Репресијата врз анархистите во Грција се засилува: започнаа трансферите во новите специјални затвори

03Домокос, првиот од специјалните затвори, таканаречени „затвори од тип Ц“, деновиве започна да ги отвара челичните порти за првите „неподобни“ затвореници. Никос Мациотис, член на анархокомунистичката милитантна организација „Револуционерна борба“ прв беше префлен во затворот Домокос пред шест дена. Вчера уште двајца осуденици поради членство во револуционерни организации беа префлени: Костас Гурнас од „Револуционерна борба“ и Димитрис Куфонтинас од комунистичката револуционерна група „17 ноември“. Истото утро, ненадејно и без никаква најава, што е вообичаен метод, во тип Ц затворот во Домокос беа одвлечкани и Јанис Наксакис и Григорис Сарафундис, обајцата осудени за вооружен грабеж во Пиргетос-Лариса, како и за наводно учество во „Заговор на огнените ќелии“ (кое и тие и членовите на ЗоЌ го негираат). Сарафундис беше префрлен во Домокос и покрај тоа што во моментот сѐ уште трае процесот за вооружениот грабеж во Суровичево-Лерин, во кој тој е еден од обвинетите. Тоа значи дека од трансфер во затворите со специјална безбедност не се „помилувани“ ниту оние против кои сѐ уште се води судски процес, и кои се држани во затворот Коридалос за да можат да присуствуваат на судењата кои се одржуваат во импровизирана судница во затворот.

Затворите од тип Ц се најновата измислица на грчката влада, специјално дизајнирана да ги демне, заплаши, комплетно изолира и полека убие „екстремно опасните затвореници“, а во прв ред осудениците за „тероризам против државата“. Со други зборови, тие се средство за уништување на анархистичките револуционерни организации и нивните членови. Во затворите од тип Ц, затворениците ќе бидат лишени од низа „привилегии“ кои ги уживаат обичните затвореници, а кои во услови на мрачно заточеништво ги крепат и ги одржуваат силни во волјата заробениците, како на пример месечни посети, телефонски разговори, прошетки во дворот, излези од затворот итн, а затворениците ќе бидат комплетно изолирани и од другите затвореници и од надворешниот свет. Идејата е да се закопаат под мрачните ѕидини во затворот и да се убијат во дух, тело и сеќавање сите оние другари кои повеле битка против општеството на власт. Грчката влада успеа да го истурка овој досега најрепресивен антианархистички метод, и покрај тоа што летото 2014 низ повеќе затвори ширум Грција се одржа најмасовниот затворенички штрајк со глад против оваа мерка.

Со оглед на тежината на нивните дела, и другарите од „Заговор на огнените ќелии“ во секој миг очекуваат да бидат одвлечкани во Домокос и разделени од своите соборци во затворот и од своите најмили од другата страна на ѕидот. На 29 декември заврши третиот судски процес кој се водеше против нив, а беа објавени и нивните пресуди. Секој поединечно од нив беше казнет со:

Христос Цакалос: 24 години, 2 месеца затвор;

Герасимос Цакалос: 21 година, 2 месеца затвор;

Михалис Николопулос: 20 години затвор;

Јоргос Николопулос: 24 години, 2 месеца;

Дамјано Болано: 24 години, 2 месеца;

Панајотис Аргиру: 19 години, 9 месеца;

Јоргос Полидорос: 25 години;

Олга Економиду: 25 години;

Теофилос Мавропулос: 25 години затвор.

Во истиот процес беа осудени и следниве затвореници кои негираат учество во ЗоЌ: Костас Сакас – 16 години (моментално во бегство); Александрос Митрусиас – 14 години; Јоргос Карајанидис – 14 години; Јанис Михаилидис – 5 години; Димитрис Политис – 6 месеци затвор.

*

Aпдејт (04.01.2015):  Вчера антитерористичката единица среде ноќ ги извадила Христос Цакалос, Герасимос Цакалос, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од нивните ќелии во машкиот затвор во Коридалос и префрлени се во изолација во простории во женскиот дел од истиот затвор.

*

И на другарите од „Заговор на огнените ќелии“, и на сите останати борци кои ги чека бесконечен престој во најмрачниот меѓу затворите, им праќаме прегратки на солидарност и соучесништво. Нека мрачните затворски ѕидини ја потхранат вашата омраза против поредокот на субмисивните. Ќе победат само ако го убијат вашиот дух; затоа, знајте дека и без да можат да стигнат до вас нашите соучеснички крикови, пламените јазици на гневот на другарите од сите ќошиња на светот ќе успејат да ги пробијат дебелите ѕидини на логорот на смртта и да ги стоплат вашите слободни срца.

