ЦРН ЈУНИ- Запалена канцеларијата на Министерството за социјална политика “SEDESOL” [Халапа, Мексико]

c

Изјава за нападот со пожар на канцеларијата на SEDESOL, за Црн јуни

На населбите, маалата и заедниците
На сите кои се организираат и се борат
На нашите другари
На независните средства за информирање
На Мексиканците

Уништената земја е вашиот пристап
Ќе бидам орана земја
или пуста земја
Не сакам да бидам куче кое ќе се грижи за својата сенка
ако не ме сакаш слободен
ќе мораш да ме гледаш мртов

Десет дена од почетокот на Црниот јуни, бројни подрачја се вклучени во виорот на борбите и судирите, запалените барикати кои го отвораат патот кон самоопределување и изградба на автономија. Гневни и со објава на војна, од првите часови на Црн јуни со пожар ја нападнавме Федералната канцеларија за развој – SEDESOL – околу 4:40 во Халапа, во државата Веракруз.

Брз и ефикасен напад, за кој велат дека:

„Пожарот уништи поголем дел од мебелот, канцеларискиот материјал и уредите, каблите за струја и дигитална комуникација.“

Накратко, повеќето уреди отишле по ѓаволите.

На местото на настанот го оставивме натписот „ДА ГО СРУШИМЕ КАПИТАЛИСТИЧКИОТ РАЗВОЈ (А) ЦРН ЈУНИ“

Значи, зошто би требало со бес и оган да го срамниме со земја SEDESOL?

Веќе подолго време имаме неразрешена ситуација, односно, на почеток ни измислија болест која ја нарекоа „сиромаштија“, а потоа нѐ уверија дека страдаме од истата со цел да ни продаваат или подаруваат „лек“, или пак да нѐ присилуваат на него: напредок; кој нѐ лекува со уништување и ни ја пие крвта, за да полесно да нѐ натераат на нивната игра, во нивното поимање на животот, во нивната граѓанска и општествена „должност“.

Единственото значење на концептот за напредок е непрекинатото уништување на сите облици на живот, животински и растителни видови, начин на живот и организирање, размислување, љубов, говор или радост. Колку јазици, зборови и облици се задушени со километри цигли и цемент? Или пак се уништени од „задолжителното, јавно и бесплатно школство“ и програмите за „поддршка“, односно со најподлите и најнемилосрдни облици на контравостание. Затоа што се работи за „социјална политика“, поим кој со владите ги именуваат своите смртоносни и најпогубни орујжа, со кои уништувале и уништуваат подрачја, пустошат села, принудуваат на иселување, запоставуваат, трујат.

Веќе со децении водат таква војна против нас, затоа што однапред знаеја дека подрачјата и екосистемите се силни и страшни кога низ нив ќе протече живот; и дека нивните жители и заштитници исто така се отпорни токму затоа што се дел од исто толку силни екосистеми, и дека никогаш не би ги покорила со сила.

Поаѓајќи од тоа гледиште, знаат дека изградбата на нивните Мегапроекти на смртта (урбанизација, пристаништа, автопатишта, хидроелектрани, ветерници, нуклеарки, рудници) требаат дополнително да ги ослабат подрачјата, да ги присвојат нивните води, раздвојат нивната земја, канализираат нивните реку, да испуштат цијанид во рудниците и отровните состојки од хидрауличното бушење [fracking; заб. на прев.] во подземните води до таа мера, што притесните за ѕид и без извор за живот, да се покориме на тиранијата на општеството и парите.

Потрошија децении на војни операции во нашите подрачја, покренувајќи еден вид тотална војна која ние и другите ја нарекуваме општествена војна. За нас општествената војна е составена од сите тие (макро и микро) судири кои се водат за заедниците, семејствата, групите да се подвргнат на шемите и динамиката на Општеството. На тие дела и вредности кои ги доведоа за да нѐ присилат, осакатат и подјармат.

За нас општествената војна не е онаа која ние ја креваме против системот (за разлика од онаа која фашистите со срп и чекан упорно ја нарекуваа класна војна), туку е големата офанзива која ги користи сите видови средства: од социјалните политики со својот „модел на национално образование“, па сѐ до телевизиските серијали, интернтот итн., покрај непрекинатото бомбардирање со динамики и стереотипови со цел постојано да се репродуцираат. Таа општествена војна не го погодува непријателот ниту го тера да се предаде, тоа е војна која сака целосно да го избрише и уништи секој облик на размислување и постоење кој не носи корист на капиталот, Светската Банка, Меѓународниот монетарен фонд, на патријархалните логики, од која страна и да доаѓаат.

Накратко, напредокот, без оглед дали е тој капиталистички, социјалистички, фашистички и лопезобрадористички не е ништо друго туку војна против изворното.

