Грција: Еви Сатири, на штрајк со глад од 14 септември, хоспитализирана

Изјавата на Еви Сатири на 15-от ден од штрајкот со глад

Во неделата навечер во 2 часот, бев одведена во затворската болница заради хипогликемичен шок. Докторите таму востановија дека е нужно да бидам преместена во надворешна болница. Бев вратена назад во затворот и подоцна, изутрината, по прегледот на докторите Сака и Космопулу, затворските доктори побараа мое итно преместување во надворешна болница. Истото попладне бев одведена во Општата болница Никаија, каде што одбив да примам секакви други течности освен физиолошки раствор, бидејќи докторите беа загрижени заради многу нискиот притисок. Денес, во понеделник 28.09, го прекинав примањето на физиолошкиот раствор.

Истовремено додека илјадници луѓе одат на работа, илјадници ученици на училиште и студенти на факултетите, илјадници живеат во ќорсокакот на економската тиранија и живот тече понатаму како и секогаш, јас го продолжувам мојот штрајк со глад против кадифениот фашизам на демократијата, кој ги завора луѓето само затоа што се членови на семејства на политички затвореници и затоа што се спротивставуваат на стравот, угнетувањето и експлоатирањето.

Барањето за отпуштање го предадов пред 20 дена на судскиот совет кој ќе мора да одлучи дали еден човечки живот вреди помалку од одржувањето на лажните обвивенија кои се во служба на плановите и интересите на моќниците.

Песочниот часовник истекува…
Системот кој принудува личности да ги изложуваат своите животи на ризик преку штрајк за да остварат слобода е осуден на пропаст…
Борбата продолжува…

Еви Сатири, 15 ден во штрајк со глад,
Општата болница Никаија, затворскиот оддел

извор: yu.radioazione.org

Грција: Писмо од Еви Сатири, на штрајк со глад од 14 септември

На крајот на февруари годинава, околу еден месец откако планот за бегство од затвор на Заговор на Oгнените ќелии се изјалови и беше откриен од полицијата, кучињата на власта решија да ги дисциплинираат другарите, посегнувајќи по нивните семејства. Прво беа приведени и затворени мајката на браќата Цакалос и девојката на Герасимос Цакалос, Еви Сатири, заедно со анархистката во бегство Ангелики Спиропуло поради тоа што и дадоа засолниште, а потоа и братот на членот на ЗOЌ Јоргос Полидорос. Полидорос наскоро беше ослободен од притвор, но мајката на Цакалоси и Еви Сатири беа задржани, поради што на 2. март членовите на ЗOЌ, заедно со Ангелики, започнаа штрајк со глад со барање за итно ослободување на нивните најблиски. Штрајкот беше прекинат по 34 дена, откако судот најави ослободување од притвор за мајката на Цакалоси, иако ја оставија заробена на островот каде што живее, без можност да ги посети своите синови. Но Еви Сатири и натаму остана во притвор во атинскиот затвор Коридалос, каде се наоѓа веќе шест месеци.

На 14 септември, Еви најави штрајк со глад до свое конечно ослободување. Во Атина, Волос, Солун и Комотини деновиве се одвиваа акции на солидарност со нејзината борба.

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЕВИ САТИРИ

Во продолжение следува нејзиното кратко писмо.


 

evi satiri_drawing

ПРОТИВ СТРАВОТ И НЕПРАВДАТА

Од денес, 14 септември, календарот во мојата ќелија повеќе нема да менува страници. Овој датум ќе остане заглавен таму сè до денот на мојата слобода.

Денес, на 14 септември, започнувам ШТРАЈК СО ГЛАД за мое ослободување; против стравот од моќта, против лагите на новинарите, против апатијата, против молкот…

Џандарите, судиите и политичарите ми ги заробија дните во ѕидовите на овој затвор, но не можат да ми го заробат достоинството, ниту мојот копнеж за слобода…

Ова е мое одбивање да ја прифатам омнипотентноста на Моќта, која ги смачкува нашите животи затворајќи ги во папки преполни со полициски досиеја во истражните канцеларии – тоа е наследството на колективната историја: борбите на угнетените кои се побуниле, кои дале отпор, кои крвареле и кои се уште ја бараат правдата.

