Крај на штрајкот со глад: победа за Никос Романос

 

bigstock-anger-605912-1Вчера анархистичкиот затвореник Никос Романос го прекина штрајкот со глад после 31 ден гладување, откако во грчкиот парламент, по повод случајот со Никос, беше донесен посебен амандман кој ќе им дозволува на затворениците да го напуштаат затворот за да следат настава на факултет ако носат електронска нараквица со систем за следење. Овој амандман парламентот го донесе после цел месец на бунтови, нереди и разни чинови на солидарност со Романос и неговите другари Андреас, Димитрис и Јанис, кои исто така се приклучија на штрајкот.

Затворениците ќе можат да го напуштаат затворот со ГПС нараквицата само откако успешно ќе го завршат првиот семестар преку студирање од далечина, веројатно преку видео прием. Сепак, како што јавуваат мејнстрим медиумите, од оваа одлука се изземени затворениците осудени за предавство, за сексуални злочини, за убиство, за промет со дроги, но и за учество во терористичка организација, што значи дека многу од нашите другари анархисти по грчките затвори, вклучувајќи ги членовите на Заговор на огнените ќелии, нема да имаат пристап до оваа „привилегија“.

Следува кратко писмо кое вчера го испрати Никос од болницата:

„После 31 ден тешка и жилава борба, ставам крај на мојот штрајк со глад, откако извојував значајна победа. Амандманот изгласан во парламентот по повод мојата борба значајно се разликува од првичните изјави на министерот за правда и конечно ги прифаќа моите барања, макар и да треба да носам ’електронска нараквица‘.

Она што е сигурно е дека оваа победа е резултат на политичкиот притисок од страна на оние кои се дел од борбата. Борбените анархисти се несомнено големите морални, политички и практични победници. Полиморфната револуционерна борба, заедно со нас, како политички затвореници, од оваа битка излегува посилна од било кога.

Кревам тупаница и им праќам најтопли прегратки и безгранична љубов на сите другари и другарки кои стоеја рамо до рамо со мене.

СО СИТЕ СРЕДСТВА!

СОЛИДАРНОСТ СО ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

ДА ЖИВЕЕ АНАРХИЈАТА

П.С. Подетален текст ќе следува во наредните денови.

П.П.С. Сакам да им заблагодарам и на докторите од болницата, кои одбија да потпаднат на притисоците и налозите во однос на моето присилно хранење и кои ме поддржаа колку што можеа.“

Никос Романос

 

Нереди низ Грција на 6-годишнината од убиството на А. Григоропулос – 06.12.2014

atina2014Демонстрации придружени со насилство и нереди вчера, 06.12.2014, се одвиваа низ повеќе градови во Грција на денот кој ја одбележува 6-годишнината од денот кога џандарска свиња го уби 15 годишниот невооружен Алексис Григоропулос во квартот Егзархија, Атина. Убиството на Григоропулос секоја година се одбележува со присуство на улиците на 6 декември.

Оваа година нередите беа особено интензивни, бидејќи освен сеќавањето на Алексис, повод за демонстрациите беше и солидарноста со анархистичките затвореници кои штрајкуваат со глад Никос, Јанис, Андреас и Димитрис. Освен во Атина, демонстрации се одржаа и во Солун, Патра и други градови.

Мејнстрим медиумите известуваат за 296 приведени лица, додека против 43 од нив се покренати тужби за поттикнување на нереди. Истите тие извори велат дека полицијата пријавила присуство од 5.000 демонстранти и 6.000 мобилизирани припадници на полицијата, додека бројките што ги спомнуваат учесниците во нередите надминуваат 10.000.

Никос Романос, кој е познат како другарот кој бил заедно со Алексис ноќта кога бил убиен, е веќе 28-ми ден по ред во штрајк со глад поради тоа што затворската управа не му дозволува отсуства од затворот за да посетува универзитетска настава. Неговите другари, кои заедно со него учествуваа во двојната експропријација во Велвендо, Кожани, и самите започнаа штрајк со глад во солидарност со Никос. Јанис Михаилидис штрајкува веќе 21 ден, додека Андреас-Димитрис Бурзукос и Димитрис Политис се седми ден во штрајк со глад. Борбата на Никос поттикна силни бранувања во субверзивните кругови во Атина, каде социјалните судири беа затишени во последниот период.