СИТЕ ЗАТВОРИ ВО ПЛАМЕН

БОРБА ДО УНИШТУВАЊЕ НА СЕТО ПОСТОЕЧКО

СТРАСТА ЗА СЛОБОДА Е ПОСИЛНА ОД СИТЕ ЗАТВОРИ

ЗнЕ

 

Вооружена негација – изјава на затворените членови на Заговор на Огнените ќелии

10599382_647879075308492_1171458118256482873_n

Вооружена негација

 

Просечноста убива. За нас не постои среден пат. Секој оној што се нарекува анархист се соочува со одлучувачка дилема, или да делува или да се смири и да ја напушти анархијата. Бидејќи анархија на работ од законот и со умерени зборови не е можна.

(необјавен текст на ЗОЌ)

1. Симболизмот во случајностите

По речиси две години, се ближи крајот на третото судење на Државата против Заговор на Огнените ќелии. Театарскиот спектакл го достигнува својот врв со „светиот“ чин на одбраната.

Симболизмот на зборовите не е случаен. Имено, за правосудната цивилизација одбраната се смета за „свето“ право на обвинетиот. Потсетува на исповед на верникот пред свештеникот. Тоа е врвниот момент на егзалтација на правосудната власт, пред пресудата. Од обвинетиот се бара да коленичи пред судиите (случајно, во Грција над главите на судиите стои слика од „Синот Божји“. Случајностите ги препуштаме на индивидуалниот суд.) и да моли за прошка за казнените гревови, за милост, па дури и за негово рехабилитирање. Во јазикот на симболизмот помили секогаш ни биле еретичните иконокласти наместо правдата на Инквизицијата. Во реалниот свет ние сме анархонихилисти и нема да се браниме пред ниту еден судија.

Повеќе

Интервју на Заговор на Огнените ќелии со Алфредо Коспито

Неколку „слободни“ зборови

За неформалната анархистичка федерација и востаничкиот анархизам

Интервју на Заговор на Огнените ќелии (ЗОЌ)[1] со мене лично. Од грчките затвори до одделот за висока сигурност во затворот во Ферара [Италија]

Пред да одговорам на вашите прашања, сакам да нагласам дека она што ќе го кажам е мојата вистина. Една од бројните индивидуални точки на гледиште, сензибилитет и нијанси внатре ретортите од идеи и дела под името FAI-IRF[2]. Неформалната федерација која, одбивајќи го секое хегемоностичко искушение, претставува едно средство, една метода од компонентите на анархизмот од акција. Анархизмот од акција само кога е неформален, кога не се присилува на организациони структури (специфични, формални, синтези), кога не е опседнат со одобренија (што значи ја одбива политиката), може да се препознае во поширокиот хаотичен универзум под името Црна интернационала. Да појаснам, FAI-IRF е методологија на акции кои ги практикуваат само еден дел од сестрите и браќата од Црната интернационала, не се работи за организација, а уште помалку за колективен акроним, туку за средство кое тежнее кон ефикасност, кому цел му е да ги зајакне нуклеусите и другарите/другарките од акција по пат на спогодба за меѓусебна поддршка во врска со три точки: револуционерна солидарност, револуционерна кампања, комуникација помеѓу групи/поединци:

„РЕВОЛУЦИОНЕРНА СОЛИДАРНОСТ. Секоја FAI група од акција се залага за искажување на сопствената револуционерна солидарност со евентуално уапсените другари или другари во бегство. Солидарноста ќе се конкретизира пред сѐ преку вооружена акција, напад на структурите и личности одговорни за затворање на другарите. Солидарноста не може случајно да изостане затоа што на тој начин би изостанале и принципите врз кои се темелат анархистичкиот живот и чувства. Под поддршка при репресија, се разбира, не подразбираме техничко/правна помош: буржоаското општество нуди доволно адвокати, социјални работници или попови, за револуционерите да можат да се грижат за нешто друго.

