„Апстиненција од референдумот – во конфликт со демократските институции“ [Грција]

002

Грчката држава е во потрага по сојузници. Референдумот е најдобар начин тие да се пронајдат. Великодушно нудејќи илузии за слободната волја и со нашиот придонес за нејзиното зацврстување, нејзината најлуда желба се остварува: Сами себеси ќе си ја запечатиме гробницата! Дилемата е едноставна: Да или не? Злите странски кредитори или доброто левичарско управување до државата? Потежок или полесен меморандум? Мерки во висина од 12 или 8 милиони? Уште една шанса да ги ставиме нашите животи во рацете на владата и спасителите. Уште една можност за национално единство. Да заборавиме што нѐ разделува, да се стопиме со шарената маса (фашистите, патриотите, сопствениците, чесните граѓани) за да се спротивставиме на заедничкиот надворешен непријател, кредиторите, и на тој начин да ги ослободиме од одговорност локалните работодавци.

Како анархистички ученици избравме да апстинираме од референдумот (иако немаме право на глас). Се спротивставуваме на дилемите и илузиите на системот и однапред јасно изјавуваме дека нема да учествуваме во никаква изборна, институционална, владина процедура. Од многу едноставна причина, секој таков провес и секоја опција која ни се нуди преку тоа цели кон стабилизација на системот и зачувување-ширење на државната-националната-институционаолната доминација. Што не значи дека го поддржуваме бојкотот како алтернативен или трет начин, затоа што сметаме дека самиот бојкот како опција води кон пасивност и асимилација.

Оттаму, врз основа на горе наведениот начин на размислување, единствениот бојкот кој нѐ задоволува е оној кој произлегува од конфликтот, востаничкото делување и анархистичката борба. Далеку од партиите и партиските насоки. Далеку од спасителите и лидерите. Самоорганизирани, радикални и агресивни. Само на тој начин можеме да ги преземеме нашите животи во наши раце.

ФРОНТАЛЕН НАПАД ВРЗ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И СЕКОЈ ОБЛИК НА АВТОРИТЕТ

анахистичката ученичка група „Антиобразовен напад“

извор: interarma