СОЛИДАРНОСТ, СИЛА И ХРАБРОСТ ЗА ДРУГАРИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД

НЕКА СЕ ШИРИ АНАРХИЈА ПО УЛИЦИТЕ НА ЗАДУШЛИВИТЕ УРБАНО-ФАШИСТИЧКИ ЦЕНТРИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

СМРТ ЗА СИТЕ ЗАТВОРИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И „СЛОБОДНОТО“ ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО 

ЗнЕ

 

„24 дена танц со смртта“ – писмо од Никос Романос од болница

reaper

Ќе се обидам на неколку ливчиња да ги обликувам последните остатоци од моите мисли во врска со неодамнешните случувања и повторното одбивање на барањето за излегување од затвор заради образовни причини.

Во првите денови од штрајкот со глад, за време на мојот говор на солидарниот собир одржан на Политехничкиот факултет, реков дека одговорот на Николопулос, кој веќе подолго време тврди дека нема мандат по тоа прашање, е само почеток на државната стратегија за да ме уништат. Таа политичка процена во целост се потврди: најпрвин со налогот на директорката на затворот Коридалос, Евангелија Марсиони, за присилно хранење, кое се состои од вистинско насилство и кое, меѓу другите, ги усмрти Холгер Мејнс во Германија, а и разни членови на GRAPO во Шпанија. Докторите во болницата сепак беа толку достоинствени да го фрлат во ѓубре налогот на затворската управа и одбија да го извршат тоа злосторство на државата. По жалбата на правосудниот совет надвор од затворот (правен чекор кој го бираат бројни затвореници кога затворската управа ќе им го одбие барањето) повторно стигна негативен одговор, бидејќи беа условени од одлуката на Николопулос, истата онаа одлука на која беше вложена жалба.

За оние кои барем малку ја разбираат политиката, интервенцијата на министерот за правда, ден пред рочиштето, беше очигледна наредба за одбивање на моето барање, а ќе објаснам и зошто.

Во изјавата која ја објави Министерството за правда посредно се наведува фактот дека Атанасију, министерот за правда, нема мандат да одлучува во врска со тоа, а подолу во истиот документ стои: „Отпустите од образовни причини ги дозволува исклучиво надлежната затворска управа, на чело со надлежниот службеник на јавното обвинителство, додека за обвинетите е потребна дозвола од правосудниот орган кој го наложил притворот.“

Што значи дека министерот ја поништува, на едноставен и јасен начин, валидноста на мојата жалба. Сето тоа е пропратено со предлог, незаснован, предавањата да се одржуваат по пат на видеоконференција, наместо отпусти во образовни цели, што нема смисла со оглед дека постојат лаборатории кои изискуваат задолжително физичко присуство. Освен тоа, на тој начин се отвора патот за затворските управи во целост да ја укинат поволноста за образование, добро познавајќи го нивниот страв од преземање одговорност, за да може решението со видеоконференции да се применува на сите затвореници.

Накратко, според таа логика, дури и разговорите со нашите семејства би се изведувале преку екран, од безбедносни причини, исто како и нашите судења. Технологијата во служба на „рехабилитација“ и правда. Човечки напредок или фашизација… историјата ќе пресуди.

Овде вреди да се посочи и на документот на специјалниот судија Ефтихис Николопулос, кој од почетокот на мојот штрајк со глад ги спроведува јасните политички наредби на неговите шефови од Министерството за правда, заради што сите го сметаат за одговорен. Како компензација за неговите „услуги“ ќе добие унапредување во Врховниот суд, како што тоа се случи со неговиот претходник, Димитрис Мокас, кој водеше десетици репресивни антианархистички кампањи. Сега се тови со богатата плата на правосудната елита од Врховниот суд. Случајност? Не верувам.

Од моја страна, пак, не постои никаква шанса за повлекување и одговарам со БОРБА СЀ ДО ПОБЕДА ИЛИ СЀ ДО СМРТ.