РЕЦОЛУЦИОНЕРНИ КАМПАЊИ. Секоја група или поединец, кога ќе започне одредена кампања на борба преку акција и своја изјава, ќе ја следат други групи/поединци од Неформалната анархистичка федерација [FAI], на сопствен начин и со сопствен ритам. Секој поединец/група можат да започнат кампања на борба против одредени цели едноставно „промовирајќи“ проект по пат на една или повеќе акции проследени со потпис на одредена акциска група, со кој дополнително, преку акроним, се повикуваат и на Федерацијата. Ако постојат поделени мислења околу кампањата, критиката, по потреба, ќе се конкретизира преку акции/изјави кои ќе придонесат за изострување на целта или ќе ја доведат во прашање.

КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ГРУПИТЕ/ПОЕДИНЦИТЕ. Акциските групи од Неформалната анархистичка федерација не мораат меѓусебно да се познаваат, не постои таква потреба, затоа што на тој начин би се изложиле на непријателот, на лидеризам на поединци и бирократизација. Комуникацијата помеѓу групите/поединци во основа се одвива преку самите акции и преку информативните канали на движењето, без потреба од меѓусебно познавање.“ (Од Изјавата за преземање одговорност за нападот врз Проди, тогашниот претседател на Европската комисија, 21 декември 2003, од „Il dito e la luna”, стр. 15-16[3])

Повеќе

Проектот Феникс: Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат – Нова серија памфлети (Грција)

COVER1

Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат

За неколку дена ќе го објавиме (на грчки) првиот од серијата памфлети кои ќе вклучуваат транскрипти од изјавите на другарите од Заговор на Огнените ќелии, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од настани и интервјуа кои беа одржани изминативе пет години.

Првиот памфлет е за Проектот Феникс и ги вклучува транскриптите од четири настани кои се одржаа низ целата земја во солидарност со другарите прогонувани за акциите во рамки на Проектот кои беа изведени во Грција:

1. Настан одржан од анархистичкиот сквот Надир – Солун, 07.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас.

2. Настан одржан од Пленумот во солидарност со Заговор на Огнените ќелии и другарите од струјата на Новата анархија – Атина, 13.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис, Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

3. Настан одржан од анархистичкиот сквот Utopia A.D. – Комотини, 14-15.12.2013, изјавата на Олга Економиду.

4. Настан одржан од Chaotic Disaster Teams – Патра, 15.12.2013, изјавите на Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

Имајќи го како крајна цел ширењето на говорите на нашите затворени другари до што е можно повеќе другари во Грција и во остатокот од светот, сакаме да информираме дека овој материјал е достапен за сите за превод на кој било јазик, процес во кој и ние самите ќе дадеме придонес, во соработка со другари кои сакаат да го сторат тоа, а во контекст на партнерство со индивудуи и групи/колективи со кои сме политички поврзани.

Контакт: entropy_ch (at) riseup (dot) net

Кружок на анархисти индивидуалисти

Атина, 2014

П.С. Памфлетите ќе бидат достапни само во електронска форма, засега.

П.С. 1. Преводот на памфлетот на англиски е во тек.

Изјавата на Заговор на Огнените ќелии на судењето за „Проектот Феникс“

За две години, ова е четвртото судење против ЗОЌ. Го имавме судењето за случајот Халандри, за пакет-бомбите, за 250-те напади, а сега и судењето за „Проектот Феникс“.
Очигледно е дека сето тоа е одраз на бесот и одмаздата на власта против нас, со оглед дека сме притегнати во едно судско менгеме со непрекинатите судења. Судења во кои сме обвинувани по два-трипати за истиот „прекршок“.

Меѓутоа, ова судење е карактеристично по она што му претходеше. Ова е судење за герилските операции на „Проектот Феникс“, извршени додека ние веќе бевме затвореници во државните затвори. Се разбира, ова не е првпат за време на нашето заробеништво да бидеме соочени со обвиненија за поттикнување. Обвиненија кои немаат никаква логика, дури и според вашата правна култура. Зборувам за одмаздничките прогони против нас, за јавните текстови објавени од затвор, како што се текстовите во солидарност со анархистичкиот сквот Надир, како и текстовите во кои одбиваме да се извиниме и да ја признаеме судската власт. Се разбира, не можеме да го заборавиме и врвот на правните акции против нас, односно бесконечното продолжување на притворот на четворицата наши другари и другарки од Заговор на Огнените ќелии, Герасимос, Јоргос, Олга и Теофилос, кои и покрај надминувањето на пропишаната граница од 18 месеци и понатаму остануваат во заробеништво. Да бидеме поконкретни, Герасимос е во притвор 43 месеци, Јоргос, Олга и Теофилос преку 36 месеци.

