Грција: Писмо од Еви Сатири, на штрајк со глад од 14 септември

На крајот на февруари годинава, околу еден месец откако планот за бегство од затвор на Заговор на Oгнените ќелии се изјалови и беше откриен од полицијата, кучињата на власта решија да ги дисциплинираат другарите, посегнувајќи по нивните семејства. Прво беа приведени и затворени мајката на браќата Цакалос и девојката на Герасимос Цакалос, Еви Сатири, заедно со анархистката во бегство Ангелики Спиропуло поради тоа што и дадоа засолниште, а потоа и братот на членот на ЗOЌ Јоргос Полидорос. Полидорос наскоро беше ослободен од притвор, но мајката на Цакалоси и Еви Сатири беа задржани, поради што на 2. март членовите на ЗOЌ, заедно со Ангелики, започнаа штрајк со глад со барање за итно ослободување на нивните најблиски. Штрајкот беше прекинат по 34 дена, откако судот најави ослободување од притвор за мајката на Цакалоси, иако ја оставија заробена на островот каде што живее, без можност да ги посети своите синови. Но Еви Сатири и натаму остана во притвор во атинскиот затвор Коридалос, каде се наоѓа веќе шест месеци.

На 14 септември, Еви најави штрајк со глад до свое конечно ослободување. Во Атина, Волос, Солун и Комотини деновиве се одвиваа акции на солидарност со нејзината борба.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЕВИ САТИРИ

Во продолжение следува нејзиното кратко писмо.


 

evi satiri_drawing

ПРОТИВ СТРАВОТ И НЕПРАВДАТА

Од денес, 14 септември, календарот во мојата ќелија повеќе нема да менува страници. Овој датум ќе остане заглавен таму сè до денот на мојата слобода.

Денес, на 14 септември, започнувам ШТРАЈК СО ГЛАД за мое ослободување; против стравот од моќта, против лагите на новинарите, против апатијата, против молкот…

Џандарите, судиите и политичарите ми ги заробија дните во ѕидовите на овој затвор, но не можат да ми го заробат достоинството, ниту мојот копнеж за слобода…

Ова е мое одбивање да ја прифатам омнипотентноста на Моќта, која ги смачкува нашите животи затворајќи ги во папки преполни со полициски досиеја во истражните канцеларии – тоа е наследството на колективната историја: борбите на угнетените кои се побуниле, кои дале отпор, кои крвареле и кои се уште ја бараат правдата.

Тоа е враќање на сеќавањето на востаниците, на угнетените и на затворениците кои не забораваат дека слободата не се дава… туку се освојува преку борба…

Можеш да имаш власт над луѓето само додека не им одземеш сè. Но, штом му одземеш на човека сè, тој повеќе не е под твоја власт – тогаш повторно е слободен.“ – А. Солженицин

Еви Сатири
Затвор „Коридалос“
14.09.2015

извор: actforfree

Писмо од анархистката Ангелики Спиропуло од заточеништво (Грција)

Веќе два месеци, по откривањето на планот за бегство на членовите на Заговор на огнените ќелии – Затворска ќелија, во сите правци се распрсна организиран лов на вештерки. По моето апсење, работите излегоа надвор од контрола, а кучињата на антитерористичката единица ја поминаа секоја граница. Константното и непокајничко делување на некои луѓе, кои тврдоглаво одбиваат да се потчинат на моќта на затворскиот чувар кој ги заклучува зад бетонот секоја ноќ, ги излудува сите оние кои не можат да разберат што значи да се живее со гордост и достоинство. Тие никогаш нема да се помират со оние кои отворено им се спротивставуваат, но исто така таргетираат луѓе кои, и покрај фактот што немаат политичка поврзаност со нас, одбрале да не ги напуштат своите блиски, ниту да им го завртат грбот на гонетите. Сепак, колку валкано и да играат, нема да нè натераат да се повлечеме. На секој нивен удар, насилно ќе возвратиме, со крената глава. Инертноста и пасивноста не спаѓаат во наши карактеристики. Затоа, од 02.03. зедов учество во штрајкот со глад, заедно со другарите од Затвореничката ќелија на Заговор на огнените ќелии, со барање за итно ослободување на мајката на Кристос и Герасимос Цакалос и девојката на последниот. Решени сме да одиме до крај…

НИТУ ЧЕКОР НАЗАД

ПС: Има многу што да се каже, но важно е да се раздвојат поводите, а она што за нас е првенствено сега е итното ослободување на оние кои немаат никаква врска со случајот. Сето останато може да почека. Во моментов единственото нешто што имам да го кажам е дека ова не е почетокот, а дефинитивно не е ниту крајот на приказната – сега го одиме патот, и во тоа лежи сета убавина.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РОДНИНИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАГОВОР НА ОГНЕНИТЕ ЌЕЛИИ

ПОДДРШКА ЗА БОРБАТА НА СИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ШТРАЈК СО ГЛАД

  1. За укинување на антитерористичкиот закон А’ (член 187)
  2. За укинување на антитерористичкиот закон Б’ (член 187А)
  3. За укинување на законот за забрана на маскирање на јавни собири
  4. Укинување на законот за затвори од тип Ц
  5. Ослободување на Савас Ксирос од здравствени причини
  6. Укинување на наредбата на Јавниот обвинител за насилно земање ДНК (и генерално полициската манипулација со конструкција на докази преку злоупотреба на ДНК)

Ангелики Спиропуло,

Женски затвор Коридалос

InterArma