Во секој случај, ако државата ме усмрти со своето однесување, господинот Атанасију и неговите пријатели ќе бидат запомнети во историјата како банда убијци, кои поттикнувале мачење и убиство на еден политички затвореник. Да се надеваме дека ќе постојат слободни души кои ќе ја исправат правдата на нивната правда, на свој начин.

На крај, сакам да го изразам моето соучесништво и пријателство со сите оние кои застанаа на моја страна, со сите расположливи средства.

И неколку зборови до моите браќа, Јанис, кој исто така се наоѓа во болница, Андреас и Димитрис и многу други.

Борбата подразбира и загуби, бидејќи на патиштата кон достоинствен живот мораме да чекориме рамо до рамо со смртта, ризикувајќи сѐ за да добиеме сѐ. Борбата продолжува, со убоди на нож, непрестајно.

Сѐ за сѐ!

Додека живееме и дишеме, да живее анархијата!

На 6 декември ќе се сретнеме на улиците на бесот.

Моите мисли минуваат низ познати улици.

Затоа што вреди да го живееш сонот, иако гориш во оган.

И како што велиме ние, сила

Никос Романос

П.С.: Јасно е дека не можам да ги контролирам општествените автоматизми кои се појавуваат. Но, сите од Сириза и останатите трговци со надеж кои се појавија, ги избркав БЕЗ РАЗГОВОР, и нагласувам дека службено потпишав дека одбивам да примам каква било инфузија.

извор: radioazione.org

Отворено писмо од болницата во Пиреја (Атина) од другарот Јанис Михаилидис, на штрајк со глад од 17 ноември

Ги пишувам овие редови за да искажам колку бев допрен од широките и разнолики акции за солидарност од страна на другарите надвор од затворските ѕидини.

Не само затоа што степенот, имагинативноста, организацијата, координацијата, решителноста и агресијата на досегашните акции ги надминаа сите мои очекувања, со тоа што значителни државни и капиталистички згради, како и радио и телевизиски станици беа окупирани, собири и демонстрации беа организирани во речиси сите поголеми градови на територијата и напади на репресивните сили, како и секакви типови бунтовни напади се одвиваа насекаде. Туку и поради тоа што сево ова ја раскина самотијата во мојата ќелија и ми донесе насмевка, бидејќи во вторникот вечерта не бев затвореник, бев меѓу вас и ја чувствував топлината на запалените барикади.

Затоа што, каков и да биде исходот, самото постоење на еден ваков борбен фронт е победа сама за себе, како за моменталната перспектива на нашата борба, така и за наследството кое ќе го остави зад себе.

Многу добро знам дека илјадниците другари вклучени во оваа битка која Никос ја започна, со многу загриженост, но и со голема решителност, имаат многу различни сфаќања и пракса и едни од други, и во однос на нас. Сепак, успехот е во диверзитетот. Токму тоа е значењето на анархистичката солидарност; поврзува без да изедначува, соединува без да обезличува. Секогаш кога се работи за солидарност преку акции, тоа е рецептот.

Сега кога медиумите за масовно перење мозок тврдат дека додека трае штрајкот со глад, националната безбедност е под закана, сфаќам дека ниту една борба не е залудна, а празнините кои ги длаби очајот после долга неактивност во задушувачките услови на затворот, сега одново се избоени во значајни бои; секое време е добро време за бунт.

Нашите соништа ќе станат нивен кошмар.

Борбената анархија е будна и `рже.

Ништо не е готово, сè започнува сега.

СОЛИДАРНОСТ СО УАПСЕНИТЕ ОД НЕРЕДИТЕ ВО ВТОРНИКОТ

До Никос:

Брате, биди силен, им го расипа славјето токму како што треба. Ти нема да се повлечеш, затоа тие ќе мораат. Стојам крај тебе до конечната победа.

До [министерот за правда] Атанасију:

Многу сум гладен. Ако го убиеш Никос, единствено нешто што ќе ја задоволи мојата глад ќе биде твојот грклан.

