Србија: Објавен вториот број на анархистичкиот гласник „МОЛОТОВ“

molotov2

Поздрав!

Излезе вториот број на анархистичкиот гласник „Молотов“, а во него врели летни теми:

  • Уводник – Анархистичка солидарност.
  • Грција – Победата на левицата на изборите и неизбежниот пат од ветените промени до патриотскиот прагматизам
  • Овозможување на уживање – интервју со членот на колективот Банатхардкор кој се наоѓа на робија во С. Митровица
  • ТЕМА НА БРОЈОТ – ПРОСТИТУЦИЈА, искуство на сексуалниот холокауст
  • Анархија all over Башчаршија – Гаврило Принцип и Млада Босна на Видовден 2015
  • Жртви на моралот – Ема Голдман
  • Повик на БГ анархистите II – Важноста на автономните простори
  • Што е анархизам? – Александар Беркман (најава на новото издание на KKUSIUSK)

Цена: донација

http://issuu.com/michak/docs/molotov_sve_zajedno

Сите заинтересирани за дистрибуција, промоција, бенефети и сè останато околу списанието нека се јават во инбокс. Повикот за секаков вид поддршка и соработка и понатаму важи!

kkusiusk <kkusiusk@gmail.com>

Култот на мршата – Алберт Либертад

Во желбата за вечен живот, човекот на смртта гледал како на премин, болен чекор, потчинувајќи се на нејзината „мистерија“ до ниво на стравопочит.

Дури и пред да научи како да обработува камен, мермер и железо со цел да направи засолниште за живите, човекот знаел како да ја обликува материјата за да им оддаде почит на мртвите.

Црквите и манастирите богато ги украсувале своите гробници под апсидите и хоровите, додека колибите стоеле накосени настрана, бедно засолнувајќи ги живите.

Култот на мртвите, уште од самиот почеток, го попречувал напредувањето на човекот. Тој е првобитниот грев, несаканиот товар, оковот кој човештвото го влече со себе.

Гласот на смртта, гласот на мртвите секогаш одѕвонувал наспроти гласот на универзалниот живот, кој постојано еволуира.

Бог, кого имагинацијата на Мојсеј го привикала да се појави на Синај, сѐ уште ги диктира своите закони. Исус од Назарет, мртов речиси дваесет века, сѐ уште ја проповеда својата моралност. Мудроста на Буда, Конфучие и Лао Це сѐ уште опстојува. А уште колку други има!

Ние ја сносиме големата одговорност на нашите предци; ги имаме нивните маани и нивните доблести.

Оттаму, во Франција ние сме деца на Галите, иако сме Французи преку Франките и потекнуваме од Латините кога во прашање е вечната омраза кон Германците. Секое од овие наследства доаѓа со обврски.

Ние сме најстарите деца на црквата врз основа на кој знае кои мртовци, како и внуци на Големата револуција. Ние сме граѓани на Третата Република, а исто така сме посветени и на Пресветото Срце Исусово. Се раѓаме како католици или протестанти, републиканци или ројалисти, богати или сиромашни. Секогаш сме она што сме преку мртвите; никогаш не сме ние самите. Нашите очи на главата гледаат пред нас, меѓутоа, колку и да нѐ водат напред, тоа секогаш е кон земјата каде што почиваат нашите мртви, кон минатото во коешто мртвите живееле, таму нашето образование им дозволува да нѐ водат.

Нашите предци… минатото… мртвите…

Цели народи умреле заради оваа тројна почит.

Повеќе

Да го укинеме политичкиот затвореник

cropped-41Од “Des Ruines”, Анархистичко апериодично списание, бр 1, јануари 2015.

Да го укинеме политичкиот затвореник

Последниве неколку години одново почна да се појавува терминот „политички затвореник“. Поим којшто сметавме дека изчезна пред децении, барем во антиавторитарните кругови.

