наместат. Во војна непријателот мора да биде елиминиран на секој можен начин, а во однос на тоа државата е многу подоследна отколку анархистите. Свесен сум дека додека ги пишувам овие редови повеќе другари од Чиле се во штрајк со глад поради одредени причини поврзани со нивната ситуација, како што е изолацијата, притворот итн. Но, тој е многу поразличен од штрајкот со глад кој го водеа и прекинаа затворените анархисти во Грција (вршејќи притисок на новите владетели и „пријателската“ влада на СИРИЗА со цел да се укинат некои закони кои се однесуваат на анархистите). Тоа е метод на „борба“ при кој, како што кажав претходно, од државата се бара нешто преку уцена, што не може да ја отсликува анархистичката борба.

Дали треба да молчам пред сево ова? Треба да ли да кружат само изјави на игнорантна солидарност и ниту еден поинаков став?

Колку што можам да видам, критиката не доаѓа само од мене, туку и од други другари чиишто идеи се ставени (и таму и остануваат) во фиоката на анархистичката учтивост. Моите размисли се само „некакви размисли“, додека размислите на другите се размисли во вистинска смисла… За моите размисли да не бидат само некакви размисли, треба да ги напишам во затворска ќелија; и да, тогаш таму ќе станат размисли во „вистинска смисла“… Да, затоа што сѐ што доаѓа од затвор се смета за вистинито, а често она што доаѓа однадвор се глупости доколку не се согласуваат со униформноста.

Теоријата вели дека критичката анализа, особено кога доаѓа од „политички некоректна“ страна и кога не е доволно длабока, не „држи“ на интернет. Оној кој издава печатено списание може да ги пишува своите размисли без тие да бидат „некакви размисли“. И затоа сега јас не треба да ги пишувам моите затоа што поради простата причина што кружат на интернет се сметаат за „некакви размисли“? Морам ли да имам „диплома“ или „лиценца“ за да кажам што мислам? Тоа многу ме потсетува на методот на пленуми, каде што оној кон не е добар „оратор“ молчи и никогаш не се вмешува, а доколку се вмеша со својот едноставен и искрен начин на зборување веднаш е замолчен од долг говор на некој добар оратор.

Немам пари да издавам списание, а кога тоа го правев во минатото на многумина не им беше грижа да остават донација, и покрај фактот дека списанието (минус трошоците на печатење) беше бенефит за анархистичките затвореници. Меѓутоа, разбирливо (разбирливо?) стотици примероци беа дистрибуирани на мој трошок. Заради тоа одлучив моите „некакви размисли“ да ги префрлам на вебсајт, „речиси“ бесплатно. И бидејќи немам намера да станам „новинска агенција“, моите размисли ги објавувам тука. Не губам предвид дека интернетот е под надѕор, но и списанијата не треба да мислат дека се далеку од очите кои ги следат. Следствено на тоа, моите размисли се под надѕор подеднакво како и оние во списанијата.

Уште нешто што не поднесувам и што навистина ме збеснува е кога ќе слушнам, „сега не е вистинскиот момент“. Врз основа на кој христијански дух се тврди ова срање? Само затоа што некој одлучил својот живот да го претвори во „уценувачка милостина“ и би можел да умре, јас не смеам ништо да кажам или да размислувам? Зошто оние кои го поддржуваат можат да се изразат, но не и оние кои не го поддржуваат?

Треба ли да молчам, да чекам да умре и потоа да пратам цвеќе на неговиот ковчег и порака со сочувство за неговото семејство? Не, жалам, јас имам луциден и циничен ум и попрво би кажал: „Кутар другару, несвесен си и умираш и воопшто не сфати дека ѝ правиш услуга на државата…“ Не сум против самоубиството, немам потреба да бидам еден примерок од безвредната фауна на оваа посрана планета. Не сум ни католик за да сметам дека самоубиството е грев. Самоубиството е момент, и честопати можеби се потребни само неколку секунди од помислата до тоа да се стори. Ако би имал 2 минути да размислам за тоа, попрво со мене под земја би одвлечкал и некој од моите непријатели.

Многупати сум слушнал „не е вистинскиот момент“. Еднаш е не за протест, следниот пат е не за напад, потоа не за критика, а понекогаш е не затоа што некого го болело стомак. Пред неколку години некој кажа: „одиме и се враќаме заедно“. На многумина не им се допадна оваа изјава и таа со право (според мене) беше критикувана и променета во: „Јас/ние никого не чекам/е!“. „Одиме и се враќаме заедно“ значи дека треба да има посебен момент за одење и посебен момент за враќање, секогаш заедно. Оттаму, треба да постојат „посебни“ моменти. Но кој знае кои се тие моменти? Обично нив ги одредуваат лидерите… или подобро е да кажеме дека никогаш нема да постојат… Што значи дека многумина го критикуваат концептот на „одиме и се враќаме заедно“, а всушност велат „подобро е ништо да не кажеме и направиме бидејќи не е вистинскиот момент…“. Ајде да си играме „откриј ги разликите“.

Од моја гледна точка, оној кој вели „не е вистинскиот момент“, несомнено страда од авторитарност. Дури и ова „некакво размислување“ во врска со употребата на „штрајкот со глад“ како метод на борба, а особено оној „до смрт“, ќе заврши во фиоката на анархистичката учтивост. Бидејќи затворените анархистички другари кои штрајкуваат со глад не смеат да знаат дека има анархисти кои размислуваат поинаку; мора да знаат дека сите анархисти ги поддржуваат. А како да нема доволно бетонски ѕидови, бодликави жици и решетки кои ги изолираат затворениците од она што се случува надвор, па згора на тоа и другарите однадвор ја извртуваат реалноста. А којзнае, можеби дури некој се надева дека другарот кој штрајкува со глад ќе умре за да може да протестира и крши прозорци на продавници.

Забелешка: Никој не е принуден да ги чита моите размисли, а ако некои од нив ви пречат, сменете го „каналот“ и сигурно ќе го најдете „општествениот мир“.

RadioAzione, 8 мај 2015

извор