Јанис Михаилидис

извор: 325.nostate.net

Бунтови и нереди – огнена солидарност со Никос Романос

Car-on-fire-2

Масовни нереди, востанички напади, собири и маршеви низ цела Грција и во други точки на планетата деновиве се јавија како одговор на интернационалниот повик за солидарност со анархистичкиот затвореник Никос Романос. Никос веќе 24-ти ден по ред штрајкува со глад поради тоа што затворската управа и обвинителството не му дозволуваат да го напушта затворот со цел да посетува универзитетска настава на техничкиот факултет во Атина, на кој беше примен есенва. Неговата борба ги размрда субверзивните кругови и кулминираше вчера, кога масовни демонстрации се одржаа во Атина во толкави размери, што дури и платеничките мејнстрим медиуми (вклучувајќи ги и локалниве) наголемо известуваа за настаните. Непријателскиот печат известува за бројки што се движат од неколку до десет илјади демонстранти, кои вчера се собраа пред окупираниот Политехнички факултет во Атина и остро се судрија со џандарските свињи. Запалени возила, уништени улици, барикади во пламен и непознат број на уапсени е она што ги карактеризираше вчерашните масовни демонстрации во солидарност со Никос Романос и неговите тројца другари, кои се придружија на штрајкот со глад. Собири и демонстрации истата вечер беа организирани и во Солун, Патра, Јанина и на Крит.

Повеќе

Ослободувачките патишта на нападот – Никос Романос

Никос Романос беше уапсен есента 2013 година заедно со уште петмина другари за вооружен грабеж на две банки во Велвендо, Кожани (Грција). На 1 октомври 2014, затворскиот суд во Коридалос, Атина, под обвиненија за вооружен грабеж, поседување огнено оружје и кражба на возило, ги прогласи за виновни сите шестмина обвинети и им ги пресуди следниве казни: Јанис Михаилидис – 16 години и 4 месеци, Никос Романос – 15 години и 10 месеци, Андреас-Димитрис Бурзукос, Фивос Харисис и Аргирис Наталиос – 15 години и 11 месеци, Димитрис Политис – 11 години и 5 месеци. Другарите преземаа одговорност за грабежот, со исклучок на Харисис и Наталиос кои ги негираат обвиненијата. Судот ги ослободи од претходните обвиненија дека се припадници на Заговор на Огнените ќелии.

„Како анархисти, изборот за грабеж на банка го сметаме за свесен чин на отпор. Нашата акција немаше за цел трупање на лично богатство. Нападот против храмовите на капиталот е дел од нашата револуционерна активност во целост.“ – Изјава по повод нивното апсење

Како што веќе обзнанивме, Никос Романос од 10 ноември е во штрајк со глад поради тоа што затворската управа одбива да му дозволи отсуство за посета на универзитетска настава – нешто што е дозволиво според нивните закони. Кон крајот на летото Романос од затвор ги положи приемните испити на еден од атинските факултети, но управата не сака да слушне за никакви отпусти од затвор. Во вторникот, на 25 ноември, околу 150 другари се собраа пред болницата во која е хоспитализиран за да му изразат солидарност.

СИЛА И СОЛИДАРНОСТ ЗА СИТЕ ЗАТВОРЕНИ АНАРХИСТИЧКИ ДРУГАРИ!

ЗнЕ

 


 

Ослободувачките патишта на нападот – Никос Романос

Текстот кој следува има намера да го продолжи дијалогот во однос на средствата на анархистичкото востание и начините на самоорганизирање; дијалог започнат на една меѓународна анархистичка средба некаде во внатрешноста на Франција и кој сега ќе продолжи од една затворска ќелија во Грција.

Размислувањата изразени овде се мои лични видувања и треба да биде јасно дека заземаат одредена позиција по тоа прашање. Секако дека не е пожелно една позиција да преовладува над другите; она што е важно е тоа како различните, а сепак комплементарни гледишта комуницираат и се поврзуваат меѓусебно. Во лице на непријателот, кој е многу флексибилен во однос на употребата и широката палета на средства и форми на напад, потребата од разновидност во размислувањата и во праксата на анархистите е очигледна. Било која перспектива не смее да биде промовирана догматски, туку како една од многуте можности за напад.

Најпрво мора да зборуваме за самиот концепт на организација – збор често неразбран во анархистичките кругови.