Војна против сѐ што е различно.
Војна против поинаквото.
Војна против задоволството.

Затоа што знаеме дека нивните крстоносни походи против гладта се само војни – во суштина крстоносни походи – против семејствата со цел да ја затрујат нивната исхрана и нагризаат заедницата. Затоа што знаеме дека продажбата на вода на француски, бразилски и мексикански претпријатија е дива војна против секој облик на живот.

И ако сакаат војна, ќе ја добијат.

И војна и имаат. Со оваа изјава сакаме да нагласиме и дека десет дена по почетокот на Црниот јуни, мирисот на барут, пролеан бензин, дим на запалени гуми на барикадите ги исполни различните подрачја во овој веќе историски месец, во кој изборниот бојкот во селата, квартовите и заедниците се одвиваше пропратен со брзи саботажи, пожари и експлозии, исполнувајќи го зракот со прекрасната бучава на востаничката бура.

Несомнено, нешто се придвижи, помеѓу ширењето и повлекувањето, судирите, борбите и барикадите, како во Хуахуапан (можеби најсилни во последните години), Тистла или Хучитан, на 7 јуни мексиканската држава беше нападната на бројни наши места и подрачја; од висорамнината Чијапас па сѐ до висорамнината Пурепеча, преку долините, низините, планините и бреговите на Оахака, сѐ до реките и степите на Јаки отворени се бојни полиња против демократскиот изборен систем, соочувајќи се со него онака како што треба:

Секојпат и секогаш сѐ подиво, сѐ додека со убод по убод во неговите страни, забарикадираните на нивните автопатишта, не отвориме рани за да продолжиме да ги копаме рововите на автономијата, градиме барикадите на нашите соништа, придвижуваме немири на слобода, преку кои добиваме шанса да одлучиме како да живееме, зошто да живееме и во кој момент да умреме.

Тоа беа тешки денови, но знаеме дека никаде не се гледа крајот на тоа – ниту очвекуваме таков момент – автономија нема да избориме преку граѓански здруженија, ниту ќе молиме за неа на преговори, ниту пак ќе ја заштитиме со комисии за човекови права. Треба диво да се бориме за да ја стекнеме, со нож – На нож со постоечкото, неговите бранители и лажните критичари.

Затоа што „системот“, светскиот систем, проклетото нешто, посраниот капитализам или како и да сакаме да го наречеме, постои во оналкава мера во колкава ние самите ги репродуцираме неговите вредности, ставови, однесувања и динамики. Капиталот не е фиксиран некаде на небото или на земјата. Тој тече секојдневно, по свои правила, закони, ритуали или забави. Да се учествува, соработува, бара финансиска поддршка за борба против системот или засолниште во институциите, сето тоа само го зајакнува непријателот затоа што се репродуцира, мултиплицира, бидејќи се интериоризира.

Но тој не опстанува покрај пасивноста, туку покрај незаситната алчност која сите сака да нѐ натера да го јадеме истото смрзнато ѓубре, генетски модифицираните срања, сите да ја пиеме истата кока-кола, во Сомалија и во Патагонија. Ги претвора нашите животи во запчаници, во навои и матици, кои на некој перверзен начин помагаат да се репродуцираат динамиките и однесувањата кои ја овозможуваат светската капиталистичка војна.

Ќе повторуваме додека не се умориме, организациите за заштита на „човековите права“ се клучен дел од непријателот. Пред индустријализацијата Напредокот го запечати својот триумф со универзалната декларација за човекови права. Додека ја пишувале и се договарале што се, а што не се „универзални права“, со ударите не перото ја докрајчиле секоја можност за изградба на слобода или автономија внатре нивните западњачки нации.

Никогаш нема да се умориме гласно да кажуваме дека повикувањето на нив е еднакво на соработка со непријателот, на уште победен и попонизен начин од собирањето на улица за да се бара „повеќе демократија“, иако не толку беден како поддржувањето на градските кандидати; но сепак победно од испраќањето потписи на некоја институција како би поддржала или не одреден закон. Сето тоа ги зајакнува националните институции, односно, тоа е како од месар да се бара да го остави својот месарски нож кој не сече, за да го замени со сабја со блескава острица која ние самите сме ја наостриле. Освен тоа, повикувањето на тие методи и институции ги репродуцира логиката, начините, улогите и динамиките кои не само што дозволуваат, туку и овозможуваат против нас – и против сѐ живо и неживо – да се развие капиталистичката светска војна, истата онаа која пали деца во градинките и која поробува на полињата охакалифорнија.

Ние не сакаме да бидеме вклучени во проектот на нацијата, не сакаме поголемо Мексико, посилно Мексико, победоносно и транспарентно Мексико во кое повеќе нема корупција. По ѓаволите со сето тоа! Земјите се измислени во 19 век, преку договор помеѓу аристократијата која не сакала да се одрекне од моќта и надоаѓачката буржоазија која сакала да ги укине ограничувањата на стариот режим. Демократија: Франкештајн измислен заедно со заклучокот дека „сѐ мора да се промени за сѐ да остане исто“.

