„Апстиненција од референдумот – во конфликт со демократските институции“ [Грција]

002

Грчката држава е во потрага по сојузници. Референдумот е најдобар начин тие да се пронајдат. Великодушно нудејќи илузии за слободната волја и со нашиот придонес за нејзиното зацврстување, нејзината најлуда желба се остварува: Сами себеси ќе си ја запечатиме гробницата! Дилемата е едноставна: Да или не? Злите странски кредитори или доброто левичарско управување до државата? Потежок или полесен меморандум? Мерки во висина од 12 или 8 милиони? Уште една шанса да ги ставиме нашите животи во рацете на владата и спасителите. Уште една можност за национално единство. Да заборавиме што нѐ разделува, да се стопиме со шарената маса (фашистите, патриотите, сопствениците, чесните граѓани) за да се спротивставиме на заедничкиот надворешен непријател, кредиторите, и на тој начин да ги ослободиме од одговорност локалните работодавци.

Како анархистички ученици избравме да апстинираме од референдумот (иако немаме право на глас). Се спротивставуваме на дилемите и илузиите на системот и однапред јасно изјавуваме дека нема да учествуваме во никаква изборна, институционална, владина процедура. Од многу едноставна причина, секој таков провес и секоја опција која ни се нуди преку тоа цели кон стабилизација на системот и зачувување-ширење на државната-националната-институционаолната доминација. Што не значи дека го поддржуваме бојкотот како алтернативен или трет начин, затоа што сметаме дека самиот бојкот како опција води кон пасивност и асимилација.

Оттаму, врз основа на горе наведениот начин на размислување, единствениот бојкот кој нѐ задоволува е оној кој произлегува од конфликтот, востаничкото делување и анархистичката борба. Далеку од партиите и партиските насоки. Далеку од спасителите и лидерите. Самоорганизирани, радикални и агресивни. Само на тој начин можеме да ги преземеме нашите животи во наши раце.

ФРОНТАЛЕН НАПАД ВРЗ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И СЕКОЈ ОБЛИК НА АВТОРИТЕТ

анахистичката ученичка група „Антиобразовен напад“

извор: interarma

Нереди низ Грција на 6-годишнината од убиството на А. Григоропулос – 06.12.2014

atina2014Демонстрации придружени со насилство и нереди вчера, 06.12.2014, се одвиваа низ повеќе градови во Грција на денот кој ја одбележува 6-годишнината од денот кога џандарска свиња го уби 15 годишниот невооружен Алексис Григоропулос во квартот Егзархија, Атина. Убиството на Григоропулос секоја година се одбележува со присуство на улиците на 6 декември.

Оваа година нередите беа особено интензивни, бидејќи освен сеќавањето на Алексис, повод за демонстрациите беше и солидарноста со анархистичките затвореници кои штрајкуваат со глад Никос, Јанис, Андреас и Димитрис. Освен во Атина, демонстрации се одржаа и во Солун, Патра и други градови.

Мејнстрим медиумите известуваат за 296 приведени лица, додека против 43 од нив се покренати тужби за поттикнување на нереди. Истите тие извори велат дека полицијата пријавила присуство од 5.000 демонстранти и 6.000 мобилизирани припадници на полицијата, додека бројките што ги спомнуваат учесниците во нередите надминуваат 10.000.

Никос Романос, кој е познат како другарот кој бил заедно со Алексис ноќта кога бил убиен, е веќе 28-ми ден по ред во штрајк со глад поради тоа што затворската управа не му дозволува отсуства од затворот за да посетува универзитетска настава. Неговите другари, кои заедно со него учествуваа во двојната експропријација во Велвендо, Кожани, и самите започнаа штрајк со глад во солидарност со Никос. Јанис Михаилидис штрајкува веќе 21 ден, додека Андреас-Димитрис Бурзукос и Димитрис Политис се седми ден во штрајк со глад. Борбата на Никос поттикна силни бранувања во субверзивните кругови во Атина, каде социјалните судири беа затишени во последниот период.

