„Каде сакаме да постоиме“ – Николас Несунос [Грција]

 

540Неодамна, контраинформацискиот проект „Заговор на еднаквите“ го постави – и со право, по мое мислење – прашањето за тоа како различни анархистички тензии, некои од кои си противат едни на други, можат да коегзистираат во рамки на истите контраинформациски проекти.

Овде може да се тврди дека секој напад против доминацијата и репресијата може да дозволи, под одредени услови, периодична коегзистенција, на пример во акциите, на различни струи/тензии. Но се чини дека различната методологија на акцијата продолжува да биде непремостлив јаз, кој за жал (или за среќа) ги оддалечува конкретните тензии од анархистичкиот проект (не верувам ниту дека некогаш биле дел од истиот) и ги раздвојува, сместувајќи ги во еден идеолошки слободарски пантеон, лишен од секакви инсурекционистички средства.

Маргинализацијата на штрајкот со глад на Спирос Мандилас, недостигот на нихилистички и инсурекционистички книги и памфлети на анархистички изложби во Грција и пошироко, промовирањето на комунизација, постојаните критики против насилните дела на отпор, само го зголемуваат тој јаз. Јасно изразените идеи од страна на различни антиавторитарни и слободарски движења во последно време, кројат специфичен идеен процес на анархистичкиот проект, преку обид да ревидираат некои од идеите, средствата и целите. На тој начин се обидуваат да формираат еден анархистички (?) револуционерен субјект, негирајќи го неговото инсурекционистичко (но и индивидуалистичко) постоење, способен да ги прифати компромисот и илузијата кои го претставуваат сојузништвото со левичарски сили како нужност.

Предложената реорганизација и формирањето на поширока платформа (DAK) служи за обраќање кон фиктивна и невозможна квантификација на сили и се базира на анархокомунистичкиот мит за парадигмата од ’36-та. Последново, за возврат, ужива значително значење како модел на прагматично управување со моќта, нешто кое овие движења очигледно го имаат како своја крајна цел.

Не е ни чудно што бараат и повикуваат на ревизија на изборите како средство и на гласањето како тактичко оружје (види Eutopia). Овде е јасен обидот да се стави под прашање воздржувањето од гласање и да се апелира – дали до другари или не – на учество во ова одвратно средство на буржоаската демократија (и не само нејзино). Тие очигледно анархијата ја перцепираат како самоорганизација со директна демократија и кооперативна економија (G. Lieros), или како животен стил (C. Taibo), или како солидарност, или како еднаквост. Во секој случај, не како слобода (види K. Galanopoulos). Значи, изјавата дека „слободарското движење е барикада против нихилизмот и индивидуалниот колапс“ (G. Lieros) според тоа е и логична и точна.

Анархонихилизмот, но и инсурекционизмот, поаѓаат од виталниот импулс за уништување на моќта на повеќе нивоа, овде и сега. Нивната крајна цел не е моќ, ниту пак се залажуваат со некаква сигурност за иднината. Затоа Ниче бил толку исплашен од нивната волја за уништување. Ја разбирал динамиката на сите овие „декаденти“ кои сакаат да го уништат „здравото, моќно и големо општество“. Но не го разбрал и нивниот онтолошки принцип, мислејќи дека се стремат кон моќ. Нивната волја не била за моќ, значи за нешто надвор од она што се; илузија за освојување, но само на деструкцијата. Различните анархистички тензии (социјален анархизам, анархосиндикализам, анархокомунизам) на ист начин се исплашени од оваа „игра“ на уништување, што и сега е случајот, кога ги изолираат анархонихилизмот и инсурекционизмот (без притоа овие да бараат каква било соработка или сојузништво) на секој можен начин.

Но, величината на импулсот може да издржи секаков напад. Тоа е она што те буди, те менува, те турка на улиците, те вооружува, го повлекува орозот, без правила, без услови, без утрешнина.

Сепак, по повод последните епизоди во Патра, чии детали не ги знам, мислам дека насилната конфронтација помеѓу анархистички тензии ги дезориентира другарите од обете страни и ги заробува во конфликт кој изискува единствено власт. Браќата, дури и кога се далечни, дури и кога имаат поинакви црти, сепак остануваат браќа.

“Повеќе сакаме да постоиме во ноќта, кога сè се распаѓа и повеќе не гледаме назад, таму каде што светлата згаснуваат засекогаш. Ние сме сами со нашите идеи и нашите проекти, на милост на нивната испреплетена асиметрија. Но мора да продолжиме, не смееме да се сопреме, и кога се движиме, тоа нашите сопствени чекори нè влечат.“ A. Caraco

Николас Несунос

15.06.2015

извор