Тоа е враќање на сеќавањето на востаниците, на угнетените и на затворениците кои не забораваат дека слободата не се дава… туку се освојува преку борба…

Можеш да имаш власт над луѓето само додека не им одземеш сè. Но, штом му одземеш на човека сè, тој повеќе не е под твоја власт – тогаш повторно е слободен.“ – А. Солженицин

Еви Сатири
Затвор „Коридалос“
14.09.2015

извор: actforfree

По повод штрајкот со глад на анархистичките и политичките затвореници – изјава на анархистичката група „Симфонија на хаосот“ [Грција]

symphony of chaos logo

Нужно надополнување на секоја борба е нејзината проценка откако ќе заврши. Акциите на нејзините субјекти, прашањата, недостатоците и проблематиките на кои се наишло, создадените односи и развиените перцепции би било добро да станат тема за размисли, со цел унапредување на нашите севкупни ставови против постоечкото, извлекувајќи корисни заклучоци и изведувајќи самокритика. Овој текст во никој случај не е севкупна оцена на таа борба. Немаме намера да ги анализираме специфичните настани, активности, гледишта и однесувања кои се одвиваа во рамки на движењето за солидарност, ниту генералните проблеми и патологијата на анархистичката средина. Покрај тоа, секоја расправа за специфичните борби и движења се однесува на нивните учесници и оние кои имаат намера да ја продолжат борбата под условите на тие движења. После толку долги и бројни активности и практична борба, можеме да го искажеме нашето мислење за широкиот спектар прашања како што се „посредните борби“, штрајкот со глад како средство на борба, односите меѓу затворените анархисти и оние во солидарност со нив, односот помеѓу анархистите и проектите со политички барања и уште многу друго. Оттука, користејќи ја можноста, ќе заземеме став за она што мислиме дека е најважно, настојувајќи да ги споделиме нашите интереси и заклучоци.

Штрајкот со глад како средство за борба

Штрајкот со глад е средство кое анархистичките, политичките и криминалните затвореници во Грција го користеле со децении, релативно често. Зачестеноста со себе повлекува автоматско изразување поддршка, солидарност и учество во соодветните движења, нешто што, меѓутоа, не оди во корист на анархистичката критика, не само во врска со поединичните случаи, туку и на самите средства.

Кога се одвива во услови на заробеништво, штрајкот со глад всушност е едно од најтешките средства за борба кои затвореникот на државата ги има на располагање. Но, штрајкувачот го признава непријателот како „партнер за преговори“ и поставува барања во еден процес на уценување на хуманитарната маска на државата, па оттаму средството како такво не ја поседува агресивната карактеристика на анархистичката борба. Пасивната природа на штрајкот со глад, втемелена на карактерот на барањата, е реалност на која ние гледаме критички, но секогаш во однос на посебните материјални услови на неповолното поле на затворот. Затоа не можеме да го споредиме со средствата за борба надвор од ѕидовите. Но сепак поседува една посебна карактеристика која секогаш мора да се земе предвид; тој по дефиниција е автодеструктивен во смисла на биолошка штета и обично доведува до трајни задравствени проблеми. Што не значи дека борбата поседува ризик кој мора да се избегне по секоја цена, врз основа на единствениот критериум за преживување. Но, значи внимателен избор на борби и нивно соодветно организирање, а секако не олеснување на истребувањето кое непријателот ни го приредува.

Повеќе

„Штрајкот со глад“ како метод на борба – RadioAzione [Италија]

uno-sguardo-oltreСо текстот на Спирос Мандилас за прекинување на неговиот штрајк со глад, RadioAzione ги затвора своите врати за новиот метод на протест – „штрајк со глад до смрт“, гнилото овошје на добата на брза комуникација. Да, бидејќи благодарение на интернет информациите ќе следуваат уште многу штрајкови со глад до смрт.

Отсекогаш сум го отфрлал штрајкот со глад како метод на борба, но секогаш сум ги почитувал оние кои го применувале од некои „икс“ причини во изминатите години. Наспроти штрајкот со глад, со кој човек го изложува сопствениот живот на ризик, го преферирам „камиказата“ кој ќе се крене во воздух во некоја касарна.

Како да не е доволно што сме фрлени во занданите на државата, па згора на тоа мораме да ѝ помогнеме на истата таа држава физички да нѐ елиминира. Оттаму, подобро е да се обидеш да убиеш затворски чувар доколку сакаш да го ризикуваш животот во затвор, наместо тоа да го правиш уценувајќи ја државата и барајќи милостина од неа.

Уцената значи: што ќе се случи ако нашето здравје се влоши заради штрајкот со глад? На одреден начин тоа е како да велите: „Државо, внимавај! Aко умрам, надвор ќе има хаос…“. Милостината носи маска на барање со уцена.

Од тие причини не мислам дека „штрајкот со глад“, особено оној кој бара државата да биде попопустлива, е соодветен метод на борба за еден анархист. Јасно ми е дека тоа е еден од малкуте методи на борба кои можат да се користат во затвор, но доколку одлучиме да „украдеме чоколадо“, добро знаеме дека резултатот од тоа ќе биде казна. Нема смисла подоцна да се жалиме на тоа. Дури и ако бидеме обвинети дека сме го украле чоколадото, а не сме го сториле тоа, мораме да земеме предвид дека припаѓаме на оние кои секако би сакале да го украдат.

Повеќе