Како такво, и Мексико е збир на апаратури, институции и теории со кои се води општествената војна. Мексико е голема идеја за чие остварување е неопходно постојано да се извршува етноцид. Мексико е уништување на јазикот, начинот на размислување, реките, мочуриштата, прашумите, шумите и планините, од кои многу се ставени пред стрелачки одред, додека други ги погодил громот, без двоумење, на некои компании, тивко како мапа или датотека која се затвора.

На сите им отчукуваат последните мигови наспроти развојот на Мексико и капитализмот; напредокот кој постои ако и само ако се репродуцираат динамиките кои синовите на нивниот ебен татко ги поставиле намерно со цел преку постојаното бирање на Чан или Хуан, да го градат нашиот секојдневен живот на нивен начин. Секојдневно ги градиме нашите окови, така што Ти, кој го читаш овој текст, си главниот чувар во затворот на самиот себе, затворот во кој си го изградил својот живот. А помеѓу врските кои се создаваат помеѓу личните затвори и оние околу нас, градиме затвори од крв и месо, но и од цемент, каде нѐ држат покорени, заробеници на нашите стравови, врзани за вредностите кои ти ги всадиле уште од малечок, постојано барајќи

повеќе ланци
повеќе демократија
повеќе катанци
повеќе напредок
повеќе уништување.

Затоа чувствуваме потреба да нападнеме и уништиме, да создадеме пукнатини, да ги зголемиме постоечките, прекинувајќи ги секојдневните динамики во кои нѐ удавиле – или на кои сакаат да нѐ присилат – затоа што голем дел од нивниот успех е постојано да нѐ одржуваат во брзање, од едно место на друго, со овој проблем или со онаа потреба, отворајќи простори само кога ѝ се потребни на логистиката и кога ја вклучуваат моќта. Затоа се бројни моментите во кои е нужно да се запали небото за да се има место да се седне, за соживот и изградба без вплеткување на државата, или за набљудување на напредокот на светската капиталистичка војна, додека се подготвуваат нови шанси, секогаш подготвени за напад.

Затоа – и затоа што ни причинува задоволство – го ставаме и нашето зрно песок за да ја уништиме вашата земја, за да ги запалиме нивните канцеларии, да ги бојкотираме нивните избори и да се судриме со нивните свињи секојпат кога ќе ни ги пратат.

За еднаш веќе да го прекинеме тој ваш Мир,
вашиот вооружен мир
и вашата истребувачка војна наречена „напредок“.
Никогаш не простуваме и не, никогаш не забораваме.

Многу силна и пред сѐ многу борбена прегратка за другарите во Черан, Акиља, Остула, Урипучуар и другите народи од Пурепеча и Нахуатл, кои на подрачјата на државата Мичоакан се борат за свое самоопределување со гордост во градите, со традицијата на ум и со оружје во рацете.

На другарите Јаки кои пружаат отпор и гордо опстојуваат.

На другарите од Сен Квентин чијшто отпор се појави и во службените медиуми, потсетувајќи нѐ сите дека се таму, работејќи цел ден носејќи домати во супермаркетите и јагоди за десерт на истите оние свињи кои ги задушуваат. Многумина од нас повеќе не можат ни да погледнат јагода без да помислат на вас, другари. И блиндираната кола која ја уништивте со камења нека биди пример за многумина.

На другарите од Елохочитлан, Хуаутл, Гуичиро и сите краишта на нескротливата Оахака, колевката на Магон и мајката на востаните, која овие денови жестоко се бори против војниците, федералците, жандармите и другите синови на нивниот ебен татко, кои сакаат да нѐ натераат да владееме и со нас да владеат.

На запатистичките другари и другарки од Бачахон и Ла Реалидад, би сакале да сме покрај во вас во овој момент, но знаете дека и овде е тешко, и овде водат војна против нас.

И на другите другари од шумите и планините на Чијапас, поздрав до покриените лица, за вашата голема упорност и за вашиот одличен тутун, тоа е знак на анархистичката солидарност.

Анархистичките другари ги потсетуваме дека слободарската борба не се води со црвено оружје, по ѓаволите со нивната желба за прободување со ножеви, нивната дијалектика и нивната моќ, во кој било облик да сакаат да ја прикажаат.

Солидарност со затворените Абрахам Кортез, Фернандо Барценас и Фернандо Сотело!!

До црните орди кои ја сакаат канализацијата:

Ништо не е променето! ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА!
Десетиот ден од почетокот на јуни

Без потпис, но со многу бес.
ЦРН ЈУНИ!

извор: radioazione.org