Соочени сме со непријател со многу комплексни и комплицирани функции. Една од карактеристиките кои го прават непријателот толку моќен е постојаниот напредок и организација на социјалната параноја која ја искусуваме денес: технолошка, воена, архитектонска, цивилна, индустриска, економска, научна организација. Секој аспект на ова општество постојано ги коригира своите маани преку интелигентен систем кој има огромен број на слуги.

Соочени со ваквата состојба, оние кои веруваат дека е можно да се борат без организација се во најмала рака наивни.

Повеќе

Меѓународен повик за револуционерна солидарност со анархистот Никос Романос кој штрајкува со глад од 10.11.2014. – Грција

fantazya 20poster

via: act for freedom now
текстот од постерот:

Солидарност со Никос Романос

„Користејќи го моето тело како барикада, упатувам политичка уцена за да стекнам здив на слобода од задушувачките затворски услови. Од понеделник, 11 ноември 2014 год., започнувам штрајк со глад, без отстапувања, со анархија засекогаш во моето срце.“ Никос Романос

Разгоруваме заедничка борба која не познава ниту граници ниту ѕидови, дури ниту затворски ѕидови.

Додека не ги срушиме нивните затвори, непрекината борба за слобода и анархија.
Солидарност со Никос Романос!
Да ги запалиме затворите!
act for freedom now

слободата ќе процвета од пепелот на затворите

Затворениот анархист Никос Романос започна штрајк со глад од понеделник 10 ноевмри, барајќи го своето право на образовни отпусти од затвор. Од 17.11, другарот Јанис Михаилидис е исто така во штрајк со глад како солидарност со својот другар.

Нивната борба е и наша, што и да одлучат ние ги поддржуваме, како што го правевме тоа од самиот почеток. Од самиот момент на апсење, другарите ја покажаа својата анархистичка индивидуалност со страст и достоинство за време на мачното искуство во ѓубриштето на државата. За нас, од act for freedom now, секој преведен збор, пасус и страница го изразуваат нашиот бес и желба силно и огнено да ги прегрнеме другарите кои се наоѓаат заробени во пеколните дупки на државата.

Оддалеченоста е безначајна кога зборуваме за солидарност. Затоа, од денес, повикуваме на меѓународна солидарност со Никос.
Ниту еден другар нема да оставиме сам во рацете на државата.

СОЛИДАРНОСТА Е НАШЕ ОРУЖЈЕ

*Таа ноќ упорно гледавме во хоризонтот и видовме многу паѓачки ѕвезди како ги исцртуваат сопствените хаотични патишта. И ги броевме одново и одново, замислувавме желби, пресметувавме шансите. Знаеме дека нашата желба за слободен живот мора да се издигне над сѐ што не задушува, убива, уништува, и затоа се нурнавме во празнината како паѓачките ѕвезди кои ги гледавме. Бидејќи паднаа безброј ѕвезди, можеби е време да падне и нашата ѕвезда, којзнае? Ако имавме спремен одговор на ќе станевме она што сме, туку себични копилиња кои би го учеле народот како да станат глодари и меѓусебно да се јадат, како што денес го прават тоа. Сепак, ние и понатаму остануваме непоколебливи и тврдоглави, како луѓето од наш тип. А оние меѓу нас кои ги затвориле очите во болка и отпатувале далеку, продолжуваат и понатаму да зјапаат во она вечерно небо кое и ние го гледавме. И нѐ гледаат како паѓаме, прекрасни и сјајни ѕвезди. Сега нам ни е редот. Сега, без двоумење, ние паѓаме.

Од понеделник, 10 ноевмри 2014 год., започнувам штрајк со глад, без отстапување, со анархија во моето срце.
Одговорна за секој ден штрајк со глас и за сѐ што ќе се случи отсега па натаму е затворската управа, имено јавниот обвинител Николаос Пименидис, директорот Каралабија Котсомикали, како и сите социјални работници.

СОЛИДАРНОСТА ЗНАЧИ НАПАД

П.С.
До сите салонски „борци“, професионални хуманисти, „емотивни“ интелектуалци и духовни ликови: откачете се предвреме.

Анархистите од Act for freedom now!