СОЛИДАРНОСТ, СИЛА И ХРАБРОСТ ЗА ДРУГАРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД

НЕКА СЕ ШИРИ АНАРХИЈА ПО УЛИЦИТЕ НА ЗАДУШЛИВИТЕ УРБАНО-ФАШИСТИЧКИ ЦЕНТРИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

СМРТ ЗА СИТЕ ЗАТВОРИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И „СЛОБОДНОТО“ ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО 

ЗнЕ

 

Бунтови и нереди – огнена солидарност со Никос Романос

Car-on-fire-2

Масовни нереди, востанички напади, собири и маршеви низ цела Грција и во други точки на планетата деновиве се јавија како одговор на интернационалниот повик за солидарност со анархистичкиот затвореник Никос Романос. Никос веќе 24-ти ден по ред штрајкува со глад поради тоа што затворската управа и обвинителството не му дозволуваат да го напушта затворот со цел да посетува универзитетска настава на техничкиот факултет во Атина, на кој беше примен есенва. Неговата борба ги размрда субверзивните кругови и кулминираше вчера, кога масовни демонстрации се одржаа во Атина во толкави размери, што дури и платеничките мејнстрим медиуми (вклучувајќи ги и локалниве) наголемо известуваа за настаните. Непријателскиот печат известува за бројки што се движат од неколку до десет илјади демонстранти, кои вчера се собраа пред окупираниот Политехнички факултет во Атина и остро се судрија со џандарските свињи. Запалени возила, уништени улици, барикади во пламен и непознат број на уапсени е она што ги карактеризираше вчерашните масовни демонстрации во солидарност со Никос Романос и неговите тројца другари, кои се придружија на штрајкот со глад. Собири и демонстрации истата вечер беа организирани и во Солун, Патра, Јанина и на Крит.

Повеќе

Ние не сме робови

Ние не сме робови, ние сме динамит. Тоа беше наслов на еден плакат кој пред неколку години се појави на ѕидовите во знак на солидарност со двајца анархисти уапсени под обвинение за грабеж на банка.

Иако реченицата звучи заканувачки кон моќниците, сепак треба добро да се замислиме над неа. Затоа што не смееме да ја извртиме. Ние не сме динамит затоа што сме робови. Ние сме динамит затоа што нема да бидеме робови, затоа што не сакаме да бидеме робови. Цел еден свет ги раздвојува тие два изрази. Свет кој ги разликува анархистите од сите други струи кои се сметаат за револуционерни.

Условите за живот – пролетери или работници, сиромашни или доселеници – не се тие кои нè претвориле во бунтовници. Не се залажуваме со денешното влошување на животните услови, не мислиме дека сè ќе пропадне затоа што секој ден е сè полошо. Тоа се само слатки илузии со кои револуционерите се залажуваат. Власта го приковува човека за улогата која му ја наметнува општеството. Постојано ги создава и репродуцира условите на тие улоги за робот да не може да се ослободи од оковите. Но, за да постои смртоносна борба помеѓу власта и робот, најпрвин робот мора да одлучи.

Волја, тука лежи разликата помеѓу робот и бунтовникот. Волјата да се спротивставиш, да не прифатиш, да се соочиш со сè што сака да те потчини, да те претвори во роб. Власта никогаш нема да успее целосно да ја искорени волјата од затворениците, и од тоа постојано се плаши. Затоа што волјата докажува дека не смееме да чекаме, дека можеме да делуваме и тоа веднаш. Решителноста и истрајноста, без оглед колку се малцински, нека ја надвледаат инерцијата на толпата и постоечките општествени односи.

Не смееме да се плашиме од нашата волја. Ако тоа биде наша волја, ќе бидеме динамит и ќе ги срушиме сите столбови на власта.

Историјата не е след на настани кои ги произведува сеприсутниот закон. Историјата ја создаваат и репродуцираат волјите кои делуваат.

извор