Ова не го велиме како осуда за прекршување на нашите демократски права. Можете слободно да си ги земете назад вашите права. Ние не веруваме ниту во вашите закони, ниту во вашата демократија. Згора на тоа, тоа е и причината зошто не назначивме адвокати. Но сепак нема да молчиме пред лицемерието на вашата правда.

Важно е конечно халуцинациите да се прекинат. Со или без докази, се покажа дека власта сака физички, морално и политички да ги уништи Заговор на Огнените ќелии, како и оние кои нѐ поддржуваат. Од самиот почеток го избравме предизвикот на животот на анархистичка урбана герила и илјадакратно да му возвратиме на нашиот непријател. Сѐ додека дишеме, Заговор на Огнените ќелии никогаш нема да потпише примирје во војната објавена против државата и против ова општество.

Денеска сме тука во оваа судница затоа што пред една година испративме јавен поздрав до незаробените другари од ЗОЌ, кога бомба го погоди тогашниот директор на затворите. Оние кои поднесоа обвинение за поттикнување против нас, можеби сметале дека тоа ќе нѐ уплаши, дека ќе нѐ замолчи или направи да се повлечеме. Но погрешија. Тоа е причината заради која денес, иако во судница, знаејќи дека она што ќе го кажеме ќе биде објавено и ќе најде начин да стигне од нашите незаробени и прогонувани другари, го повторуваме истото по илјадити пат: „Другари, борбата продолжува. Да создадеме илјада нови јадра и илјада нови напади.“

Нашето присуство овде е заради три главни причини. Првата причина е затоа што не сакаме, во ниту еден случај, да дозволиме правосудството и казнениот закон да ја искриви сликата за Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“, претставувајќи ги онака како што ним им одговара. Досега, во рамки на „Проектот Феникс“, имаше 13 бомбашки напади и палежи во Грција, Русија, Индонезија, Чиле, Мексико, Германија и Италија. Оттаму, „Проектот Феникс“ е жив доказ дека непрекинатото анархистичко востание ниту е задушено ниту е заробено ниту е осудено. Иако понекогаш се повлекува, тоа повторно се раѓа од својата пепел, како Феникс. Повторното раѓање на урбаното герилско војување во Грција веќе се случи.

Втората причина заради која сме тука е да го поддржиме нашиот другар Андреас Чавдаридис. кој ја презеде одговорноста за испраќањето пакет-бомба на поранешниот шеф на антитерористичката агенција, како дел од „Проектот Феникс“.

Нема да се занимаваме со глупостите за поттикнување за кое сме обвинети. Поттикнувањето подразбира хиерархиска организациска структура и значења како „водачи“, „наредби“, „правила“, кои укажуваат на мафија и организиран криминал. Поттикнувач е мозокот, шефот. Ние сме анархисти, без водачи и следбеници. Андреас е наш соучесник и сојузник во постојаниот злочин на бунтот и анархичната побуна.

Третата причина е да го поддржиме анархистот Спирос Мандилас. Спирос е наш пријател и другар, но нема ништо со Заговор на Огнените ќелии, FAI и „Проектот Феникс“. Со апсењето на Спирос, антитерористичката агенција сакаше да го нападне јавниот анархистички дискурс, препознавајќи го како интегрален дел од борбата на анархистичката урбана герила. На тој начин сакаа да ги изолираат нашите мисли и нашиот говор од јавните процеси, и истовремено да ги заплашат анархистите кои демонстрираат солидарност, докажувајќи дека анархистичкото присуство и поддршка на затворениците од ЗОЌ е доволно за некој да заврши во затвор. Судскиот прогон на Спирос е чисто одмаздољубие, затоа што тој истапи како кохерентен анархист, без да се заплаши и откаже од вредноста на солидарноста, како што направија и многу други…

На крај од оваа изјава, не очекувајте од нас да зборуваме за невиност или вина. Ние не сме ниту невини ниту виновни. Ние сме непријатели на државата, на власта, на општествената машина, на потчинувањето и на доброволното ропство. Ние сме анархисти од практика и вечни непријатели на вашите закони, затвори и судови. Знаеме дека востанието честопати е самотен и тежок пат, но ние го избравме тој пат без оглед колку долго ќе живееме.