Солидарност за затворените анархисти во случајот Велвендо-Кожани

Писмо од анархистите обвинети за двојниот грабеж во Велвендо-Кожани

На 29 ноември 2013 ќе започне судењето за двојниот грабеж во Велвендо-Кожани. Ќе се одржи во женскиот оддел на затворот Коридалос (а не како што на почетокот беше најавено, во судот на улицата Лукареос). Судницата, светиот бордел на правдата, отсекогаш била простор во кој владејачката класа – авторитетот – ја докажувала својата надмоќ над „илегалните“ во оваа држава.

Затоа прашањето на солидарност е постојана пречка кога станува збор за анархисти, па затоа цајканите од секој вид (интервентни единици, во цивил, антитерористички единици) брзаат да ги исполнат судниците за да го попречат нејзиното изразување. Меѓутоа, согледувајќи го неуспехот на таквото делување и постоењето на евидентната зариженост за „безбедноста“ на префрлувањето (од затворите во судниците) на голем број анархисти, обата проблеми ги решија со помош на специјални судници (засега две) внатре женскиот оддел. Јасно е дека промената на местото на судење е резултат на тие две причини. Од една страна минимален ризик на логистичко ниво, а од друга регистрирање на сите солидарни кои сакаат да влезат.

Нам местото на судење не ни прави разлика, судницата е непријателски простор, без оглед дали се ноаѓа во затвор или во висечките градини на Вавилон. А ако тактиката на регистрирање ја ограничува присутноста на другарите во судницата, никој и ништо нема да ја спречи силата што ја добиваме од извиците и гласовите кои ги пробиваат затворските  ѕидови и блиндираните возила.

Освен тоа, за нас револуционерната солидарност не се ограничува на моментите на поддршка за време на судењето. Судницата е само простор во кој непријателот ја потврдува својата победа, механизам на асимилација на репресивното насилство со демократска идеологија. Во нашиот случај нема да има вообичаен „притисок“ на судиите за да се постигне поблага пресуда. Одлуките се однапред одредени. Но, нас тоа не нѐ интересира, бидејќи ние сме непријатели на судиите, не затоа што сме им на мета, туку затоа што нивна задача е да уништуваат луѓе под закрила на авторитетот на државата.

Солидарноста е непрекинат однос. Облиците на нејзино изразување се различни и се конкретизираат во миговите на напад врз системот. Се разбира, протестот пред самата судница може да биде еден од тие мигови, но тој не е ниту услов ниту единствен израз на солидарност. После сѐ, солидарноста со затворените револуционери не е статистика која ја наметнува моментот, таа е потреба, чувство, остварување на борбата на заедницата, со сите средства кои другарите ќе ги изберат за изразување на својата солидарност, дали со присуство пред судницата или со напад врз сето она што ја претставува моќта вмешана во нашето судење.

На крај сакаме да нагласиме дека сите ОДНОСИ МЕЃУ ДРУГАРИТЕ кои нѐ обединуваат, нашата заедничка визија за слобода, соништата кои ги делиме, никогаш нема да бидат нарушени од каков било облик на поделба кој се однесува на ставовите во однос на судењето или разните обвиненија против нас. Тоа што некои од нас, на пример, ќе имаат адвокати, а други не; тоа што некои ќе ја преземат одговорноста за грабежот, а некои не; не се причина за создавање поделби во борбената заедница, која нѐ обединува зад решетките.

Суштината на ова судење лежи во фактот дека државата и нејзиниот механизам судат анархисти кои се спротиставуваат на системот, кои се негови непријатели. Помалку е важно на кој начин ќе се погрижат што подолго да нѐ држат како заложници.

Нивниот главен интерес е да нѐ осудат како НЕПРИЈАТЕЛИ на системот. Ние, пак, не ја признаваме дихотомијата невин-виновен (во оваа, како и во секоја друга судска постапка против анархистички борци). Во нивниот свет ние сме виновни, виновни во однос на нивната „невиност“. Нашите мисли и нашите срца се со сите оние кои се борат против авторитетите.

БЕС И СВЕСНОСТ

Фивос Харисис, Аргирис Далиос, Јанис Михаилидис, Димитрис Бурзукос, Димитрис Политис, Никос Романос

извор: actforfree.nostate.net

actforfree.nostate.net contrainfo