Поим кој стана препознатлив симбол за разни марксистички или маоистички секти, за Amnesty International или за буржоаските политички опозиционери во авторитарните режими, како што се Русија, Бурма или Иран, или пак во рамки на борбите за таканареченото национално „ослободување“, од Баскија, преку Палестина, до Курдистан; но, термин типичен и кај крајната десница. Поради тоа сме вознемирени да гледаме како тој термин одново процветува овде или онаму во устите на другари низ целиот свет. И доколку сакаме да ставиме крај на тој термин сега и засекогаш, тоа не е само затоа што тој се коси со сите наши антиполитички перспективи против сите оние кои сакаат да нè управуваат, да нè претставуваат и да нè владејат со политички средства. Тоа е исто така затоа што зад оваа повторна појава се крие, свесно или несвесно, една нездрава последица на создавање разлики помеѓу затворениците само врз основа на „злосторствата“ за чие извршување се обвинети од страна на државата, под лупата на нејзиниот кривичен законик. Тоа води кон хиерархија според претпоставената доблест на кривичните дела, помеѓу оние кои повеќе заслужуваат да бидат ослободени или поддржани, и преостанатите, така сведувајќи ја на ништожност стогодишната антизатворска критика на анархистите и антиавторитарците. Исто така, се работи за изразување солидарност исклучиво со затворениците кои се во затвор поради своите идеи, на штета на останатата затворска популација, комплетно заборавена или искористувана само за да се потврди одредена теорија на нејзин грб.

Повеќе

„За проектуалноста“ – Волфи Ландстрајкер

„Анархизмот… е начин на сфаќање на животот, а животот… не е нешто дефинитивно: тој е влог кој мораме да го играме ден за ден. Кога наутро ќе се разбудиме и ќе стапнеме наземи, мораме да имаме добра причина да станеме. Ако немаме, не менува ништо дали сме анархисти или не… А за да имаме добра причина, мораме да знаеме што сакаме да направиме…“ – Алфредо М. Бонано

Можеби еден од најтешките концепти кои сум се обидел да ги изразам во Willful Disobedience е оној на анархистичката проектуалност. Тешкотијата при изразувањето на овој концепт не потекнува само од фактот дека светот е необичен. Многу позначаен е фактот дека самиот концепт се наоѓа во тотална спротивставеност со начинот на кој општествениот поредок нѐ тренира да постоиме.

Во ова општество, нѐ учат на животот да гледаме како на нешто што ни се случува, нешто што постои надвор од нас, нешто во што сме фрлени. Меѓутоа, не ни е кажано дека тоа е резултат на еден процес на лишување, па оттаму ова отуѓување ни делува природно, како да е неизбежна последица на тоа да се биде жив. Кога животот се согледува на овој начин, големото мнозинство луѓе едноставно се справуваат со околностите како што тие се јавуваат, најчесто едноставно прифаќајќи ја својата судбина, повремено протестирајќи за одредени нешта, но точно на онакви начини кои ги дозволува прифаќањето на однапред детерминираното, отуѓено постоење. Некои луѓе заземаат поенергичен пристап кон ова отуѓено постоење. Наместо само да се справуваат со околностите како што тие се јавуваат, тие настојуваат да го реформираат отуѓеното постоење според програмски нацрти, создавајќи шаблони за модифицирано постоење, но кое и понатаму е однапред детерминирано и на кое поединците треба да се прилагодат.

Повеќе

Интервју на Заговор на Огнените ќелии со Алфредо Коспито

Неколку „слободни“ зборови

За неформалната анархистичка федерација и востаничкиот анархизам

Интервју на Заговор на Огнените ќелии (ЗОЌ)[1] со мене лично. Од грчките затвори до одделот за висока сигурност во затворот во Ферара [Италија]

Пред да одговорам на вашите прашања, сакам да нагласам дека она што ќе го кажам е мојата вистина. Една од бројните индивидуални точки на гледиште, сензибилитет и нијанси внатре ретортите од идеи и дела под името FAI-IRF[2]. Неформалната федерација која, одбивајќи го секое хегемоностичко искушение, претставува едно средство, една метода од компонентите на анархизмот од акција. Анархизмот од акција само кога е неформален, кога не се присилува на организациони структури (специфични, формални, синтези), кога не е опседнат со одобренија (што значи ја одбива политиката), може да се препознае во поширокиот хаотичен универзум под името Црна интернационала. Да појаснам, FAI-IRF е методологија на акции кои ги практикуваат само еден дел од сестрите и браќата од Црната интернационала, не се работи за организација, а уште помалку за колективен акроним, туку за средство кое тежнее кон ефикасност, кому цел му е да ги зајакне нуклеусите и другарите/другарките од акција по пат на спогодба за меѓусебна поддршка во врска со три точки: револуционерна солидарност, револуционерна кампања, комуникација помеѓу групи/поединци:

„РЕВОЛУЦИОНЕРНА СОЛИДАРНОСТ. Секоја FAI група од акција се залага за искажување на сопствената револуционерна солидарност со евентуално уапсените другари или другари во бегство. Солидарноста ќе се конкретизира пред сѐ преку вооружена акција, напад на структурите и личности одговорни за затворање на другарите. Солидарноста не може случајно да изостане затоа што на тој начин би изостанале и принципите врз кои се темелат анархистичкиот живот и чувства. Под поддршка при репресија, се разбира, не подразбираме техничко/правна помош: буржоаското општество нуди доволно адвокати, социјални работници или попови, за револуционерите да можат да се грижат за нешто друго.

РЕЦОЛУЦИОНЕРНИ КАМПАЊИ. Секоја група или поединец, кога ќе започне одредена кампања на борба преку акција и своја изјава, ќе ја следат други групи/поединци од Неформалната анархистичка федерација [FAI], на сопствен начин и со сопствен ритам. Секој поединец/група можат да започнат кампања на борба против одредени цели едноставно „промовирајќи“ проект по пат на една или повеќе акции проследени со потпис на одредена акциска група, со кој дополнително, преку акроним, се повикуваат и на Федерацијата. Ако постојат поделени мислења околу кампањата, критиката, по потреба, ќе се конкретизира преку акции/изјави кои ќе придонесат за изострување на целта или ќе ја доведат во прашање.

КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ГРУПИТЕ/ПОЕДИНЦИТЕ. Акциските групи од Неформалната анархистичка федерација не мораат меѓусебно да се познаваат, не постои таква потреба, затоа што на тој начин би се изложиле на непријателот, на лидеризам на поединци и бирократизација. Комуникацијата помеѓу групите/поединци во основа се одвива преку самите акции и преку информативните канали на движењето, без потреба од меѓусебно познавање.“ (Од Изјавата за преземање одговорност за нападот врз Проди, тогашниот претседател на Европската комисија, 21 декември 2003, од „Il dito e la luna”, стр. 15-16[3])

Повеќе

Проектот Феникс: Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат – Нова серија памфлети (Грција)

COVER1

Уривање на ѕидовите кои нѐ разделуваат

За неколку дена ќе го објавиме (на грчки) првиот од серијата памфлети кои ќе вклучуваат транскрипти од изјавите на другарите од Заговор на Огнените ќелии, Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас од настани и интервјуа кои беа одржани изминативе пет години.

Првиот памфлет е за Проектот Феникс и ги вклучува транскриптите од четири настани кои се одржаа низ целата земја во солидарност со другарите прогонувани за акциите во рамки на Проектот кои беа изведени во Грција:

1. Настан одржан од анархистичкиот сквот Надир – Солун, 07.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис и Спирос Мандилас.

2. Настан одржан од Пленумот во солидарност со Заговор на Огнените ќелии и другарите од струјата на Новата анархија – Атина, 13.12.2013, изјавите на Андреас Чавдаридис, Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

3. Настан одржан од анархистичкиот сквот Utopia A.D. – Комотини, 14-15.12.2013, изјавата на Олга Економиду.

4. Настан одржан од Chaotic Disaster Teams – Патра, 15.12.2013, изјавите на Спирос Мандилас и Христос Цакалос.

Имајќи го како крајна цел ширењето на говорите на нашите затворени другари до што е можно повеќе другари во Грција и во остатокот од светот, сакаме да информираме дека овој материјал е достапен за сите за превод на кој било јазик, процес во кој и ние самите ќе дадеме придонес, во соработка со другари кои сакаат да го сторат тоа, а во контекст на партнерство со индивудуи и групи/колективи со кои сме политички поврзани.

Контакт: entropy_ch (at) riseup (dot) net

Кружок на анархисти индивидуалисти

Атина, 2014

П.С. Памфлетите ќе бидат достапни само во електронска форма, засега.

П.С. 1. Преводот на памфлетот на англиски е во тек.