СЀ ПРОДОЛЖУВА

Заговор на Огнените ќелии  FAI/IRF
 Ќелија на затворените членови
 04.06.2014

InterArma

Стравот најпрвин се вгнездува во нашата душа, а потоа го ѕида ѕидот на нејзиниот затвор

Изјава на Заговор на Огнените ќелии за затворите

Една провокација… Бегството на Кристодулос Ксирос од затвор и неговото враќање на вооружената борба

Бројни лаги… ТВ монолог кој ја опишува внатрешноста на затворот, која изгледа како на филм. „Затвореници кои раководат со нештата во затворот…“

„Членови на ЗОЌ кои им шефуваат на затворските чувари.“

„Терористите слават Нова година и планираат бегство од затворот.“

Непријател… Изградбата на затвор внатре затворот, шифра „затвор од максимална сигурност, Тип Ц“.

Вистината… Сите катанци на светот не можат да ја затворат нашата непоколеблива одлука да останеме непријатели на авторитетот до самиот крај…

 1.       Пропагандата станува практика

Последните месеци новинарите, како носители на една вистина, следејќи ги наредбите на власта, создадоа атмосфера на страв. Телевизиското сценарио на „вистина“, кое зборува за „терористи жедни за крв“, збогатено со провокативната уцена од четири милиони евра за секој потенцијален доушник кој ќе придонесе за апсење на бараната личност. Зад комуникативниот наплив на лаги, се појави вистината на репресијата.

По пропагандатата следуваат дела

Полициската кампања започна со бројни претреси на домовите на другари и други поединци од анархистичкото движење. Истовремено, терористичката хистерија веќе беше распространета со што тоа беше вистинскиот момент за тестирање на предлогот за изградба на грчкиот Гвантанамо. Гвантанамо кој власта најпрвин сака да го примени на затворот Домокос, потоа на сите затвори и на крај насекаде, на улиците, на градските плоштади, на човечките умови и души. Бидејќи, всушност, тоа е целта.

Бившиот фашистички судија, кој го води Министерството за Правда, веќе ги влече конците, целејќи кон согласност или дури аплауз од ТВ публиката.

2.       Изолација преку заборав

Затвор од максимална сигурност не значи само повеќе решетки и подебел цемент, кој ќе го крие сонцето. Тоа не е само легален отров кој споро и непрекинато ги убива животите на затворениците.

Тоа е експеримент на амнезија. Научна постапка, за затворениците да заборават и да бидат заборавени.

Зголемувањето на границата на затворските казни, забраната на излегувања, сензорната изолација преку укинување и намалување на човечките контакти со нашите сакани цели кон тоа да заборавиме дека постои живот. Живот кој ги надминува ѕидовите на затворскиот двор. Истовремено нѐ закопуваат во цементни гробови со максимална сигурност, сакајќи да нѐ поразат преку заборав.

Поконкретно, сакаат да го затворат искуството на вооружената герила, да го одвојат од стварноста и да го избришат, и како историја и како искуство. А сѐ што е заборавено осудено е да умре…

3.       Моќта сака да разделува

На 27 март 2014, затвореникот Илија Карели беше убиен, неколку дена откако со нож избоде затворски чувар.

Карели на смрт го претепаа цајканите и затворските чувари. Тој не е првиот, а нема да биде ниту последниот кој од затвор е пуштен во ковчег. Само што неговиот случај не можеше да биде сокриен зад изговори и лаги.

Затоа што сите знаат дека затворот, на свој начин, е кралство на смртта. Смртта владее со затворот, понекогаш на бавен секојдневен начин преку наркотици и дрога и белите страници на дневникот, а понекогаш во облик на бирократски статистики, недостиг на медицински персонал и безизленоста внатре четирите ѕида.

Истовремено, со затворот владее стравот, заедно со својата соработничка – поделбата. Казната затвор од максимална сигурност ги поделува затворениците. Постојат опасни-непокорни затвореници и послушни, „добри“, подготвени за соработка со управителите и обвинителите. Тоа не е ништо ново, но сега е и официјално. Нацрт законот за затворот од максимална сигурност е јасен. Затвореникот кој со информации ќе помогне при спречувањето „терористички дела“ или при апсењето „терористи“, ќе ужива во милоста на државата, односно ќе биде ослободен и вклучен во програмата за заштита на сведоци. Отровот на сомнеж тече низ затворите. Лакеите имаат нов повод, со оглед дека државата може да ги награди со својата сопствена верзија на „слобода“. Меѓутоа, постои и нешто полошо од лакеите. Новите затвори од максимална сигурност функционираат како дестимулација. Законот е јасен. Ако обвинителот го смета некој затвореник за „опасен“, без оглед на „казненото дело“, тогаш тој автоматски може да биде обележен како затвореник од Тип Ц и преместен во затвор од максимална безбедност.

Што значи тоа помеѓу редови? Дека секој кој бара минимум достоинство внатре затворите, од протести против условите за живот до отпор кон агресивното однесување на стражарите, може да биде обележан како „проблем“. Затоа сега постои складиште за сите непријатни „проблеми“. Тие складишта имаат име… тоа се затворите од максимална сигурност.

На тој начин управителите на затворите се обидуваат да ги удават затворениците во рамнодушност и пасивност. Нема јаже за спасување при ова давење, само разочарувања кои пронаоѓаат засолниште во тишината.

4.       Од теорија до практика

Не сакаме анализи кои се цел самите себеси. Сакаме да ја пробиеме површината на проблемот и да го изнајдеме неговото уништување.

Факт е дека Демократијата е железна тупаница во кадифена ракавица. Сега откако кадифената ракавица е распарталена, остана само железото. На авторитетот како целина му снема ветувања и единственото нешто што му остана се заканите и казните. Над остатоците од потрошувачкиот рај, безначајната среќа, ситната сопственост и поседувањето предмети, се издига Партијата на Законот и Редот. Власта вели, „оние кои не можам да ги измамам, барем ќе ги заплашам…“ И така владее стравот. Заговор на Огнените ќелии јасно ги изнесе своите намери. Одговорот на теророт е терор. Единствениот начин на кој може да се искорени стравот и неговата тиранија е тој да се пренесе на територијата на непријателот. Анархистичката вооружена герила преку автономните ќелии на афинитет, кои понекогаш се сретнуваат внатре неформалната мрежа на FAI, а понекогаш не, е нашиот одговор на авторитетот.

Се разбира, за нас кои живееме на територијата на заробеништвото постојат само неколку избори, а тие често се затворени. Но, во потешкотиите лежи убавината на борбата.

Сѐ додека не го создадеме „нашиот ден“, често се наоѓаме во посредни состојби на борба. Токму како и денес, додека го пишуваме овој текст, се одвиваат протести во речиси сите затвори низ цела Грција против фашистичкиот предлог закон за затвор од Тип Ц (преку одбивање на затворање на пладне, собирање на затворениците и извикување слогани во дворовите, одбивање оброци итн.).

Свесни сме за контрадикциите кои постојат во протестите внатре затворите. Кажано со едноставни зборови, за нас дури и златниот затвор останува затвор. Ние не сакаме подобрување на условите за живот во затворите, туку уништување на самиот затвор како таков. Посредните борби, се разбира, не можат во целост ниту да ја изразат ниту да ја содржат омразата која ја чувствуваме против затворот. Но, во состојба на заробеништво дури и овие кратки мигови на рудиментарна дестабилизација на нормалното функционирање на затворот можеби се некакви потребни воздишки кои ги одржуваат нашето ветување живо, „дека нашиот ден ќе дојде…“.

5.       За… Нова Атлантида

Знаеме дека секојдневно се сретнуваат бројни акции на непокорност, сакајќи да го срушат светот на авторитет. На руините на државата и општеството може да се роди нова неистражена територија, не во географрска смисла, туку со неограничена слобода. Во оваа нова Атлантида нема да има ниту сантиметар земја за затвори и крвници. Денес од затворите во Грција испраќаме сила и солидарност на затворените браќа и сестри ширум светот. Особено би сакале да ги споменеме Никола и Алфредо (затворени заради една акција на FAI) во специјалниот оддел на италијанскиот затвор, каде што поштата им ја цензурира и нивните текстови ги запленува полицијата… на мислите.

Другари, ние секогаш сме со вас.

АКЦИЈАТА ГИ ЗАМЕНУВА СОЛЗИТЕ

НИШТО ПОМАЛКУ ОД СЀ

Заговор на Огнените ќелии FAI/FRI

Ќелија на затворените членови

Затворот Коридалос 03.04.2014

interarma radioazione